JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 146335
НОВИНИ ВО ТЕРАПИЈАТА НА АУТИЗМОТ
Владимир Е. ТРАЈКОВСКИ
Филозофски факултет Скопје, Македонија |
|
INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
Vladimir E. TRAJKOVSKI
Faculty of Philosophy Skopje, Macedonia |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Аутизмот претставува первазивно развојно нарушување што се јавува во раното детство и се карактеризира со нарушувања во социјалната и комуникатвната сфера, намалени интереси и повторувачко однесување (1). |
|
The autism is pervasive developmental impairment that occurs in early childhood characterized with impairments in social and communicative sphere, reduced interests and repeated behavior (1). |
|
|
|
1. Видови третмани кои може |
|
1. Treatments that could be used in future |
Окситоцинот е мал пептиден хормон, составен од девет аминокиселини што, нормално, се секретира од мајката при раѓањето и доењето на детето. Во анималните студии било најдено дека тој е асоциран со социјалното однесување. Кога бил инектиран кај животните, окситоцинот го зголемил нивното социјално однесување, а кога биле дадени негови блокатори, тогаш се намалило нивното социјално однесување и била избегнувана социјалната интеракција (3). |
|
The oxytocine is a tiny peptide hormone consisted of nine amino acids that mother normally secrets during child’s birth and breast-feeding. The animal studies associate it with social behavior. When oxytocine was injected in animals, it increased their social behavior, and when its blockers were used then their social behavior and social interaction were reduced (3). |
Во една студија биле испитувани концентрациите на окситоцин кај 29 деца со аутизам и 30 изедначени по возраст деца без аутизам. Децата со аутизам имале пониски нивоа на окситоцин. Децата без аутизам покажале повисоки нивоа со текот на возраста, што не било случај и кај децата со аутизам (4). Hollander и сор. направиле двојно-слепа, плацебо-контролирана студија на инфузија со окситоцин кај адулти, дијагностицирани како аутизам или Asperger-ов синдром. Тие забележале намалување на репетитивното однесување кај 13 од 15 набљудувани субјекти кои примиле инфузија со окситоцин. За разлика од нив само 6 од 15 членови на плацебо-групата покажале намалување на репетитивното однесување. Не биле најдени разлики во несаканите ефекти меѓу окситоцинската и плацебо-групата. Овие автори укажале и на тоа дека социјалното однесување може да се подобри со окситоцинскиот третман (5). |
|
|
Ампакини се релативно нова класа лекови што ја покачуваат активноста на AMPA-рецепторот. Овие рецептори помагаат во пренесување на глутаматните сигнали во мозокот. Студиите покажуваат дека овие зони во мозокот се помалку активни и имаат помала густина на AMPA-рецептори. Тие лекови ја подобриле меморијата кај пациентите со Алцхајмерова болест. CX516 е ампакин што има ефект врз когнитивните и бихејвиоралните симптоми кај индивидуи со Фрагилен X синдром и аутизам (7). |
|
|
|
|
|
2. Хормонска терапија |
|
2. Hormonal therapy |
Секретинот е полипептид, составен од 27 аминокиселини, што се секретира во тенкото црево како одговор на хлороводородната киселина од желудникот. Секретинот се апсорбира во крвта и го предизвикува панкреасот да секретира бикарбонати што ја неутрализираат киселината во цревото. Секретинот ја намалува циркулацијата во цревото и умерено го инхибира цревниот мотилитет, со што го забавува движењето на цревната содржина. Поради неговите заштитни и смирувачки ефекти на цревото, секретинот е користен како дел од дијагностички тестови, спроведувани за да ги евалуираат причините на гастроинтестиналните нарушувања; како на пример, хроничната дијареа и синдромот на иритабилни црева.
|
|
The secretin is polypeptide, consisted of 27 amino acids secreted in small intestine as a reaction to the chloro-hydrogen acids from the stomach. The secretin is absorbed in the blood and challenges the pancreas to secrete bicarbonates, which neutralize the acid in the intestine. The secretin reduces the circulation in the intestine and moderately inhibits intestine motion, slowing down the movement of intestine content. Because of its protective and relaxing effects on the intestine, the secretin is used as a part of diagnostic tests conducted to evaluate the reasons for gastro-intestinal impairments; for example: chronic diarrhea and syndrome of irritable intestines. |
|
||
3. Антигабична и фунгицидна терапија |
|
3. Anti-yeast and Fungicide Therapy |
Пробиотиците се микроорганизми што се користат во терапевтски цели за да го контролираат размножувањето на габите, фунгите и бактериите во цревата. Има стотици различни видови полезни бактерии кои се достапни во фармацевтските куќи, а некои од нив се: Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus salivarius, Lactobacillus termophilus и Lactobacillus plantarum. Други полезни видови ги вклучуваат: Bifidobacterium bifidum и Streptoccus faecium (да не се помеша со Streptoccus faecalis, кој е патогена бактерија). Овие видови бактерии може да се најдат во различни форми, како што се суспензии, прашоци, капсули и таблети. Овие продукти може да помогнат во контрола на габите и патогените бактерии од родот Clostridia во цревниот тракт. Се препорачува симултана употреба на пробиотиците со фунгицидна терапија. Габите се дел од цревниот екосистем и тие ги држат другите организми под контрола. Доколку не се земаат пробиотици симултано со фунгицидни лекови, тогаш може да се случи да дојде до размножување на патогените бактерии. |
|
Probiotic is a microorganism used in therapeutic aims to control growth of yeast, fungi and intestinal bacteria. There are hundreds of different useful types of bacteria available in pharmaceutical houses, such as: Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus salivarius, Lactobacillus termophilus and Lactobacillus plantarum. Other useful types are Bifidobacterium bifidum and Streptoccus faecium (not to be confused with Streptoccus faecalis, which is pathogen bacteria). These types of bacteria can be found in different forms, such as suspensions, powders, capsules and pills. These products can help to control yeasts and pathogenic bacteria from the family Clostridia in intestinal tract. Simultaneous use of Probiotic with fungicide therapy is recommended. The fungi are part of intestinal eco system and they control other organisms. If Probiotic is not simultaneously used with fungicide medicine, then a growth of pathogenic bacteria can occur. |
Десертите што содржат многу шеќер треба да бидат исфрлени на неопределено време. Во тој случај главни извори на јагленохидрати ќе бидат компирите, гравот, пченката, сладок тропски компир, брокола и др. Сите видови месо и риба се дозволени во исхраната. Диетата, исто така, треба да биде комбинирана со фунгицидна терапија, што дава двапати поголем ефект во елиминацијата на размножените цревни габи, отколку ако диетата се користи без фунгицидната терапија. |
|
|
|
|
|
4. Витаминотерапија |
|
4. Vitamin Therapy |
Во 18 студии, спроведени за евалуација на дејството на витаминот Б6 кај лицата со аутизам, тој покажал позитивни резултати. Ниту еден несакан ефект не бил соопштен во тие студии. Ова е повеќе од значаен резултат за ефикасноста и безбедноста, особено ако се знае дека другите лекови што се даваат кај аутизмот покажале неконзистентни резултати и имале ризик од несакани ефекти. Истражувањата за употребата на витаминот Б6 почнале во 60-тите години од минатиот век. Во 1966 година двајца британски невролози - A.F. Heeley и G.E. Roberts – соопштиле дека кај 11 од 19 деца со аутизам нашле абнормални метаболити во урината при употребата на триптофански тест. Давајќи им по 30 мг таблета витамин-Б6 дошло до нормализирање на нивната урина. Во таа студија не биле направени бихејвиорални испитувања. Германскиот истражувач V.E. Bonisch во 1968 година известил дека кај 12 од 16 деца со аутизам имало значително подобрување во поведението кога им било дадено високи дози витамин-Б6 од 100 мг до 600 мг дневно. Тројца од неговите пациенти првпат прозбореле по давањето на витаминот-Б6 во овој отворен клинички обид. |
|
In 18 studies implemented for evaluation of influence of vitamin B6 on people with autism, it showed positive results. There were no unwanted effects, reported in these studies. It has been more than a significant result for the efficiency and safety, especially when it is known that other medicine applied in autism showed inconsistent results and had unwanted effects. The research on the use of vitamin B6 started in the 60s of the last century. In 1966, two British neurologists – A.F. Heeley and G.E.Robers – reported that 11 of 19 children with autism found abnormal metabolites in the urine using triptophan test. Applying each patient 30 mg tablet of vitamin B6 they succeeded in normalizing the urine. This study did not make any behavioral investigations. The German researcher V.E.Bonisch in 1968 reported that in 12 of 16 children with autism showed significant behavioral improvement when they were applied high doses of vitamin B6 from 100 mg to 600 mg per day. Three of his patients could talk for the first time after applying vitamin B6 in this open clinical trial. Folic acid is useful when applied for autism. The great French researcher Jerome Lejeune reported that a dose of 250 mg of folic acid at one kilogram of corporal weight per day showed great improvements in some children with autism. He applied a daily dose of 20 mg folic acid to thousands of mentally retarded children (mostly with Down syndrome) in different studies without any harmful and unwanted effects (14). |
|
||
Тој бил двојно-слеп плацебо-контролиран експеримент кај 16 деца со аутизам и повторно имало статистички значајни резултати. Дозите се движеле меѓу 300 мг и 500 мг дневно. |
|
|
|
|
|
5. Диметилглицин (ДМГ) |
|
5. Dimethyl-glycine (DMG) |
|
|
|
6. Алфа-липоична киселина |
|
6. Alpha-Lipoic Acid |
Алфа-липоичната киселина е дитиол масна киселина, која претставува природен врзувачки агенс и моќен антиоксиданс. Таа била употребувана во Германија при третманот на дијабетична невропатија со одлични резултати. Нејзините антиоксидантни ефекти може особено да бидат од помош кај децата со аутизам. Се почнува со доза од 1-3 мг/кг/дневно и се покачува до 10 мг/кг/дневно. Алфа-липоичната киселина е природен продукт на човечките клетки и заради тоа има минимална токсичност. Испитуваните дози над 25 мг/кг/дневно, давани повеќе од 3 години кај возрасни лица, не покажале токсичност. Алфа-липоичната киселина може да го олесни отстранувањето на живата од интрацелуларно до екстрацелуларно. Тоа може да биде многу полезно за мобилизирањето на живата што овозможува достапност на DMSA да ја врзе живата (15). |
|
Alpha-lipoic acid is ditiol fatty acid, which is a natural binding agent and powerful antioxidant. It was used in Germany on the treatment of diabetic neuropathy with excellent results. Its antioxidant effects can be a great benefit in children with autism. The treatment starts with a daily dose of 1-3 mg/kg and it increases to 10 mg/kg. Alpha-lipoic acid is a natural product of human cells and therefore it has minimal toxicity. The examined doses of more than 25 mg/kg daily applied for more than 3 years with adults, did not show any toxicity. Alpha-lipoic acid can alleviate the removal of mercury from intracellular to extra-cellular. That can be very useful for mobilization of mercury, which enables DMSA to bind mercury (15). |
|
|
|
7. Диета слободна од глутен и казеин |
|
7. Diet Free of Gluten and Casein |
Глутените се протеини што се среќаваат во растителниот свет и припаѓаат на поткласата монокотиледони. Во ова семејство се пченицата, јачменот, овесот, ‘ржта и нивните деривати. Казеинот е фосфопротеин од млекото, чија молекуларна структура е многу слична со онаа на глутенот. |
|
Glutens are proteins present in flora and belong to the subclass monocotyledons. In this family are wheat, barley, oats, rye and their derivates. Casein is phosphor protein in milk with very similar molecule structure to gluten. The treatment with a diet free of gluten and casein means obeying certain rules that have to be respected:
Food products that can be used in the diet free of gluten and casein are the following:
Food products that must not be used in diet free of gluten and casein are the following:
|
проблеми во спиењето, хиперактивност, агресија, пречувствителност кон звукови, замор, депресија, цревни проблеми (дијареја, опстипација, гасови), ушни инфекции дури и конвулзии. За да се подобри оваа симптоматологија треба да се избегнуваат оние видови храна што ги содржат глутенот и казеинот. Третманот со диета без глутен и казеин подразбира придржување кон одредени правила што треба да се почитуваат:
Прехранбени продукти што може да се користат во диетата без глутен и казеин се следниве: |
|
|
Прехранбени продукти што не смее да се земаат во диетата без глутен и казеин, се следниве:
|
|
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Биомедицинската терапија на аутизмот е актуелен метод и суштински е да се сфати дека лековите не се замени за другите видови третман на аутизмот. Голем број деца со примена на овие лекови стануваат помирни, помалку хиперактивни, со зголемено внимание, редуцирана агресија и автоагресија, додека незаинтересираните деца стануваат поотворени. |
|
Biomedical therapy of autism is a current method and it is essential to consider that medicine is not replacement for other kinds of treatment of autism. A large number of children with implementation of this medicine become calmer, less hyperactive, with increased attention, reduced aggression and self-aggression, while uninterested children become opener. |
||
|
|
|
||
Citation:Trajkovski EV. The News in Therapy of Autism. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):43-56. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. American Psychiatric Association. Diagnostic and statistical manual of mental disorders (4th ed.), Waschington, DC, 1994. |
|
9. Beck G, Beck V, and Rimland B. Unlocking the potential of secretin. San Diego, 1998: The Autism Research Institute. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE