РОДИТЕЛСКОТО ПРИФАЌАЊЕ / ОТФРЛАЊЕ И ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИ СО И БЕЗ ДЕЛИКВЕНТНО ОДНЕСУВАЊЕ

 

Орхидеја ШУРБАНОВСКА
Зоран КИТКАЊ
Наташа РИСТОВСКА

 

Универзитет Св. Кирил и методиј, Скопје,
Република Македонија, Институт за психологија,
Филозофски факултет

 

PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR

 

Orhideja ŠURBANOVSKA
Zoran KITKANЈ
Natasha RISTOVSKA

 

Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Republic
of Macedonia, Institute of Psychology, Faculty of
Philosophy

 

Примено: 28.4.2017
Прифатено: 28.8.2017

 

 

Recived: 28.04.2017
Accepted: 28.08.2017
Original article


 

Вовед

 


 

Introduction


 

Периодот на адолесценцијата е фаза од животот во која силната поврзаност на родителот и детето е од суштинско значење за нормален развој на адолесцентите, и биолошки и психолошки, но тоа исто така може да биде период што е вознемирувачки за семејното функционирање (1). Истражувањата покажаа ако е слаба врската на детето со родителот, се зголемува веројатноста за ризичното однесување. Од друга страна, ако е силна оваа емотивна врска, се намалува веројатноста за појава на проблематично донесување (2). Многу истражувања (3) покажуваат дека емоционалната интелигенција е лична карактеристика која се развива од родителската врска со детето. Од родителската топлина и од прифаќањето се очекува да се изгради поголема емоционална компетентност, за разлика од родителската агресија, рамнодушност и неиздиференцираното отфрлање. Психолозите сметаат дека ниска емоционална интелигенција (компетентност) е една од карактеристиките на адолесцентите со деликвентно однесување (2). Ова истражување има цел да ги испита таквите односи кај македонските адолесценти со и без деликвентно однесување.

 


 

The period of adolescence is that phase of life when strong parent-child attachment is essential for the normal development of adolescents, both biologically and psychologically. But it can also be a period that is disruptive for family functioning (1). Studies have shown that if the bond with the parent is weak, the probability of risky behavior increases. On the other hand, if this emotional bond is strong, the probability of a problematic type of behavior decreases (2). Many research studies (3) show that emotional intelligence is a personal feature which develops from the parental relation with the child. Parental warmth and acceptance are expected to build higher emotional competence than parental aggression, indifference and undifferentiated rejection. Psychologists considered that low emotional intelligence (competence) is one of the characteristic of adolescents with delinquent behavior (2). This research has the aim to verify these relations in Macedonian adolescents with and without delinquent behavior.


 

Родителско прифаќање и одбивање и деликвенција

 


 

Parents’ acceptance and rejection and delinquency


 

Иако беа предложени различни димензии на родителство (4), две клучни димензии, поддршката и контролата, се користат за да се оцени квалитетот на родителското однесување (5). Димензија на поддршка може да се претстави како голем број позитивни и негативни аспекти на однесувањето, како што се прифаќање, наклонетост, љубов, поддршка, топлина, одговорност, чувствителност, комуникација и интимност, но исто така и непријателство, занемарување и отфрлање (6, 7, 8, 9). Родителското однесување со давање поддршка е негативно поврзано со деликвенција, што покажува дека високото ниво на поддршка и топлина се поврзани со ниски нивоа на деликвентно однесување и дека ниските нивоа на поддршка, па дури и одбивање, се поврзани со висок степен на деликвенција (10–12). Родителското отфрлање може да се доживее со комбинација на која било од четирите главни експресии: 1. Ладни и неемоционални; 2. Непријателски и агресивни; 3. Рамнодушни и запоставувачки; 4. Неиздиференцирано отфрлање (13). Топлината и непријателството се однесуваат на внатрешните психолошки чувства на родителите, што значи дека родителите може да чувствуваат топлина за своите деца (или да бидат ладни, да не чувствуваат љубов) или може да чувствуваат непријателство, лутина, горчина, немир, иритабилност, нетрпеливост, антагонизам (13). Исто така, родителите може да бидат рамнодушни, несовесни или да имаат намалено чувство за физичките и емоционалните потреби на нивните деца (13). Исто така, родителите можат да испраќаат болни невербални симболични гестови спрема нивните деца. Врската помеѓу индиферентноста како внатрешен мотиватор и занемарувањето како одговор не е толку директна како врската меѓу непријателството и агресијата. Занемарувањето не е само скратување на материјалната и на физичката грижа за детето, но исто така ја одразува и неспособноста на родителите пред сè да одговорат на социјалните и емоционалните потреби на детето (4). Родителите кои ги занемаруваат своите деца, најчесто не обрнуваат внимание на нивните потреби за утеха, грижа, помош или внимание и тие можат да бидат недостапни во физичка и психолошка смисла. Сите овие однесувања, индивидуално или колективно, прават детето да се чувствува несакано или отфрлено.

 


 

Although various parenting dimensions have been proposed (4), two key dimensions – support and control – have been used to assess the quality of parenting behavior (5). The support dimension can be represented as a range of positive and negative behavioral aspects, such as acceptance, affection, love, support, warmth, responsiveness, sensitivity, communication and intimacy - but also hostility, neglect, and rejection (6, 7, 8, 9). Supportive parenting behaviors are negatively linked to delinquency, indicating that high levels of support and warmth are associated with low levels of delinquency and that low levels of support or even rejection are linked to high levels of delinquency (10–12). The parental rejection can be experienced in any combination of the four main expressions: 1. non-affective and cold, 2. hostile and aggressive, 3. indifferent and neglectful and 4. undifferentiated rejection (13). The warmth and hostility refer to internal psychological feelings of the parents, which means that parents can feel warmth for their children (or be cold, not feel love) or may feel hostility, anger, bitterness, restlessness, irritability, impatience, antagonism (13). Furthermore, parents may feel indifference, negligence or a reduced sense of the physical and emotional needs of their children (13).. Parents may also send painful nonverbal symbolic gestures to their children. The link between indifference as an internal motivator and negligence as a response is not that direct as the link between hostility and aggression. Negligence is not simply denying the material and physical care for the child, but it also reflects the inability of parents primarily to respond to the social and emotional needs of the child (4). Parents, who neglect their children, often do not pay attention to their needs for comfort, care, help or attention and they may not be available in physical and psychological sense. All these behaviors, individually or collectively, make the child feel unwanted or rejected.


 

Емоционална интелигенција и деликвентност

 


 

Emotional intelligence and delinquency


 

Емоционалната интелигенција се состои од интеракција помеѓу емоциите и когницијата, што влијае на адаптивното функционирање (14). Поточно, адаптивното функционирање содржи вештини кои им овозможуваат на луѓето ефикасно и прецизно да обработуваат емоционално релевантни информации. Адаптивното функционирање го зголемува менталниот и психолошкиот развој; освен тоа, адаптивното функционирање ја намалува појавата на ментални и физички болести. Емоционалната интелигенција ги содржи следниве компоненти: (а) перцепција на емоциите кај себе и кај другите, (б) користење на емоциите за донесување одлуки и решавање проблеми, (в) разбирање на емоциите и (г) регулирање на емоциите кај себе и кај другите (15, 16). Бар он (17) смета дека емоционалната интелигенција се состои од емоционална самосвест, како и фактот дека од ефикасно користење или регулирање на емоциите произлегуваат разни вештини, како што се: ефикасни меѓучовечки односи, решавање проблеми и толеранција на стрес. Иако постојат и други конкурентни теории (што даваат објаснување на емоционалната интелигенција како особина наспроти способност), проучувајќи ја природата на емоционалната интелигенција, сепак, адаптивното функционирање на емоционална интелигенција е признаено и во двете теории. Свеста за емоциите или користењето сет на вештини што ќе доведат до ефективна комуникација и зајакнување на меѓучовечките односи се компатибилни со здравјето и приспособувањето на човекот. Истражувањата покажаа дека целокупната емоционална интелигенција е индикатор за различни животни последици, вклучувајќи ги менталното и физичкото здравје (18). Во моментов постојат големи истражувачки студии што го покажуваат односот помеѓу емоционалната интелигенција и функционирањето на менталното здравје.
Адаптивната перцепција, употребата на емоциите за подобрување на когницијата, разбирањето на емоциите и регулирањето на емоциите може да придонесат за менталното и физичкото здравје на различни начини. Метјус, Зеиднер и Робертс (19) наведуваат дека нивото на емоционалната интелигенција може да има последици во ментални нарушувања. Промените во расположението и анксиозноста се примери на нарушувања, кај кои се јавува неадаптивната емоционална состојба како основен симптом (20). Подоброто разбирање на перцепцијата и управувањето со емоциите на оние со високо емоционална интелигенција може да спречат појава на неадаптивни емоционални состојби поврзани со нарушувањата како промена во расположението и анксиозност. Истражувањата покажаа дека луѓето со повисока емоционална интелигенција имаат повеќе позитивно расположение и се поспособни да го поправат расположението после индукција на негативно расположение (21). Недостатокот на свест за емоции и неможноста да управуваат со емоциите се клучни симптоми кои можат да доведат до одредени растројства на личноста и нарушувања на контролата на импулсите (20). Шуте и неговите соработници (21) пронајдоа врска помеѓу пониската емоционална интелигенција, немањето свесност за емоционалниот процес и проблемите за контрола на импулсите. Шуте и неговите соработници (21) утврдија негативен однос помеѓу емоционалната интелигенција и алекситимијата. Истражувањата покажуваат позитивна врска помеѓу емоционалната интелигенција и контролата на импулсите. И покрај силната основа за предвидување дека повисоката емоционална интелигенција ќе биде поврзана со подобро ментално здравје, во одредени околности повисоката емоционална интелигенција може да има неадаптивни последици. Петридес и Фурнхам (22) истакнуваат дека лицата со повисока емоционална интелигенција реагираат посилно на процесите на индукција на расположение, вклучувајќи и дека негативните реакции на дразбите поврзани со расположението можат да доведат до поголема вознемиреност во неповолни околности кај некои лица. Во принцип, емоционалната интелигенција е поврзана со аспектот на подобро психолошко функционирање (23, 24), вклучувајќи и интраперсонални фактори како што се поголем оптимизам, подобри општествени односи, поголема социјална поддршка и поголемо задоволство од социјалната поддршка (23), кои може да служат како амортизери за појавата на физичко заболување. Понатаму, лицата со повисока емоционална интелигенција се во можност подобро да се грижат за здравјето и се карактеризираат со повисока медицинска наобразба. Исто така, истражувањата откриваат дека компонентите на емоционалната интелигенција се негативно поврзани со соодветните психолошки симптоми и вознемиреноста (23, 25, 26, 27). Стиловите на справување и внатрешниот локус на контрола (28, 29) анксиозноста, разочарувањето, научената беспомошност и депресија (30, 31) се исто така негативно поврзани со емоционалната интелигенција. Иако наодите од истражувањата покажуваат дека квалитетот на емоционалната интелигенција е поврзан со бихевиоралните симптоми кај адолесцентите со деликвентно однесување, повеќето од овие истражувања се спроведени во САД и во европските земји (32). Како резултат на стилот на воспитување на децата во исламските земји, овие варијабли може да покажат поинаква шема на врски. Во таа насока, можеме да претпоставиме дека емоционалната интелигенција зависи од културните практики во кои се воспитуваат децата.

 


 

Emotional intelligence consists of interaction between emotion and cognition that leads to adaptive functioning (14). Specifically, adaptive functioning includes skills that enable people to process effectively and accurately the emotionally relevant information. Adaptive functioning increases mental and psychological flourishing; moreover, adaptive functioning decreases mental and physical illness. The following components are observed in emotional intelligence: (a) perception of emotion in self and others, (b) using emotion for decision making and problem solving, (c) understanding emotions, and (d) regulating emotions in self and others (15, 16). Bar On (17) believes that emotional intelligence consists of emotional self-awareness as well as that various skills stem from effective use or regulation of emotions, such as effective interpersonal relationships, problem solving, and stress tolerance. Even though there are competing theories (explaining emotional intelligence as trait vs. abilities) in explaining the nature of emotional intelligence, adaptive functioning of emotional intelligence has been acknowledged in both. Awareness of emotions or using a set of skills that lead to effective communication and reinforcing of interpersonal relations are compatible with health and adjustment. Our conceptualization therefore defines emotional intelligence as a set of skills or competencies rather than personality traits. It is possible that people may differ in emotional intelligence for different kinds of emotions or that some individuals are better able to harness their emotional intelligence in social or other situations (14). Studies indicated that overall emotional intelligence is an indicator of various life outcomes, including mental and physical health (18). At present there are large research studies showing the relation between emotional intelligence and the functioning of mental health.
Adaptive perception, use of emotion to enhance cognition, understanding emotion, and regulating of emotion may contribute to mental and physical health in various ways. Mathews, Zeidner and Roberts (19) mentioned that levels of emotional intelligence may have implications on mental disorders. Mood swings and anxiety are examples of disorders that have maladaptive emotional state as core symptom (20). Тhe better understanding of perception, and management of emotions of those with higher emotional intelligence may prevent development of maladaptive emotional states associated with mood and anxiety disorders. Studies have shown that individuals with a higher emotional intelligence have more positive mood and are better able to repair their mood after a negative mood induction (21). Lack of awareness of emotion and inability to manage emotions are key symptoms that may contribute to some personality disorders and impulse control disorders (20). Schutte and associates (21) found a link between lower emotional intelligence, lack of awareness of emotional process and impulse control problems. Schutte and associates (21) also found negative relation between emotional intelligence and alexithymia. Studies (22) supported positive relation between emotional intelligence and impulse control. In spite of the strong grounds for predicting that higher emotional intelligence would be related to better mental health, under certain circumstances higher emotional intelligence may have maladaptive consequences. Petrides and Furnham (22) found that individuals with higher emotional intelligence reacted more strongly to mood induction procedures, including that negative reactions to mood-related stimuli might lead to a greater distress under adverse circumstances in some individuals. In general, emotional intelligence is linked to the aspect of better psychosocial functioning (23; 24) including intrapersonal factors such as greater optimism, better social relationships, greater social support and higher satisfaction with social support (23) that may sever as buffers to physical illness. Furthermore, those with higher emotional intelligence might be better able to follow through on commitments to health behavior and show a better medical compliance. Moreover, researchers discovered that components of emotional intelligence are negatively linked to associated psychological symptoms and distresses (23, 25, 26, 27). Coping styles and internal locus of control (28, 29), anxiety, disappointment, learned helplessness and depression (30, 31) are also negatively associated with emotional intelligence. Although research findings show that the quality of emotional intelligence is related to behavioural symptoms in delinquent adolescents, most of these investigations have been conducted in the United States and European countries (32). Due to the child rearing style in Islamic countries, these variables may show different pattern of associations in these countries. In this direction it can be supposed that emotional intelligence depends on the cultural practices where the child was reared.


 

Цел и хипотези на истражувањето

 


 

Purpose and hypothesis of the research


 

Целта на ова истражување е да се испита разликата во родителското прифаќање, родителското отфрлање и емоционалната интелигенција помеѓу адолесцентите со и без деликвентно однесување, како и да се испита поврзаноста на овие две варијабли кај адолесцентите со деликвентно однесување. Во таа насока, хипотезите на истражувањето се:
Х1. Адолесцентите со деликвентно однесување имаат пониска емоционална интелигенција отколку адолесцентите без деликвентно однесување.
Х2. Адолесцентите со деликвентно однесување доживуваат повеќе родителско отфрлање и помалку родителско прифаќање (од мајката и посебно од таткото) отколку адолесцентите без деликвентно однесување.
Х3. Емоционалната интелигенција е негативно поврзана со родителското прифаќање кај адолесцентите со деликвентно однесување.
Х4. Емоционалната интелигенција е позитивно поврзана со родителското прифаќање кај адолесцентите со деликвентно однесување.

 


 

The purpose of this research is to examine the difference in parental acceptance, parental rejection and emotional intelligence among adolescents with and without delinquent behavior, and to find a correlation between these two variables among adolescents with delinquent behavior. In that direction the hypotheses of this research are:
H1. Adolescents with delinquent behavior have lower emotional intelligence than adolescents without delinquent behavior.
H2. Adolescents with delinquent behavior experience greater parental rejection and less parental acceptance (mothers` and fathers` respectively) compared to adolescents without delinquent behavior.
H3. Emotional intelligence is negatively correlated with parental rejection among adolescents with delinquent behavior.
H4. Emotional intelligence is positively correlated with parental acceptance among adolescents with delinquent behavior.


 

Методологија на истражувањето

Учесници

 


 

Research Methodology

Participants


 

Примерокот на ова истражување го сочинуваат две групи на адолесценти. Првиот примерок е намерен, односно испитувани беа адолесценти кои веќе направиле прекршочно дело и издржуваат казна затвор за деца и/ или се упатени во воспитно-поправен дом за воспитна мерка. Го сочинуваат 30 испитаници и сите се од машки пол. Треба да се нагласи дека во истражувањето беа опфатени сите штитеници кои издржуваа казна заради престапничко однесување, во тој период. Споменатите лица се на возраст од 14 до 18 години. Овие малолетни лица ја издржуваа казната затвор во затворот во градот Тетово (Р. Македонија). Вториот примерок го сочинуваат 40 испитаници од машки пол, ученици во Средното економско училиште „8 Септември“ од Тетово, на возраст од 14 до 18 години. Овој примерок е составен по случаен избор.

