JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 22600
СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА
СО ДЕЦА СО УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
ПРЕКУ ЕМОТИВНО-ЕКСПРЕСИВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ICDP ПРОГРАМАТА
|
|
SENZITIVE COMUNICATION WITH CHILDREN WITH MODERATE INTELLECTUAL DISABILITY TROUGH THE EMOTIONAL-EXPRESIVE PRINCIPLES OF THE ICDP PROGRAME |
Нергис РАМО АКЃУН,
Ристо ПЕТРОВ1
|
|
Nergis RAMO AKGJUN,
Risto PETROV1 |
Филозофски факултет,
Институт за дефектологија, Скопје1 |
|
Faculty of Philosophy,
Education and Rehabilitation, Skopje1 |
|
||
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Чувствителниот дефектолог уште од самиот почеток ги толкува детските активности како тие да искажуваат волја, цел, чувства, желби и преку овие толкувачки реакции на дефектологот, детето се вовлекува во дијалог со него. На тој начин детето постепено навлегува во светот на заеднички човечки вредности, намери, желби и чувства (1).
Најважна психо-социјална потреба на детето е да има долгорочен, стабилен и топол однос со дефектологот, без кој децата не можат да се развиваат соодветно. Од исклучителна важност е сензитивноста на дефектолозите како и нивната способност да обезбедат добра грижа и да ослободат чувства на емпатија кон децата со умерена интелектуална попреченост (2).
Емотивно-експресивните показатели на ICDP програмата се однесуваат на раниот емотивен дијалог на експресивни гестови помеѓу детето и негувателот, каде што негувателот ги следи и одговара на експресивните иницијативи и говорот на телото на детето, потврдувајќи ги сигналите, коментирајќи позитивно на она што детето го прави. На овој начин може да се развие вистински дијалог на експресивна емотивна блискост, а помеѓу детето и негувателот ќе се воспостави чувство на самодоверба, радост и другарство (3).
Овој ран емотивно експресивен дијалог се чини дека е од клучно значење за формирањето на топли врски исполнети со љубов со што детето станува поискрено и кон другите луѓе (4).
Четирите показатели за емотивно-експресивна комуникација се следниве (5):
· Покажување на позитивни чувства исполнети со љубов;
· Воочување и одговарање на детската иницијатива;
· Започнување на дијалог на реципроцитет (вербален и невербален);
· Да се пофали детето за она што го прави добро. |
|
Right from the beginning trough a process of interpretation, the emotionally sensitive special educator can understand the children's activities such as expressing determination, goals, emotions, desires and in that way the child can communicate a dialogue with him. Trough this dialog, the child enters a world of common human values, intentions, desires and feelings (1).
The most important psycho-social need of the child is to have a long-term, stable and close relationship with the special educator, without which he/she can’t develop appropriately. The emotional sensitivity of the special educators is exceptionally important, as well as their ability to provide good care and to express emotions of empathy towards the children with moderate intellectual disability (2).
The emotionally-expressive indicators of the ICDP program are related to early emotional dialogue of expressive gestures between the child and the caregiver. Where, the caregiver is following and responding to expressive initiations and the child’s body language, confirming the signals and admiring the child’s actions. In this way, a genuine dialogue of expressive emotional closeness can be developed and a feeling of self confidence, joy and friendship can be established between the child and the caregiver (3).
This early emotional expressive dialogue has basic meaning for establishing close relations filled with love, in that way making the child more open to other people (4).
The four indicators of emotionally-expressive communication are (5):
· Expressing positive emotions filled with love;
· Recognizing and responding to children’s initiative;
· Establishing a dialogue of reciprocity (verbal and non-verbal);
· Admiring the child’s good deeds. |
|
|
|
Методологија на истражување |
|
Research Methodology |
|
|
|
Ова истражување го реализиравме со цел да дознаеме колку дефектолозите кои работат со деца со умерена интелектуална попреченост во нашите установи манифестираат сензитивност во текот на комуникацијата со овие деца (6).
Предмет на нашето истражување беше да добиеме сознанија за потребата од примена на сензитивна комуникација според ICDP програмата помеѓу дефектологот и децата со умерена интелектуална попреченост, како за дефектолозите така и за учениците и нивните родители.
Наша цел беше да ја согледаме потребата од примена на посензитивна комуникација според принципите на ICDP програмата преку самопроцена на интеракцијата на дефектолозите и преку процена од страна на учениците и нивните родители.
Задачи на истражувањето: остварувањето на поставените цели го реализиравме преку следните задачи:
· Утврдување на нивото на примена на сензитивна комуникација помеѓу дефектолозите и децата со умерена интелектуална попреченост, според дефектолозите;
· Утврдување на степенот на сензитивна комуникациja, според децата;
· Утврдување на нивото на примена на сензитивна комуникација помеѓу дефектолозите и децата, според родителите;
· Утврдување на разликите во сензитивноста на комуникацијата и интеракцијата според дефектолозите, родителите и учениците со умерена интелектуална попреченост;
Популација и примерок: Истражувањето беше спроведено на пригоден примерок составен од три групи:
· Првата група ја сочинуваат 20 дефектолози од посебна установа кои работат со деца со умерена интелектуална попреченост;
· Втората група ја сочинуваат 20 ученици со умерена интелектуална попреченост;
· Третата група ја сочинуваат 20 родители (старатели) на учениците со умерена интелектуална попреченост.
Истражувањето се изврши во „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Топанско Поле во Скопје, а се одвиваше во месеците јануари, февруари и март 2009 год. |
|
We executed this research with a goal to discover the level of sensitivity expressed by the special educators in our institutions, during their communication with children diagnosed with moderate intellectual disability (6).
The subject of our research was to conduct information regarding the necessity for implementing sensitive communication between the special educator and the children with moderate intellectual disability based on the ICDP program, including the special educators, their pupils and parents.
Our goal was to understand the need of implementing more sensitive communication based on the principles of the ICDP program, through self-evaluation of the special educators’ interaction and trough evaluation done by the pupils and their parents.
Research Assignments: The fulfillment of the goal was achieved through the following assignments:
· To determine the level of use of sensitive communication between the special educators and the children with moderate intellectual disability defined by the special educators;
· To determine the level of sensitive communication defined by the children;
· To determine the level of sensitive communication between the special educators and the children defined by their parents;
· To determine the differences in the communication sensitivity and interaction defined by the special educators, the parents and the children with moderate intellectual disability;
Population and sample: This research was conducted with representative sample consisted of three groups:
· The first group was consisted of 20 special educators working with children with moderate intellectual disability in special institution;
· The second group was consisted of 20 pupils with moderate intellectual disability;
· The third group was consisted of 20 parents (guardians) of the children with moderate intellectual disability.
The research was conducted in the “Institute for Rehabilitation of Children and Youth” –Topansko Pole in |
|
|
|
Резултати од истражувањето |
|
Research results |
|
|
|
Анкетниот прашалник беше составен од 11 прашања, во 5 од нив беа опфатени емотивно-експресивните принципи за сензитивна комуникација на ICDP програмата. |
|
The questionnaire had 11 questions, 5 of them included the emotionally-expressive principles for sensitive communication of the ICDP program. |
|
|
|
Табела 1. До која мера им се покажуваат позитивни чувства на учениците со умерена интелектуална попреченост |
|
Table 1. To which level the Special Educators are showing positive emotions to pupils with moderate intellectual disability. |
|
Дефектолози кои работат со деца со умерена интелектуална попреченост / Special Educators working with children with moderate intellectual disability |
Родители кои имаат дете со умерена интелектуална попреченост / Parents having a child with moderate intellectual disability |
Ученици со умерена интелектуална попреченост / Pupils with moderate intellectual disability |
Вкупно / Total |
р |
во многу мала мера /
very low level |
0
0% |
3
15% |
2
10% |
5
8% |
0,002 |
во мала мера /
low level |
0
0% |
0
0% |
1
5% |
1
2% |
|
просечно /
average |
5
25% |
12
60% |
10
50% |
27
45% |
|
во голема мера / high level |
6
30% |
4
20% |
7
35% |
17
28% |
|
во многу голема мера / extremely high level |
9
45% |
1
5% |
0
0% |
10
17% |
|
Вкупно / Total |
20
100% |
20
100% |
20
100% |
60
100% |
Слика 1. До која мера им се покажуваат позитивни чувства на учениците со умерена интелектуална попреченост |
|
Figure 1. To which level the Special educators are showing positive emotions to pupils with moderate intellectual disability. |
Од податоците во првата табела како и од графичкиот приказ на истата може да се забележи силна статистички значајна разлика во одговорите. Додека најголем процент од дефектолозите имаат позитивна слика за нивното покажување позитивни чувства кон учениците, родителите се просечно задоволни од нив. Учениците со умерена интелектуална попреченост се во најголем број „просечно“ задоволни, иако радува фактот што 35% сметаат дека „во голема мера“ им се покажува љубов, додека загрижува податокот од 15% негативен избор, избор на ученици кои сметаат дека нивната „наставничка“ не ги сака. |
|
From the data in Table 1 and the graphical preview, we can notice strong statistically significant difference in the answers. While high percentage of special educators has positive opinion regarding expressing encouraging emotions to pupils, the parents are on average satisfied by them. The pupils with moderate intellectual disability are mostly “average” satisfied. Despite that, encouraging is the fact that 35% of them consider that the special educators express love towards them in “high level”, but discouraging is the fact that 15% of the pupils think that their “teacher” doesn’t love them. |
Слика 2. До која мера се придава внимание на детските желби и намери. |
|
Figure 2. To which level the special educators are giving importance to children wishes and intentions. |
Според податоците од одговорите на второто прашање можеме да забележиме силна статистички значајна разлика во одговорите. Дефектолозите повторно во најголем процент избираат позитивен одговор, додека учениците со умерена интелектуална попреченост и нивните родители се „просечно“ задоволни. |
|
Based on the data collected from the answers from the second question, we can notice strong statistically significant difference in the answers. Once again, the special educators in highest percentage have chosen the positive answer, while the pupils with moderate disability and their parents are “average” satisfied. |
Слика 3. До која мера се следат нештата кои ги интересираат учениците со умерена интелектуална попреченост |
|
Figure 3. To which level the interests of the pupils with moderate intellectual disability are observed. |
Повторно може да се забележи разликата во одговорите кај овие три групи испитаници, што е и статистички потврдено. Додека дури 95% од дефектолозите одговараат позитивно, родителите и учениците се „просечно“ или „во мала мера“ задоволни. |
|
Once again it can be noticed the difference in answers of these three groups, which is also statistically confirmed. While 95% of the special educators gave positive answer, parents and pupils are in “average” or “low level” of approval. |
Слика 4. До која мера се остварува позитивен контакт со учениците со умерена интелектуална попреченост. |
|
Figure 4. To which level is achived a contract with pupils with moderate disability. |
При процената на позитивниот контакт, кој го остваруваат дефектолозите со учениците со умерена интелектуална попреченост, може да се забележи силна статистички значајна разлика помеѓу нивните одговори. Дефектолозите во најголем процент позитивно се доживуваат себе си. 50% од нив одговориле со „во голема мера“, а 40% „во многу голема мера“. Родителите се поделени во мислењата меѓутоа, повеќето одговориле со „просечно“. Најголема разлика се гледа во одговорите на учениците од кои 25% го избрале одговорот „во мала мера“, а 40% одговориле „просечно“. Само 30% од учениците со умерена интелектуална попреченост покажуваат задоволство од начинот на остварување позитивен контакт на дефектологот кој работи со нив. |
|
While considering the level of positive contact established between the special educators and the pupils with moderate intellectual disabilities, we can notice strong statistically significant difference in their answers. The highest percentage of special educators is valuating themselves positively. 50% of them answered “high level” and 40% chose “extremely high level”. Parents are divided by their opinion but most of them answered “average”. The highest difference can be noticed in pupils’ response, 25% chose the answer “low level” and 40% answered “average”. Only 30% of pupils with moderate intellectual disability are satisfied by the positive relationship with their special educators. |
Слика 5. До која мера учениците со умерена интелектуална попреченост се пофалувани |
|
Figure 5. How much the children with moderate intellectual disability are admired. |
Податоците внесени во Слика 5, повторно ни укажуваат на силна статистички значајна разлика помеѓу одговорите на трите групи испитаници. Најголемиот број дефектолози избрале позитивен одговор. Родителите имаат поделени ставови, но сепак половина од нив избрале „просечно“. Учениците, слично како и нивните родители, се поделени во одговорите, 45% од нив избрале „просечно“. |
|
The data in Figure 5 once more shows strong statistically significant difference between the answers of the three respondent groups. The highest number of the special educators have chosen positive answer. Parents were divided by opinion; however half of them chose “average” as an answer. Pupils, similarly to their parents, are divided by their answers with 45% of them choosing “average” as an answer. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Од општиот приказ на резултатите од истражувањето кое го спроведовме со цел да ја утврдиме потребата од посензитивна комуникација и интеракција со учениците со умерена интелектуална попреченост, може да се забележи дека постои силна статистички значајна разлика во одговорите на трите групи испитаници.
При одговарањето на сите прашања, дефектолозите се генерално задоволни од својата работа. Најчести избори во текот на самопроценувањето се „во голема мера“ или „во многу голема мера“.
Родителите најчесто избираа „просечно“, но не бевме сигурни дали овој одговор се должи на нивното просечно задоволство од работата на дефектологот, или пак, ја избираат средината поради недоволното познавање на работата со нивното дете.
Учениците со умерена интелектуална попреченост беа константно незадоволни од начинот на сензитивно комуницирање со нив. ICDP програмата е наменета за креирање посензитивна комуникација и интеракција со децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес. Имајќи предвид дека децата со интелектуална попреченост имаат поголеми потреби за емотивна размена со околината, тогаш можеме да ја разбереме важноста од една ваква програма во посебниот едукативен систем. |
|
From the general presentation of the research results, which goal was to confirm the need of more sensitive communication and interaction with the pupils with moderate intellectual disability, we can notice strong statistically significant difference in the answers of the three respondent groups.
Based on their answers, the special educators are generally satisfied from their work-results. Most common choices of answer during the self-evaluation were “high level” and “extremely high level”.
The parents mostly chose “average”. However, it is not confirmed whether this answer appears as a result of their average level of satisfaction with the special educators’ work or the lack of familiarization with their work.
The pupils with moderate intellectual disability were constantly not satisfied from the way a sensitive communication is established between them and the special educators.
The ICDP Program is intended to create more sensitive communication and interaction with the children included in the educational system. Having in mind that children with intellectual disability have higher needs for emotional exchange with the environment, we can understand the importance of this program in the special educational system. |
||
|
|
|
||
Citation:Ramo N, Petrov R. Senzitive Comunication with Children with Moderate Intellectual Disability Trough the Emotional-Expresive Principles of The ICDP Programe. J Spec Educ Rehab 2011; 12(3-4):25-32. doi: 10.2478/v10215-011-0009-3 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Литература / Literature |
|
|
||
|
|
|
||
1. UNICEF. Меѓународна програма за развој на децата. Скопје, 2002.
2. UNICEF. Што е ICDP? Скопје, 1999.
3. UNICEF. ICDP Прирачник за тренери. Скопје, 1999.
4. International Child Development Programmes - ICDP; 2009 [Cited 8. Apr. 2011] Available from URL: http://www.icdp.info/icdpprogram.html
|
|
5. UNICEF. Осум теми за позитивна интеракција. Скопје, 1999.
6. Петров. Р, Рамо. Н., Сензитивна комуникација и интеракција со деца со посебни образовни потреби низ принципите на ICDP програмата. Одбранет магистерски труд. Скопје, 2009.
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE