Read: 6750

Сашо КОЧАНКОВСКИ

 

РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО ПСИХОФИЗИЧКИОТ РАЗВОЈ ВО  ПРЕДУЧИЛИШНА  ВОЗРАСТ

                                                              НЕЈЌАМ САМО ДА ПОСТОЈАМ !

                                                                                                Малечок сум како сé што расте
                                                                                                Кревок сум како сé што се раѓа
                                                                                Понесен од луда желба да живеам.
                                                                                                Сакам да се смеам и да пеам
                                                                                                                да бирам,  да љубам.
                                                                                Сакам да кажам и да ме слушнат
                                                                                                                да знам,  да сакам.
                                                                                                Нејќам само да постојам!
                                                                                                                                                (Песната на Маја)

Зарина С. Кан

Во овој труд станува збор за децата што се попречени во психофизичкиот развој. Всушност претставува приказ за опфатеноста и зачестеноста на распоредените деца на возраст од 0-6 години.
Развојот кај децата има своја закономерност. Тој се одвива по вообичаен и природен тек и редослед. Понекогаш тој е попречен и оневозможен од повеќе причини. Во прв ред ќе ги споменам болестите во неонаталниот, перинаталниот и постнаталниот период, продолжувајќи во доенечкиот и раниот па сé до предучилишниот период. Не треба да се занемаруваат и повредите во овој период, како ни условите (нестимулативни и депримирачки) во кои се развива детето. Конгениталните малформации исто така се едни од причините.
Кога индивидуалниот развој е оневозможен, настанува застој и во зависност од видот на причинителот, можат да настанат минливи или трајни оштетувања.   
Овде ќе зборувам за оние оштетувања што се релативно трајни и кои го ограничуваат и забавуваат, а понекогаш и оневозможуваат понатамошното растење и развој.
Податоците што ги презентирам, произлегуваат од 12-годишната работа на комисиите за распоредување на лицата со пречки во психофизичкиот развој, кои работаат во склоп на Службата за заштита и унапредување на менталното здравје на деца и млади во Битола.
Во периодот од мај 1984 год. до август 1996 год., распоредени се вкупно 1.638 лица. На возраст од 0-6 години се распоредени 191 дете (103 машки и 88 женски), што претставува 11,66% од вкупниот број.
Правејќи анализа за видот и степенот на попреченост, дојдов до определени сознанија што ги презентирам во Табелите 1-5.

                                                         

        










 

 

 

 

 

 

 

                -  добивање и користење на слушна протеза (амплификатор).



 


 

 

распоредено 23,  или 7,93% ;


 

 

 

 

 

  • Од вкупно 572 распоредени лица, 89 или 15,56% се на возраст од  0-6 г.;
  •  

     



    Сакам да нагласам за мултидисциплинарниот состав на комисиите за распоредување, како битен фактор за успешност во работата. Стручњаците што работат во нив се: доктори по медицина (невропсихијатри, педијатри, ортопеди, офталмолози, оториноларинголози и др.), психолози, педагози, дефектолози (олигофренолози, логопеди, сурдолози, тифлолози, соматопеди) и социјални работници. Работата се одвива и индивидуално и тимски, за секој поединечен случај.  
    Во работата на комисиите често се соочуваме со проблемот за можноста да се изврши распоредување и се прашуваме: На која возраст е оптимално или можно да се изврши распоредувањето?” Дали секогаш на возраст од неколку месеци, па дури и години, можеме да поставиме вистинска и целосна дијагноза и да предвидиме дека развојот ќе остане на тоа ниво, ќе забавува уште повеќе или ќе се случи чекор напред и колкав ќе биде тој? Заради неможноста секогаш да одговориме прецизно на овие прашања, ние практикуваме контролни прегледи и испитувања, заради пообјективно проценување на степенот на попреченост кај децата.

    Заклучоци

    За навремено и успешно започнување со хабилитација и рехабилитирање, неопходно е рано откривање, дијагностицирање и распоредување на децата со пречки во развојот.
    Сепак непобитен е фактот дека најважна е превентивната тимска работа за намалување на бројот на децата со хендикеп. Истовремено е неопходна и работа за донесување на нови и дополнување на постојните законски прописи, за да се прошират правата за заштита и се овозможи рана хабилитација и рехабилитација на децата во овој развоен период.
    На крај да се потсетиме на чл. 23 од Конвенцијата за правата на детето:  “Ментално заостанатото или физички инвалидното дете треба да ужива целосен и достоен живот, во услови во кои се обезбедува неговото достоинство, се поттикнува самостојноста и се олеснува активното учество на детето во заедницата. Треба да му се овозможи да добива образование, обука, здравствена заштита и рехабилитација, подготвување за вработување и можност за рекреација. Ова треба да придонесува за остварување на што поцелосна општествена интеграција и личен развој на детето”   

    ЛИТЕРАТУРА

    1. Светомир Бојанин: Општа неуропсихологија развојног доба и општи реедукативни метод, Београд, 1980.
    2. Невенка Тадић: Психијатрија детињства и младости, Научна књига, 1981, Београд.
    3. Михајло Ротер: Одабрана поглавља из психологије : Ментална недовољна развијеност СДС Србије, Београд, 1982.
    4. Тадија Ераковић: Личност детета и психомоторика , Дневник, Нови Сад, 1987.
    5. Душко Мардешић: Педијатрија, IV издање, Школска књига, Београд, 1989.
    6. Сашо Кочанковски: Психофизичкиот развој кај школските деца во Битола, ИСБН 9989-9726 -0-5, Некои согледувања од 10 годишната работа на Советувалиштето за ментално здравје од Битола, 1994.