ЕФЕКТИТЕ ОД ТЕРАПИЈАТА СО ПОМОШ НА КОЊИ ВО ПОДОБРУВАЊЕТО НА ПСИХО-СОЦИЈАЛНАТА СПОСОБНОСТ КАЈ ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ

Харис МЕМИШЕВИЌ
Саудин ХОЏИЌ

 

Центар за образование и рехабилитација „Mједеница“

 

THE EFFECTS OF EQUINE-ASSISTED THERAPY IN IMPROVING THE PSYCHO-SOCIAL FUNCTIONING OF CHILDREN WITH AUTISM

 

Haris MEMISHEVIKJ
Saudin HODZHIKJ

 

Center for education and rehabilitation “Mjedenica”


1. Вовед

 


1. Introduction

 

 

 

Аутистичен спектар се развојни нарушувања кои се карактеризираат со означено не­нор­мал­но развивање во три димензии: социјална ин­теракција, комуникација и ограничен ре­пер­тоар на активности и интереси. Аутистичниот спектор може да се појави пред 36 месеци од животот. Ау­тис­ти­чен спектар вклучува аутизам, первазивно развојно нарушување неспецифицирани на друг начин и Ас­пергерово растројство. Застапеноста на ау­­тистичниот спектар е 6.2 лица на секои 1000 (1). Три до пет пати е повеќе застапена кај момчињата отколку кај девојчињата (2).
Пос­­тојат голем број биолошки третмани, пси­­хо-едукативни интервенции и помалку тра­­диционални или комплементарни прис­та­пи кои се достапни за лечење на симптомите на аутистичниот спектар.    
Био­лошките третмани бараат промена на фи­зиологијата или промена на основните про­цеси кои доведуваат до симптоми на ау­ти­зам. Но досегашните наоди нема цврст до­каз поддршка на нивната ефикасност (3).  Интервенците при однесувањето се едни од најистражуваните интервенции за ау­тис­ти­чен спектар. Раното интезивно ин­тер­ве­ни­ра­ње при однесувањето се докажало како многу ефективно за децата со аутистичен спек­тар (4). Прегледот на Francis нуди де­та­лен опис на други психо-едукативни про­гра­ми кои имаат за цел да ги лечат симптомите на аутизам како што е TEACCH, Ко­му­ни­ка­цис­киот систем на размена со фотографии, Уче­њето на социјални вештини и сл. (5).
Покрај психо-едукативниот и пси­хо­фар­ма­ко­лошкиот пристап за третирање на симп­то­ми­те на аутизам, постојат и други помалку тра­ди­ционални методи. Во ова ист­ра­жување, ќе презентираме еден таков трет­ман наречен терапија со помош на коњи. Ова име е колективен термин за терапевтски мер­­ки со коњи и вклучува секакви видови ак­­тивности покрај терапевтско јавање (6). Цел­­та на терапијата со помош на коњи е да го засили психичкиот, емотивниот, ког­ни­тив­­ни­от и социјалниот развој на пациентот. Те­ра­пијата со помош на коњи се заснова врз ве­ру­вањето дека близината на пациентот до к­о­њот, галењето и работата со коњот има ле­ку­вачка моќ (7). Психо-социјалните при­до­бив­ки од терапијата со помош на коњи вк­лу­чу­ва зголемена мотивација, повисока са­мо­до­верба, подобра концентрација и академско ост­ва­рување (8).
Пос­тојат неколку студии за терапевтски ефек­ти од терапијата со помош на коњи кај де­ца­та со аутистичен спектар. Студија на­пра­­ве­на од  Bass и сор. предложи дека те­ра­певтско јавање на коњ е полезно за по­до­бру­ва­ње на социјалното однесување на децата со аутизам (9). Ова истражување е особено зна­чајно поради тоа што истото се обиде да ели­ми­нира некои методолошки проблеми за­ед­нички за истражувањата на терапиите со жи­вот­ни, преку употреба на контролна група и де­дуктивна статистика. Ако се земат  пред­­вид горе-наведените придобивки од оваа терапија, се чини оправдано про­ши­ру­ва­ње­то на постоечкото ниво на терапијата со по­мош на коњи, како третман за лечење на сим­птомите од аутистичниот спектар.
Ист­ражувањето ги испита ефектите од те­ра­пи­јата со помош на коњи врз психо-со­ци­јал­но­то функционирање на четири деца со ау­ти­зам и интелектуални пречки, мерени со по­мош на листа за мерење на третманот од аутизам, чии нивоа на функционирање ва­­ри­раа од блага до тешка интелектуална по­п­р­е­ченост. Родителите на децата ја по­пол­ни­ја листата пред почетокот на те­ра­пи­ја­та и по нејзиното завршување. Ис­тра­жу­ва­ње­то е описно и секое дете беше опишано како по­се­бен случај, вклучуваќи и опис на по­себ­ни делови од индивидуалната терапија.

 

Autism spectrum disorders (ASD) are developmental disorders characterized by marked abnormal development in three domains: social interaction, communication and restricted repertoire of activities and interests. Age of onset of ASD is before 36 months. ASD include autism, pervasive developmental disorder- not otherwise specified and Asperger disorder. The prevalence of ASD is 6.2 per 1000 (1). Three to five more boys than girls have the disorder (2).
There are many biological treatments, psycho-educational interventions and less traditional or complementary approaches available to remediate the symptoms of ASD. Biological treatments seek to alter physiology or change the underlying processes that result in the symptoms of autism but so far no strong evidence exist to support their efficacy (3). Behavioral interventions are some of the most studied interventions for ASD. Early intensive behavioral interventions have proved to be a very effective approach for young children with ASD (4). A review by Francis offers a detailed description of other psycho-educational programs aimed to remediate symptoms of autism such as the TEACCH, the Picture Exchange Communication System, the Social skills teaching etc (5).
Besides psychoeducational and psychopharmacological approaches to treating the symptoms of autism, there are some less traditional treatment modalities. In this study, we present one such treatment named equine-assisted therapy (EAT). EAT is a collective term for therapeutic measures with horses and includes all types of activities besides therapeutic riding (6). The goal of EAT is to promote physical, emotional, cognitive and social growth of the client. Equine assisted therapy relies on the belief that simply being around the horse, grooming and working with the horse has a healing power (7). Psychosocial benefits of EAT include increased motivation, higher self esteem, better concentration and academic performance (8).
There are few studies of the therapeutic effects of EAT for children with ASD. A study by Bass et al. suggested that therapeutic horseback riding is beneficial in improving the social functioning in children with autism (9). That study is particularly important because it tried to eliminate some of the methodological problems common for research in animal assisted therapies through the use of control group and usage of inferential statistics. Given the above mentioned benefits of EAT, it seemed warranted to expand on existing level of knowledge of the efficacy of EAT as a treatment modality in remediation of the ASD symptoms.
The present study examined the effects of equine assisted therapy on psycho-social functioning of four children with autism and intellectual disability as measured by the Autism Treatment Evaluation Checklists (ATEC), whose functional levels vary from mild to severe intellectual disability. Parents of the children completed the Checklist at the beginning of EAT (initial ATEC scores) and at the end of EAT (final ATEC scores). This is a descriptive study in which each child was described as a single case and certain parts of the therapy process are described as well.

 

 

 

2.  Методи

 

2.  Methods

 

 

 

2.1.  Учесници
Четири деца, две момчиња и две девојчиња по­меѓу 8 и 10 годишна возраст учествуваа во екс­периментот. Сите деца беа дијаг­нос­ти­ци­ра­ни со аутизам и интелектуална по­пре­ченост. Дијагнозата со аутизам беше на­пра­ве­на од страна на експерти по ментално здрав­је (пси­хијатри) од Клиничкиот центар при Уни­верзитетот во Сараево, според Ме­ѓу­­на­род­ната класификација на болести, ICD-10 кри­териум за аутизам. Сите деца беа ди­јаг­но­стицирани со аутизам пред да ја достигнат сво­јата седумгодишна возраст. Спо­ред пси­хо­лошкиот извештај, две деца беа во гра­ни­ци­те на лесна интелектуална по­преч­еност (IQ ранг 50-70) и две деца во гра­ни­ците на теш­ка интелектуална попреченост (IQ ранг 20-35). Децата посетуваа посебно учи­лиште во Сараево, Босна и Херцеговина. Во учи­лиш­те­то децата беа веќе вклучени во не­­кол­ку терапевтски модалитети како што се го­вор­но-јазична терапија, психомоторна ре­­ха­би­ли­тација и образовни програми. Ро­ди­те­­ли­те на децата дадоа писмена согласност за уче­ство на нивните деца во терапијата со по­­мош на коњи.

 

2.1.  Participants
Four children, aged from 8 to 10 years, two boys and two girls, participated in the study. All of the children were diagnosed with autism disorder and all had intellectual disability. The diagnosis of autism was made by mental health professionals (psychiatrists) at the Clinical Center University of Sarajevo according to the International Classification of Diseases, ICD-10 criteria for autism. All children were diagnosed with autism before age of 7 years. According to a psychologist’s report, two children were in the range of mild intellectual disability (IQ range 50-70) and two children were in the range of severe intellectual disability (IQ range 20-35). The children were attending a special education school in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina. In the school, children were already included in several therapeutic modalities such as speech-language therapy, psychomotor rehabilitation and educational programs. Parents of the children gave written consents for their children to participate in equine assisted therapy.

 

 

 

2.2. Инструменти
Листата за мерење на третманот на аутизам бе­ше развиена во 1999 г. од страна на Dr. Bernard Rimland и S.M. Edelson во Инс­ти­ту­тот за истражување на аутизмот, со цел да им помогне на истражувачите да ја оценат ефек­тивноста на различните трет­ма­ни за де­ца и возрасни со аутистичен спектар и да им по­могне на родителите да од­редат дали нив­ни­те деца имаат при­до­бив­ки од третманот (10). Оваа чеклиста се сос­тои од че­тири пот­се­то­ви: Говор/јазик ко­му­ни­кација (14 точ­ки), Социјализација (20 точ­ки), Чуст­ви­тел­но/ког­нитивна свест (18 точ­ки) и Здрав­ст­ве­но/физичко/однесување (25 точ­ки). Внат­реш­ната конзистентна си­гур­ност на скалата се покажа многу висока (.94 за целиот ре­зул­тат). Повисоките резултати на лис­тата за проверка зна­чат по­про­бле­ма­тич­но од­несување.

 

2.2. Instrument
The Autism Treatment Evaluation Checklist (ATEC) was developed in 1999 by Dr. Bernard Rimland and S.M. Edelson in the Autism Research Institute in order to help researchers evaluate the effectiveness of various treatments for children and adults with autism spectrum disorders and to help parents determine if their children benefit from a specific treatment (10). This checklist consists of four subtests: Speech/ Language Communication (14 items), Socia­bility (20 items), Sensory/Cognitive Awareness (18 items) and Health/Physical/ Behavior (25 items). The internal consistency reliability of the scale is reported to be high (.94 for the Total score). The higher scores on the checklist mean more problematic behavior.

 

 

 

