Димитрија ТРАЈКОВСКИ
НЕКОИ АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА
Создавањето на услови за одгледување, воспитување и социјализација на младите генерации е проблем непосредно поврзан со егзистенцијата и развојот на општеството во целина, а неговото решавање се вклучува во оние витални задачи на општеството што се насочени кон најдоследно остварување на суштината на најглобалните општествени интереси.
Биосоцијалната репродукција на човекот, пред сî гледана како општествен процес, во кој неможе да биде исклучен и определен сплет на биолошки законитости, нужно е условен и зависен од низа материјални, културни, психолошки и други фактори на даден степен на развојот на секое општество и општествените односи. Според тоа секое општество мора да има соодветни приоритети во креирањето на својата политика кон потомството, посебно во сегашниве услови на транзиција, кога дрогата зафаќа замав, неорганизираниот живот на младите, невработеноста и др. ги дезориентираат во максимални можни граници.1
Од овие куси напомени, недвосмислено може да се заклучи дека светот не треба да биде рамнодушен во однос на обезбедување не само на елементарна заштита (покрив и леб) туку и соодветен квантитет и квалитет на условите за живот и развој на децата. Во таа смисла кон крајот на овој век, залагањето и на светот и на определени меѓународни институции, прават огромни напори за создавање услови за понепречен развој на младите генерации.
Уште многу одамна во тој контекст гледано “Положбата на детето е мошне актуелно и инспиративно прашање кое се наметнувало како тема кај многуте социјални мислители (посебно кај утопистите, анархистите и марксистите), кои не го криеле своето незадоволство со односот на општеството, државата и родителите кон сопствениот подмладок”.2
Меѓународната заедница, (олицотворение во ООН), со цел да ја афирмира идејата и акцијата за меѓународна заштита на децата, на своите генерални собранија усвои два документа со кој се обврзуваат државите потписнички на тие акти да ги почитуваат како општо признати, со обврска во своите национални законодавства да ги инкорпорираат како права и должности и мерки.
Конкретно се работи за Конвенцијата за правата на детето и Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата (усвоена во 1990 година).
Според Конвенцијата за правата на детето усвоена на 20.11.1989 година (која се состои од три дела и 54 члена) се определуваат следниве работи:
Вториот документ, кој беше усвоен на Светскиот самит на децата е Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата, 1990 година (главно, на министерско ниво) заедно со акционен план за спроведување на Светската декларација (до 2000 година).
Во светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата се презентирани, покрај одредбите и информациите за смртноста на децата поради потхранетост и болести (изразено нумерички) и податоци за смртноста на мајките во текот и после породувањето. Во Светската декларација се апострофираат помеѓу другото: можностите, задачите и обврските за заштита на децата и мајчинството. Задачите се презентирани во осум точки, кои се изразени во следните насоки:
Во тој контекст се нагласува дека заради иднината на сите деца, неопходно е итно да се обезбеди или да се оживее континуиран и одржлив стопански растеж и развој во сите земји и да се посвети внимание врз што побрзо изнајдување на широко и трајно решение за проблемите на надворешниот долг со кој се соочуваат земјите должнички во развој.3
Како “oбврска” во Декларацијата се изразени 10 задачи, кои поаѓаат од следново:
На светскиот самит беше усвоен Акционен план за спроведување на Светската декларација во прилог на опстанокот, заштита и развојот на децата во деведесеттите години. Содржината на Планот е следната:
И од овој кус приказ на меѓународните документи со кој се санкционира положбата на детето, женските деца и мајките (кои доколку се ратификуваат стануваат дел од националното законодавство), се гледа дека децата се наоѓаат во тешки услови на егзистенција и дека е потребно соодветен меѓународен пристап (според нормите на меѓународното право).
Анализата на некои конкретни законодаства, на пример на системот на социјално осигурување во Франција, покажува дека кон мајчинството, детето, жените домаќинки, кон сиромашните семејства со малолетни деца и кон младите брачни двојки без деца постои посебен законски режим. Имено се работи за следново: жената-домаќинка е бенифицирана со посебен додаток, бремена жена прима посебен додаток за време на бременоста заради подобар режим на исхрана, младите брачни двојки кои во првите две години од брак (ако жената не е постара од 25 години) а остане бремена, ужива посебен додаток. За новороденото дете постои посебен додаток за опремување, потоа, сиромашните семејства кои имаат малолетни деца добиваат од државата кредити за огрев, за школување на децата и слично. Но, од Франција како пример за организирана семејна заштита (како и во некој други земји, пример Англија), ќе се навратиме на системот на социјална заштита на децата во Македонија.
Голем предизвик на човештвото од земјите во транзиција, е и ќе биде решавањето на прашањата поврзани со условите и развојот на децата како незаменлива “инвестиција за нивниот натамошен прогрес”.
1 Види пошироко во книгата на Величко Андреевски “Развојот на општествената грижа на децата во СР Македонија 1945-1985, книга во издание на НИО “Наша книга”. 1985 год.
2 Младеновиќ, д-р Марко: “Социјална политика и породица”, Београд, Савремена администрација, 1980, стр. 149.
3 Од “Децата пред сe”(брошура) со објавените документи: Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата, Акционен план за спроведување на Светската декларација во прилог на опстанокот, заштитаи развојот на децата во деведесетите години и Конвенцијата за правата на детето (УНИЦЕФ), стр. 92.