ПРЕВАЛЕНЦИЈА НА ГРИЗЕЊЕТО НОКТИ КАЈ ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ ДЕЦА ВО БИТОЛА

 

 

PREVALENCE OF NAIL BITING

AMONG PRESCHOOL CHILDREN IN BITOLA

Домника РАЈЧАНОВСКА,1

Бети ИВАНОВСКА ЗАФИРОВА,2

 

1ЈЗУЗдравствен дом, Битола, Р. Македонија,

2Медицински факултет Скопје, Епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика

 

Domnika. RAJCHANOVSKA,1

Beti IVANOVSKA ZAFIROVA,2

 

1PHI Health Centre, Bitola, R. Macedonia

2Medical Faculty of Skopje,

Epidemiology and Biostatistics with

Medical Informatics

 

Примено: 28.09.2010

Прифатено: 06.12.2010

UDK: 159.943.7-053.4 (497.774)

 

 

Received: 28.09.2010

Accepted: 06.12.2010

Original Article

 

 

Резиме

 

 

 

Abstract

 

 

 

 

Гризењето нокти може да има значајна улога во развојот на некои аномалии и штетни по­сле­дици врз орално-фацијалниот систем.

Цел: Целта на студијата беше да се утврди пре­валенцијата на гризењето нокти кај пре­ду­чи­лишните деца во Битола.

Методи: Во опсервациона, пресечна, (cross-sectional) студија беа опфатени 890 деца, кои до­шле на систематски прегледи во периодот од јануари до декември 2009 година. Беа при­менети следните методи: психолошко тес­тирање (тестот по Чутуриќ), педијатриски пре­глед, интервју со родителите и пра­шал­ни­кот: Child Behavior Checklist-Achenbach, 1981.

Резултати: Истражувањето опфати 890 деца, од кои 401 на тригодишна, 489 на пет­го­дишна возраст, 51,6% машки и 48,4% жен­ски. Преваленцата на гризењето нокти беше 22,02%. Статистичката анализа покажа дека оваа навика не се јавува значајно почесто (p>0.05) кај децата на 5 годишна возраст и кај машките. Тестираната разлика во фрек­вен­цијата на гризењето на ноктите кај де­ца­та од градовите и селата не беше ста­тис­тич­ки значајна (p>0.05). Децата кои немаат сво­ја соба статистички несигнификантно по­чес­то ја манифестираат оваа навика (p>0.05).

Тестираните разлики во зависност од бројот на членови и деца во семејството, беа статисти­чки значајни (p<0.05), но во однос на редот на раѓање на детето беа статистички не­з­на­чајни (p>0.05). Децата чии родители имаат ви­сок степен на образование значајно помалку гризат нокти, p<0.01. Поголема е заста­­­пеноста на оваа навика кај ис­пи­та­ни­ци­те во семејства кои имаат просечни мате­ри­јал­­ни приходи, p=0.004.

Заклучок: Заради влијанието врз ден­тал­ни­от развој педијатрите и детските сто­ма­то­ло­зи треба заеднички да работат на пре­вен­ци­ја, рана дијагноза и третман на оваа навика.

 

 

Nail biting may have a significant role in the development of some anomalies and harmful effects upon the oral-facial system.

Objective: The objective of the study was to determine the prevalence of nail biting among preschool children in Bitola.

Methods: Through an observational, intersection (cross-sectional) study, 890 children who came to medical checkups during the period from January to December 2009 were included. The following methods were  applied: psychological testing (Test of Chuturikj), pediatric examination, interview with parents and the questionnaire: Child Behaviour Checklist-Achenbach, 1981.

Results: The study included 890 children, 401 of which were at the age of three, 489 were at the age of five, 51.6% of them were males and 48.4% females. The level of prevalence of nail biting was 22.02%. The statistical analysis showed that the habit is more insignificant (p>0.05) in children at  the age of 5 and among  the male gender. The tested difference in the frequency of nail biting among children from the cities or villages was not statistically significant (p>0.05).  Children who do not have their own room more often manifest this habit statistically insignificantly (p>0.05).

Depending on the number of members and children  in  the  family,  the  tested  differences were statistically significant (p<0.05). However, in terms of the order of the child’s birth they were statistically insignificant (p>0.05). Children whose parents have a high education level significantly less bite their nails (p<0.01). Increased presence of this habit is found among respondents in families with average incomes, with p=0.004.  

Conclusion: Dentists and pediatricians should work together on prevention, early diagnosis and treatment of this habit, in order to achieve an impact over dental development.

 

   

Citation:Rajchanovska D, Zafirova B. Prevalence of Nail Bitingamong Preschool Children in Bitola. J Spec Educ Rehab 2011; 12(1-2):41-55. doi: 10.2478/v10215-011-0005-7

   

 

   

Клучни зборови: гризење нокти, пред­учи­лишна возраст, услови на живеење, социо­економски услови, превенција.

 

Key words: nail biting, pre-school age, living conditions, socio-economical conditions,   prevention.

 

 

Адреса за контакт:

Рајчановска ДОМНИКА

Климент Охридски 25/9

7000 Битола

dr.rajcanovska@yahoo.com

 

 

Corresponding Author:

Rajchanovska DOMNIKA

Kliment Ohridski 25/9

7000 Bitola

dr.rajcanovska@yahoo.com

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in