Парис ПАРИЗОВ, Стефка ЧИНЧЕВА
ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ-ЕЛЕМЕНТ ОД СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА
НА ДЕЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Процесот на приопштувањето на индивидуата кон општеството и неговите норми се означува како социјализација на личноста (1). Социјализацијата означува уште социјална активност. Благопријатното влијание на средината врз социјализацијата всушност може да се оствари само со присутност на неопходните биолошки претпоставки од страна на индивидуата. Кај многу состојби социјализацијата не е возможна или е тешко остварлива. Таа е отежната повеќе или помалку кај сите страдања и девијации во развојот на детето и особено кај оние што се придружени со раѓањето или се придобиени во раната возраст. Познато е дека социјалниот живот на оформената личност може да биде растроен при настапувањето на инвалидноста, социјалната дезинтеграција, десоцијализацијата, и дека во тие случаи основната цел на рехабилитацијата е ресоцијализација и оптимално вградување на инвалидот одново во општеството.
Физичкото воспитание има значителни предимства пред другите средства и методи за социјализација главно со тоа што укажува како на биолошкото и психичкото влијание, така и на социјалното. Спортот е уникално средство за социјализација на индивидуата со директно и специјализирано дејствување на трите нивоа (1). Во практиката според нашето мислење социјалниот аспект во определен степен се потценува и физичкото воспитание не се искористува најрационално во таа насока. Причината треба да се бара во недостатната научно-практична разработка на тие проблеми. Немањето на методски материјали и укажување од страна на соодветните институции-Министерството за образование, наука и технологија, Министерството за здравствена заштита и др., како и недостатната подготовка на кадрите во таа област.
Кај постојните раководства кај нас по рехабилитација и социјална медицина (2, 3, 4), прашањата за социјална рехабилитација не се разгледани целосно, како во повеќето случаи таа се сведува до социјална помош и окупација и тоа што се однесуваат првенствено кон возрасните.
Целта на истражувањето е да се побара зависност меѓу физичкото воспитание и социјализацијата на децата со инвалидност.
Задачите, што си ги поставивме за реализирањето на таа цел беа:
Објект на истражување беа 49 деца на возраст од 8 до 14 години, што го посетуваа помошното училиште. Сите се со дијагностициран лесен степен на психички недостаток и постоење на некаков физички недостаток.
Во почетокот на учебната година беа формирани две групи: основна, што се состои од 26 лица, кај кои се вклучи програма за вонкласна работа до физичко воспитание со засилен физички режим и контролна група, од 23 деца, обучувани по стандардната програма на министерството за образование.
Беа искористени следните методи:
Резултати и согледувања
Податоците за физичката неспособност во почетокот на учебната година не се разликуваат битно во двете истражувани групи. Анализата на резултатите на крајот на годината покажува значителни разлики во постигањата на двете групи, во корист на основната група (Р<0.001).
Анкетното проучување кај учениците покажа дека од децата што учествувале во спортскиот комплекс се пожелни партнери за игра, 6 од нив (23%) се оспособуваат како лидери.
Според податоците на учителите поголем дел од децата од основната група покажуваат подобри резултати во училиштето.
Добиените подобри резултати на крајот на учебната година при основната група се основа за следните изводи:
Всушност, за да може физичкото воспитание да си ги исполнува своите социјални задачи е важно да се разработи неопходна методика, да се зголеми квалификацијата на вработените во таа област, да се преземат и неопходните организациони мерки, кои што му се најпотребни на децата од најраната возраст.
ЛИТЕРАТУРА