Даниела ДИМИТРОВА
ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА “БЕЛИОТ СТАП” ПРОМОВИРАН Е ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО “НАШ ЗБОР” НА БРАЕВО ПИСМО
На 15 октомври 1997 година, во организација на Сојузот на слепите на Македонија се одбележа Меѓународниот ден на “БЕЛИОТ СТАП”-кој со усвојувањето на Резолуцијата 3 на Генералното Собрание на Светскиот Сојуз на слепите на Заседанието во Каиро од 2-6 ноември 1992 година во многу земји, меѓу кои и во нашата, секоја година се одбележува.
Годинава, одбележувањето на Меѓународниот ден на “БЕЛИОТ СТАП” беше збогатено со промовирање на Првиот број на Браевото списа-ние “Нaш ЗБОР” од страна на академикот Матеја Матевски. Исто така во просториите на Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”-Скопје беше отворена и изложба на ТИФЛО помагала.