Зора ЈАЧОВА
ПЕДАГОШКИОТ ПРОЦЕС ВО ЧИТАЊЕТО НА ГОВОР
ОД УСТА И ОД ЛИЦЕ
Паралелно со демутизациониот период, пред с¢, јавува и неопходноста од создавање навики за читање на говор од уста и од лице, како едно од најзначајните средства за перцепцијата на говорот кај децата со оштетен слух во целокупниот едукативен период. Затоа, задачата на читањето на говор од уста и од лице треба да се сведува на воспитување на навики за брзо и течно видно перципирање, за репродукција на говорните движења и за развивање на способностите за заклучување засновано во кортексот. Постигањето на овие задачи зависи од успехот во работата на изговорот, од развојот на лексиката и на граматиката.
Тренингот за визуелната перцепција на говорот започнува уште од првите денови со доаѓањето на детето во училиште.
Во подготвителниот период децата се учат да ги читаат имињата на своите другари, името на наставникот, своето име, името на предметите во училницата-едноставни налози и задачи. Тоа е таканаречено глобално читање на говор од уста, односно читање на цели зборови и фрази, поврзано со поттикнување и перципирање на движења што одговараат на соговорникот, што се засновани врз кинестетичките претстави на гласовите во зборовите.
Децата во периодот за кој претходно станува збор, можат да го сфатат општиот облик на зборовите и фразите, но не го знаат нивниот изговор, туку сфаќаат само некои видливи артикулациони движења на соодветните зборови.
Подоцна се врши непрестајно проширување на говорниот материјал во читањето на говор од уста, и тоа постојано во глобална форма. Истовремено во читањето на говор од уста почнуваат постепено да се јавуваат елементи на анализа и на синтеза на она што се нарекува отчитување. Тоа е условено со паралелното учење на изговорот на одделни гласови и пишувањето според гласовно аналитичко-синтетичкиот метод. Вежбањето на анализата и синтезата на гласовите дава неопходна основа за усовршувањето на читањето на говор од уста и од лице.
Во подготвителниот период кај многу деца се забележува значителен успех во оваа техника, што се објаснува со редуцираниот речнички фонд, како и со малиот број формирани гласови, особено вокалите, што се посебно читливи. Но, доколку овој материјал се проширува, расте и бројот на научени гласови, а со самото тоа и бројот на новите поими. Во тој случај перцепцијата на говорот губи од својата доминација и се откриваат нејзините недостатоци. Затоа е неопходно уште во периодот на глобалното читање да се вклучуваат елементи на анализа и синтеза.
Основните навики на читањето на говор постигнати во првата година, во подготвителниот период, претставуваат основа за развојот на говорот кај глувите деца. Меѓутоа, развојот на основните навики на читањето на говорот стекнати во подготвителниот период се одвива на тој начин што не постои стремеж кон усовршување на видната перцепција, туку кон вежбање на “погодувањето” на основата на контекстот во зборот и реченицата, односно се увежбува синтетичкиот мисловен акт на логичкото заклучување врз база на фиксациските елементи во зборот и во речениците.
Поаѓајќи од тоа, читањето на говор од уста и од лице во пониските одделенија не треба да се ограничи само на наставата по мајчин јазик, туку треба да биде застапено на секој час по секој предмет, а особено на часовите по техника на говорот, каде што треба да се користи глобалното читање на говорот.
Подоцна, во погорните одделенија, треба да се дадат детални информации за суштината на читањето на говор од уста, односно за брзината на читањето на говорот од уста, за да се создаде поголем фонд на зборови, да се совлада брзиот и течен говор, да се совлада граматиката и др.
Значи, визуелната перцепција на говорот е бавен и мошне долг процес кај глувите ученици, тргнувајќи од демутизациониот период кога се започнува со формирањето на говорните навики. Затоа е неопходно да се планира неговата реализација, преку посебни програмски содржини.
Преглед на програми во наставата за читање на говор од уста и лице
Наставата за читање на говор од уста во училиштата за глуви деца има два основни дела:
Но значајно е да се спомене дека и во едниот и во другиот период значаен предмет врз кој се темели наставата на читање на говор од уста и од лице е мајчиниот јазик.