Инструменти

Прашалникот за родителско прифаќање/одбивање ПАРКУ (12) е конструиран за мерење на индивидуалната перцепција на адолесцентите во однос на родителското прифаќање/одбивање. Во ова истражување е користена скратената верзија на оригиналниот прашалник, која содржи 24 ајтеми и има две паралелни форми, од кои едната се однесува на мајката, а другата на таткото. Секој ајтем од прашалникот содржи одреден опис на однесувањето на родителите гледано од страна на децата. Задачата на испитаникот е за секое тврдење да одбере еден од предложените одговори (1 - никогаш, 2 - ретко, 3 - често, 4 - секогаш), во зависност од тоа во која мера тој проценува дека опишаното однесување одговара за неговите родители, во период кога тој бил на возраст помеѓу 7 и 12 години. Прашалникот е составен од 4 субскали кои ги мерат димензиите: родителска топлина/прифаќање (ТОП); родителска агресивност/непријателство (АГР); родителска индиферентност/занемарување (ИНД); родителско недиференцирано одбивање (НЕД). Релијабилноста на оригиналниот тест изнесува 0.91, додека во пилот-тестирањето изнесува Кронбахова алфа 0,82. Тестот е високо релијабилен и може да се користи во истражувачки цели.
За испитување на емоционалната интелигенција и нејзините компоненти е употребена кратката верзија од Прашалникот за мерење на емоционалната интелигенција (компетенција) ПЕК (33). Инструментот е конструиран по моделот на Мајер и Саловеј (34). Тој содржи 45 ајтеми што ја мерат генералната карактеристика на емоционалната интелигенција или компетентност. ПЕК - 45 содржи три субскали, и тоа: способност за перцепција и разбирање на емоциите, застапен со 15 ајтеми и внатрешна конзистентност од 0,85 до 0,90; способност за изразување на емоциите, застапен со 14 ајтеми и внатрешна конзистентност од α = 0,71 до 0,78; способност за регулација, контрола и управување со емоциите, застапен со 16 ајтеми и внатрешна конзистентност од 0,71 до 0,78 (на пилот-тестирањето). Кронбаховата алфа на оригиналниот прашалник изнесува 0.90. Секоја субскала претставува една од компонентите на емоционалната интелигенција. На ајтемите се одговара со запишување на степенот на согласување на петтостепената скала од Ликертов тип, при што се проценува развиеноста на сопствените способности во доменот на емоционалната интелигенција.

Тек на истражувањето

Испитувањето на првата група се одвиваше во периодот од декември 2015 до мај 2016 година, додека испитувањето на втората група испитаници се одвиваше во мај 2016 година. Најнапред, истражувањето беше спроведено врз малолетниците кои се наоѓаат на издржување казна затвор или воспитна мерка. Инструментите им беа задавани индивидуално поради безбедносни причини, во воспитувачката канцаларија на КПУ Затвор - Охрид, каде се спроведе истражувањето на оваа група испитаници. Во просек, траеше околу 2 часа при што им беа давани упатства за пополнување на прашалниците, како и објаснувања за нивното пополнување бидејќи често бараа дополнителни објаснувања за одделни прашања, што беше причина за продолжување на времето на испитување.
Испитувањето на втората група се одвиваше групно, за време на редовната настава, откако машките ученици беа ослободени од своите професори за пополнување на прашалниците. После едноставното објаснување на целта на испитувањето и мотивирањето на испитаниците, преминавме на примена на инструментите. Беше користена една од училниците на Средното економско училиште „8 Септември“ - Тетово за спроведување на планираното испитување. На сите испитаници им беше истакнато дека тестирањето е анонимно и добиена е дозвола од родителите.

 


 

The representative sample in this research was made up of two groups of adolescents. The first sample was intentional, i.e. it was comprised of 30 male respondents, who have already committed an offence and are detained in a children’s prison and/or have been referred to an educational and correctional facility. It needs to be underlined that the research covered all wards serving a sentence due to delinquent behavior at that period. These persons were aged 14-18. The minors served their sentence in the Tetovo prison (R. Macedonia). The second sample was made up of 40 male respondents, pupils in the Secondary School of Economics “8th September” from Tetovo, aged 14-18. This was a random sample.

Measures

PARQ (Parental Acceptance/Rejection Questionnaire) (12) is a self-assessment tool designed to measure individual perception of adolescents in terms of parental acceptance/ rejection. This research used a shortened version of the original questionnaire containing 24 items and having two parallel forms, one of which concerns the mother and the other one the father. Each item in the questionnaire contains a certain description of parents’ behavior from the viewpoint of the respondent. The respondent’s task is to choose one of the proposed answers (1 – never, 2 – rarely, 3 – often, 4 – always) for every claim), depending on the extent to which he believes the described behavior corresponds to his parents in the period when he was between the age of 7 and 12. The questionnaire is composed of 4 subscales measuring the dimensions: Parental warmth/acceptance (WAR); Parental aggression/hostility (AGR); Parental indifference/ neglect (IND); Parental undifferentiated rejection (UND). The original PARQ test reliability is Cronbach`s α = .91, and in the pilot testing it was α = .82. The test is highly reliable and can be used for research purposes.
The short version of the Questionnaire for Measuring Emotional Intelligence (competence) PEQ (33) was used for the purpose of measuring emotional intelligence and its components. The shortened version of the questionnaire, authored by Vladimir Taksić (33), is constructed based on the model of Mayer and Salovey (34). It contains 45 items measuring the general characteristics of emotional intelligence or competence. PEQ- 45 contains three subscales, including: ability of perceiving and understanding emotions, represented by 15 items and internal consistency of α = .85 to .90; ability to express emotions, represented by 14 items and internal consistency of .71 to .78; ability to regulate, control and manage emotions, represented by 16 items and internal consistency of α = .71 to .78 (in pilot testing). Cronbach alpha in the original scale is .90. Each subscale represents one of the components of emotional intelligence. The items are answered by writing down the extent of agreement on a five-level Likert-type scale, estimating the development of capabilities in the area of emotional intelligence.

Course of research

The examination of the first group took place from December 2015 to May 2016, while the examination of the second group of respondents was in May 2016. First, the survey was conducted on minors serving a prison sentence or having been imposed an educational measure of referral to a correctional facility. The instruments were given individually for security reasons, in the Educational Office of the Penitentiary and Correctional Facility Prison – Tetovo, where the research on this group of respondents took place. On average, it lasted about 2 hours during which they were given instructions for filling out the questionnaires, as well as explanations for their filing in, since they often required additional explanations regarding certain questions, which was the reason for extending the time of the survey.
The examination of the second group went in groups, during regular classes, after the male students were released from classes by their teachers to fill in the questionnaires. After a simple explanation of the purpose of the survey and after motivating the respondents, we turned to the application of the instruments. We used one of the classrooms in the Secondary School of Economics “8th September” in Tetovo for the implementation of the survey. To all respondents was emphasized that the testing was anonymous and permission of the parents was obtained.


 

Резултати

 


 

Results


 

Во табелата 1 се прикажани резултатите од разликите на проценките на перципираното прифаќање/одбивање од мајката на адолесцентите со и без деликвентно однесување. Резултатите за топлината и прифаќањето покажуваат дека адолесцентите со деликвентно однесување значајно перципираат помала топлина и прифаќање од мајката, отколку нивните врсници кои не манифестираат деликвентно однесување. Во однос на перципираната агресивност, индиферентност и неиздиференцирано одбивање кај мајката забележливо е дека малолетниците кои манифестираат деликвентно однесување перципираат повисоко одбивање од мајката (изразено преку споменатите облици) одошто малолетниците кои не манифестираат деликвентно однесување.

 


 

Table 1 presents the results of the differences in assessments of perceived acceptance/ rejection by the mother of adolescents with and without delinquent behavior. The results for the warmth and acceptance show that adolescents with delinquent behavior perceive significantly less warmth and acceptance by the mother than their peers who do not exhibit delinquent behavior. In terms of perceived aggression, indifference and undifferentiated maternal rejection, it has been established that minors who exhibit delinquent behavior perceived higher rejection by the mother (expressed in the aforementioned forms) than minors who do not exhibit delinquent behavior.


Табела 1.Разлики меѓу аритметички средини на перципираното прифаќање/одбивање на мајката со оглед на манифестираното однесување на адолесцентите (N=70)

 


Table 1.Differences between arithmetic means of perceived acceptance/rejection by the mother regarding the manifested behavior of adolescents (N = 70)


 

Резултатите (табела 2) кои ја покажуваат топлината и прифаќањето од страна на таткото, покажуваат дека адолесцентите со деликвентно однесување значајно перципираат помала топлина и прифаќање отколку адолесцентите без деликвентно однесување. Во однос на перципираната агресивност, индиферентност и неиздиференцирано одбивање на таткото, забележливо е дека адолесцентите со деликвентно однесување перципираат значајно повисоко одбивање (изразено преку горе споменатите облици) одошто оние без такво однесување.
Резулатите прикажани на Табела 3 покажуваат дека малолетниците кои манифестираат престапничко однесување, статистички значајно перципираат помала емоционална компетентност, односно способност за перцепција, изразување и регулација на емоциите и способност за регулација, контрола и управување со емоциите за разлика од малолетниците кои не манифестираат престапничко однесување.

 


 

The results (Table 2) indicating warmth and acceptance by the father show that adolescents with delinquent behavior perceive significantly less warmth and acceptance than adolescents without delinquent behavior. In terms of perceived aggression, indifference and undifferentiated rejection by the father, it has been established that adolescents with delinquent behavior perceive significantly higher rejection (as expressed in the above-mentioned forms) than those without such behavior.
The results presented in Table 3 show that minors exhibiting offensive behavior perceive significantly less emotional competence, i.e. is the ability for perception, expression and regulation of emotions and the ability to regulate, control and manage emotions as opposed to minors who do not exhibit offensive behavior.


Табела 2.Разлики меѓу аритметички средини на перципираното прифаќање/отфрлање на таткото со оглед на манифестираното однесување на адолесцентите (N=70)

 


Table 2.Differences between arithmetic means of perceived acceptance/rejection by the father regarding the manifested behavior of adolescents (N = 70)


Табела 3.Разлики меѓу аритметички средини на перципиранaта емоционална компетентност со оглед на манифестираното однесување на адолесцентите (N=70)

 


Table 3.Differences between arithmetic means of perceived emotional competence regarding the manifested behavior of adolescents (N=70)


Табела 4.Корелации помеѓу перципираното родителско однесување и емоционалната интелигенција кај адолесцентите (N=70)

 


Table 4.Correlations between perceived parental behavior an emotional intelligence of adolescents with delinquent behavior (N=70)


 

Добиените резултати се научно мошне интересни бидејќи покажуваат дека адолесцентите со и без деликвентно однесување статистички значајно се разликуваат во однос на перцепцијата на однесувањето на мајката и таткото кон нив (кога биле во детството), а исто така и во емоционалната интелигенција. Во дискусијата, резултатите ќе се образложат и ќе се споредат со други истражувања.
Пирсоновиот коефициент на корелација покажува дека има статистички значaјна корелација помеѓу родителската интеракција и некои компоненти на емоционалната интелигенција на адолесцентите со деликвентно однесување.
Според тоа, во хипотезата на истражувањето се прифатени адолесцентите со деликвентно однесување кои имаат пониска емоционална интелигенција од нивните врсници без деликвентно однесување; Тие доживеале повеќе отфрлање на родителите и помалку родителско прифаќање од адолесцентот без деликвентно однесување; Емоционалната интелигенција е негативно поврзана со одбивањето на родителите кај адолесцентите со деликвентно однесување; Емоционалната интелигенција е позитивно поврзана со родителското прифаќање кај адолесцентите со деликвентно однесување.

 


 

The results obtained are scientifically very interesting because they show that adolescents (with and without delinquent behavior) statistically differ considerably in terms of perception of the behavior of the mother and of the father towards them (when they were in childhood) and also in emotional intelligence. The discussion part will explain and compare the results with other studies.
Person’s coefficient of correlation shows that there is significant statistical correlation between parent interaction and some components of emotional intelligence of adolescents with and without delinquent behavior.
Therefore, the hypotheses of the research are all confirmed, i.e. adolescents with delinquent behavior have lower emotional intelligence than their peers without delinquent behavior; they experienced higher parental rejection, and less parental acceptance than adolescents without delinquent behavior; emotional intelligence is negatively correlated with parental rejection among adolescents with delinquent behavior; emotional intelligence is positively correlated with parental acceptance among adolescents with delinquent behavior.


 

Дискусија

 


 

Discussion


 

Резултатите од истражувањето се во согласност со теоријата на родителско прифаќање и одбивање. Се покажа дека неадекватниот однос на родителот кон детето е значаен фактор за појава на деликвентното однесување на адолесцентот, односно за однесување кое е антисоцијално и често законски казниво. Хартап и Лесхот (35) ги наведуваат резултатите на поголем број истражувања кои зборуваат во прилог на претпоставката дека несигурната афективна врзаност на младиот човек води кон негово агресивно однесување и неретко кон деликвентно однесување. Посебно се истакнува улогата на мајката и тоа нејзината негативна интеракција со детето. Одбивањето од страна на мајката, нејзината бесчувствителност, депресивност или склоност кон зависности резултираат со социјално неприспособено однесување на детето. Улогата на таткото во тие истражувања не се споменува, освен во контекст на влијанието на двата родитела. Но, во ова истражување добивме дека скоро подеднаква улога и влијание има и односот на таткото кон детето. Соодветно, истражувањата покажуваат дека таткото е поголем „регулатор“ на однесувањето на детето, како родител кој е повеќе вклучен во оној дел од воспитувањето во кој се поставуваат јасни граници и контрола на однесувањето на детето. Мајката дава повеќе емоционална поддршка, топлина и љубов која пак на свој начин влијае во развојот на емпатијата, просоцијалното однесување и приспособување на детето и младиот човек во средината во која живее. Во истражувањето на Моитра и Мукхјере (36) се наведува дека перцепцијата на задоволителната комуникација и со мајката и со таткото е ниска кај адолесцентите со деликвентно однесување во споредба со нивните врсници. Во описот на личноста на адолесцентот со антисоцијално и деликвентно однесување се истакнува нивната емоционална незрелост, со ниска способност за препознавање и контрола на своите емоции, при што тие не се во состојба да ги канализираат своите импулси на социјално прифатлив начин. Она по што се разликуваат од другите е пониската способност за доживување и покажување сочувство и емпатичност со другите. Резултатите и на ова истражување покажуваат поврзаност на родителската интеракција со емоционалната интелигенција на адолесцентите. Регулацијата на емоциите ја поттикнуваат родителите, а детето ги развива емоционалните вештини по пат на поучување и разговор и индиректно во ситуации кога учат преку имитирање на моделот - родител. Доколку родителите ги потиснуваат своите емоции, детето ја усвојува таа стратегија и ги потиснува своите емоции. Истражувањето на Арзен, Хасан и Риаз (37) покажува дека адолесцентите кои манифестираат помала емпатичност значително се разликуваат од емпатичните адолесценти по сите димензии на скалата на емоционална емпатија. Резултатите на Алегре (38) покажуваат поврзаност на начинот на воспитување и емоционалното реагирање на младите, односно забележана е позитивна корелација на односот на родителите кој е проследен со охрабрување и наградување со емоционалната интелигенција на адолесцентите, односно со нивната способност за разбирање на туѓите емоции. На пример, поретко учат од непријатните искуства во животот. Забележаните резулати се објаснуваат со различната семејна клима, односно интеракција со мајката и со таткото, во која се воспитувале овие две групи на малолетници, а која влијаела врз развивањето на овие емоционални компетентности. Слични резултати се добиени и во други истражувања (39) каде емоционалната интелигенција е значајно поврзана со деликвентното однесување и други негативни однесувања на студентите од американскиот колеџ, но тоа не се однесувало на женските студенти. Може да се заклучи дека резултатите од ова истражување се сложуваат со резултатите од другите истражувања во светот.

 


 

The survey results are quite consistent with the theory of parental acceptance and rejection. It was found that the inadequate behavior of a parent towards the child is an important factor for the occurrence of delinquent behavior of an adolescent, i.e. behavior that is anti-social and often legally punishable. Hartup and Leshot (35) cite the results of numerous studies that speak in favor of the assumption that insecure affective attachment of the young person leads to his aggressive and often delinquent behavior. They specifically highlight the role of the mother and her negative interaction with the child. The rejection by the mother, her numbness, depression or propensity to addiction results in socially inconvenient behavior of the child. The role of the father is not mentioned in this research, except in the context of the influence of both parents. But in this study we established that the behavior of the father towards the child has almost equal role and influence. Accordingly, the studies show that the father is a bigger “regulator” of the child’s behavior as a parent who is more involved in the part of the upbringing which sets clear boundaries and control of the child’s behavior. The mother gives more emotional support, warmth and love which, in turn, also affect in their own way the development of empathy, prosocial behavior and adjustment of the child and young person in the community in which he lives. In the study of Moitra & Mukherjee (36) both mother and father (perception of) satisfactory communication is poor in delinquent adolescents as compared to their counterparts. The description of the personality of an adolescent with antisocial and delinquent behavior emphasizes their emotional immaturity, low ability to identify and control their emotions, whereat they are unable to channel their impulses in a socially acceptable manner. What makes them different from others is their lower ability to experience and demonstrate compassion and empathy with others. The results of this research show linkage of parental interaction with the emotional intelligence of adolescents. The regulation of emotions is encouraged by the parents and the child develops emotional skills through teaching and conversation and indirectly in situations where they learn through imitation of the model i.e. the parent. If parents suppress their emotions, the child adopts such strategy and suppresses his emotions. The study of Arzeen, Hassan and Riaz (37) showed that adolescents who exhibit less empathy differ significantly from empathetic adolescents in all dimensions on the scale of emotional empathy. The results of Alegre (38) show linkage between the way of upbringing and the emotional reaction of the young people i.e. a positive correlation was observed of the behavior of the parents accompanied by encouraging and rewarding the emotional intelligence of adolescents, i.e. their ability to understand others’ emotions. For example, they rarely learn from unpleasant experiences in life. The obtained results are explained by different family environment i.e. interaction with the mother and the father, in which the two groups of juveniles were educated, that influenced the development of these emotional competencies. Similar results were obtained in other studies (39) where emotional intelligence is significantly associated with the delinquent behavior and other negative behaviors of US college students, but it did not apply to female students. It can be concluded that the results of this study are consistent with the results of other studies worldwide.


 

Заклучок

 


 

Conclusion


 

Адолесцентите со деликвентно однесување ги доживуваат своите мајки како ладни личности без емоционална поддршка и без љубов, во споредба со нивните врсници без такво однесување кои своите мајки ги перципираат како топли и полни со љубов кон нив. Адолесцентите кои манифестираат деликвентно однесување ги доживуваат своите мајки поагресивни, занемарувачко-индиферентни за разлика од оние кои не манифестираат такво однесување. Сосема оправдано, врз основа на резултатите, може да се заклучи дека адолесцентите кои како деца биле занемарувани од своите мајки, или имале мајки кои биле ладни и незаинтересирани, најверојатно ќе пројават проблематично однесување кое најчесто се манифестира низ деликвентно однесување на младите во вид на злоупотреба на дрога и алкохол, крадење, мамење, вклучување во агресивни или насилнички активности и слично. Резултатите покажуваат дека односот на адолесцентот со таткото е исто толку значаен. Адолесцентите кои го перципираат таткото како агресивен, насилен, занемарувачки најверојатно кај нив предизвикува чувство на отфрленост, но од друга страна претставува модел на однесување за младиот човек и понатаму во животот. Ова истражување ги потврдува резултатите од емпириското тестирање на оваа хипотеза за интеракција, што произлегува од формулацијата на Хирши за теоријата на контрола, каде е испитувана поврзаноста на различните услови на поддршка во семејството и деликвенцијата. Адолесцентите со и без деликвентно однесување значајно се разликуваат и во однос на емоционалната интелигенција. Кај адолесцентите со деликвентно однесување значајно помалку се изразени способностите за перцепција и воочување на своите и на туѓите емоции, изразувањето на емоции и регулацијата, контролата и управувањето со емоциите, отколку кај адолесцентите без деликвентно однесување. Во ова истражување се утврди значајна корелација помеѓу родителското прифаќање и емоционалната интелигенција помеѓу адолесцентите.

 


 

Adolescents with delinquent behavior perceive their mothers as cold-hearted, without emotional support and love, compared to their peers without such behavior, who perceive their mothers as warm and loving toward them. Adolescents who exhibit delinquent behavior perceive their mothers as more aggressive, neglectful and indifferent compared to those who do not exhibit such behavior. Quite justifiably, based on the results it can be concluded that adolescents who were neglected by their mothers in childhood or had mothers who were cold and disinterested are likely to exhibit problematic behavior which often manifests itself through delinquent behavior of young people in the form of drug and alcohol abuse, stealing, cheating, involvement in aggressive or violent activities and the like. The results show that the relationship of the adolescent with his father is just as important. Adolescents who perceive the father as aggressive, violent and negligent are probably feeling rejected, but on the other hand he constitutes a model of behavior for young people later in life. The present study confirms the results of an empirical test of this interaction hypothesis derived from Hirschi’s formulation of control theory, where the relationship between delinquency within varying conditions of family support was examined. Adolescents with and without delinquent behavior differ considerably in terms of emotional intelligence as well. Adolescents with delinquent behavior have significantly less pronounced abilities to perceive their own and others’ emotions, to express emotions and to regulate, control and manage emotions than do adolescents without delinquent behavior. This research found significant correlations between parental acceptance and emotional intelligence among adolescents.


 

Конфликт на интереси
Авторите изјавуваат дека не постои конфликт на интереси.

 


 

Conflict of interests
Authors declares no conflict of interests


Citation: Šurbanovska O, Kitkanj Z, Ristovska N. Parental acceptance / rejection and emotional intelligence among adolescents with and without delinquent behavior. J Spec Educ Rehab 2017; 18(3-4):55-71. doi: 10.19057/jser.2017.26

   

Article Level Metrics

 
   


Референци/References

 

 

