ПРОЦЕНКА НА ЕГЗЕКУТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ПРЕКУ ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦА СО ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО

 

Татјана ЗОРЧЕЦ

Нада ПОП-ЈОРДАНОВА

 

ЈЗУ Универзитетска клиника

за детски болести, Скопје

 

Executive FUNCTIONS evaluation through evoked potentials among children with obsessive-compulsive disorder

 

Tatjana ZORCEC

Nada POP-JORDANOVA

 

University Children’s

Hospital, Skopje

 

Примено: 29.12.2010

Прифатено: 31.01.2011

UDK:  159.922.73

           159.96-053.2

 

 

 

Recived: 29.12.2010

Accepted: 31.01.2011

Original Article

Апстракт

 

Abstract

 

 

 

Вовед: Опсесивно-компулсивното рас­тро­ј­ство [ОКР] се карактеризира со повто­ру­вачки, вознемирувачки опсесии и/или ком­пул­сии. Опсесиите претставуваат наме­тливи и несакани мисли, слики или чувства кои предизвикуваат значајна анксиозност и нелагодност. Компулсиите се повторливи, ритуални поведенија кои се изведуваат за да се намали анксиозноста или нервозата која е предизвикана од повторувачките опсесии. Најчесто ОКР започнува во раната адолесценција или раните зрели години. Преваленцијата кај децата се движи од 1 до 3% и се чини дека е малку почеста кај момчињата отколку кај девојчињата. Најефикасен начин за третман на ОКР е комби­нирањето на фармакотерапија со ког­ни­тивно-бихевиорална терапија. Во изми­натите години се повеќе се зборува и истра­жува за улогата на егзекутивните функции [ЕФ] кај одредени психички растројства.

Цел на студијата: да се истражат ЕФ кај деца со ОКР преку ERPs на Go/NoGo задачи. Материјал и методи: во студијата беа вклучени 20 деца, од двата пола, на возраст 7−14 години [М=10,33±1,8], дијагно­сти­цирани за ОКР. Психометриската батерија на тестови беше составена од Child Behaviour Check List, Косови коцки за про­ценка на општите интелектуални капаци­тети, Beck Depression Inventory, The Schedule for Affective Disorders and Schizophrenia for School-Age Children, The Stroop Color Word Task и Wisconsin Card Sorting Test. Невропсихолошката проценка се изведуваше преку Visual Continuous Performance Test [VCPT] од кои се екстрахираат ERP компо­ненти.

Резултати: кај децата во нашата студија постои јасно присуство на опсесии и/или компулсии, отсуство на депресивни симптоми, присуство на персеверативни грешки и благи тешкотии во менталната флексибилност, а ERP компонентите укажуваат дека не се работи за нарушување на ЕФ во правата смисла на зборот, туку за нивно попречено нормално функционирање поради зголеменото ниво на анксиозност.

Заклучок: нема значајна клиничка манифестација на когнитивни потешкотии кај ова група на деца со ОКР во раната фаза на растројството. Но, за очекување е истите да се појават во подоцнежната фаза на растројството.

 

Introduction: Obsessive-compulsive disorder [OCD] is characterized by repetitive, disturbing obsessions and/or compulsions. Obsessions are thoughts, images or feelings which are unwanted, persistent and recurrent. Compulsions are repetitive and ritual motor acts which are performed to decrease the anxiety level caused by repetitive obsessions. The onset of the OCD is typically during adolescence or early adulthood. Its prevalence among children is from 1% to 3% and it appears to be more present among boys than girls. Nowadays, the most effective way to treat OCD is to combine psychopharmacological with cognitive-behavioral treatment strategies. In the past decades researchers were more involved in investigating the role of the executive functions [EF] in psychiatric disorders.

Aim of the study: to investigate EF among children with OCD by using Event Related Potentials (ERPs) on the Go/NoGo tasks. Subjects and methods: The sample is comprised of 20 children from both genders, between seven and 14 years of age [М=10,33±1,83], all diagnosed with OCD. Psychological evaluation was performed with Child Behavior Check List, Kohs cubes for assessment of the intellectual capacities, Beck Depression Inventory, The Schedule for Affective Disorders and Schizophrenia for School-Age Children, Stroop Color Word Test and Wisconsin Card Sorting Test. Neuropsychological evaluation was performed with the Visual Continuous Performance Test [VCPT] from which the Event Related Potentials [ERP] components were extracted.

Results: There is a clear presence of obsessions and/or compulsions, absence of symptoms of depression, presence of perseverative errors and mild difficulties in mental flexibility. The ERP results cannot be understood as a disturbance of the EF in a direct sense, rather than as a disturbed normal functioning caused by the high anxiety level.

Conclusion: There is no significant clinical manifestation of cognitive dysfunction among children with OCD in the early stage of the disorder, but it could be expected the same one to be appearing in the later stages of the disorder.

 

 

 

Citation:Zorcec T, Pop-Jordanova N. Executive Functions Evaluation Performed by Event Related Potentials Inchildren with Obsessive-Compulsive Disorder. J Spec Educ Rehab 2011; 12(1-2):41-55. doi: 10.2478/v10215-011-0004-8

   

 

   

Клучни зборови: опсесивно-компулсивно раст­ројство, егзекутивни функции, деца

 

 

Keywords: obsessive-compulsive disorder, executive functions, children

 

 

 

 

 

 

 

Адреса за контакт:

Татјана ЗОРЧЕЦ

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести

Водњанска 17

1000 Скопје, Македонија

Тел./Факс: (02) 3164-860

E-mail: hospital@sonet.com.mk

 

Corresponding address:

Tatjana ZORCEC

University Children’s Hospital

Vodnjanska 17

1000 Skopje, Macedonia

Tel./Fax: (02) 3164-860

E-mail: hospital@sonet.com.mk

     

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in