МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:
ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ - СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ

Горан ПЕТРУШЕВ                 

Сојуз на дефектолози на Р.Македонија

 

Примено: 01.08.2012
Прифатено: 05.08.2012
UDK: 376:061.3(497.7)(063)

 

INTERNATIONAL SCIENTIFIC-PROFESSIONAL CONFERENCE:
"INCLUSIVE EDUCATION-STATUS AND CHALLENGES"

Goran PETRUSHEV

Association of Special Educators and Rehabilitators of R.Macedonia

Received: 01.08.2012
Accepted: 05.08.2012

 

 

 

Научно-стручниот собир беше реализиран во периодот од 17 - 19 мај, во хотелот Сириус во Струмица.  Организатори на овој собир беа:
1.   Сојузот на дефектолози на Република Македонија;
2.   Министерството за образование и наука на Република Македонија;
3.   Филозофскиот факултет - Институт за дефектологија.
Собирот беше организиран со цел:
1.   Да се презентираат развиени системи на инклузивно образование;
2.   Да се согледа состојбата во процесот на инклузивното образование во  Република Македонија од аспект на засегнатите страни од процесот;
3.   Да се согледаат предизвиците со кои треба да се соочи Република Македонија во насока на унапредување на инклузивното образование на децата со посебни образовни потреби во предучилишните, основните и средните образовни установи.
Целите на овој собир беа реализирани преку низа научно-стручни излагања и плодни дискусии на четири теми поврзани со успешноста на инклузивното образование.
Општиот заклучок од презентациите на трудовите како и од дискусиите на тркалезната маса е дека инклузивното образование во Р. Македонија во моментот се разгледува како изолиран  процес кој ги засегнува само стручните работници и децата со посебни образовни потреби.
За унапредување на овој процес инклузивното образование на децата со посебни образовни потреби треба да се разгледува како социјална промена во која треба да се вклучат сите засегнати страни од процесот на инклузија.
За таа цел потребни се промени во:

  • системот на планирањето, оценувањето и евалуацијата на воспитно-образовната работа со оваа група ученици;
  • системот на менаџирање на инклузивното образование во РМ;
  • системот на мултидисциплинарниот пристап, како и во
  • системот на  проценка, оценка и идентификација на децата со посебни образовни потреби.

 

This conference was realized in the period from 17 to 19 May 2012 in Hotel Sirius in Strumica. The organizers of this conference were:

  • The Association of Special Educators and Rehabilitators of the Republic of Macedonia;
  • The Ministry of Education and Science of the Republic of Macedonia;
  • The Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation.

This conference had three goals:
1.   To present developed system of inclusive education;
2.   In terms of the stakeholders, to map the current situation in the process of inclusive education in Macedonia;
3.   To identify the challenges on which Macedonia should be focused in order to promote inclusive education for children with special educational needs in preschool, primary and secondary educational institutions.
The goals of this meeting were achieved through a series of presentations of papers and fruitful discussions on four topics related to the success of inclusive education.
The general conclusion of the presentations of papers and discussions from the roundtable is that inclusive education in Macedonia is considered as an isolated process that affects only professionals, children with special educational needs and their parents.
In order to promote this process, inclusive education of children with special educational needs should be considered as a social change and must involve all stakeholders.
In order to achieve this, changes are necessary in:
1.   The system of planning, assessment and evaluation of educational and educated work with this group of students;
2.   The system of management of inclusive education in RM;
3.   The system of a multidisciplinary approach; and
4.   The system of assessment, evaluation and identification of children with special educational needs.

 

 

 

 

 

1. Во однос на планирањето, оценувањето и евалуацијата на воспитно-образвната работа потребни се:

 

1. Regarding to planning, assessment and evaluation of educational and educated work:

 

 

 

-     Измени и промени во постоечкиот Правилник за оценка и проценка на специфичните потреби на лицата со инвалидност;
-     Законска обврска за изработка на индивидуални образовни планови (ИОП) за учениците со посебни потреби;
-     Изготвување на правилник за изработка на индивидуален образовен план за ученици со посебни потреби во кој ќе се дефинира начинот за изработка на истиот;
-     Подготовка на наставниот кадар во редовните училишта за изработка на ИОП преку организирање на обуки и работилници;
-     Задолжителна и континуирана едукација за инклузивно образование на наставниците и за директорите на редовните училишта за поефективна организација на инклузијатa;
-     Оценувањето на учениците со посебни потреби се прави врз основа на индивидуалните цели предвидени во ИОП;
-     Формирање на тело за координација на инклузијата на локално и централно ниво;
-     Дефинирање на улогата на мобилниот дефектолог во инклузивното образование, преку изготвување на нормативи за опис на неговите работни задачи.

 

-     Edit and change the existing rules for assessing and evaluating the specific needs of persons with disabilities;
-     Legal obligation of making Individual Education Plans (IEP) for students with special needs;
-     Development of rules for making the Individual Education Plan for students with special needs to define the method of making the same;
-     Training of teachers in regular schools for the preparation of IEP by organizing training and workshops;
-     Mandatory and continuing education for inclusive education for teachers and principals of regular schools for effective organization of inclusion;
-     Assessment of students with special needs should be based on individual objectives set in the IEP;
-     Establish a coordinate body for the process of inclusion on local and central level;
-     Defining the role of mobile educator in inclusive education through the development of standards for the description of the duties.

 

 

 

2. Во однос на менаџментот на инклузивното образование во РМ потребно е:

 

2. Regarding to the management of inclusive education in RM:

 

 

 

-     Во однос на законската легислатива потребно е Министерството за образование и наука заедно со останатите организатори на собирот да предложи до Собранието на Р. Македонија закон за инклузивно образование или посебна глава во постоечкиот закон за образование.
-     Во законот за средно образование да се внесе одредба за вклучување на дефектолози – ресурсни наставници кои ќе нудат услужни дејности за учениците со посебни образовни потреби вклучени во редовните средни училишта.
-     Во Законот за високо образование да се внесе нота на инклузивност.
-     Посебните основни училишта освен основната дејност да ја преземат улогата на ресурсни центри кои ќе нудат услужни дејности за учениците со посебни образовни потреби вклучени во редовните училишта.
-     Основните училишта каде има посебни паралелки да преземат улога на ресурсен центар.
-     Да продолжат вработувањата на дефектолози со акцент на општините каде нема работни позиции за стручен работник-дефектолог.
-     Да се регулираат, односно да се зголемат финансиските средства за основните училишта кои имаат посебни паралелки или ученици со посебни образовни потреби.

 

-     The Ministry of Education and Science together with the other organizers of the conference should  propose to the Parliament of Macedonia, Law on inclusive education or special chapter in the existing Law on education;
-     To introduce a provision for including special education teachers - resource teachers who will provide services for students with special educational needs included in the mainstream schools, in the Law on secondary education;
-     To introduce a note of inclusiveness in the law of higher education;
-     Beside the operating activities, special schools should take the role of resource centres that offer services for students with special educational needs included in mainstream schools;
-     Primary schools which have special classes should take the role of resource centre;
-     The employment of educators should continue but with an emphasis on municipalities where there are no jobs for skilled worker-educator;
-     To regulate or to increase funding for primary schools that have special classes or pupils with special educational needs.

 

 

 

3. Во однос на промените во системот на мултидисциплинарниот пристап потребно е:

 

3. Regarding to the multidisciplinary approach:

 

 

 

-     Инклузивни тимови во редовните училишта во чиј состав заолжително ќе биде присутен дефектолог;
-     Поголема соработка помеѓу членовите од стручниот тим;
-     Базично, перманентно и професионално оспособување на наставниците и воспитувачите;
-     Македонски модел на инклузивно образование кој подразбира инклузија, но не по секоја цена и не за секое дете;
-     На посебен собир да се отвори прашањето за лицата со умерена и тешка интелектуална попреченост опфатени со третман  во центрите за дневно згрижување и установите.

 

-     Inclusive teams should be formed in the mainstream schools;
-     Greater collaboration between the members of the professional team;
-     Basically, permanent and professional training of teachers and special educators;
-     Macedonian model of inclusive education that implies inclusion;
-     The issue for people with moderate and severe intellectual disabilities included in treatment centres and day care facilities should be addressed at other  conferences.

4. Во однос на проценката, оценката и идентификацјата на децата со посебни образовни потреби потребно е:

 

4. Regarding the  assessment, evaluation and identification of children with special educational needs:

 

 

 

-     Ревидирање на постоечкиот Правилник за определување на специфичните потреби (или изготвување на нов правилник);
-     Изготвување на листа на специфични потреби;
-     Да се дефинираат активностите за подобрување на регистрацијата на  децата со посебни образовни потреби;
-     Да се утврди протокол за идентификација  на децата вклучени во редовниот образовен систем, кај кои се евидентирани  развојни / едукативни потешкотии, по започнувањето на едукативниот процес;
-     Законски да се регулира воспоставување на интерресорна соработка и координација;
-     Да се зајакне и системски изнајде решение за контакти и достапност на стручните институции на локално/централно ниво;
-     Законски да се регулира воспоставување на интерресорна комисија за оценка и проценка  - во својот состав да содржи стручни лица од соодветен ресор – здравство, образование, социјала;
-     Да се дефинира составот на комисијата со задолжителни членови – педијатар, психолог, педагог наставник, дефектолог, а по потреба да бидат вклучени и други стручни лица;
-    Да се определат улогата  и задачите на истата, а родителот како член -  неопходна карика и партнер за соработка;
-     Неопходно е изготвување од страна на Комисијата на функционална проценка на детето, односно определување на сите негови потреби (здравствени, едукативни, социјални);
-     Да се воспостави систем на проценка, рана интервенција, рехабилитација,   третман и следење на детето со ПОП; трансфер на информациите за детето низ институциите и установите кои ги посетува предучилишна установа, училиште и сл.

 

-     Review of the existing rules for determining the specific needs (or drafting new rules);
-     Developing a list of specific needs;
-     Defining actions to improve the registration of children with special educational needs;
-     To establish a protocol for identifying children involved in the mainstream educational system, the recorded developmental / educational difficulties after starting the educational process; law to regulate the establishment of inter departmental cooperation and coordination;
-     To strengthen the system and find a solution for contact and availability of professional institutions of local / central level;
-     To regulate the establishment of Commission for assessment and evaluation - in its composition to include experts from the relevant portfolio - health, education, welfare, to define the composition of the commission members required - a paediatrician, psychologist, teacher, educator, and if necessary to include other qualified persons; to determine the role and tasks of the same, and the parent as a member - a necessary link partner for cooperation;
-     Functional assessment for the child or the determination of all his needs (health, educational, social) should be prepared by the Commission;
-     Establish a system of assessment, early intervention, rehabilitation, treatment and monitoring of children with special needs; transfer of the child’s information across institutions and institutions who attend pre-institution, school, etc.

Адреса за кореспонденција
Горан ПЕТРУШЕВ
Сојуз на дефектолози на РМ
11 Октомври бр. 42-а ДХО Даре Џамбаз - Скопје
E-пошта: g.petrushev@yahoo.com

 

Corresponding Address:
Goran PETRUSHEV
Association of special educators and rehabilitators of R.M
11 October 42 a, AHO Dare Dzambaz-Skopje, Macedonia
E-mail: g.petrushev@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in