ИСКУСТВА ОД ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ – НАРАТИВИ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ХРВАТСКА

 

Наталија ЛИСАК
Даниела БРАТКОВИЌ
Тена АНИЌ

 

Универзитет во Загреб, Факултет за едукациски
и рехабилитациски науки, Загреб, Хрватска

 

EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA

 

Natalija LISAK
Daniela BRATKOVIĆ
Tena ANIĆ

 

University of Zagreb, Faculty of Education and
Rehabilitation Sciences, Zagreb, Croatia

 

Примено: 23.6.2017
Прифатено: 31.7.2017

 

 

Recived: 23.06.2017
Accepted: 31.07.2017
Original article


 

Резиме

 


 

Abstract

 

Вовед: Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (ОН, 2006) го предвидува правото за учество во нормалниот образовен систем на децата со попреченост. Социјалниот контекст утврдува до кој степен може да се реализира ова право во реалноста и социјалниот модел и принципите на инклузија ја нагласуваат одговорноста на општеството во остварувањето на ова право.
Цели: Ова квалитативно истражување има цел да ги увиди, од перспективата на родителите, како одделни значајни настани и фактори кои се од социјален контекст во Хрватска кои го формираат образовното искуство на децата со попреченост.
Методи: Со употребата на наративниот пристап, ние ги собравме податоците за животниот тек на родителите кои имаат деца со попреченост од три региони во Хрватска и добиените податоци беа анализирани со користењето на Моделот на графички приказ на историјата на животни настани (Life Event History Chart Model.
Резултати: Родителите укажаа на неколку фактори кои имаат негативно влијание врз образовното искуство на нивните деца: недостаток на информации за родителите кои се однесуваат на правата и достапна поддршка за нивните деца, недостаток на поддршка од страна на наставниците, недостаток на координирана проценка и поддршка при инклузијата во образованието, некомплетни тимови на експерти од одделни области во училиштата, недостаток на финансиска поддршка од локалната самоуправа, недостаток на соработка на училиштата со експерти од областа на образованието и рехабилитацијата и неуспехот за ефективна имплементација на законите. Од друга страна, родителите укажале на позитивните ефекти од активизмот на невладините организации кои ги поврзуваат родителите на деца со попреченост.
Заклучок: Ова истражување се однесува на улогата на хрватското општество во образовниот систем и обезбедува препораки кои треба да бидат земени предвид со цел да се обезбеди добар квалитет на образованието на децата со попреченост во овој социјален контекст.

 

 

Introduction The Convention on the Rights of Persons with Disabilities (UN, 2006) confirms the right of children with disabilities to take part in the regular educational system. Social context determines the extent to which this right is actually fulfilled, and the social model and principles of inclusion emphasise society’s responsibility to fulfill this right.
Objectives: This qualitative study aimed to document, from parents’ perspectives, how significant events and factors in the social context in Croatia shape the educational experiences of children with disabilities.
Methods: Using the narrative approach, we collected the life course histories of parents of children with disabilities from three Croatian regions, and data was analysed using the Life Event History Chart Model.
Results: Parents reported several factors that negatively influenced their children’s educational experiences: parental lack of information concerning rights and available support, lack of strong support from teachers, lack of coordinated assessment and support for educational inclusion, incomplete teams of school experts, lack of financial support from the local government, insufficient cooperation of schools with education and rehabilitation experts, and failure to effectively implement legislation. On the other hand, parents pointed to the positive effects of activism in non-governmental organisations that bring together parents of children with disabilities.
Conclusion: This research addresses the role of Croatian society in the educational system and provides recommendations that should be taken into account to ensure a good quality of education for children with disabilities in this social context.


Citation: Lisak N, Bratković D, Anić T. Experiences from the educational system – narratives of parents with children with disabilities in Croatia. J Spec Educ Rehab 2017; 18(3-4):91-125. doi: 10.19057/jser.2017.28

   

Клучни зборови: социјален модел на хендикепираност, образовен систем, семејства на деца со попреченост, наративен пристап

 


Keywords: social model of disability, educational system, families of children with disabilities, narrative approach


Адреса за кореспонденција:
Наталија ЛИСАК
Факултет за едукациски и рехабилитациски науки
Универзитет во Загреб
Универзитетски кампус Боронгај
Боронгајска 83 f, 10 000 Загреб, Хрватска
Е-пошта: natalija.lisak@erf.hr

 


Corresponding address:
Natalija LISAK
Faculty of Education and Rehabilitation Sciences,
University of Zagreb
University Campus Borongaj
Borongajska 83 f, 10 000 Zagreb, Croatia
E-mail: natalija.lisak@erf.hr

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in

Tweets