ПРВА МАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА PRADER-WILLI-СИНДРОМ

 

Ана ПЕТКОВСКА

Студент на постдипломски студии
Институт за дефектологија
Филозофски факултет

Примено:07.12.2011
Прифатено: 24.12.2011
UDK: 616-056.7(062)(049.3)

 

FIRST MACEDONIAN CONFERENCE REGARDING THE PRADER-WILLI SYNDROME

 

Ana PETKOVSKA

Master’s degree student
Institute of Special Education and Rehabilitation
Faculty of Philosophy

Received: 07.12.2011
Accepted: 24.12.2011

На 24 ноември 2011 година во просториите на хотелот Континентал се одржа Првата ма­ке­до­нска конференција за Prader-Willi-син­дром со наслов „Вовед во синдромот и раз­вој на мрежа“. Конференцијата беше во ор­га­ни­зација на Здружението на педијатрите на Македонија во коорганизација и со­ра­бот­ка со добротворната фондација „Wittekind­shof“  и Интернационалната ор­га­ни­за­ција за Prader-Willi-синдромот.
На Конференцијата присуствуваа предавачи од Германија, Италија и Македонија.
За време на официјалното отворање на Кон­фе­ренцијата свои воведни обраќања имаа Алек­сандар Сајковски од Здружението на пе­ди­јатрите на Македонија, Елена Шу­ка­ро­ва-Ангеловска и Norbert Hodebeck-Stunte­beck од Германија - член од здрав­ств­е­ни­от систем. Во рамките на своите об­ра­ќа­ња, говорниците им се заблагодарија на при­су­т­ните за големата посетеност и го ис­так­наа значењето на мултидисциплинарниот прис­тап кон овој проблем, формирањето на мапа на личностите со Prader-Willi-син­дро­мот и градење на мрежа.
По воведните обраќања следуваа предавања со различни и актуелни теми кои ја тре­ти­раат проблематиката на Prader-Willi син­дро­мот.
Низ своето предавање „Вовед во синдромот на Prader-Willi“ Hubert Soyer од Германија ги запозна присутните со поставување ди­ја­гно­за Prader-Willi и со бихејвиоралните карактеристики кои ги имаат овие лица. Елена Шукарова-Ангеловска од Македонија нас­тапи со своето излагање „Генетика на син­дромот на Prader-Willi“, бидејќи ге­не­ти­ка­та е во основата на овој синдром. Де­ле­ци­ја­та на татковиот 15-ти хромозом, која е нај­чес­та причина за настанување на овој син­дром, се докажува со обично карио­ти­пи­зи­ра­ње и FISH-метода.
Свои предавања имаа и Мирјана Кочова и Снеж­ана Палчевска од Македонија на тема „Ен­докринолошки аспекти на PWS преку кои ги истакнаа метаболните и ен­до­кри­но­лош­ките аспекти на овој синдром. Нај­го­ле­ми­от број на метаболни нарушувања се пос­ле­дица на дисфункцијата во хипоталамусот, што е и во основата на оваа болест, на­ру­шу­ва­ње на чувството за ситост. Ова доведува до компулсивно јадење. За тоа каква ме­ди­цин­ска помош им е потребна на овие лица, беа дадени  следниве препораки: менаџмент на лошата исхрана, евалуација на хи­по­го­на­ди­змот, менаџмент на дебелината, мо­ни­то­ринг на сколиозата и третман со хормонот за раст.
Constanze Lammer од Германија низ своето пре­давање „Нутрициона поддршка на де­ца­та со PWS“ ни презентираше практични при­ме­ри од работата со деца кои го имаат овој син­дром. Работеле на развивање на концепт за менаџирање на исхраната. Нагласи дека про­цесот не бил скап, но периодот на ме­ну­ва­ње на животниот стил на тоа семејство е долг.
Norbert Hodebeck-Stuntebeck од Германија ја пре­зентираше својата тема „Бихејвиорална те­ра­пија на деца со PW“. На почетокот од пре­зентацијата нагласи дека во од­не­су­ва­ње­то на едно дете со Prader-Willi-синдром, вед­наш треба да се определи дали одредено би­хеј­виорално однесување е со мал или висок ри­зик и според тоа да се најде начин како да се реагира. За менаџирање на нивното од­не­су­ва­ње потребно е да се направи распоред за кој­што треба сите да се придржуваат.
Giorgio Fornasier од Италија со својата пре­зен­тација „Преглед на активностите на Ин­­тер­националната организација за Pra­der-Willi-Syndrome нè информираше дека Ор­га­ни­за­цијата нуди дијагноза, рана ин­тер­вен­ци­ја, третман, едукација, информации, правни со­ве­ти, а воедно и организира ин­тер­на­цио­нал­ни и регионални конференции. Овоз­мо­жу­ва бесплатна дијагноза во земји каде што тес­тирањето не е достапно. Од 2003 година, над 300 дијагнози се воспоставени во 32 зем­ји. Имаат 96 земји членки на оваа ор­га­ни­за­ци­ја, меѓу кои е и Македонија.
Пос­ледното предавање „Дали подолго е и по­добро?“ од Александар Сајковски – Ма­ке­до­ни­ја, се однесуваше на антибиотскиот при­од на емпириската терапија. Се пре­зен­ти­раа разликите кои постојат помеѓу ви­рус­ни­те и бактериските инфекции и зошто ан­ти­би­отиците не делуваат на вирусните ин­фек­ции.
Освен пленарните предавања беа ор­га­ни­зи­ра­ни и три работилници, од кои присутните мо­жеа да одберат две на кои учествуваа.

 

The First Macedonian conference regarding the Prader-Willi Syndrome with the title “Introduction into the syndrome and the network development” was held on the 24th of November 2011, in the premises of hotel Continental. The conference was organized by the Association of pediatricians in Macedonia in co-organization and cooperation with the charity foundation „Wittekindshof„ and the International Prader-Willi Syndrome Organi­zation. 
Numerous lecturers from Germany, Italy and Macedonia took active participation at this symposium. The introduction speeches of the official opening were made by Aleksandar Sajkovski, a member of the Association of pediatricians in Macedonia, Elena Shukarova-Angelovska and Norbert Hodebeck-Stuntebeck from Germany - a member of the German healthcare system. In the frame of their speeche, the experts thanked the guests for their numerous presences and emphasized the meaning of the multi-disciplinary approach towards this problem, the creation of a map of the persons with Prader-Willi Syndrome and building a network.
After the introduction speeches, followed lectures with various contemporary themes, dealing with the Prader-Willi Syndrome.
Hubert Soyer from Germany spoke about the “Introduction in the Prader-Wili syndrome”, giving a chance to the participants to inform themselves with the process of diagnosing the Prader-Willi   Syndrome   and   the   behavioral characteristics that the people suffering from this syndrome manifest. Elena Shukarova-Angelovska from Macedonia elaborated on the topic “The Genetics of the Prader-Willi Syndrome”, especially because the genetics are the basis for the occurrence of this syndrome. The deletion of the father’s 15th chromosome, which is the most common reason for the occurrence of this syndrome, can be proven by a common karyo-typization and a FISH method.
Mirjana Kochova and Snezhana Palchevska from Macedonia held lectures regarding the “Endocrinological aspects of the PWS” through which they have emphasized the metabolic and the endocrinological aspects of the syndrome. The greatest number of metabolic disorders appears due to a dysfunction of the hypothalamus, which is also in the grounds of this condition and the distortion of the feeling for satiety. This leads to compulsive overeating. Regarding the kind of medical help that these persons would need, the experts have enumerated the following recommendations: management of bad nutrition, evaluation of hypogonadism, management of obesity, monitoring of scoliosis and treatment with the growth-hormone.
Constanze Lammer from Germany spoke about the “Nutritional support of children with PWS” and presented some practical examples from the work with children that have this syndrome. The experts in Germany worked on the development of a concept for management of nutrition. She emphasized that the process was not expensive, but the period of changes of the family’s lifestyle was long.
Norbert Hodebeck-Stuntebeck from Germany spoke in regards to the “Behavioral therapy of children with PWS”. At the beginning of the presentation, he emphasized that in regards to the attitude of a child with Prader-Willi Syndrome, there should be immediate determination whether a certain behavioral attitude is with a small or high risk and based on the outcome, proper solution should be applied. For the management of the children’s attitude, it is necessary to prepare a schedule and all of them should apply the same plan.
Giorgio Fornasier from Italy presented the “Review of the activities at the International Prader-Willi Syndrome Organization”. The organization offers diagnose and early intervention, treatment, education, information, legal advices and in the same time organizes international and regional conferences. It also enables free diagnose in the countries where the testing is not available. From 2003, over 300 diagnoses were posed in 32 countries. The organization has 96 member-countries and Macedonia is one of them.  
The last lecture was regarding the Antibiotic approach to an empirical therapy “Is longer also better?” by Aleksandar Sajkovski from Macedonia. It was a presentation concerning the differences that are present between the viral and bacterial infections and the reason the antibiotics do not affect the viral infections. 
Along the plenary lectures three workshops were organized, from which the participants could choose where to engage. 

Адреса за коресподенција:
Ана ПЕТКОВСКА
ул. „Моша Пијаде“ бр. 99, 1300 Куманово
Р. Македонија
ana.petkovska@defektologija.org

 

Corresponding Address:
Ana PETKOVSKA
str. Mosha Pijade no.99, 1300 Kumanovo
Repubilc of Macedonia
ana.petkovska@defektologija.org

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in