СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

НАУКА И / ИЛИ ПРАКСА

 

 

SPECIAL EDUCATION AND REHABILITATION

SCIENCE AND / OR PRACTICE

Оливера РАШИЌ

 

 

Olivera RASHIKJ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Филозофски Факултет

Институт за дефектологија

 

University “St. Cyril and Methodius”

Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 13.12.2010

Прифатено: 09.01.2011

UDK: 376-056.26/.36(491.1)(063)

 

 

Received: 13.12.2010

Accepted: 09.01.2011

 

„Специјална едукација и рехабилитација – наука и/или пракса“ беше насловот на прва­та меѓународна конференција одржана во Сомбор, Република Србија, во периодот од 22 до 24 октомври 2010 година. Конфе­рен­ци­јата беше во организација на Друштвото на дефектолози на Војводина, Одделението за соматопедија при Факултетот за спе­ци­јална едукација и рехабилитација при Уни­вер­зитетот во Белград, УГ Ресурсен центар за специјална едукација од Белград и Дру­штво­то на дефектолози на Сомбор.

  Конференцијата беше посетена од околу 100 гости од различни земји: Словенија, Хрва­тска, Босна и Херцеговина, Чешка, Маке­донија и др., со над 60 пријавени тру­дови. Трудовите и нивните презентации беа орга­низирани во 6 тематски рамки: соци­јална вклученост на лицата со инвалидност, Популаризација и промоција на уна­пре­ду­ва­њето на функционалниот статус на дефек­то­ло­зите, Рана интервенција во специјалната еду­кација и рехабилитација, Индивидуален трет­ман при развојни пречки и тешкотии, Сер­висни центри – ресурсни промени, Обра­зование и интеграција на деца и мла­динци со пречки во развојот и возрасни лица со инвалидност и 14 постер презен­та­ции за: надворешно вреднување и развој на инклу­зивни училишта, манипулативна веш­тина  и  влијание  на  соматопедски  третман кај деца со породилна траума на plexus brachialis, влијание на соматопедскиот трет­ман на развојот на координацијата како бази­чна моторичка способност кај децата со оштетен вид, образование на осудени во казнени услови, подигнување на капа­ци­те­тите во работата во училиштата за обра­зо­ва­ние на деца со пречки во развојот, ставови на студентите од Факултетот за специјална еду­кација кон лицата со инвалидност, нови ака­демски профили во специјалната еду­ка­ција и рехабилитација, етички ставови за ко­х­ле­арната имплантација, специјална еду­ка­­ција и рехабилитација во Војводина, зна­че­ње на спортот и рекреацијата во соци­јал­ната инт­еграција на домските корисници, со­ци­ја­лно надградување на бихејвиоралните сис­­те­ми на младите без родителска грижа, ге­не­­тски аспекти на хендикепот, алтер­на­ти­вни тераписки постапки во реха­би­ли­та­ција на лицата со аутизам, креирање на про­гра­ма на физички активности за постари лица.

 

 

“Special education and rehabilitation – science and / or practice” was the topic of the first international conference held in Sombor, the Republic of Serbia, in the period between the 22nd and 24th of October 2010. The conference was organized by the Association of special educators and rehabilitators of Vojvodina, the Department for motor impairments (somatopedy), the Faculty of special education and rehabilitation at the University of Belgrade, the UG Resource centre for special education and rehabilitation at the University of Belgrade and the Association of special educators and rehabilitators in Sombor.

The conference was visited by nearly 100 guests from different countries: Slovenia, Croatia, Bosnia and Herzegovina, Czech Republic, Macedonia and several others. Presented were more than 60 published articles. The articles and presentations were organized in 6 thematic frames: Social inclusion of persons with disabilities; Popularization and promotion for improvement of the functional status of special educators and rehabilitators; Early intervention in special education and rehabilitation; Individualized treatment for developmental difficulties and disabilities; Service centres – resource changes; Education and integration of children and youngsters with developmental disabilities and elders with disabilities. In addition, 14 poster presentations were  introduced: external evaluation and development of inclusive schools; manipulative skills and influence of somatopedic treatment in children with birth trauma of plexus brachialis; the influence of the somatopedic treatment over the development of coordination as basic motor skills in children with visual impairment; education of convicts in punishing facilities; capacity building in schools for children with disabilities; special education students attitudes toward people with disabilities; new academic profiles in special rehabilitation and education; ethical issues in cochlear implantation; special education and rehabilitation in Vojvodina; the importance of sport and recreation in social integration house users; social behavioral system upgrades for youngsters without parental care; genetic aspects of the handicapped; alternative treatments in rehabilitation of autistic persons and physical activity program design for elders.

Адреса за кореспонденција:

Оливера РАШИЌ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Филозофски Факултет

Институт за дефектологија

„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија   

oliverarasic@yahoo.com

 

Corresponding Address:

Olivera Rashikj

University “St. Cyril and Methodius”

Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

“Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

oliverarasic@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in