Горан АЈДИНСКИ,
Љупчо АЈДИНСКИ
ТЕРМИНОЛОГИЈА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП
Вовед
Актуелноста и значењето на овој стручен проблем е многукратен од неколку аспекти:
прво зашто уедначеноста во употребата на терминологијата има големо значење во третманот на лицата и
второ, поради шаренилото во примената на термините, кај нас и во светот, што создава дилеми и проблеми во облиците и правата на остварување на општествената грижа за овие лица.
Исто така во почетокот сакаме да нагласиме дека во овој труд: прво, условно ќе го употребуваме терминот “лица со хендикеп” кој сега најчесто се употребува, независно дали е тоа најсоодветно решение или не, с¢ додека не се заземе заеднички став кој термин да се употребува во иднина, второ, со оглед што тој проблем не е разрешен и во светски рамки, ќе настојуваме во излагањето автентично и објективно да ја изложиме употребата на термините во практиката, комуникацијата и во законодавната регулатива кај нас и во светот и трето, во излагањето ќе се задржиме само на терминологијата што се однесува на лицата со хендикеп, односно со инвалидитет според утврдените класифиции.
I |
Лица со хендикеп |
За да можеме полесно и поедноставно да ги усогласиме ставовите околу терминологијата треба да кажеме кои се лицата со хендикеп, односно лицата попречени во развојот за кои ќе направиме напори да го изнајдеме вистинскиот термин.
Во различни земји постојат различни дефиниции за поимот на попреченост. Основно во сфаќањето на попреченоста е дека на човекот се гледа како на биопсихосоциолошка целост која за жал од многубројни и разновидни причини може да биде нарушена. Затоа лицето попречено во развојот, не е ниту “случај”, ниту “збир на дијагнози”. Според барањата на секојдневниот живот, човекот е принуден да се владее како целост, а не како мозаик од фрагменти. Тоа, пред с¢, поради фактот што попреченоста во развојот без сомневање може да предизвика ограничување на способноста за стопанисување и прилагодување.
Се поставува прашањето за поблиска детерминација на поимот “попреченост во физичкиот или психичкиот развој”, што треба да се изрази со соодветна класификација на овие лица, бидејќи таа претставува важен фактор во заштитата и рехабилитацијата. Од неа многу зависи правилното насочување во заштитата и рехабилитацијата на овие лица.
Во досегашниот период се објавени и применувани голем број класификации. Кај нас прва официјална класификација е објавена и започната да се применува од 1960 година. Денес се применува класификацијата објавена во Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или во психичкиот развој, а што се потпира врз најновата класификација на Светската здравствена организација.
Според овој Правилник лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој што имаат специфични потреби се:
Потребно беше да се изложи оваа класификација, бидејќи кога ќе расправаме за терминологијата ќе зборуваме за лицата што £ припаѓаат на оваа групација.
II |
Термини и поими што се однесуваат на лицата со хендикеп, |
Денес во литературата во различни земји и говорни подрачја се употребуваат повеќе термини и поими што се однесуваат на лицата со хендикеп, односно со тешкотии во социјалната интеграција.
Досега се среќаваме со повеќе термини што биле користени, или се користат, а се однесуваат на овие лица. Најмногу употребувани термини се: дефект, инвалид, хендикеп, соматопсихичко оштетување, абнормалност, тешкотии во социјалната интеграција, пречки во психофизичкиот развој, пречки во развојот, лица со специјални потреби и други. Со еден збор ги има над 30-на термини.
По овој повод прилика ќе направиме, поради времето, дескрипција само на некои од споменатите термини за кои сметаме дека заслужуваат посебно внимание.
Дефект (најстар употребуван термин)
Овој термин најмногу е експлоатиран во руската научна и стручна литература. Во минатото овој термин бил употребуван и кај нас, но денес во стручната литература и во законската регулатива се избегнува употребата на овој термин поради негативните синтагми и конотации. Во земјите од англиското јазично подрачје споменатиот термин воопшто не се користи така што во стручната литература не можеме да го сретнеме.
Според речникот на English H. B. and English A. C. како што цитираат загрепските автори Ковачевиќ, Станчиќ и Мејовшек (1986) “дефект е неуспех во конформирањето на некој стандард поради недостатокот на функции или структури”. (3)
Како што наведуваат В. Ковачевиќ, В. Станчиќ и М. Мејовшек (1986) овој термин не се употребува ниту во англиско-американската ниту во фрацуската терминологија во изданијата за специјална едукација на УНЕСКО, но се среќава во шпанската и во руската терминологија на истото издание. Во објаснувањето на споменатиот термин во руската и во шпанската литература тој се идентификува, односно се распоредува во групата со следните термини. (3)
Во Русија со овој термин биле означувани дефектни лицата со недостатоци и таквата синтагма упатувала на тоа дека некоја личност е дефектна во целост. Сите лица што имале некое оштетување се третирале како дефектни што не морало да значи дека тие се такви, бидејќи дефектот се однесува на одделни органи (за вид, слух и слично). Таквите лица можат да имаат некои способности и особини со кои можат да бидат еднакви, а понекогаш и подобри од нормалната популација, по ефикасниот третман што овозможува вклучување на таквите лица во сите сфери на општественото живеење. Значењето на дефектот кај секоја личност зависи од биопсихосоцијалната структура на личноста. Две лица можат различно да го доживуват дефектот или со други зборови кажано за една личност губењето на слухот може да има многу големо значење додека за друга личност без разлика што се работи за ист интензитет на оштетување да има помало значење.
Аномалија и дефициентност
Како што наведуват загрепските автори, споменатиот речник укажува на тоа дека терминот дефект треба да се разликува од терминот дефициентност бидејќи последниот значи специфичен недостаток, а не неуспех во конформирање на некој стандард.
Хендикеп
Овој термин е доста употребуван во секојдневниот живот. Поретко се користи во научната и во стручната литература, додека во службената терминологија, т.е. во законската регулатива со која се регулираат прашањата од проблематиката на овие лица не се употребува.
Како што наведуваат споменатите загрепски автори во поширока смисла на зборот, овој термин според Енциклопедијата на Лексикографскиот завод-Загреб означува тешкотија, или пречка што оневозможува некоја активност (3).
Во потесна смисла на зборот за хендикепирани се сметаат оние лица кои поради некоја болест, оштетување, инавалидитет или пречки во развојот имаат тешкотии во вклучувањето во општествената средина.
Хендикепот со други зборови претставува наполно негативен ефект во состојбата на личноста што вклучува:
Хендикепот може да се јави и како последица на отфрлање или неприфаќање на лицата со пречки во развојот и тоа особено ако тоа е сторено на осетлив и недискретен начин.
Исто така хендикепот може да се јави како резултат на неможноста на овие лица да се вклучат во активности во кои би сакале да учествуват (3).
Од психолошки аспект Д. Крстиќ (1996) наведува дека под овој термин се подразбира состојба на намалени телесни или ментални можности поради што индивидуата, односно личноста се наоѓа во нерамноправна положба во однос на лицата што немаат пречки во развојот. Често пати со овој термин се опфаќаат неадекватните социјални околности како и културната неразвиеност. Терминот се употребува за означување како на децата така и на возрасните што имаат пречки во развојот и учењето, односно во преквалификацијата што треба да им овозможи социјална егзистенција.
Абнормалност
Овој термин исто така се употребува за означување на состојбата на лицата со пречки во развојот. Како термин се применува и од страна на Светската здравствена организација во дефиницијата на оштетувањата.
Според Catell (1950), како што наведува групата загрепски автори, овој термин има двократна смисла. ( )
Од една смисла, с¢ она што отстапува од некој биотички или социјален просек во некоја прераспределба се смета дека е абнормално, при што за просек не се зема некоја точка на скалата за мерење туку интервал. Ваквото определување на абнормалноста е од статистички аспект. Ако се земе како пример менталната ретардација, за ментално ретардирани ќе бидат сметани сите оние кои според IQ се две стандардни девијации под аритметичката средина што е определена како 100. Од друга страна за нормални, односно за просечни ќе се сметаат оние чиј IQ изнесува од 90 до 110.
Во друга смисла загрепските автори го цитираат Catell (1950) кој смета дека “абнормално е с¢ она што е нездраво, патолошко, дефектно, што отстапува од некој стандард на можна или апсолутна ефикасност”.
Постои објаснување на терминот абнормалност од психолошки, педагошки и социолошки аспект и сите се сведуваат на тоа што абнормалност преставува отстапување од вообичаените и очекувани норми и вредности, пишани и непишани правила како и отстапување од способностите за интеграција и адаптација. (3)
Лица со пречки во развојот
Кај нас овој термин е во голема употреба и во литературата и во законската регулатива поради тоа што:
прво, на овој термин му се дава приоритет во неговото користење поради самата поставеност и системот на рехабилитацијата што со третман ги опфаќа лицата со пречки во развојот од самото раѓање, па с¢ до адолесценцијата и нивната интеграција во социјалната средина;
второ, и поради тоа што во раниот период од животот кај децата што имаат определени попречености, не може да се постави диференцијална дијагноза за состојбата и не може со сигурност да се определи и да се знае попреченоста (пример: лесна ментална ретардација, дисхармоничен развој, комбинирани пречки и сл.).
Лица со специјални потреби
Овој термин се појавува во поново време, особено по објавувањето на Извештајот на УНЕСКО од Саламанка за специјалното образование (The Salamanca Statement and framework for action on special needs education, 1994), каде што е употребен терминот специјални образовни потреби (special education needs). Но, веднаш треба да кажеме дека во тој извештај не е никаде споменат терминот лица односно деца со специјални потреби. Секаде во извештајот се спомнуваат специјални образовни потреби, па дури и насловот на Извештајот е назначен со овој термин. Значи погрешно се цитира Извештајот од оние што го употребуваат терминот “деца со специјални потреби”. Самиот термин прави забуна кога ќе се каже лица, односно деца со специјални потреби, бидејќи асоцира и за лицата со хендикеп и за лицата без хендикеп.
Тоа беше повод уште на почетокот на излагањето да нагласиме дека денес ќе зборуваме за термините што се однесуваат на лицата со хендикеп односно со инвалидитет.
Соматопсихички оштетувања, психосоматски оштетувања
и лица со пречки во психичкиот и физичкиот развој
Овие термини исто така се подложни на дискусија, бидејќи со нив се опфатени лицата што имаат телесни и психички пречки, а не се опфатени лицата што имаат тешкотии во социјалната адаптација (на пример: лица со социо-воспитни проблеми, лица со первазивни развојни растројства, заостанување во развојот, дисхармоничен развој и сл.).
Инвалидитет
Тој термин неоправдано, како содржински така и терминолошки во практиката во последно време ретко се употребува. Зошто мислиме така? Затоа што:
Прво, не му е дадено вистинското место во терминологијата како последица на лошиот превод на неговата терминолошка содржина од странската литература. Во англиското јазично подрачје за овие лица се употребува терминот “лица со инвалидитет” (people with disabilities), што точно преведено од англиски на македонски значи “лица со инвалидитет”;
Второ, кај нас со започнувањето со заштитата и рехабилитацијата на овие лица, овој термин е употребуван многу често во комуникацијата, законодавната регулатива, па дури и во највисокиот законодавен акт- во Уставот на Р. Македонија, се употребува терминот “инвалидни лица”, кога се зборува за нивните права;
Трето, многу земји го користат овој термин “инвалидитет”, како во земјите од англиското јазично подрачје, така и во земјите од источно-централна Европа (Чешка, Полска, Русија, Словенија и др.).
Четврто, во сите меѓународни документи (резолуции, декларации и др.) како и во националните законски регулативи на голем број земји на Запад се употребува овој термин “инвалидитет”.
III |
Терминологија употребена во меѓународната легислатива |
Во оваа Декларација веднаш на почетокот се дава дефиниција за инвалидноста, а понатаму се наведуваат правата на овие лица. Така под поимот “инвалидно лице” според оваа Декларација: е “секое лице што не е во можност да ги обезбеди за себе целосно или делумно потребите за нормален индивидуален или социјален живот, како резултат на отсуство, вродено или не, на неговите физички или ментални способности”.
(Резолуција бр. 44/25 од 1989 год. на Г. С. на ОН)
Во оваа Декларација кога се зборува за правото на детето што е попречено во развојот е употребен терминот “инвалидно дете”. Така помеѓу другото е изнесено во точките втора, трета и четврта:
(2) |
Државите членки го признаваат правото на инвалидното дете на ... |
(3) |
Уважувајки ги посебните потреби на инвалидното дете, помошта во ... |
(4) |
Државите членки ја унапредуваат, во духот на меѓународната соработка и размената на соодветни информации во областа на превентивната заштита на здравјето и медицинското, психолошкото и функционалното лечење (оспособување) |
И во оваа Конвенција за овие лица е употребен терминот “инвалидност”. Така во точката (е) од членот 11 на оваа Конвенција е наведено: (е) Право на социјална заштита, посебно во случај на одење во пензија, болест, инвалидност, старост и др. ...
Исто така и во оваа Конвенција за овие лица се употребува терминот “инвалидност”. Така во точката 2 на членот 5 е наведено ... “Треба да се води сметка за посебните потреби на лицата во поглед на кои посебната заштита или помош, е општо призната како неопходна поради полот, староста, инвалидноста, семејните обврски или социјалното или културното ниво.
Во стандардните правила, исто така, се употребува терминот “инвалидност”. Но, при преводот е направена грешка што терминот на англиски “disabilities” е преведен како “хендикеп”, што не е исто. Во сите 22 правила е употребен терминот “лица со инвалидитет”. Така на пример ќе споменеме неколку правила:
Овој Извештај, често пати се цитира кога се сака да се поткрепи употребата на терминот “Деца со специјални потреби”. Ваков термин “Деца со специјални потреби” во извештајот не се спомнува. Секаде во Извештајот, па и во насловот се употребува терминот “Специјалниобразовни потреби”, а кога ќе се спомне лице, тогаш се употребува терминот “лице или дете со инвалидитет” или “Лице со хендикеп”.
Инаку овој извештај повеќе го потенцира општо правото на секој поединец на образование, како што е наведено во една од точките: “Училиштата треба да ги прифатат сите деца” или “Лицата што имаат потреба од специјално образование треба да имаат пристап во регуларните училишта”.
Во една од точките во поглавјето: “Учесниците ги повикуваат сите влади”, е наведено: “Да се охрабрува учеството на родителите, заедниците и на организациите на лицата со инвалидитет”. Значи се употребува терминот инвалидност.
Исто така и во поглавјето “Нови размислувања за специјалното образование” се употребува терминот инвалиди. Така на пример во текстот стои:
И во поглавјето: “Јавна Свест”, во една од точките е употребен терминот инвалид, па се кажува: “Медиумите можат да го подобрат и односот на работодавците кон вработувањето на лицата со инвалидитет.”
IV. Национална легислатива во одделни земји во светот
КАНАДА
Во една од потточките на овој Закон стои: “Канадскиот приод кон прашањата за инвалидитетот”.
И во овој документ се употребува терминот “инвалид”. Така во точката (б) стои: И лицето што ќе стане или престанало да биде инвалид...
Дефиниции во овој Закон:
АНГЛИЈА
Во овој Закон се употребува терминот “инвалид”. Под инвалид се подразбира физичка, сетилна и ментална инвалидност. Карактеристично е да се нагласи, дека овој Закон, и кога се работи за едукација на децата, го употребува терминот “инвалид”. Така во дел IV образование стои:“Едукација на децата со инвалидитет”.
НОРВЕШКА
И во овој документ, како во насловот така и во текстот се употребува терминот “инвалидитет”. Во преводот на овој документ на македонски јазик често пати терминиот “инвалидитет”, е заменет со терминот “хендикеп”.
ИТАЛИЈА
Во овој Закон се употребува терминот “инвалидитет”. Но, во преводот на македонски, како во насловот, така и во текстот е употребен и терминот “хендикеп”.
Мислења и сугестии
Врз основа на презентираниот материјал произлегуваат следните размислувања и согледувања за оваа проблематика.
Според изложеното, а согласно со обврските на нашата земја како потписничка на повеќето од меѓународни документи се наметнува заклучокот дека е потребно нашето законодавство, па и практиката во областа на рехабилитацијата и заштитата во однос на терминологијата да биде компатибилно со светското.
Предлози за унифицирање и подоследна примена на терминологијата за лицата со инвалидитет, односно хендикеп изнесени на стручниот собир организиран од страна на МИА на 05.03.2001 во Скопје
ЛИТЕРАТУРА: