ЗАЧЕСТЕНОСТ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ СО DOWN-ОВ СИНДРОМ

 

Невзета САЛИХОВИЌ1,
Селма ХАСАНБАШИЌ2,
Лејла БЕГИЌ1

 

1Универзитет во Тузла, Факултет за об­ра­зо­ва­ние и рехабилитација
2Институт за посебно образование и ре­ха­би­ли­тација на децата со интелектуална попреченост „Mеденица“, Сараево

 

INCIDENCE OF STUTTERING IN SCHOOL-AGE CHILDREN WITH DOWN SYNDROME

 

Nevzeta SALIHOVIĆ1,
Selma HASANBAŠIĆ2,
Leila BEGIĆ1

 

1University of Tuzla, Faculty of Еducation and Re­habilitation
2Institute of Special Education and Re­ha­bi­li­ta­ti­on for Children with Intellectual Disabilities "Mjedenica", Sarajevo

 

Вовед

 

 

Introduction

Пелтечењето е нарушување на флуентноста на говорот од непозната етиологија, кое прет­ставува сериозно нарушување на ко­му­ни­ка­цијата на поединци и го отежнува нив­но­то нормално живеење (1).
Пелтечењето е едно од најпознатите на­ру­шу­ва­ња на говорот. Особено е пре­поз­нат­ли­во поради особената манифестација која го придружува вербалното однесување на ли­ца­та кои пелтечат (2). Комплексноста на симп­томатологијата на пелтечењето и фак­тот дека етиологијата на пелтечење не е це­лос­но разбрана, придонесоа за појава на раз­лич­ни дефиниции помеѓу експертите. Од­ре­де­ни дефиниции ги земаат предвид вер­бал­ни­те и невербалните симптоми кои се опи­ша­ни само од страна на лицата кои го наб­љу­д­уваат пелтечењето, додека други ис­тра­жу­вачи потенцираат дека лицата кои пел­те­чат се единствените личности кои знаат како се чувствуваат „и единствено знаат ка­ко се чув­ствуваат само тогаш кога тоа се случува“ (3).
Вербалната манифестација е најчесто ка­рак­теризирана преку повторување на звуци или слогови, звучни или незвучни про­лон­га­ции и блокади. Овие три говорни ­ка­рак­те­рис­тики се дефинирани како примарни го­вор­ни карактеристики на индивидуите кои пел­течат (4). Во состав на карактеристиките на вербалната манифестација на пел­те­че­ње­то, поединецот кој пелтечи покажува и не­вер­бална манифестација како што е фа­ци­јал­ни движења, несоодветно движење на тело­то или екстремитетите и другите де­ло­ви од телото (3, 5, 6).
Врс­ката помеѓу сознавањето и флуентноста е многу сложена. Добро е познато дека ли­ца­та со потешкотии при сознавањето, осо­бе­но кога потешкотиите се доста лоши, има­ат висока појава на пелтечење (7).  Ова зна­чи дека недостатокот на способноста за соз­навање може да предизвика намалена флуен­тност на говорот. Од друга страна пак, кај лицата со забавен развој пел­те­че­ње­то може да настане како резултат на по­бав­но­то усогласување на говорот со јазикот (8).
Упорното сомневање за постоењето на аб­нор­малности во мозокот кај лицата кои пел­те­чат, без разлика дали истoто е основано врз факт или не, стана уште посилно откако бе­ше потврдено дека зачестеноста на пел­те­че­ње­то беше значително повисока кај лицата со невропатологија (6). Помеѓу 1047 хос­пи­та­ли­зирани пациенти со епилепсија, за 4,5% од нив беше потврдено дека пелтечат. Ис­тра­жу­вање за зачестеноста на пелтечењето кај децата и возрасните со церебрална па­ра­ли­за покажа дека кај оваа популација е мно­гу висока и варира од 3,9 до 24%. Во ус­та­но­ви­те за деца и возрасни со нарушена ин­те­лек­туална способност беше откриено дека за­честеноста на пелтечење кај 18% од слу­чаи­те е од природно потекло, наспроти 10% од случаите кај кои пелтечењето е  на­сле­де­но (6).
Пелтечењето настанува почесто кај по­пу­ла­ци­јата на лица со интелектуална попре­че­ност, при сите степени на тежина и ком­плекс­ност, отколку кај која било друга група луѓе (6, 7).
Се смета дека луѓето со повисок степен на ин­телектуална попреченост, несомнено има­ат повеќе абнормална церебрална структура, вклу­чувајќи ги оние поврзани со јазичните и мо­торните процеси. Овој факт покажува дека јазичниот или моторниот недостаток, или и двата заедно, ги зголемуваат шансите за поединецот да пелтечи (9, 10). Особините на различни генетски синдроми го сметаат „пел­те­чењето“ за примарен симптом по­вр­зан со тој синдром (11). Down син­дромот прет­ставува најраспространета ано­ма­ли­ја на хро­мозомите (12) и најдобро познат син­дром на нарушување поврзан со мен­тал­на­та ре­тар­дација (13).
Според посебната класификација на ин­те­лек­туални пречки, пелтечењето е многу често поврзано со  Down синдром (6, 10). Истражувањата на некои научници твр­дат дека лицата со Down синдром кои пел­течат имаат поразлична моторна ор­га­ни­за­ци­ја од оние кои имаат Down синдром и флуентен говор (14).
Про­блемите со флуентноста на говорот кај де­цата со Down синдром се сè уште не­це­лос­но испитани.  Зголемениот вокабулар и уче­њето на синтаксичките правила може да пре­дизвикаат пелтечење кај децата со Down синдром, што во денешно време е от­пор­но на секој општоприфатен модел или ус­лу­га за подобрување на флуентноста (15). Ри­та­мот при говорот е неизедначен и отсечен, како да го испуштаат целиот воздух при пр­ви­от слог од првиот збор (16). Кај тие деца про­блемите во флуентноста на говорот се по­јавуваат дури и пред нивните родители да за­бележат. Проблемот е често забележан по­ме­ѓу 10 и 13-годишна возраст, и најчесто се по­јавува кај деца и возрасни со повисоко ни­во на говорни способности и добро јазично из­разување. Не постојат посебни податоци за врската помеѓу проблемите во флуент­нос­та на говорот кај децата со Down синдром и воздушното струење, невролошките, ко­гни­тивните, респираторните или моторните про­блеми. Проблемите со флуентноста на го­ворот кај децата со Down синдром се мно­гу често придружени со натрупување (17).

 

Stuttering is a speech fluency disorder of an unknown etiology, which represents serious disturbance of the individuals' communication and it interferes with their normal functioning (1).
Stuttering is one of the most well known speech disorders. It is easily recognizable due to its specific manifestation which is accompanied by a verbal behavior of the person who stutters (2). The complexity of the symptomatology of stuttering and the fact that the etiology of stuttering is not fully understood resulted in various definitions of stuttering among the researchers. Certain definitions take into account the verbal and nonverbal symptoms perceived only by those who evaluate the stuttering behavior, while other researchers emphasize that stuttering individuals are the only people who know how they feel "and the only time they know is when it happens" (3).
The verbal manifestations are mostly characterized by repetition of sounds or syllables, audible or silent prolongations and blockages. These three speech characteristics are usually defined as the primary speech characteristics of stuttering individuals (4). In addition to the verbal manifestation characteristic of stuttering, the person who stutters also exhibits nonverbal manifestation such as facial movements, inappropriate body or limb and other body parts movements (3, 5, 6).
The relationship between cognition and fluency is very complex. It is well known that the individuals with cognitive deficits, especially when deficits are relatively severe, have a high incidence of stuttering (7). This suggests that the deficit in the cognitive ability can results with fluency deficit. On the other hand, among developmentally delayed individuals the stuttering can occur as a result of slower acquisition of speech and language (8).
The persistent suspicion of brain abnormalities in stuttering persons, whether based in fact or not, became stronger after the confirmation that prevalence of stuttering was much higher in persons with present neuropathology (6). Among 1047 hospitalized patients with epilepsy, 4.5% of them were identified as stutterers. А research on stuttering prevalence in children and adults with cerebral palsy showed that prevalence of stuttering among this population was very high and it varied between 3, 9 and 24%. It was revealed that in institutions for children and adults with diminished intellectual abilities, the prevalence of stuttering was in 18% of the cases from an organic etiology compared to the 10 % of the cases where it was inherited (6).
Stuttering occurs more often within population of individuals with intellectual disabilities, in all degrees of severity and complexity, than in any other group of people (6, 7).
It is considered that persons with more severe degree of intellectual disabilities have undoubtedly more abnormal cerebral structures, including those associated with linguistic and motor processes. This fact indicates that linguistic or motor deficit, or both, increases the chances of a person to stutter (9, 10). The characteristics of various genetic syndromes have included "stuttering" as a primary symptom associated with that syndrome (11). The Down syndrome represents most common chromosomal anomaly (12) and the most well known syndrome of malformation associated with mental retardation (13).
According to a special classification of intellectual disabilities, stuttering is very often associated with the Down syndrome (6, 10). Researches of some authors suggest that stuttering individuals with Down syndrome have different motor organization than fluent speakers with Down syndrome (14).
The problems associated with speech fluency among children with Down syndrome are not yet fully investigated. The increasing vocabulary and the acquiring of the rules of syntax can cause stuttering in children with Down syndrome, which is at the present time resistant to any model or service that is universally agreed upon (15). The speech rhythm is uneven and jerky, as if they push all the air out on the first syllable of the first word (16). In those children fluency problems occur even before their parents notice it. The problem is usually noticed between the age of 10 and 13, and it usually occurs in children and adults with higher level of language abilities and good expressive language. There are no precise data of the relationship between fluency problems in children with Down syndrome and the airflow, neurological, cognitive, respiratory, or motor problems. The problems with fluency in children with Down syndrome are very often accompanied by cluttering (17).

 

Методологија
Примерок на испитаници

 

 

Methodology
Sample of subjects

Примерокот на испитаници се состоеше од маш­ки и женски деца на училишна возраст со Down синдром. Примерокот беше по­де­лен на два потпримерока во зависност од сте­пе­нот на интелектуалната попреченост: пот­при­мерок на деца со лесна интелектуална по­пре­ченост и потпримерок на деца со умерена ин­телектуална попреченост. Потоа, при­ме­ро­кот беше поделен на две групи врз основа на флуен­тноста на говорот: деца со Down син­дром кои пелтечат и деца со Down син­дром кои зборуваат течно. Примерокот беше исто така поделен на два потпримерока во за­вис­ност од возраста на испитаниците: пот­при­мерок од деца на училишна возраст од 1-во до 4-то одделение и потпримерок од деца на училишна возраст од 5-то до 8-мо одделение. Ис­пи­таниците исто така беа поделени на два пот­примерока и според нивната старост: по­мла­да група  (испитаници помеѓу 6 и 11-го­диш­на возраст) и постара група (испитаници по­­меѓу 12 и 17-годишна возраст).
При­мерокот беше добиен со помош на ло­го­пед­ско оценување на 37 деца на училишна воз­раст со Down синдром.

 

The sample of subjects was consisted of both female and male school-age children with Down syndrome. The sample was divided into two subsamples depending on the degree of intellectual disability: subsample of children with mild intellectual disability and subsample of children with moderate intellectual disability. In addition to this, the sample was divided into two groups according to the speech fluency: stuttering children with Down syndrome and children with Down syndrome with fluent speech. The sample of subjects was also divided into two subsamples depending on their age: subsample of school-age children from 1st to 4th grade and subsample of school-age children from 5th to 8th grade. The children were further divided into two subsamples according to their calendar age: younger age group (subjects aged between 6 and 11) and older age group (subjects aged between 12 and 17).
The sample of subjects was obtained after speech therapist's evaluation of 37 school-age children with Down syndrome.

 

Варијабли
Анамнестички променливи:

 

 

Variables
Anamnestic variables:

Возраст на деца (изразена во години)
Степен на интелектуална попреченост

  • лесна интелектуална попреченост (1);
  • умерена интелектуална попреченост (2).

Пол на детето (машки, женски)

Возрасна група

  • помлада група (испитаници од 6 до 11 го­дини);
  • постара група (испитаници од 12 до 17 го­дини).

Деца според училишната возраст
1. деца на училишна возраст во пониските одделенија (од 1-во до 4-то одделение);
2. деца на училишна возраст во повисоките одделенија (од 5-то до 8-мо одделение).

Флуентност на говорот
3.           деца кои пелтечат;
4.           деца со течен говор.

Варијабли според:

  • зачестеноста на пелтечењето (ЗП);
  • времетраењето на блокадите при пел­те­че­ње (ВБП);
  • вкупниот број  на физички придружници (ВФП);
  • вкупниот резултат на тежината на пел­те­че­њ­ето (ВРТП);
    • степенот на пелтечењето (1 - многу слаб сте­пен; 2 - слаб степен; 3 - умерен сте­пен; 4 - висок степен на пелтечење; 5 – мно­гу висок степен на пелтечење).

 

Age of children (expressed in years)
Degree of intellectual disabilities

  • Mild intellectual disabilities (1);
  • Moderate intellectual disabilities (2).

Sex of the child (female, male)

Age group

    • Younger age group (subjects aged between 6 and 11)
    • Older age group (subjects aged between 12 and 17)

School-age children
1. School-age children in lower grades (from 1st to 4th grade);
2. School-age children in higher grades (from 5th to 8th grade).

Speech fluency
3.           Stuttering children;
4.           Children with fluent speech.

Variables for measuring the severity of stuttering

  • Frequency of stuttering (FS);
  • Duration of stuttering blocks (DSB);
  • Total number of physical concomitants (TNPC);
  • Total result of stuttering severity (TRSS);
    • Degree of stuttering severity (1 - very mild degree of stuttering; 2 - mild degree of stuttering; 3 - moderate degree of stuttering; 4 - severe degree of stuttering; 5 - very severe degree of stuttering).

 

Методи

 

 

Methods

Ова истражување беше спроведено во след­ни­те институции: Институт за посебно об­ра­зо­ва­ние и рехабилитација на деца со ин­те­лек­туал­на попреченост „Меденица“; Центар за об­ра­зование, обука и вработување на деца со мен­тална ретардација, деца со аутизам и це­ре­брал­­­на парализа „Владимир Назор“ во Са­рае­во; Основно училиште за посебно образование „Зе­ни­ца“; Основно училиште „Ковачиќи“ во Са­рае­во; Здружение на обединетата граѓанска ин­ицијатива ДУГА од Сараево и асоцијацијата „Би­ди мој пријател“ во Илијаш. Сите ис­пи­та­ни­ци беа испитувани одделно.
При оценувањето беше користен ин­стру­мен­тот за мерење на тежината на пелтечењето за де­ца и возрасни (18).
Тестот беше поделен во четири делови:
1. Зачестеност на пелтечењето (поени од 0 до 18), 
2. Времетраење на блокадите кај пелтечењето (поени од 0 до 18),
3.  Физички гестови  (поени од 0 до 20),
4. Табели со збир на степените на тежината на пелтечењето; многу лесен степен; лесен степен; умерен степен; висок степен на пелтечење; многу висок степен на пелтечење.
Беа направени снимки од испитаниците кои пел­течат. Секое дете на училишна возраст до тре­то одделение беше прифатено како не­пис­ме­но, и поради тоа примерокот на говорење бе­ше снимен само при текот на спонтан говор. Спон­таниот говор  беше изнуден преку слики од прирачник. Секој примерок на говорење со­др­жеше најмалку 200 слогови. Вредностите за за­­честеноста на пелтечењето беа собрани на след­ниот начин: бројот на вкупните слогови при кои се пелтечи поделен со вкупниот број на слогови и потоа помножен со 100. Вре­ме­трае­ње­то на деловите во кои се јавува пел­те­че­ње­то беа мерени со штоперица, во секунди, а при оценувањето се користеа најдолгите де­ло­ви. Физичките гестови беа набљудувани за вре­ме на аудиоснимањето и веднаш беа за­бе­ле­жа­ни. На крај резултатите за сите три де­ло­ви беа собрани (зачестеност на пелтечењето, вре­ме­траење на деловите при кои се пелтечи и фи­зичките гестикулации) и притоа беше до­би­ен вкупен резултат на тежината на пелтечење. Про­центот на тежината на пелтечењето беше пре­творен во поени.

 

The study was conducted within the following institutions: Institute of Special Education and Rehabilitation of Children with Intellectual Disabilities "Mjedenica"; Centre of Education, Training and Employment of Mentally Retarded Children, Children with Autism and Cerebral Palsy "Vladimir Nazor" Sarajevo; Primary school for Special Education "Zenica"; Primary school "Kovačići" in Sarajevo; "Association of United Civic Actions – DUGA" in Sarajevo and the Association "Be my Friend" in Ilijaš. All of the subjects were individually examined.
The "Stuttering Severity Instrument for Children and Adults" was used for the assessment of the severity of stuttering (18).
This test was divided into four parts:
1. Frequency of stuttering (a score from 0 to18 points),
2. Duration of stuttering blocks (a score from 0 to 18 points),
3. Physical concomitants (a score from 0 to 20 points),
4. Tables summarizing the degrees of stuttering severity: very mild degree of stutteringmild degree of stuttering; moderate degree of stuttering; severe degree of stutteringvery severe degree of stuttering.
Tape recordings of subjects that stutter were made. Each school-age child until the 3rd grade was considered a nonreader. Therefore the speech sample was only recorded during their spontaneous speaking. The spontaneous speaking was elicited trough pictures from a manual. Each speech sample was consisted of at least 200 syllables. The values for the stuttering frequency were obtained in the following way: the number of stuttered syllables was divided by the total number of syllables and then multiplied with 100. The duration of stuttering blocks was measured by a stopwatch in seconds, after which the three longest blocks were used for evaluation. The physical concomitants were observed during the tape recordings and were noted on the spot. After, the results for all three parts were summarized (frequency of stuttering, duration of stuttering blocks and physical concomitants) from where a total result of stuttering severity was obtained. The percentage of severity later was converted into points.

 

 

 

Статистичка анализа на податоците

 

Statistical data analysis

 

 

 

Основните статистички параметри беа прес­ме­та­ни за секоја варијабла одделно: средна вред­ност, стандардна девијација, минимален и мак­си­мален резултат и опсег на резултатите. T-тестот беше користен за испитување на раз­ли­ки­те помеѓу потпримероците и при­ме­ро­ци­те со Down синдром според нивните ин­те­лек­туални пречки и училишна возраст. Анализа на корелација беше користена за оп­ре­де­лу­ва­ње­то на можната врска помеѓу променливите (Pearson-овиот коефициент на корелација). По­тоа беше применета регресивна анализа за оп­ре­делување на можна корелација помеѓу про­мен­лив­ите во латентниот простор.

 

Basic statistical parameters were calculated for each variable: mean value, standard deviation, minimum and maximum result, and range of results. The T-test was used for examination of the differences in the analyzed variables between the subsamples with Down syndrome in regards to their intellectual disabilities and school-age. Correlation analysis was used for determining the probable correlation between the variables (Pearson correlation coefficient). Regression analysis was used for determining the possible correlation between the variables in the latent space.

 

Резултати

 

 

Results

Оценување на зачестеноста и тежината на пел­течењето кај деца со Down-ов синдром наспроти нивната возраст, училишна воз­раст, пол и интелектуална попреченост 
Ис­тражувањето беше спроведено меѓу 37 де­ца на училишна возраст со Down синдром и беа откриени 5 деца или 13,15% кои пелтечат. Во табелата 1  се прикажани резултатите од ва­ри­јаб­лите поврзани со тежината на пел­те­че­њето за петте категории добиени преку Ин­струментот за мерење на тежината на пел­те­че­њето кај деца и возрасни (Riley, 1994) (де­лот по­врзан со нечитачи). Средната ста­рост на ис­пи­та­ниците кои пелтечат беше 14,40 години. Сред­ната вредност за вкупниот ре­зултат на варијаблата тежина на пел­те­че­ње­то (ВРТП) за потпримерокот на ис­пи­та­ни­ците кои пел­течат беше 26,00 со стан­дард­на де­ви­ја­ци­ја од 8,63 што претставува умерен сте­пен на пел­течење. Минималниот резултат за таа ва­ри­јаб­ла­та беше 17,00, а мак­си­мал­ни­от 40,00.

 

Assessment of the stuttering frequency and its severity in children with Down syndrome in relation to their age, school-age, sex and intellectual disabilities
The study was conducted among 37 school-age children with Down syndrome and revealed 5 children (13,15%) who stuttered. Table 1 displays the results for the variables related to stuttering severity for the 5 subjects obtained by the “Instrument for measuring the Stuttering Severity in Children and Adults” (Riley, 1994), the part related to nonreaders. The mean age of the stuttering subjects was 14,40 years. The mean value of the variables’ total result of stuttering severity (TRSS) for the subsample of stuttering examinees was 26,00, with a standard deviation of 8,63, which represents a moderate degree of stuttering. The minimum result for the variable was 17,00 and the maximum was 40,00.

 

Tабела 1. Основни статистички параметри на ва­ријаблите поврзани со тежината на пел­те­че­њето кај лицата со Down синдром кои пе­л­течат

 

 

Table 1. Basic statistical parameters of the variables related to stuttering severity in                 stuttering subjects with Down syndrome

С­ликата 1 ги отсликува променливите тежина на пелтечењето и возраста на испитаниците.

 

Figure 1 depicts single values of variables related to the stuttering severity and the subjects’ age.

 

Оценување на разликите помеѓу варијабла тежина на пелтечењето и врс­ка­та со возраста на испитаниците

 

 

Assessment of the differences between the variables stuttering severity in relation to their age

Со цел да се оценат варијаблите поврзани со тежината на пелтечењето, ис­пи­та­ни­ци­те беа поделени во две групи: помлада група сос­тавена од испитаници од 7 до 11-годишна воз­раст  и постара група која беше составена од испитаници од 12 до 17-годишна возраст (та­бе­ла 2). Т-тестот беше употребен за оце­ну­ва­ње на разликите помеѓу двете старосни гру­пи. Резултатите покажаа статистички зна­чај­на разлика помеѓу двете анализирани гру­пи според возраста и тежината на пел­те­че­ње­то како варијаблите (ВРТП) .

 

For the purpose of evaluation of the variables related to the severity of stuttering, the subjects were divided into two groups, younger group which was consisted of subjects aged between 7 and 11 and older group which was consisted of subjects aged between 12 and 17 (Table 2). The T-test was used for examination of the differences between those two age groups. The results showed statistically significant differences between the two groups for the variables age and stuttering severity (TRSS).

 

Табела 2. Разлики помеѓу помладата и постарата старосна група и променливата тежина на пелтечењето

 

 

Table 2. Differences between the younger and older age group for the variable stuttering severity

Оценување на разликите помеѓу жен­ски­те и машките испитаници според про­менливите поврзани со тежината на пелтечењето

 

Assessment of the differences between the female and male subjects in the variables related to the stuttering severity

Т-тестот беше користен за испитување на раз­ликите помеѓу машките и женските деца спо­ред промеливата тежина на пел­те­че­ње­то (табела 3). Резултатите покажаа ста­тис­тич­ки значајна разлика кај променливата те­жи­на на пелтечењето кај двете испитани гру­пи (ВРТП).