Визуелната перцепција на говорот претставува посебна тешкотија за учениците и затоа е неопходно да се земе предвид распоредот на преоѓање на гласовите. Најпрвин се започнува со вокалите (а, о, е, и, у), а потоа се совладуваат консонантските групи (Савиќ Љ., 1988, 299):
Редоследот на овие групи гласови е поставен според кинестетичката близина во групата и според кинестетичката оддалеченост меѓу групите, за да можат гласовите физиолошки подобро да се фиксираат. Но, оптичката слика, како и акустичката во овој редослед е многу тешка па затоа секогаш се започнува од оптички највидливите гласови и се преминува кон потешко видливите. Таквиот начин на преоѓање на гласови подразбира и создавање посебен тематски речник, како според видливоста на вокалите, така и според местото на вокалите и консонантите во рамките зборовите.
Оваа постапка има неколку етапи:
При вежбањето на читањето на говор од уста треба да се започне со познати поими, на тој начин што секој поим треба да биде заситен со конкретна содржина, понатаму се преоѓа на нови и непознати поими, кои подоцна на часот за изградба на говорот треба детално да се обработат, додека на часовите по вежбање на говорот од уста се обработуваат со површно определување на значењето.
Сите форми на работа во читањето на говорот ги делиме на две основни групи (Савиќ Љ., 1988, 301):
Специјални вежбања
Специјалните вежбања се карактеризираат со тоа што читањето на говор се јавува како предмет на обучување, односно создавање навики, додека во практичната примена на вежбањето, читањето говор се јавува како средство во наставата, средство на комуникација.
Специјалните вежбања во читањето на говор од уста се изведуваат на часовите според соодветна наставна програма во содржините на предметот мајчин јазик, најчесто застапени со еден-два часа неделно.
Неопходно е да се спомене дека за вежбање на читањето на говор е потребно напрегање на видот и мисловна активност на ученикот, кои во почетокот доведуваат до брз замор. Затоа во пониските одделенија се избегнува изведување на воннаставни вежбања на читање на говор, додека во второ одделение оваа активност може да се практикува многу повеќе, соодветно на возраста на ученикот.
Вежбање на читањето на говор од уста на часовите
Во подготвителниот период и во прво одделение се предвидуваат неколку форми на работа:
Од второ до трето одделение се користат с¢ посложени форми на читање на говорот од уста, како:
Вежби за читање на говор од уста во вончасовното работно време
Вончасовната работа има цел усовршување на способноста за читање на говор од уста и од лице кај глувите ученици, и на тој начин да се подготват за поуспешно следење на наставата во училиштето, како и за практичниот живот.
Постојат два вида вончасовна работа при читањето на говор од уста:
Целта на секцијата е да се усоврши навиката за брзо и за осмислено читање на говорот од уста и од лице и вежбање на прочитаното. Значи овој вид во себе вклучува два момента: механички и психолошки. Материјалот за овој вид вежби треба да биде од секојдневниот животен говор со кој учениците владеат.
Втората цел на секцијата е осмислување на прочитаното или логичка компонента на читањето, односно интелектуалниот момент во читањето (обично трае 30-40 минути), што се изведува преку: работа на слики, опис на животни, луѓе, говорни игри, убаво изразување, преработка на содржината на познати филмови или приказни, дијалози и др.
Практична примена на читањето на говор
од уста и од лице по сите предмети
Практичната примена на читањето на говор од уста и од лице служи како средство во наставата и во комуникацијата на глувите ученици.
Во секојдневната комуникација се употребуваат помошни методи како: дактилологија и гест. На часовите по мајчин јазик е неопходно да се стави нагласка на диктатот, со кој се проверува навиката за правопис и за граматичките наставки. Меѓутоа, за непречено читање на говор од уста и од лице, глувиот ученик е неопходно да поседува богат лексички фонд и фразеолошки речник и усвоени граматички правила.
Практична примена на читањето на говор
од уста и од лице надвор од училиштето
Читањето на говор од уста претставува вештина на препознавање на невидливите и на помалку видливите движења на говорот и нивното синтетизирање со наполно видливите движења на гласовите и зборовите на соговорникот.
За брзо и правилно визуелно перципирање на говорот не е потребно препознавање на секој глас изолирано, туку вештината на сфаќање на основната содржина на говорот и вклучување во општата, глобална, говорна динамика.
Успешноста на читање на говор од уста и од лице не зависи само од читачот туку и од соговорникот. Тоа значи дека соговорниците на глувите лица треба да знаат како да се однесуваат во процесот на комуникација за да може глувиот човек да ја сфати содржината на прочитаното.
Методи на читање на говорот од уста и од лице
Низ историјата на сурдопедагогијата се искристализирале три основни методи на учење на говор од уста, и тоа:
Секој од овие наведени методи има свои специфичности. Некои од нив добиле и свои варијанти, како, на пример, синтетичкиот метод (Gallaudet Encyclopedia of deaf people and deafness, 1987, 236 според Савиќ, 1994, 154-155).
а) |
Аналитички метод |
Аналитичкиот метод во учењето на читање на говор од уста поаѓа од вежбањето на изолираните гласови и слогови, со цел децата да се насочат кон диференцирање на оптичката слика на визуелно сличните гласови.
Овој метод овозможува диференцирање на елементите на говорните движења, така што паралелно со глобалната перцепција се воочува специфичниот изглед на секој глас одделно укажувајќи на нивните карактеристични места на движењата.
Во почетната фаза на артикулација таа е мошне целисходна, иако во својата основа има елементи на синтеза, но е мошне сувопарна, заморна и бавна, и премногу го механизира процесот на читање на говор од уста, така што станува здодевна.
б) |
Синтетички метод |
Синтитечкиот метод настојува да ги отстрани сите претерувања на механизираниот артикулациски комлекс, па се обидува во актот на читањето говор од уста и лице да внесе интелектуална компонента.
Тргнувајќи од фактот дека секој глас во зборот не може да се прочита, затоа што две третини од гласовите се невидливи и се градат во втората половина на усната празнина, синтетичкиот метод настојува да овозможи читање на зборовите глобално, празнините на недоволно видливите гласови се пополнуваат со “интелектуалната претпоставка”. На тој начин синтетичкиот метод настојува да ги надмине недостатоците на претходниот.
Со оглед на фактот што интелектуалната компонента е можна само кај возрасните подоцна оглувени лица, а не и кај прелингвално глувите што немаат вербален депозит за значењето на зборовите, се јавила потребата од варијантите на синтетичкиот метод:
Статичката варијанта на синтетичкиот метод се состои во тоа што учениците ја учеле најпрвин положбата на артикулационите органи за изговор на секој глас изолирано, значи статички, па подоцна визуелната слика на гласовите ја поврзувале во целост-зборови.
Динамичката варијанта на синтетичкиот метод се состои во тоа што учениците се обучувани на брзо, динамичко менување на обликот на устата во говорот, па дури тогаш, врз основа на глобалната слика на движењата на устата, се донесувал “заклучок за смислата на реченото”.
Оваа варијанта овозможува сфаќање на основните видливи гласови и препознавање на зборот. Суштината на овој метод се состои во тоа што тежишна точка претставува оптичката слика на зборот, така што добро “видливите” гласови во зборот се нарекувале “гешталт трегери” (носачи на целоста), како база за препознавање на зборот.
Супституцискиот метод ги спојува позитивните страни на претходните варијанти на синтетичкиот метод, тврдејќи дека не постои фиксирана слика на устата за гласовите, туку тие се супституираат зависно од положбата на вокалите што се наоѓаат пред консонантите. Затоа овој метод ја наметнува потребата од изучување на 355 можни слики на устата за да може успешно да се читаат сите зборови, кои треба визуелно да се запамтат за да можат да се препознаат од устата на соговорникот.
в) |
Глобален метод |
Глобалниот метод тргнува од зборот како целост занемарувајќи ги невидливите гласови кои по смисла треба да се дополнат.
Сите дотогашни методи ја заборавале личноста на читачот со своите психофизички квалитети. Така, на тој начин, се појавиле две варијанти на глобалниот метод: метод на мисловен акт или комплексен метод.
Варијантата на мисловен акт (содржина на читање од уста и од лице) ги отфрла сите принципи на аналитичко-синтетичкиот метод на читање на говор од уста тргнувајќи од мисловниот комлекс на комбинирани можни значења на движењета на говорните органи-”Haltsmethode”. Затоа обуката на читање на говорот треба да почне со смисловен материјал, реченицата да ги обединува околу една општа тема или ситуација околу која се води разговор.
Оваа варијанта не дава никаква правила, не бара никакво знаење на бесмислени слогови, не бара никакво знаење, затоа што точноста на разбирање на оптичката слика на слоговите и нивното поврзување со кинестетичкото паметење не се постигнува со очитување буква по буква, туку со “мисловни комбинации” што се создаваат врз основа на определен контекст на содржината во целост, на оптичката поврзаност на логичките факти, а визуелната, оптичката поврзаност, доаѓа сама по себе како резултат на навиките на читање на говор.
