Read: 630

ТРАНЗИЦИИ НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД СЕРВИСИТЕ ЗА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО РЕДОВНИТЕ ИНКЛУЗИВНИ УЧИЛИШТА

 

Александра КАРОВСКА1,
Зора ЈАЧОВА2

Постдипломец на Институт за дефектологија1
Филозофски факултет,Институт за дефектологија2
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Скопје, Македонија

 

TRANSITIONS OF THE CHILDREN WITH DISABILITIES FROM THE EARLY INTERVENTION SERVICES IN THE REGULAR SCHOOLS

 

Aleksandra KAROVSKA1,
Zora JACHOVA2

Postgraduate student at the Institute for Special Education and Rehabilitation1
Professor at the Faculty of Philosophy,
Institute of Special Education and Rehabilitation2
University Ss. Cyril and Methodius
Skopje, Macedonia
 

Резиме

 

 

Abstract

 

Раната детска интервенција ги опфаќа високо ризично родените деца или деца кои имаат некоја попреченост и нивните семејства, од раѓање до одредена возраст (горната граница варира во различни земји).
Транзициите може да ги дефинираме како „моменти на промена на сервисите и персоналот кои ги координираат и обезбедуваат сервисите“.Транзициониот процес треба да обезбеди континуитет на сервисите, намалување на семејните нарушувања, подготвување на детето за програмските сместувања, и треба да има одредена законска подлога.
Предметот на нашето истражување беше да се направи пресек на моделите на раната интервенција во Масачусетс и во Баварија како модели кои нудат најдобри практики во оваа област. Целта на истражувањето беше да се воочат начините за постигнување на успешни транзиции кај децата опфатени со сервисите за рана интервенција како и да се дефинираат стратегии кои би ги содржеле есенцијалните елементи за успех.
Заклучоците од спроведеното истражување неминовно водат кон следните елементи (како составен дел од стратегиите за успешни транзиции): соработка меѓу професионалци; размена на информации; поддршка на семејството; подготовка на детето; обука на кадарот; мрежна координација меѓу центрите за рана интервенција и инклузивните училишта.

 

 

Early childhood intervention takes into consideration all high risk born children or children with disabilities and their families, from birth to a certain age (the age varies in different countries).
Transitions can be defined as “moments of service change and change in the staff that coordinates and provides the services”. The transitional process should provide service continuum, decrease of the family disturbances, preparation of the child for program accommodations, and there should also be a certain law foundation.
The subject of our research was to make an analyses of the models of early intervention in Massachusetts and Bavaria as models that offer best practices in this area. The purpose of the research was to note the paths of achieving successful transitions in children that are part of the services for early intervention as well as to define strategies that contain the essential elements of success.
The conclusions from the research lead to the following elements (as an integral part of the strategies for successful transitions): cooperation between professionals; exchange of information; family support; child preparation; staff training; net coordination between the early intervention centers and the inclusive schools.


Citation:Karovska A, Jachova Z. Transitions of the Children with Disabilities from the Early Intervention Services in the Regular Schools. J Spec Educ Rehab 2006; 7(3-4):37-44.

   
     

Клучни зборови: рана интервенција, транзиции, модели на рана интервенција, мрежна координација

 

Keywords: early intervention, transitions, models of early intervention, net coordination

     

Адреса за кореспонденција:
Александра КАРОВСКА
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје,
Филозофски факултет,
Институт за дефектологија
Е-пошта: karo2604@yahoo.com

 

Corresponding address:
Aleksandra KAROVSKA
University “Ss. Cyril and Methodius”- Skopje
Faculty of Philosophy,
Institute of Special Education and Rehabilitation
E-mail: karo2604@yahoo.com