Read: 17148
     

СОЦИЈАЛНАТА СИГУРНОСТ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

 

Љупчо АЈДИНСКИ

 

Член на Национално координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ

 

SOCIAL SECURITY OF PEOPLE WITH DISABILITIES

 

 

Ljupcho AJDINSKI

 

Member of the National Coordinative Body for equal rights of people with disabilities in RM

     

 Резиме

 

 Abstract

­Филозофијата и концепцијата на социјалната сигурност во РМ како и националните и меѓу­на­родните документи врз кои се остварува со­ци­јалната сигурност во нашата земја беа пре­зен­тирани на Конференцијата од земјите на Југоисточна Европа на тема: Искуства од реа­ли­зацијата на националните стратегии за изед­начување на правата на лицата со ин­ва­лидност со коментар за нивното спро­ве­ду­ва­ње.
Социјалната сигурност е таква општествена сос­­тојба во која успешно дејствуваат склоп од оп­штествени и законски мерки, чија основна цел е во корист на граѓанинот и неговата за­ед­ни­ца да создадат одреден вид гаранција против одредени „ризици“ кои пред секој чо­век во таа за­едница стојат, како што се на пример: бо­лест, инвалидност, старост, невра­бо­теност, не­с­­реќа на работа и др.
Во секое општество постои дел од попу­ла­ци­ја­та или општествени групи кои не се во мож­ност својата социјална сигурност да ја оства­рат по основa на својата тековна или мината ра­бо­та. Затоа се развиваат посебни аспекти на солидарност во врска со еднаквостa и обез­бе­ду­ва­њето основни услови за развој на детската и социјалната заштита.
Социјалната сигурност ги опфаќа актив­нос­ти­те што се преземаат за заштита на граѓаните  неспособни за работа, а немаат сред­ства за издржување, како и за граѓаните кои со сво­јата работа и по основа на работа, по основа на за­кон­ско издржување, по основа на имот и имот­ни права или на друг начин не можат да обез­бедат доволно средства, услови и можности за задоволување на основните животни потреби.
Затоа државата се грижи за социјалната сигур­ност на граѓаните согласно начелото на соци­јална праведност, го воспоставува системот на социјалната заштита и социјалната сигур­ност и го овозможува нивното функцио­ни­ра­ње, обез­­бедување услови и мерки за вршење на со­ци­јално-заштитната дејност.
Носители на социјалната сигурност се држа­ва­та и локалната власт во рамките на своите над­леж­ности. Владата донесува годишна Програ­ма за остварување на социјалната заштита и со­цијалната сигурност со која ги утврдува под­рач­јата на социјалната заштита, потребите на населението, социјалната превенција, начи­нот и средствата за нивно остварување, како и носителите и динамиката на нејзиното спрове­ду­вање. Врз основа на правата од социјалната заштита и социјалната сигурност, се преземаат мерки преку кои се остварува: социјална пре­вен­ција, вонинституционална и институцио­нал­­на заштита и материјално обезбедување. (2)
Системот и организацијата на социјалната си­гур­ност ги сочинуваат установите, институ­ции­те, мерките, активностите и формите што се остваруват во рамките на реализирањето на правата на граѓаните од доменот на соци­јал­на­та заштита и социјалната сигурност.
Покрај мерките за социјална сигурност на гра­ѓа­ните, грижата на државата за спречување социјален ризик се остварува и преку презе­ма­ње мерки во даночната политика, вработу­ва­ње­то, политиката за стипендирање, домување­то, заштитата на семејството, здравственото и инвалидско-пензиското осигурување, воспита­ние­то и образованието и во други подрачја во оваа област.
Во Уставот на Република Македонија е пред­видено дека државата се грижи за социјалната сигурност на граѓаните согласно начелото на социјална праведност, им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за ра­бо­та граѓани и им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклу­чу­вање во општествениот живот.
Државата го воспоставува системот на соци­јал­­на заштита и социјална сигурност на лицата со инвалидност и го овозможува нивното функ­­­­­­ционирање,  обезбедувајќи  услови  и  мер­ки  за вршење на социјално-заштитна дејност и раз­ви­ва форми на самопомош.
Засилениот интерес за решавањето на живот­ни­те проблеми и социјалната сигурност на ли­ца­та со инвалидност во целиот свет, особено кај нас, се манифестираше во текот на втората поло­ви­на од минатиот век. Ова е видливо низ поголемото научно и општествено отворање на овој проблем, низ зголеменото финансиско ангажирање, нор­ма­тивното регулирање во ме­ѓу­народни и национални рамки, ши­ре­њето на мре­­жата на институционални и вонинсти­ту­цио­нални облици со работа за лицата со ин­ва­лид­ност и го­ле­мо­то интересирање и давање оп­­ределена помош од значителен број меѓу­на­род­ни и нацио­нал­ни хуманитарни организа­ции.
Организираната општествена грижа, односно социјална сигурност за лицата со инвалидност во РМ (глуви, слепи, лица со психичка по­пре­че­ност, телесно инвалидни и други лица) e из­ра­зена преку заштитата и рехабилитацијата, односно нивното згрижување, образование, ос­по­­со­бу­ва­ње за работа и вработување.
Социјалната сигурност и правата на лицата со инвалидност во РМ произлегуваат од:

  • меѓународните документи за правата и социјалната сигурност на инвалидите;
  • Уставот на РМ.

Република Македонија како членка на ООН пре­зеде обврска да ги почитува сите потпи­ша­ни документи и да ги имплементира во своето законодавство. Во досегашниот период др­жа­ва­та ги има потпишано скоро сите меѓуна­род­ни резолуции и декларации за правата на ли­ца­та со инвалидност заради обезбедување на нив­ната социјална сигурност. Во оваа прилика ќе наведеме дел од нив:
Врз основа на Уставот на Република Маке­до­нија донесени се:

  1. УСТАВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИ­ЦА­ТА;
  2. НАЦИОНАЛНИ СТРАТЕШКИ ДОКУ­МЕН­­ТИ ЗА ПРА­ВАТА НА ЛИЦАТА СО ИН­ВА­­ЛИД­НОСТ;
  3. ЗАКОНСКИ И ПОДЗАКОНСКИ ПРАВА ЗА ЛИ­ЦА­ТА СО ИНВАЛИДНОСТ.

 

The philosophy and the concept of social secu­rity in the Republic of Macedonia as well as the national and international documents according to which social security is realized in the country were presented at the Conference of Southeast­ern Europe on Experience from carrying out the National strategies for equal rights of people with disabilities and comments on their realiza­tion.
Social security is a social condition in which a range of social and legal measures successfully act. Its basic aim is in favour of the citizens and their community to create a certain kind of guar­antee against certain “risks” which each citizen faces with within the community, such as illness, disability, elder age, unemployment, accident at work etc.
In every society there is a part of the population or social groups that are not able to realize their social security on the basis of their current or past labor. Therefore special aspects of solidarity develop in relation to the equality and provision of essential conditions for development of child and social care.
Social care covers the activities that are under­taken in order to protect people unable to work, without means for life, as well as to protect citi­zen that according to their work and on the basis of their work, on the basis of their legal support, on the basis of their property and property  rights or any other way cannot provide enough means, conditions and possibilities to satisfy their es­sential needs for living.
Therefore the state cares for the social care and social security of the citizens according to the principle of social justice and establishes the system of social care and social security and en­ables its functioning, providing conditions and measures for carrying out the social-protective activities.
The providers of the social care and social secu­rity are the state and the local self-government within their authorities. The Government adopts an annual Programme for realization of the so­cial care and social security in which it deter­mines the areas of social care, the population needs, social prevention, the way and means of their realization, as well the providers and the dynamic of it. On the basis of the social care and social security, measure are undertaken in order to carry out social prevention, deinstitutionalized and institutionalized care and material provision. (2)
The system and organization of social care and social security are in fact the institutions, the measures, the activities and the forms that are realized within the citizens’ rights in the domain of the social care and social security.
Besides the measures for social care and social security of the citizens, the state cares for pre­venting social risks through taking measures in the tax policy, employment, scholarship, hous­ing, family protection, health and disability-pen­sion insurance, upbringing and education and other spheres of this area.
The Constitution of the Republic of Macedonia anticipates that the state cares for the social care and social security of its citizens according to the principle of social justice, guarantees the right to help to disabled and people unable to work, providing special care for people with dis­abilities and their inclusion in social life.
The state establishes the system of social care and  social  security  of  people  with  disabilities and enables its functioning,  provides  conditions and measures for social-protective activities and develops form of self-assistance.
The enhanced concern for solving life problems and social security of people with disabilities worldwide, and especially in our country, was manifested in the second half of the previous century. It is obvious due to the enhanced scien­tific and social opening of this issue, enhanced financial engagements, and normative regula­tions within national and international frame­work, extending the network of institutionalized and deinstitutionalized forms for working with disabled people, the concern and commitment of the international and national humanitarian or­ganizations to give certain help.
Organized social care, i.e. social security of peo­ple with disabilities in the Republic of Mace­donia (deaf, blind, people with psychic disabili­ties, with physical disabilities and others) is car­ried out through care and rehabilitation, accom­modation, education, work training and em­ployment.
Social security and the rights of people with dis­abilities in the Republic of Macedonia are pro­vided according to:

  • International documents for the rights and social security of people with disabilities;
  • The Constitution of the Republic of Mace­donia.

The Republic of Macedonia as a member of the UN undertook obligations to respect all signed documents and implement them in its legisla­tion.  So far the state has signed all international resolutions and declarations for the rights of people with disabilities in order to provide their social security. We take this opportunity to mention some of them:
According to the Constitution of the Republic of Macedonia the following documents have been brought:

  1. CONSTITUTIONAL DECISIONS FOR THE RIGHTS OF THE PEOPLE;
  2. NATIONAL STRATEGIC DOCUMENTS FOR THE RIGHTS OF THE PEOPLE WITH DISABILITIES;
  3. LEGAL AND SUB-LEGAL RIGHTS OF THE PEOPLE WITH DISABILITIES

 

1. УСТАВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА

Во Уставот на РМ е содржана одредбата:
„Државата се грижи за социјалната сигурност на граѓаните согласно начелото на социјална пра­ведност и им го гарантира правото на по­мош на немоќните и неспособните за работа гра­ѓани. Државата обезбедува посебна заш­тита за инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот“. (2)

 

1. CONSTITUTIONAL DECISIONS FOR THE RIGHTS OF THE PEOPLE

The Constitution of the Republic of Mace­do­nia consists of the following provision:
“The State cares for the social security of its citi­zens according to the social justice and guaran­tees the right to help disabled and people unable to work. The State provides special care for the people with disabilities and conditions for their in­clusion in social life”. (2)

 

 

 

2. НАЦИОНАЛНИ СТРАТЕШКИ ДОКУ­МЕН­ТИ ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИН­ВА­­ЛИД­­НОСТ
  • Декларација за националната стратегија во РМ за правата на инвалидите; (3)
  • Национална стратегија за правата во обра­зова­ние­то на лица со инвалидност во РМ;
  • Резолуција на регионалната Kонференција за ини­ци­ра­ње законски промени за правата на лицата со инвалидност во РМ и во ре­гио­нот, базирани врз достигањата и перс­пек­тивите на советот на Европа-Скопје, 2003; (4)
  • Декларација за заштита и унапредување на правата на лицата со посебни потреби (до­не­сена од Со­бра­­ние на РМ). (5)

 

2. NATIONAL STRATEGIC DOCU­MENTS FOR THE RIGHTS OF THE PEOPLE WITH DISABILITIES
  • Declaration of the national strategy for the rights of the people with disabilities in RM; (3)
  • National strategy on the rights to education of the people with disabilities in  RM;
  • Resolution of the Regional Conference for initiatives on legal changes for the rights of the people with disabilities in RM and the region, based on the achievements and per­spectives of the Coun­cil of Europe-Skopje, 2003; (4)
  • Declaration for protection and improvement of the rights of people with disabilities (adopted by the Assembly of the RM). (5)

 

 

 

3. ЗАКОНСКИ И ПОДЗАКОНСКИ ПРА­ВА ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ (6)

1.  Законот за социјална заштита обезбедува
право на:

  • социјална услуга;
  • помош на поединец;
  • нега и помош од друго лице;
  • еднократна парична помош;
  • постојана парична помош;
  • социјална парична помош;
  • дневно згрижување;
  • сместување во друго семејство;
  • институционална заштита.

2.   Законот за заштита на децата обезбедува:

  • право на посебен додаток во форма на па­ри­чен надоместок;
  • стручна работа со деца во домашни ус­ло­ви;
  • институционално згрижување во пред­учи­лишни установи;
  • одмор и рекреација според посебни про­­­грами.
3. Законот за основно образование обезбе­ду­­­ва:
  • осумгодишно бесплатно специјално об­ра­зование за деца со посебни образовни потреби во специјални училишта;
  • осумгодишно бесплатно специјално об­ра­зование за деца со посебни образовни потреби во специјални одделенија при редовните училишта;
  • осумгодишно бесплатно образование за деца со посебни образовни потреби вклу­­­­­чени во редовните одделенија во ос­­нов­­ните училишта;
  • ученикот со посебни образовни потре­би има право на бесплатен превоз;
  • ако не може да се обезбеди превоз, уче­никот има право на бесплатно сместу­вање и исхрана во ученички дом или во друго семејство.
4. Законот за средно образование
обезбе­ду­ва:
  • бесплатно средно стручно образование во специјални средни училишта за со­од­ветни занимања или работно оспо­со­бу­вање;
  • бесплатно средно специјално образова­ние во специјални одделенија при ре­дов­ни средни училишта за соодветни за­нимања или работно оспособување;
  • бесплатно средно образование во ре­дов­­ни одделенија при средни училишта (гимназии, музички, ликовни...);
  • ученикот има право на бесплатен пре­воз;
  • ако не може да се обезбеди превоз, уче­никот има право на бесплатно сместу­вање и исхрана во ученички дом или во друго семејство.
5. Законот за високо образование
обезбеду­ва:
  • предност при упис на факултет под ед­нак­ви услови;
  • потребна помош во подготвување прие­мен испит;
  • потребни технички средства за совла­ду­вање на наставата;
  • соодветен пристап до установата.
6. Законот за вработување на лица со инва­-
лидност обезбедува:
  • услови за работа и адаптација на ра­бот­ното место на товар на посебен фонд за оваа намена;
  • ослободување од плаќање персонален данок од доход;
  • ослободување на работодавците кои вра­ботиле инвалидни лица од плаќање при­до­неси за здравствено, пензиско и ин­ва­лидско осигурување и за вработу­ва­ње;
  • ослободување на заштитните друштва од плаќање данок од добивка за инва­лид­­ните лица, а за сите вработени осло­бо­дување од придонеси по основа на пла­ти.
7. Законот за работни односи
обезбедува:
  • Еден од родителите на дете со тешка инвалидност има право да работи со поло­ви­на работно време;
  • родителот на такво дете има право на надомест на плата за скратено работно време;
  • Инвалидите на трудот според овој закон имаат право на скратено работно време;
  • распоредување на друго соодветно ра­бот­но место;
  • право на соодветен паричен надо­мес­ток.
8. Законот за пензиско и инвалидско оси­гу­ру­вање обезбедува:
  • право на инвалидска пензија;
  • право на паричен надоместок за телес­но оштетување;
  • право на бенифициран работен стаж (за 12 се пресметуваат 15 месеци).
9. Осигуреникот кај кого постои преос-­
та­­ната работна способност има право на:
  • работа со скратено работно време;
  • распоредување, односно вработување на друга соодветна работа;
  • преквалификација или доквалифика­ци­ја.
10. Законот за здравствено осигурување обез­­­­бе­­дува:
  • протези, ортопедски и други помагала, санитетски средства;
  • осигурените лица партиципираат до 10% од утврдената цена на протезите, орто­пед­ските помагала и санитетските средства;
  • од партиципација се ослободени лицата со психичка попреченост без родител­ска грижа и осигурените инвалидни ли­ца кои имаат потреба од протези за долни и горни екстремитети, инвалид­ска количка, слушни протези и ортоп­тич­ки помагала.
11. Законот за планирање на просторот и прое­к­тирање објекти со посебни правил­ници обезбедува стандарди и нормативи за:
  • планирање на просторот;
  • проектирање на објекти.

12.  Постојат и други закони и подзаконски
прописи за олеснувања и ослободувања
на лицата со инвалидност
од:

  • царински ослободувања;
  • неплаќање персонален данок;
  • овластена даночна стапка од 5%;
  • неплаќање надомест за регистрација на моторни возила за лица заболени од дис­трофија, дијализа, мултиплекс скле­ро­за и др.

Социјалната сигурност на лицата со инва­лидност низ овие законски решенија во голема мера е обезбедена, но треба да нагласиме дека многу од нив не се реализираат од недоволна ин­формираност на корисниците и недос­лед­ното спроведување на истите од надлежните органи и институции.

 

3. LEGAL AND SUB-LEGAL RIGHTS OF THE PEOPLE WITH DISABILITIES (6)

1. The Law on Social Care provides

  • Social service;
  • Individual help;
  • Home care and help to another person;
  • Occurring once financial help;
  • Permanent financial help;
  • Social help;
  • Day care;
  • Accommodation in foster families;
  • Institutional protection.

 

2. The Law on Childcare provides:
  • Rights to children’s allowance (addition to salary);
  • Professional work with children in home conditions;
  • Institutional pre-school care;
  • Holiday and recreation according to spe­cial programmes.
3. The Law on Primary Education provides:
  • Eight-year free special education for chil­dren with special educational needs in special schools;
  • Eight-year free special education for chil­dren with special educational needs in special classes in regular schools;
  • Eight-year free special education for chil­dren with special educational needs included in regular schools;
  • Free transport service for pupils with spe­cial educational needs;
  • If transport can not be provided, the pu­pil has the right to free board and lodg­ing in a boarding house or a stay with a foster family.
4. The Law on Secondary Education pro­vides:
  • Free secondary vocational education in special vocational secondary schools or vocational work training;
  • Free secondary education in special classes at the regular vocational secon­dary schools or vocational work training;
  • Free secondary education in regular classes at secondary schools (gymnasia, musical and fine-arts schools...);
  • Free transport service for pupils with spe­cial educational needs;
  • If transport can not be provided, the pu­pil has the right to free board and lodg­ing in a boarding house or a stay with a foster family.
5. The Law on Higher Education provides:
  • Priority at university enrollment under equal conditions;
  • Necessary assistance while preparing the entrance exam;
  • Necessary technical means while learn­ing;
  • Appropriate approach to the institution.
6. The Law on Employment of people with disabilities provides:
  • Working conditions and period for adap­tation at work covered by a special fund for this purpose;
  • Free of VAT;
  • Employers of people with disabilities are free of tax payments for health, pen­sion and disability insurance, and em­ployment;
  • Free of VAT for the shelter companies of people with disabilities and all the employees released of salary tax;
7. The Law on Working Relations
provides:
  • One of the parents of a child with hard disability has the right to work half time;
  • The parent of a child with hard disability has the right to contribution to the salary for half work time.
  • Labour disability people according to this Law have:
  • The right to shortened work time;
  • Disposing to other appropriate work place;
  • Right to appropriate salary.
8. The Law on Pension and Disability Insur­ance provides:
  • Right to disability pension;
  • Right to financial contribution for physi­cal damages;
  • Right to beneficial length of service (for 12 months 15 are estimated).

9. The beneficiary with some left work abili­ties has the right to:

  • Shortened working time;
  • Other appropriate employment;
  • Appropriate pre-qualification and qua­li­fi­­­ca­tion training.

10.  The Law on Health Insurance provides:

  • Prosthesis, orthopedic and other aids, medical means;
  • Insured people participate with 10% from the fixed price of the prosthesis, orthopedic aids and medical means;
  • Mentally retarded people without paren­tal care and insured people with disabili­ties who use prosthesis of upper and lower extremities, wheelchair, hearing aids and orthoptic aids are free of par­ticipation.

11.  The Law on Spatial Planning and Con­struction provides standards and norms with a special Rulebook:

  • Spatial planning;
  • Construction design.

12.  Other laws and legal regulations which release the people with disabilities from:

  • Free of duties;
  • Free of personal tax;
  • Privilege tax rate of 5%;
  • Free of payment for registering motor ve­hicles for people with dystrophy, di­alysis and multiplex sclerosis etc;

The social security of people with disabilities is provided through a lot of legal decisions, but we still have to point out that many are not realized due to insufficient information for the users and inconsistent realization of them by the author­ized organs and institutions.

 

 

 

 

 

Заклучок

 

Conclusion

За социјалната сигурност на лицата со инва­лид­ност во Република Македонија имплемен­ти­­рани се бројни меѓународни декларации, ре­зо­луции и други документи за правата на овие лица.
Исто така, врз основа на нив и уставот на Република Македонија донесени се законски и подзаконски прописи за правата на лицата со инвалидност во областа на здравството, обра­зо­ва­нието, социјалната заштита, социјалното оси­гурување и вработувањето.
Но, треба да се заклучи дека ис­ти­те права не­до­волно се спроведуваат во прак­ти­ката, така да лицата недоволно ги користат  сите права пред­видени во овие прописи, било од недо­вол­ната информираност или од неефи­кас­носта на надлежните служби.

 

For social security of people with disabilities in the Republic of Macedonia numerous interna-tional declarations and resolutions and other documents on the rights of these people have been brought.
On their basis and the Constitution of the Re­public of Macedonia legal and sub-legal acts have been brought  on the people with disabili­ties’ rights in the field of health, education, so­cial protection, social insurance and employ­ment.
But it has to be concluded that these rights are not adequately carried out in practice, and peo­ple with disabilities do not sufficiently use these rights anticipated by these acts due to either lack of information or inefficiency of the professional services.

 

Citation:Ajdinski Lj. Social Security of People with Disabilities. J Spec Educ Rehab 2007; 8(3-4):98-104.

   

 

   

Литература / References

 

 

  1. Милослав Миленковиќ, Социјална сигурност у само­уп­рав­ном друштву. Наша књига, Београд, 1988;
  2. Устав на Република Македонија, член 35, усвоен на 17.11.2001.
  3. Декларација за Националната стратегија во РМ за правата на инвалидите (Сл. весник на РМ бр. 101/2001).
  4. Резолуција на Регионалната конференција за иницирање законски промени за правата на ли ца со инвалидност во РМ и во регионот ба­зи­ра­­ни врз достигнувањата и перспективите на Советот на Европа, донесена во Скопје, 2003.

 

  1. Декларација за заштита и унапредување на пра­­вата на лицата со посебни потреби доне­сена од Со­бра­нието на РМ.
  2. Законски и подзаконски права за лицата со ин­ва­лидност од областа на социјалната по­ли­ти­ка. (Сл. весник на РМ бр. 64/2000, бр. 98/2000, бр. 52/2002, бр. 63/2004, бр. 65/2004)

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Љупчо АЈДИНСКИ

 

Ljupcho AJDINSKI

„11 Октомври“ 42 а
1000 Скопје, Република Македонија
е-mail: ajdinski@freemail.com.mk

 

“11 Oktomvri” 42 а
1000 Skopje, Republic of Macedonia
е-mail: ajdinski@freemail.com.mk