Варијантата на комплексно читањеги гледа глувите и наглувите личности како целост-комлекс, во кој се доминантни:
! |
видната перцепција на говорните движења, |
! |
рефлекторното спонтано повторување на артикулациските движења на соговорникот што провоцираат кинестетички енграми во свеста (синкинезија), |
! |
невидливите говорни движења како база на логичкото заклучување што треба да се одгатнат. |
Овој метод е многу практичен во работата со подоцна оглувени лица, со образовани глуви лица, кај кои е изграден комлекс на енграми на говорните движења во кортексот и логичка мисла на заклучување, додека не може да се применува кај необразованите глуви лица.
Комлексниот метод ги ангажира сите анализатори во процесот на очитување и затоа треба да се користи во едукацијата на подоцна оглувените лица.
Американски методи на учење на читањето на говор од уста
Во Америка во почетокот на XX век, паралелно со развојот на методите за читање на говор од уста во Европа, се јавуваат првите обиди за систематизирање на теоријата за читање на говор од уста (Савиќ 1994, 156).
Методот на Едвард Ничи е формиран и дополнуван речиси педесет години, додека својата завршна форма не ја добива во книгата “Нови лекции за читањето од уста”, Филаделфија, 1950.
Ничи прво го застапувал аналитичкиот метод, па потоа синтетичкиот, и на крајот, ги конструирал принципите на својот метод:
За да може да ги реализира принципите на својот метод, Ничи изградил вежби за тренинг на окото и мислењето.
За тренингот на окото предлагал вежби пред огледало со цел да се утврди разликата во изговарањето на определени гласови, за да може потоа да се помине на тренинг на окото во една стандардна реченица во која се менува редоследот на зборови, а читачот треба да ја препознае и да ја сфати нејзината смисла.
За тренингот на мислењето Ничи барал синтеза на смислата на кажаното, а не “сфаќање на збор по збор со очите”. Затоа неговата максима гласела:“Поважно е да се сфати зборот од смислата отколку самиот збор. Поважно е да се развива интуитивната моќ на сфаќање на прочитаното, а не зборот”
Постапката на методот на Ничи се состоела во тоа што на ученикот му се раскажувала некоја позната приказна, првпат многу кратко, а потоа приказната се повторувала, додавајќи секогаш нови зборови што не биле кажани претходно. За брзината на читање Ничи предлагал брзи одговори, а за интелектуалното вежбање прво барал идентификација на зборовите, а потоа читање на целата реченица.
Методот на Марта Брунја добива својата дефинитивна форма во педесеттите години од овој век.
Таа го застапуваласлоговно-аналитичкиот метод, кој се состоел во ритмичко вежање на читањето на слоговите од кои подоцна се составувал зборот, а потоа и реченицата.
Брун ги застапувала следниве принципи:
Методот на Марта Брун се состоел од серија на слогови од кои се составуваат вежбите што се надоврзуваат една на друга ритмички за да се сфати зборот. Вежбите се повторуваат с¢ додека потсвесно не се препознае слогот, а крајна цел на методот е формирање визуелна и моторна меморија.
Планот на часот на Брунова се состои од четири дела, и тоа:
Марта Брун ги делела читачите на две основни групи:
Таа ја сфаќала вредноста на целоста, но сепак се насочувала кон потребата од разбирање на деталите за да може со “извежбаниот материјал” да ги разликува видните карактеристики на движењата на секој глас.
Методот на сестрите Кинзи (Rose&Cora)претставува комбинација од претходните две. Тој е формиран во триесеттите години од овој век и е објавена во книгата “Читање од уста за возрасни оглувени лица” (Lepreading for Deafned Adult, 1931).
Овој метод содржи серија вежби распоредени според степени наменети за деца и возрасни, со природно структурирани реченици, со функционална употреба, односно извлечени од секојдневниот живот, со цел да изврши синтеза на мислата.
Освен овие методи, во САД постојат и други методи што немаат заеднички карактеристики, но сите го застапуваат:
Согледувајќи ја специфичноста на секој од споменатите методи, можеме да заклучиме дека заедничката карактеристика што ја обединува нивната мисла е: читањето на говор од уста и од лице е фундаментален проблем во обучувањето на говорот на глувите и на подоцна оглувените деца и возрасни, и дека тоа е интегрална артикулациска компонента без која не може да се замисли процесот на комуникацијата.
Савиќ (1988, 309),тргнувајќи од размислувањето дека во актот на читањето на говор од уста и од лице има три битни компоненти:
предлага петнаесет универзални, сурдопедагошки правила кои ја детерминираат успешноста во читањето на говорот од уста независно од употребениот метод:
ЛИТЕРАТУРА: