Read: 3435

Даниела ДИМИТРОВА

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ
3 ДЕКЕМВРИ
 

                Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на хендикепираните-3 декември, беа истакнати актуелните проблеми од животот на инвалидните лица и мошне нагласените потреби за посоодветна грижа на државните институции за ваквите лица.
По повод одбележувањето на овој ден беше одржана прес-конференција на Заедницата на хендикепираните лица на Македонија на кое беше изнесено незадоволството од сегашниот статус на овие лица во општеството и маргинализацијата на нивните проблеми.
На пригоден начин во одбележувањето на Денот на хендикепираните лица се вклучија студентите со професорите од Институтот за дефектологија при што беше изведена приредба на која учествуваа ученици од скопските посебни установи, а беше упатен и апел до деканатите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет за отстранување на архитектонските бариери на факултетите за да можат студентите со телесна инвалидност непречено да ги користат соодветните простории за настава.