  1. Granic I, Hollenstein T, Dishion TJ, Patterson GR. Longitudinal analysis of flexibility and reorganization in early adolescence: A dynamic systems study of family interactions. Developmental Psychology 2003; 39(3): 606-617.
  2. Steinberg L, Morris AS. Adolescent development. Annu Rev Psychol 2001;52: 83-110.
  3. Hoeve M, Dubas JS, Eichelsheim VI, Van der Laan PH, Smeenk WH, Gerris JRM. The relationship between parenting and delinquency: a meta-analysis. Journal of Abnormal Child Psychology 2009; 37(6): 749-775.
  4. Rohner RP. The parental “acceptance-rejection syndrome” universal correlates of perceived rejection. American Psychologist 2004; 59(8): 830-840.
  5. Maccoby EE, Martin JA. Socialization in the context of the family: Parent child interaction. In Mussen PH, Hetherington EM. eds. In: Handbook of child psychology. New York: Wiley, 1983; 4:102.
  6. Juang PL, Silbereisen RK. The relationship between adolescent academic capability beliefs, parenting and school grades. Journal of Adolescence 2002; 25: 3–18.
  7. Holden GW. Parents and the dynamics of child rearing. Boulder CO: Westview Press. 1997.
  8. Rollins BG, Thomas DL. Parental support, power, and control techniques in the socialization of children. Burr BR, Hill R, Nye FL, Reiss IL. eds. In: Contemporary theories about the family. New York: Free Press, 1979: 317-364.
  9. Barnes GM, Farrell MP. Parental support and control as predictors of adolescent drinking, delinquency, and related problem behaviours. Journal of Marriage and the Family 1992; 54: 763-776.
  10. Hirschi T. Causes of delinquency. Berkeley: University of California Press, 1969.
  11. Simons RL, Whitbeck LB, Conger RD, Conger KJ. Parenting factors, social skills, and value commitments as precursors to school failure, involvement with deviant peers, and delinquent behavior. Journal of Youth and Adolescence 1991; 20(6): 645-664.
  12. Rohner PR, Khalegue A. Handbook for the study of parental acceptance and rejection. USA: Rohner Research Publications Storrs, 2008.
  13. Rohner RP, Khaleque A, Cournoyer DE. Introduction to parental acceptance-rejection theory, methods, evidence, and implications. Connecticut: University of Connecticut, 2003; 1-31.
  14. Salovey P, Grewal D. The science of emotional intelligence. Personality and Social Psychology Bulletin 2005; 30(8):1018-1034.
  15. Koohsar HAA, Bonab, GB. Relation between emotional intelligence and behavioural symptoms in delinquent adolescents. Procedia-Social and Behavioural Sciences 2011;30: 944-948.
  16. Salovey P, Mayer DJ. Emotional intelligence. New York: Dude Publishing, 1990.
  17. Bar-On R. The Bar-On model of emotional-social intelligence (ESI). Psicothema 2006; 18: 13-25.
  18. Van Rooy DL, Viswesvaran C. Emotional intelligence: A meta-analytic investigation of predictive validity and nomological net. Journal of Vocational Behavior 2004; 65: 71-95.
  19. Mathews G, Zeidner MRD, Roberts R. Emotional intelligence: A promise unfulfilled? Japanese Psychological Research 2012; 54(2): 105-127.
  20. Schutte NS, Malouff J, Simunek M, Hollander S, McKenley J. Characteristic emotional intelligence and emotional well-being. Cognition and Emotion 2002; 16(6): 769-785.
  21. Schutte NS, Malou JM, Hall LE, Haggerty DJ, Cooper JT, Golden CJ, Dornheim L. Development and validation of a measure of emotional intelligence. Personality and Individual Differences 1998; 25: 167-177.

 

  1. Petrides KV, Furnham A. Trait emotional intelligence: behavioral validation in two studies of emotion recognition and reactivity to mood induction. European Journal of Personality 2003; 17(1): 39-57.
  2. Brown RF, Schutte NS. Direct and indirect relationships between emotional intelligence and subjective fatigue in university students. Journal of Psychosomatic Research 2006; 60(6): 585-593.
  3. Salovey P, Grewal D. The science of emotional intelligence. Association for Psychological Science 2005; 14 (6):281-285.
  4. Schutte NS, Malouff JM, Bobik Ch, Coston TC, Greeson C, Jedlicka C, Rhodes E, Wendorf G. Emotional intelligence and interpersonal relations. The Journal of Social Psychology 2001;141(4): 523-536.
  5. Dulewicz V, Higgs MJ. Emotional intelligence: A review and evaluation study. Journal of Managerial Psychology 2000; 15(4): 341-372.
  6. Tsaousis I, Nikolaou I. Exploring the relationship of emotional intelligence with physical and psychological health functioning. Stress and Health 2005; 21: 77-86.
  7. Gross JJ, Thompson RA. Emotion regulation: conceptual foundations. Gross JJ, eds. In: Handbook of emotion regulation. New York: Guilford Press, 2007; 3-24.
  8. Lane RD, Schwartz GE. Levels of emotional awareness: A cognitive-developmental theory and its application to psychopathology. The American Journal of Psychiatry 1987; 144(2): 133-143.
  9. Saklofske Dh, Austin EJ. Individual difference correlates of health-related behaviours: Preliminary evidence for links between emotional intelligence and coping. Personality and Individual Differences 2007; 42(3): 491-502.
  10. Ferandez-Berrocal RA, Extremera N. The role of emotional intelligence in anxiety and depression among adolescents. Individual Differences Research 2006;4(1):16-27.
  11. Slaski M, Cartwright S. Health, performance and emotional intelligence: an exploratory study of retail managers. Stress and Health 2002;18(2): 63-68.
  12. Takšić V. Upitnici emocionalne inteligencije (kompetentnosti). Lacković-Grgin A, Bautović V, Ćubela Z, Penezić Z. ur. Zbirka psihologijskih skala i upitnika, Zadar: Filozofski fakultet, 2002; 27-45.
  13. Mayer JD, Salovey P. What is emotional intelligence? Salovey P, Sluyter D, eds. In: Emotional development and emotional intelligence: Educational implications. New York: 1997; 3-31.
  14. Hartup WW, Lieshout C. Personality development in social context. Annual Review of Psychology 1995; 46: 655-687.
  15. Moitra T, Mukherjee I, Mukherjee TMI. Does parenting behavior impacts delinquency? A comparative study of delinquents and nondelinquents, International Journal of Criminal Justice Sciences (IJCJS) – Official Journal of the South Asian Society of Criminology and Victimology (SASCV) 2010; 5(2): 274-285.
  16. Arzeen S, Hassan B, Riaz N. Perception of parental acceptance and rejection in emotionally empathic and non-empathic adolescents. Pakistan Journal of Social and Clinical Psychology 2012; 10(2): 60-69.
  17. Alegre A. Parental behaviours and late adolescent’s adjustment: the role of emotional security and emotional intelligence. Dissertation. Blacksburg Virginia: Polytechnic Institute, 2008.
  18. Bruckett M, Mayer J, Warner R. Emotional intelligence and its relation to everyday behavior. Personality and Individual Differences 2004; 36: 1387-1402.
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in