Зоранче МИХАИЛОВ
	ПЕРМАНЕНТНОТО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА
	ДЕФЕКТОЛОШКИТЕ КАДРИ-ЗАКОНСКА ОБВРСКА
	               
	За поуспешна и поефикасна интеграција на лицата со пречки во развојот во социјалната средина, во Р. Македонија организирано е задолжително основно образование на овие лица, со што е остварено нивното уставно загарантирано право.
	Основното образование за учениците со пречки во физичкиот и психичкиот развој се организира и остварува во посебни основни училишта, односно посебни паралелки при редовните основни училишта, во зависност од видот и степенот на попреченоста. (чл.5 од Законот за основно образование. Сл. весник на Р.М. бр. 44 / 95), а врз основа на посебни наставни планови и програми (чл. 25 од истиот закон).
	За успешна и ефикасна реализација на воспитно-образовната дејност неопходни се соодветни стручни профили. Поаѓајќи од тоа во Законот за основно образование чл. 66, односно во Законот за изменување и дополнување на законот за основно образование чл. 3 (објавен во Сл. весник бр. 35 / 1997) јасно и прецизно се наведува:
	Исто така во чл. 72 од Законот за основно образование (Сл. весник на РМ бр. 44 / 95 се наведува дека:
	Секој учител, наставник, стручен работник и воспитувач кој првпат се вработува во основно училиште, треба една година да работи како приправник. За време на приправничкиот стаж, споменатите лица се оспособуваат за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа преку совладување на соодветна програма за стручен испит што ја донесува министерот на предлог на Педагошкиот завод.
	Според чл. 73, од истиот закон учителите, наставниците, стручните работници и воспитувачите во текот на својот работен век се должни перманентно стручно да се усовршуваат.
	Стручното и педагошкото усовршување го остварува Педагошкиот завод, наставничките факултети и специјализирани јавни установи. (чл. 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование. Службен весник на РМ бр. 35 / 97).
	Стручен испит за приправниците кои се бават со воспитно-образовна дејност во основните училишта
	Врз основа на чл. 72 од Законот за основно образование донесен е Правилник за начинот и постапката при полагање стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште (Сл. весник бр. 27 / 1996).
	Со овој Правилник се пропишува и регулира начинот и постапката за полагање на стручниот испит, основните одредби кој се однесуваат на испитот, пријавување на испитот, формирање на испитна комисија, подготовка за полагање на стручниот испит, содржината и начинот на полагањето, како и оценувањето на резултатите од стручниот испит.
	Со стручниот испит се проверува оспособеноста на приправникот за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа во основното училиште. Приправникот се оспособува со помош на ментор што го определува наставничкиот совет. Менторот изготвува План за работа и води евиденција за работата на приправникот, врз основа на која изготвува извештај и мислење кој ги доставува до директорот на училиштето. При оценувањето на приправникот, на стручниот испит се разгледува и мислењето на менторот. Овој испит се полага по завршувањето на приправничкиот стаж (чл. 3 од Правилникот) во рок од 6 месеци, а најдоцна до една година по завршувањето на истиот. Стручниот испит се полага пред испитна комисија формирана од министерството и истата се состои од претседател и 2 члена и ист број нивни заменици. Најмалку еден член од комисијата треба да има иста струка како и кандидатот (приправникот) кој полага стручен испит.
	Стручниот испит се состои од:
	                После 4 месеци од приправничкиот стаж, приправникот за домашна писмена работа избира тема од содржината на програмата за полагање на стручниот испит. Избраната тема приправникот ја проучува, истражува, анализира и разработува од аспект на практичната применливост во наставата, и сето тоа го изготвува како стручен материјал во писмена форма во обем до 10 страници.
	Практично-воспитно-образовна задача за учителот и наставникот се состои од подготвување на писмена подготовка и одржување на наставен час за конкретна наставна единица, а воспитувачот изготвува писмена подготовка, одржува едно слободно или задолжително занимање со учениците во ученичкиот дом. За разлика од нив, стручниот соработник изготвува проект и практично го реализира во функција на проучување и разрешување на конкретниот проблем.
	Усмениот дел се состои од 2 дела:
	Стручниот испит се оценува со “положил” или “не положил”.
	На кандидатот кој успешно го положил стручниот испит, Министерството за образование и физичка култура во рок од 15 дена му издава уверение за положен стручен испит.
	Според законските одредби наставниот кадар стручно се усовршува и преку разни форми предвидени со посебни програми за индивидуално и групно стручно усовршување.