Даниела ДИМИТРОВА
ОДРЖАН СИМПОЗИУМ
“ОПШЕСТВЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕТО”
На 3-4 октомври 1997 година во Струга, Институтот за педагогија и социологија при Филозофскиот факултет од Скопје, организираа научен симпозиум на тема “Опшествената транзиција и образованието”, под покровителство на д-р Софија Тодорова, Министер за образование и физичка култура на Р. Македонија.
На Симпозиумот со свои трудови учествуваа и претставници на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет.