Роберта МИТРЕВСКА
Главната цел на истражувањето е да се согледа дали во редовните училишта се присутни деца со пречки во развојот, колкав е нивниот број и каква е организацијата на работата со овие деца.
Предметот на ова истражување се учениците со пречки во развојот што се вклучени во редовните основни училишта на подрачјето на градот Скопје.
Во истражувањето се опфатени сите деца со пречки во развојот што се вклучени во некое од 59-те редовни училишта на територија на Скопје.
Независни варијабли се: полот, возраста, видот на попреченоста, стручна документација.
Зависни варијабли се: интеграцијата.
Истражувањето се изведуваше на подрачјето на градот Скопје во периодот од 1.06. до 30.06.1997 година и од 1.09.1997 до 15.10.1997 година.
Во истражувањето беа опфатени 59 основни училишта.
Во истражувањето оваа техника се применуваше за планско предизвикување на вербални манифестации на личноста со што се водеше разговор, т.е. со педагогот или психологот на определеното училиште.
Интервјуто според содржината беше во врзана односно стандардизирана форма, со однапред прецизирани прашања. Во Прашалникот се присутни 15 прашања со точно определен тек и редослед. Наменет е за секое дете посебно со име и презиме (иницијали), основното училиште во кое е интегрирано детето со пречки во развојот, одделението и датумот на раѓањето. Преку прашањата се определува видот на попреченоста и организацијата на работа со децата со пречки во развојот што се вклучени во редовните училишта, како и успехот што го постигнуваат овие ученици во редовните одделенија.
При користење на оваа техника се вршеше анализа на документи што се претходно изработени од други личности (лекар, психијатар и сл.). Документите што беа анализирани се: лични документи на детето, семејна документација (доколку ја има во училиштето), наодот и мислењето, решението за категоризацијата.
Коментар за Табела 1
Од Табелата 1 може да се констатира дека од наведенете 44 училишта распоредени во 5 општини на подрачјето на градот Скопје се школуваат вкупно 33.905 ученика. Од нив 252 или 0.74% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Центар” вкупниот број на ученици е 7.626. Од нив 50 ученици или 0.65% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “чаир” вкупниот број на ученици е 7.046. Од нив 59 ученици или 0.83% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Гази Баба” вкупниот број на ученици е 2.490. Од нив 37 ученици или 1.48% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Кисела Вода” вкупниот број на ученици е 9.828. Од нив 60 ученици или 0.61% се ученици со пречки во развојот.
Во Општина “Карпош” вкупниот број на ученици е 6.915. Од нив 46 ученици или 0.66% се ученици со пречки во развојот.
Исто така истражувањето покажа дека од 58-те училишта, во 23 постои претходна подготовка на учениците, училиштето и семејството.
Во ниту едно училиште не постои посебна програма за работа со деца со пречки во развојот.
Присуството на дефектолог има само во оние училишта каде постојат специјални паралелки за работа со овие деца.
Во 36 училишта добиени се одговори дека постои потреба од вработување на дефектолог во училиштето.
Во 31 училиште постои соработка на училиштето со други стручни установи.
Во однос на покажаниот успех може да се констатира дека од децата со пречки во развојот интегрирани во наведените 58 училишта на подрачјето на Скопје, 0.42% се добри ученици, 0.26% се доволни, 0.16% се одлични и 0.14% се многу добри.
Имајќи го предвид фактот дека со овие деца не се работи по посебна програма, во училиштето нема вработен дефектолог што на стручен начин ќе ги воведува овие деца во наставните содржини, во училиштето нема техничко-технолошки средства за работа со овие ученици, нема потребни дидактички материјали за стекнување на знаење и слично, може да се констатира дека и постигнатиот успех не е адекватен на условите во кои овие ученици се школуваат.
Заклучок и предлози
Од досега изнесеното произлегува дека постои потреба и можност определен број на деца со пречки во развојот интегрирано да се школуваат во редовните основни училишта. Но пред да се пристапи кон интеграцијата, потребно е да се извршат претходно наведените подготовки, односно барања за да може да се постигне успех во интегративното образование со овие деца.
Повеќето училишта се готови да ја прифатат интеграцијата, но секое од нив бара пред да се пристапи кон интегрирање да се задоволат потребните услови за тоа.
Од вкупно испитаните 58 училишта се констатира дека во 14 училишта нема интегрирано ученици со пречки во развојот, а во 44 училишта од вкупно 33.905 ученици, 252 или 0.74% се ученици со пречки во развојот. Од нив 16 или 6% се со пречки во слухот, 20 или 7% се слабовиди, 24 или 9% се со телесна инвалидност, 52 или 22% се со оштетен говор и 140 или 56% се со пречки во психичкиот развиток.
Според резултатите добиени од истражувањето, може да се докаже дека првата хипотеза-”во редовните училишта на територијата на Скопје постојат организирано-неорганизирано вклучени ученици со пречки во развојот”, е потврдена, односно во редовните училишта на територија на Скопје постојат 252 неорганизирано вклучени ученици со пречки во развојот.
Втората хипотеза -”подготвеноста на учениците со пречки во развојот и на учениците без пречки во развојот, на учителите во чии одделенија има вклучено ученици со пречки во развојот и на родителите на учениците со и без пречки во развојот, претпоставува успешна интеграција”, не е потврдена, бидејќи кај 60.3% од училиштата не постои претходна подготовка за интегрирање на овие деца и тоа:
Трета хипотеза-”посебната воспитно-образовна и рехабилитационо-корективна програма за работа со овие деца претпоставува успешно спроведување на интеграцијата”, не е потврдена бидејќи во ниту едно училиште не постои посебна програма за работа со овие деца.
четврта хипотеза-”вклученоста на дефектолог во редовните училишта претпоставува успешно спроведување на интеграцијата на децата со пречки во развојот”, не е потврдена бидејќи во ниедно училиште не постои дефектолог што ќе работи со овие деца за време на наставата или по наставата.
Петта хипотеза-”соработка во редовното училиште во кое има вклучено деца со пречки во развојот, со стручните установи ја олеснува интеграцијата на учениците”, е потврдено бидејќи кај 53.4% од училиштата постои соработка со други стручни установи според потребите на децата со пречки во развојот.
Шеста хипотеза-”успехот што го постигнуваат учениците со пречки во развојот во редовните училишта не е релативен во условите во што тие деца се образуваат”, е потврдено бидејќи успехот што го постигнуваат во училиштата не е врз основа на нивните стекнати знаења. Од добиените информации често со нив се работи фронтално, заедно со другите ученици во одделението, а оценувањето не е определено со стекнатите знаења, умеења и ставови. Оценките на наставните резултати не се точни, сигурни, објективни и сеопфатни. Тие се добиваат почесто врз основа на хуманоста и сожалување од страна на наставникот.
Врз основа на истражувањето, добиените резултати и Заклучокот, предлагам:
ЛИТЕРАТУРА