Read: 7113

СТАРЕЕЊЕ НА ЛИЦАТА СО
ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Оливера РАШИЌ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

AGING OF INDIVIDUALS WITH
INTELLECTUAL DISABILITY

Olivera RASHIKJ

University “Ss Cyril and Methodius”
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation


Примено: 18.05.2010
Прифатено: 08.06.2010
UDK: 159.922.63-056-31
 

 


Recived: 18.05.2010
Accepted: 08.06.2010

На 15. III 2010 г. во просториите на салата за седници на Филозофскиот факултет, се одржа работилница со наслов „Стареење на лицата со интелектуална попреченост“ во организација на ИАССИД и ННК на Институтот за дефектологија. Добрата организација и актуелноста на проблематиката, за која се зборуваше на работилницата, ја потврдија 108 присутни учесници од различни профили.
Работилницата беше отворена од страна на проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија, а воедно беше поздравена и од продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Лена Дамовска.
Како предавачи на работилницата беа еминентни професори од западните земји, проф. д-р Метју Џеники од Универзитетот во Илиноис, САД, кој даде краток осврт за процесот на стареење на лицата со интелектуална попреченост, посочувајќи ги демографските влијанија на процесот на стареење, заедничките универзални проблеми и интереси, за сервисите, поддршката и значењето на давање помош. За менталното здравје и стареењето говореше д-р Антонија Копус, од Универзитетот  во  Ротердам – Холандија,  подетално задржувајќи се на деменцијата и Алцхајмеровата болест. Во однос на квалитетот на живот во семејството и стареењето, поточно за фамилијарните прашања во грижата и планирањето на иднината, зборуваше проф. д-р Рој Браун, од Универзитетот во Викторија, Британска Колумбија, Канада.
Како претставници од Македонија, кои предаваа на оваа работилница, беа проф. д-р Владимир Трајковски, кој говореше за генетската основа на Алцхајмеровата болест, запознавајќи ги присутните со современите наоди во однос на етиологијата на заболувањето и д-р Драган Илиевски, претседател на Здружението за Алцхајмерова болест во Македонија, посочувајќи ја состојбата и перспективите на лицата со Алцхајмерова болест во Македонија.
Завршувањето на работилницата беше одбележано со плодна дискусија и доделување на сертификати на сите присутни.

 

A workshop with the designation “Aging of Individuals with Intellectual Disability” in organization by the IASSID and the ESC of the Institute for Special Education and Rehabilitation was held on 15th of March this year, in the meeting hall at the Faculty of Philosophy. The quality in organization of the event and the actuality of the issues considered within the program, were acknowledged by the 108 present participants coming from different profiles.
The workshop was opened by Prof. dr. Vladimir Trajkovski from the Institute for Special Education and Rehabilitation, and was saluted by the pro-dean for international cooperation prof. Lena Damovska from the Institute of pedagogy.
Presenters of the workshop were eminent professors from the west countries such as prof. Metjy Jenicki from University in Illinois, USA.  Prof. Metjy Jenicki gave short review on the aging process of individuals with intellectual disability, pointing the demographic influence on the aging process, the commonly shared universal problems and interests, services, support and meaning of providing adequate assistance for this category of people. Dr Antonija    Kopus,    from    the   University   of Rotterdam at The Netherlands spoke about the mental health and aging with detailed discussion for the dementia and Alzheimer  diseases. Prof. Roj Braun from the University of Victoria, British Columbia in Canada referred to the quality of life in families and aging, in particular talking about contemporary questions concerning care and future planning.
Prof. Vladimir Trajkovski PhD who had presentation at the workshop and Dr. Dragan Ilievski, the president of the Association for Alzheimer disease Macedonia, were representatives from the Republic of Macedonia. Prof. Vladimir Trajkovski PhD discussed on the genetic base of the Alzheimer disease, introducing the contemporary discoveries rеguarding the etiology of the disease. Dr Dragan Ilievski discussed the situation and perspectives of individuals suffering from Alzheimer disease in Macedonia.
The completion of the workshop was finalized with productive discussion and assignation of certificates to all participants.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Оливера РАШИЌ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје,
Р. Македонија
oliverarasic@yahoo.com

 

 

Corresponding Address:

Olivera Rashikj

University “St. Cyril and Methodius”
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
“Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje,
Republic of Macedonia
oliverarasic@yahoo.com