 

We used the T-test for examination of the differences between the male and female children for the variable stuttering severity (Table 3). The results exhibited statistically significant differences in the variable stuttering severity between the two examined groups (TRSS).

 

Табела 3. Разлики помеѓу машките и жен­ски­те испитаници и варијаблата тежина на пел­те­че­ње­то

 

 

Table 3. Differences between female and male subjects for the variable stuttering severity


 

Оценување на разликите помеѓу двете групи на училишна возраст кај ва­ри­јаб­ла­та тежина на пелтечењето

 

 

Assessment of the differences between the two school-age groups for the variables stuttering severity and school-age

Т-тестот беше користен за испитување на раз­ликите помеѓу децата на училишна возраст од пониските одделенија (од 1-во до 4-то од­де­ление) и децата на училишна возраст од по­ви­со­ките одделенија (од 5-то до 8-мо од­де­ле­ни­е) за варијаблата те­жи­на на пел­течењето (табела 4).
Резултатите открија статистички значајна раз­ли­ка помеѓу двете испитани групи за ва­ри­јаблите училишна возраст и тежина на пел­течењето (ВРТП).

 

The T-test was used for examination of the differences between the school-age children from the lower grades (grades from 1 to 4) and the school-age children from the higher grades (grades from 5 to 8) for the variable stuttering severity (Table 4).
The results revealed statistically significant differences between the two examined groups for the variables school-age and stuttering severity (TRSS).

 

Табела 4. Разлики помеѓу испитаниците од пониските и повисоките одделенија и варијаблата тежина на пелтечењето

 

 

Table 4. Differences between the subjects in the lower and higher grades for the variable stuttering severity

Оценување на разликите кај вари­јаб­ла тежина на пелтечењето помеѓу ис­пи­таници со слаба и умерена ин­те­лек­туална попреченост

 

Assessment of the differences for the variable stuttering severity between the subjects with mild and moderate intellec­tual disabilities

Т-тестот беше користен за испитување на раз­ликите помеѓу испитаниците со лесна и уме­рена интелектуална попреченост за ва­ри­јаб­лите возраст и тежина на пел­те­че­ње­то (табела 5). Резултатите открија дека не пос­тои статистички значајна разлика помеѓу две­те анализирани групи за променливите воз­раст и тежина на пелтечењето (РПТП).

 

The T-test was used for examination of the differences between the subjects with mild and moderate intellectual disabilities for the variables age and stuttering severity (Table 5). The results did not revealed statistically significant differences between the two analyzed groups for the variables age and stuttering severity (TRSS).

 

Табела 5. Оценување на разликите помеѓу ис­питаниците со лесна и умерена ин­те­лек­туал­на попреченост и варијаблата те­жи­на на пелтечењето

 

 

Table 5.Assessment of the differences between the subjects with mild and moderate intellectualdisabilities for the variable stuttering severity

 

Оценување на разликите кај варијаблите те­­жина на пелтечењето, старост, учи­лиш­на возраст и интелектуална по­пре­че­ност

 

 

Assessment of the correlation between the variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities

Taбелата 6 ја прикажува матрицата на ко­ре­ла­ци­ја помеѓу променливите тежина на пел­те­че­њето, старост, училишна возраст и ин­те­лек­туална попреченост кај децата со Down синдром. Статистичката значајност беше тес­ти­рана со вредност на p<0,05.
Резултатите од анализата покажуваат ста­тис­тич­ки значајна корелација помеѓу ва­ри­јаб­ли­те старост и училишна возраст. Вкуп­ни­от ре­зултат на варијаблата тежина на пел­­те­че­ње­то покажува дека истата има ста­тис­­тич­ки значајна корелација со варијаблата учи­лиш­на возраст (негативна ко­ре­ла­ци­ја).

 

Table 6 displays a correlation matrix between the variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities in children with Down syndrome. The statistical significance was tested with p<0,05.
The end result of the analysis indicates statistically significant correlation between the variables age and school-age. The variable’s total result of stuttering severity correlated statistically significant with the variable school-age (negative correlation).

 

Табела 6. Матрица на корелација за вари­јаб­ли­те тежина на пелтечењето, старост, учи­лиш­на возраст и интелектуална попреченост

 

 

Table 6. Correlation matrix forthe variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities

 

Дискусија

 

 

Discussion

Анализа на зачестеност на пелтечењето и не­го­­вата тежина кај децата со Down син­дром

 

Analysis of the stuttering frequency and its severity in children with Down syndrome

Досега не беше спроведено никакво ис­тра­жу­ва­ње за да се испита зачестеноста на пел­те­че­ње­то кај децата на училишна возраст со Down  синдром и интелектуални пречки од раз­ли­чен степен во Федерацијата на Босна и Хер­це­го­ви­на.
Проблемите со флуентноста на говорот кај де­ца­та со Down синдром не се сè уште це­лос­но испитани.
Висок процент на возрасни со синдромот не збо­­ру­ваат флуентно (45%), но не постои соз­на­ни­е за врска помеѓу нефлуентноста во дет­ство­­то и нејзиниот премин во возрасен период (19).   
Проблемот е најчесто забележуван помеѓу 10 и 13-годишна возраст и најчесто се појавува кај деца со повисок степен на говорни спо­соб­нос­ти и добри јазични изразувања. Не постојат точ­ни податоци за врската помеѓу проблемот на флуентност кај деца со Down синдром и стру­ењето на воздухот, невролошките, ког­ни­тив­ните, респираторните или моторните проб­ле­­ми.  Проблемите со флуентност кај децата со Down синдром се многу често при­дру­же­ни со натрупување (17).
Ова истражување беше спроведено врз 37 деца на училишна возраст со Down синдром и беа от­криени 5 деца или 13,51%, кои пелтечат, што е значително повисок процент во спо­ред­ба со типичната  популација. Резултатите на варијаблите поврзани со тежината на пел­те­че­ње за петте испитаници беа добиени со по­мош на  Инструментот за мерење на тежината на пелтечењето за деца и возрасни, делот по­вр­зан со нечитачи. Староста на испитаниците кои пелтечат варираше од 10 до 17 години, спо­ред што средната старост на испитаниците кои пелтечат беше 14,40 години.
Еден од авторите цитираше истражувања на Gottsleben, Schlanger и  Gottsleben и Lubman, каде што беше откриена висока појава на пел­те­че­ње на лица со Down синдром. Gottsleben (1955) врз основа на независно ис­пи­ту­вање на три говорни и јазични патолози, от­кри дека кај 33% од групата составена од 36 ис­питаници со  Down синдром имаше по­ја­ва на пелтечење. Schlanger и Gottsleben (1957) оп­ределија за­чес­теност на пелтечењето од 45% кај 44 ис­пи­таници со некаков синдром, а Lubman (1955) откри појава на пелтечење од 21% кај 48 деца со Down синдром (6). Ис­тра­жувањата на не­кои автори покажаа висок сте­пен на блокади во текот на говорот кај де­ца­та со Down син­дром, кои беа пропратени со блокади, замена на зборови и избегнување на говорење. Авторот заклучи дека таква не­флу­ентност може да се дефинира како на­тру­пу­ва­ње, а не пелтечење (6). Во едно ис­тра­жу­ва­ње спро­ведено во САД во 1993, родителите беа испрашувани во врска со говорните про­бле­ми на нивните деца. Резултатите од ана­ли­за­та от­кри­ја дека 56% од децата со Down син­дром на возраст помеѓу 11 и 16-годишна воз­раст пелтечат, а 52% од нив покажаа на­тру­пу­ва­ње (15).
Средната вредност на вкупниот резултат на варијабла тежина на пелтечењето (ВРТП) за потпримерокот беше 26,00 ис­пи­та­ни­ци, со стандардна девијација од 8,63 што прет­ставува умерен степен на пелтечење. Ми­ни­малниот резултат за таа варијабла беше 17,00, а максималниот 40,00. Средната вред­ност на за­чес­теноста на варијабла кај ис­пи­та­ниците кои пелтечат беше 11,60, ми­ни­мал­ниот резултат беше 8,00, а максималниот ре­зултат 16,00. Средната вредност на вкуп­ни­от број варијаб­ли на физички гестикулации бе­ше 6,40. Минималниот резултат беше 3,00 а мак­си­малниот 12,00. Резултатите исто така от­кри­ја дека сре­дната вредност за варијаблата вре­­ме­трае­ње на пелтечењето е 8,00. Ми­ни­мал­ниот ре­зултат за оваа променлива беше 6,00, а мак­си­малниот 12,00.  Истражувањето откри дека сите пет испитаници кои пелтечат по­кажаа и при­марно и секундарно пелтечење. При едно ис­тражување, дваесет и седум ја­зич­ни и го­вор­ни терапевти одговараа на пра­шал­ник и  при­ло­жија информација поврзана со иден­­ти­фи­ка­ци­јата на нефлуентноста кај деца со Down син­­дром од предучилишна и училишна воз­раст. Ин­тересен беше фактот дека по­меѓу нај­иден­ти­фикуваните нефлуентности се наоѓаа пов­тору­вање на звуци или слогови, блокади и из­ма­чу­ва­ње, од кои сите се идентификувани како пел­течење (20).
Во текот на набљудувањето на децата кои пе­лтечат со Down синдром, Eckardt откри сред­на до умерена нефлуентност што нај­чес­то вклучува повторување на почетните звуци, збо­рови и фрази, а поретко вклучува про­лон­ги­ра­ње и блокирање. Често визуелниот кон­такт беше слаб и постоеше однесување на од­бегнување (21).
Истражување на други автори коешто беше спро­ведено врз 47 испитаници со Down син­дром кои пелтечат, на возраст од 10 до 27 го­дини, ги анализираше различните типови на не­флуентност. Беше утврдено дека 85% од ис­пи­та­ниците покажаа повторување на зборови, 60% од случаите покажаа пролонгирање и 30% од случаите покажаа пропратни ка­рак­те­рис­тики (22).
Пелтечењето или нефлуентноста понекогаш се по­ја­вува не само во говорот на децата, туку и на возрасните со Down синдром, како пос­ле­ди­ца на потешкотиите при владеење на го­во­рот и гестикулацијата (23, 24). Не­флуент­нос­та може да придонесе за поголема не­јас­ност на го­ворот и уште повеќе го отежнува збо­ру­ва­ње­то на децата со Down синдром (25). Не­раз­бир­ливоста и нефлуентноста на де­ца­та со Down синдром најчесто одат рака за ра­ка (26).
Други истражувања за нарушувањата на флуент­носта на говорот покажаа дека кај де­ца­та со  Down синдром кои пелтечат, по­теш­ко е да се излечи пелтечењето, отколку тие да се научат да опстојуваат со истото (23).

 

No research has been so far conducted to measure the stuttering frequency in school-age children with Down syndrome and various degrees of intellectual disabilities within the Federation of Bosnia and Herzegovina.
The problems with speech fluency in children with Down syndrome are not yet fully investigated.
A high percentage of adults with Down syndrome are halting (45%), however there is no knowledge of the links between the childhood stuttering and its transition into adulthood (19).
The problem is usually noticed between the age of 10 and 13 and usually occurs in children and adults with higher level of language abilities and good expressive language. There is no precise data on the relationship between the problem of fluency in children with Down syndrome and the airflow, neurological, cognitive, respiratory, or the motor problems. The problems with the fluency in children with Down syndrome are very often accompanied with cluttering (17).
The study was conducted among 37 school-age children with Down syndrome and revealed 5 children (13,51%) to stutter, which is significantly higher percentage compared to the typical population. The results of variables related to the degree of stuttering severity for the 5 subjects was obtained with the “Instrument for measuring the Stuttering Severity among Children and Adults”, the part related to nonreaders. The age of the examinees that stuttered ranged from 10 to 17 years and the mean age of stuttering subjects was 14, 40 years.
One of the authors quoted researches by Gottsleben, Schlanger and Gottsleben and Lubman which determined a very high prevalence of stuttering in persons with Down syndrome. Gottsleben (1955) based on an independent evaluation of three speech and language pathologists, determined prevalence of stuttering in 33% of 36 examinees with Down syndrome. Schlanger and Gottsleben (1957) determined prevalence of stuttering in 45% of 44 subjects with same syndrome and Lubman (1955) determined prevalence of stuttering in 21% of 48 children with Down syndrome (6). Researches by some authors revealed high number of blocks during the speech in children with Down syndrome, which were not accompanied by blocks expectation, word substitution and avoidance of speech. The author reported that such hesitancy could be defined as cluttering rather than stuttering (6). In one study conducted within the USA in 1993, the parents were questioned regarding their children's speech problems. The analysis revealed that 56% of the children with Down syndrome between 11 and 16 years old stuttered, and 52% of them revealed cluttering (15).
The mean value of the total result of stuttering severity (TRSS) for the subsample of stuttering subjects was 26,00 with a standard deviation of 8,63. This represents a moderate degree of stuttering. The minimal result for that variable was 17,00 and the maximum was 40,00. The mean value of the frequency of stuttering among the stuttering subjects was 11,60, the minimum result was 8,00 and the maximum result was 16,00. The mean value of the variable physical concomitants was 6,40. The minimum result was 3,00 and the maximum was 12,00. The mean value for the variable duration of stuttering blocks was 8,00. The minimum result for this variable was 6,00 and the maximum was 12,00. The study revealed that all 5 stuttering children showed both primary and secondary stuttering. In one study, twenty-seven speech and language therapists responded to a questionnaire and provided information regarding the identification of hesitancy among the children with Down syndrome from preschool and school-age. It was noticeable that the most identified hesitancies were repetitions of sounds or syllables, blocks and struggle behaviors- all of which would be clearly identified as stuttering (20).
During the observation of stuttering children with Down syndrome, Eckardt determined from mild to moderate hesitancy which merely involved repetition of initial sounds, words, and phrases and less prolongation and blocking. Often, the eye contact was poor and specific avoidance behaviors was present (21).
The research by other authors conducted among 47 stuttering subjects with Down syndrome, aged between 10 and 27 years, analyzed different types of hesitancy. It was determined that the subjects in 85% of the cases manifested repetitions of words, in 60% of the cases the subjects manifested prolongations and in 30% of the cases the subjects exhibited accessory features (22).
Stuttering or hesitancy sometimes occurs during speaking not only in children, but also in adults with Down syndrome, as a consequence of a difficulty in mastering the speech and the articulation movements (23, 24). Hesitancy can add to the lack of intelligibility of speakers and adds another level of difficulty in the process of speaking for the children with Down syndrome (25). The unintelligibility and hesitancy of children with Down syndrome often go hand-in-hand (26).
Other researches of fluency disorders revealed that for the stuttering children with Down syndrome it was much more difficult to cure the stuttering than to teach them how to cope with it (23).

 

Заклучок

 

 

Conclusion

Фреквенцијата (зачестеноста) на пел­те­че­ње­то во анализираниот примерок на деца со Down синдром беше 13,51%, што прет­ста­вува значително повисок процент спо­ре­де­но со типичната популација на деца. Сред­ната вредност на вкупниот резултат на те­жината на пелтечењето (ВРТП) беше 26,00 кај 5 испитаници кои пелтечат, што прет­ставува умерен степен на пелтечење. 
Беше откриена статистички значителна раз­ли­ка помеѓу испитаниците од помладата ста­рос­на група (испитаници помеѓу 6 и 11 го­ди­ни) и постарата старосна група (испитаници по­меѓу 12 и 17 години) за варијаблите воз­раст на пелтечењето и тежина на пел­те­че­ње­то.
Врз основа на добиените резултати, може да се заклучи дека висок процент на деца со Down синдром пелтечат.  Многу е важно да се набљудува течноста на говорот кај де­ца­та со Down синдром и внимателно да се анализира појавата на каква било не­флуент­ност, со цел да се спречи појавата на пел­течење со соод­ветен став кон не­флуент­нос­та на говорот.  Земајќи го предвид ма­ли­от број слични ис­тра­жувања во Босна и Хер­це­го­вина, резултатите од ова истражување зна­чително при­до­несуваат за развивање на ло­гопедијата, при­ка­жувајќи ги и по­тен­ци­рај­ќи на главните проб­леми при појавата на пел­течење кај де­цата со Down синдром.
Ре­зултатите од ова истражување дадоа ем­пи­рис­ка основа за идни истражувања кои би ја сле­деле зачестеноста, времето на појавување и видовите на карактеристиките на не­флуент­носта кај децата со Down синдром. Од особен интерес би било да се испита ко­ре­ла­цијата меѓу нефлуентностите кои на­ли­ку­ва­ат на пелтечење и степенот на говорни и ја­зични способности, како и зачестеноста на овие нефлуентности во споредба со ком­плекс­носта на јазичното изразување. 
Ис­тражувањата од овој тип постанаа им­пе­ра­ти­ви, доколку се земе предвид фактот дека ло­го­педската терапија кај децата со Down син­дром може да биде соодветно ис­пла­ни­ра­на само доколку, покрај другите ко­му­ни­ка­цис­ки способности, темелно се испитуваат и си­те аспекти на флуентност и нефлуентност.

 

 

The frequency (incidence) of stuttering in the analyzed sample of children with Down syndrome was 13,51%, which represents significantly higher percentage compared to the typical population of children. The mean value of the total result of stuttering severity (TRSS) was 26,00 for 5 stuttering subjects, which reflects a moderate degree of stuttering.
It was found statistically significant differences between the subjects from the younger age group (subjects aged between 6 and 11) and the older age group (subjects aged between 12 and 17) for the variables age and stuttering severity.
Based on the obtained results, it can be concluded that high percentage of children with Down syndrome stutter. It is extremely important to monitor the speech fluency of children with Down syndrome and to carefully analyze the occurrence of any hesitancy, in order to prevent the occurrence of stuttering with adequate attitude towards the speech hesitancy.
Considering the small number of similar studies in Bosnia and Herzegovina, the results from the study contribute significantly to the field of speech therapy, actualizing and emphasizing the important issues of the incidence of stuttering among children with Down syndrome.
The results of this study provided the empirical basis for future studies which would monitor the incidence, the time of occurrence and the type of hesitancy characteristics of stuttering in children with Down syndrome. It would be of special interest to examine the correlation between the stuttering-like hesitancy, the degree of speech and language abilities and the incidence of this hesitancy compared to the complexity of linguistic expression.
Studies of this kind has become an imperative, considering that speech therapy of children with Down syndrome can be appropriately planned, aside from other communication abilities, only if we thoroughly examine all aspects of fluency and hesitancy.

Citation:Salihović N, Hasanbašić S, Begić L. Incidence of Stuttering in School-Age Children with Down Syndrome. J Spec Educ Rehab 2012; 13(1-2):31-45. doi: 10.2478/v10215-011-0017-3

   

Article Level Metrics

 
   

Референци/ References

 

 

  1. Salihović N. Poremećaji tečnosti govora. Tuzla, Univerzitet u Tuzli, 2005.
  2. Salihović N. Pojavljivanje mucanja u djece i adolescenata. Magistarski rad. Medicinski fakultet Univerziteta u Tuzli, 1998.
  3. Perkins WH. Stuttering Prevented. San Diego: Singular Publishing Group, Inc.1992.
  4. Wingate ME. A Standard Definition of Stuttering. Journal of Speech and Hearing Disorders 1964; 29: 484-489.
  5. Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders DSM-IV-TR. Washington DC: American Psychiatric Association, Fourth Edition, 1994.
  6. Bloodstein O. A handbook on stuttering. San Diego: Singular Publishing Group,Inc.,1995.
  7. Van Riper C. The nature of stuttering. Englewood Cliffs: Prentice Hall, 1971.
  8. Starkweather CW. Fluency and stuttering. Englewood Cliffs (NJ): Prentice- Hall, 1987.
  9. Peters TJ, Guitar B. Stuttering: An integrated Approach to Its Nature and Treatment. Baltimore: William & Wilkins, 1991.
  10. Healey EC, Reid R, Donaher J. Treating Children Who Stutter With Co-Existing Learning, Behavioral, or Cognitive Challenges. Lees R, Stark C, eds. In: Treatment of the school-aged child who stutters. London: Whurr Publishers, Ltd, 2005: 79-94.
  11. Van Borsel J, Tetnowski JA. Fluency disorders in genetic syndromes. Journal of Fluency Disorders 2007; 32:279-96.
  12. Trajkovski V, Ljubić A. Refraktivne greške kod djece i mlađih odraslih osoba sa Down sindromom. Paper presented at the 1st European Congress on Down syndrome in BiH, 2-5 April, Sarajevo, BiH. Association "Life with Down syndrome" BiH ORG. 2009.
  13. Hasanhodžić M, Tahirović H. Down sindrom i tiroidna funkcija. Paper presented at the 1st European Congress on Down syndrome in BiH, 2-5 April, Sarajevo, BiH. Association "Life with Down syndrome" BiH ORG. 2009.
  14. Devenny DA, Silverman W, Balgley H, Wall MJ, Sidtis JJ. Specific Motor Abilities Associated with Speech Fluency in Down's Syndrome. J Ment Defic Res. 1990; 34: 437-43.

 

  1. Buckley SJ, Bird G. Speech and language development for children with Down syndrome (5-11 years). Down Syndrome Issues and Information. A Downsed publication, Down Syndrome Education International, 2001.
  2. Čulić V, Čulić S. Sindrom Down. Split: Naklada Bošković, Udruga za sindrom Down, 2009.
  3. Kumin L. Comunication skills in children with Down syndrome: A Guide for Parents. Rockville: Woodbine House, 1994.
  4. Riley GD. Stuttering severity instrument for children and adults, Third Edition. Examiner's manual and picture plates. Pro-ed Inc., 1994.
  5. Bray M. Language and Dysfluency in Two Young Children with Down Syndrome. 5th World congress on fluency disorders, 25 – 28th July, Dublin, Ireland. IFA ORG. 2006; www. theifa.org/IFA2006/ Announcement/ Abstracts/ R13.html. Accessed December 11, 2011.
  6. Bray M. The Nature of Dysfluency in Down's Syndrome. The Riverbend Down Syndrome Association web site. http://www.riverbendds. org/ bray.html. Revised: October 25, 2004, Accessed December 11, 2011.
  7. Eckard J. Treating Children with Down syndorme Who Stutter. Minnesota State University web site. www.mnsu.edu/comdis/isad11 /papers/eckardt 11.html. Accessed December 10, 2011.
  8. Eggers K, De Bal C. Speech Dysfluencies in People with Down's Syndrome. 5th World congress on fluency disorders, 25 – 28th July, Dublin, Ireland. IFA ORG. 2006; www.theifa.org/IFA2006/Announcement/Abstracts/ R13.html. Accessed July 15, 2011.
  9. Howell P. Speech control in children with Down syndrome. Down Syndrome Research and Practice 2010; 12(2):98-102.
  10. Salihović N, Junuzović-Žunić L, Ibrahimagić A. Poremećaji glasa, govora i jezika. Tuzla: Harfo-graf, 2006.
  11. Bray M. Speech production in people with Down syndrome. Down syndrome Education Online Web site. www.downsyndrome.org/reviews/. Published online: 2 July 2008, Accessed December 12, 2011.
  12. Bray M. Down sindrome and Stuttering. Stuttering Foundation of America Web site. www. stutteringhelp. org/default, Accessed December 12, 2011.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in