2.3. Процедура
Терапијата се одржуваше еднаш неделно во пе­­ри­од од 10 недели. Сесијата на секое дете трае­­ше околу 30 минути. Авторите, во слу­чајот терапевти по занимање, со сертификат за из­вр­шување на терапија со помош на ко­њи, го дизајнираа целиот протокол на те­ра­пи­јата ­и сами ги остварија сесиите. Двајца асис­­тент­и и еден специјалист за коњи беа при­­сут­ни на терапијата, со цел да им по­мог­нат на децата со подготовка на коњите. Те­ра­­певт­скиот протокол се состоеше од ак­тив­нос­­ти поврзани со коњи, јавање, вежби и дру­­ги психотерапевтски активности со по­мош на коњи. Активностите поврзани со ко­њи имаа за цел да им ги претстават коњите на децата и да им овозможат поврзување со нив преку чешлање. Овие активности обич­но траеа од 5 до 10 минути. Јавањето и веж­би­те вклучуваа оседлување на коњите, ја­ва­ње неколку кругови во арената и правење дру­­ги вежби со помош на коњите.
Активностите траеа 10 минути. Пси­хо­те­ра­пев­тските активности со помош на коњи вк­лу­­чи­ја и задачи кои им се поставуваа на де­ца­та додека се наоѓаа на земја. Таквите ак­тив­ности подразбираа водење на коњот од една до друга страна на арената, водење на ко­­њот преку пречки и др. На родителите им бе­ше дадена листата за проверка пред по­че­то­кот и по за­вр­шувањето на терапијата.

 

2.3. Procedure
The therapy took place once a week for a period of 10 weeks. Each child’s session lasted for about 30 minutes. The authors, occupational therapists with a certificate in equine-assisted psychotherapy, designed the protocol for the therapy and conducted all the sessions themselves. Two teaching assistants and a horse specialist were at the therapy site helping children with mounting and dismounting the horses. The therapy protocol consisted of horsemanship activities, riding and exercises and equine-assisted psychotherapy tasks. Horsemanship activities were aimed at introducing and bonding children with horses through the grooming activities. These activities usually lasted for about 5-10 minutes. Riding and exercises included mounting the horse, riding couple of circles in the arena and doing different kinds of exercises on the horses. This activity lasted for 10 minutes. Equine-assisted psychotherapy tasks involved tasks given to the children on the ground. Tasks included getting the horse from one side of the arena to the other side, going with the horse across obstacles etc. The parents of the children were given the ATEC prior to and at the completion of the therapy.

 

 

 

3. Резултати

 

3. Results

 

 

 

3.1. Опис на случај 1
А.С. беше 8 годишно девојче ди­јаг­нос­ти­ци­ра­но со аутизам и блага интелектуална по­пре­че­ност. Беше дијагностициран аутизам кога имала 6 години. Нејзините вербални спо­собности беа ограничени, немаше чисто изго­во­рени зборови, одговараше со звуци блис­ки на говорот при обраќање. Вер­бал­но­то разбирање беше многу подобро од вер­бал­но­то изразување. Кај ова девојче не беше при­ја­вено неадаптивно однесување како што е темпераментен бес, врескање и агре­сив­но­ст.
Во првата сесија од терапијата, девојчето има­ше благ страв од коњот. Таа не сакаше да му се приближи, но го набљудуваше те­ра­пев­тот како го чешла коњот. И беше по­ну­де­на четка и со помош на асистентот таа прис­та­пи кон коњот. Девојчето гугаше гласно и се смееше додека го чешлаше коњот. След­на­та активност во сесијата беше јавање. Од неа беше побарано да ги имитира сите дви­же­ња на терапевтот и таа го стори тоа кон­с­тант­но смеејќи се и гугајќи. Последниот дел од сесијата вклучи активности на земја. Де­вој­че­то беше замолено да го води коњот од еден до друг крај на арената. Откако те­ра­пев­тот и даде јаже за водење, таа го одведе ко­њот од едниот до другиот крај. Таа не го пог­ледна коњот додека го водеше. До вре­ме­то кога терапијата заврши, девојчето знаеше  кој ден се спроведува терапијата, таа ги знае­ше терапевтските процедури на памет, вк­лу­чу­ваќи и вежби на коњ без терапевтот да и ка­же што треба да направи. Според ре­зул­та­ти­те од листата за проверка, девојчето по­ка­жа по­до­бру­ва­ње во сите четири делови, со по­­до­бру­ва­ња од 20% во Чус­тви­тел­но/ко­гни­тив­ната свест и 25% во Говор­но/­јаз­и­ч­но/ко­му­­ни­ка­тив­ни­от домен.

 

3.1. Case description 1
A.S. was an 8 year old girl with a diagnosis of autism and mild intellectual disability. She was diagnosed with autism when she was 6 years old. Her verbal output was very limited, no clear words, responded with speech-like sounds when addressed. Verbal comprehension was much better than verbal expression. No maladaptive behavior such as temper tantrums, screaming, being aggressive was reported for this girl. 
In the first therapy session, the girl had a slight fear of the horse. She did not want to approach the horse, but she observed the therapist grooming the horse. She was then offered with a brush and with a teaching assistant she approached the horse. The girl was babbling aloud and laughing while she groomed the horse. Next activity in the session was riding. She was asked to imitate all the moves and exercises of the therapists and she did so constantly laughing and babbling. The last part of the session included tasks on the ground. The girl was asked to lead the horse from one part of the arena to the other. After the therapist gave her a leading rope, she took the horse from one part of the arena to the other. She did not look at the horse while she was leading the horse.  By the time last session took place, the girl knew exactly when the therapy day is, she knew the therapy procedure by heart including the exercises on the horse without therapists showing her what to do. According to the results of the ATEC, the girl improved in all four areas, with improvements ranging from 20% in Sensory/Cognitive Awareness to 25% in Speech/ Language/ Communication domain.

 

 

 

Tабела 1. Извештај од родителите во Лис­та­та за проверка пред и после терапијата со по­мош на коњи

 

Table 1. Parents' report on Autism Treatment Evaluation Checklist (АТЕC) before and after the equine assisted therapy

Забелешка. ИП- интелектуална попреченост, a- нарушување во %.

 

Note. ID- intellectual disability, a- deterioration in %.

3.2. Опис на случај 2
А.Ц. беше 10 годишно момче со многу теш­ки симптоми на аутизам и тешка ин­те­лек­туал­на попреченост. Кај него имаше целосно от­суство на говорот, неговото вербално из­ра­зу­вање беше ограничено на случаен избор, бес­мислени или незначајни звуци. Вер­бал­ни­от опсег беше многу сиромашен, не по­ка­жа никакви реакции при повикување на не­го­во­то име, ниту се заврти кон оној што му збо­ру­ваше. Сепак, тој реагираше на инс­трук­ции како што е „Aјде да одиме“, со тоа што ста­нуваше од столчето. Момчето не покажа ин­терес за играчките или за другите деца и нив­ните активности. Лошо реагираше на би­ло каква предложена промена или неудобна си­туација со врескање, вознемиреност и тем­пе­раментна експлозивност.
За време на првата терапевтска сесија, кога на момчето му беше  донесен коњот, тоа не по­­кажа интерес за коњот. Тој го заврти не­го­ви­­от поглед од коњот и не сакаше да го чеш­ла. Иако тоа не покажа никаков интерес, си­туа­­ци­јата не му беше непријатна, бидејќи мо­м­­че­то немаше негативни реакции. Актив­нос­ти­те кои вклучуваа јавање беа позабавни за него. Тоа се смееше, но не можеше да из­ве­де ниту една од вежбите преку имитирање на терапевтот. Активностите на земја не можеа да бидат исполнети бидејќи момчето не са­ка­ше да го води коњот ниту со помош на асис­т­ентот. Во следната сесија, во моментот ко­га детето го здогледа коњот, сакаше да го осед­ла и прифати сè друго. Очигледно беше дека ги помнело јавачките активности од прет­ходната недела. До времето кога се одр­жа последната сесија, терапискиот протокол не можеше да биде целосно следен. Мом­че­то сакаше да го јава коњот, но не сакаше да пра­ви ниту една активност на коњот како што се: кревање раце (рацете од момчето во­де­ни со помош на терапевтот), имитирање на птица и сл.
Според извештајот на родителите на мом­че­то, тоа направило мал прогрес во областа на со­цијализацијата и чув­ст­ви­тел­но/ког­ни­тив­на­та свест, а благо влошување на од­не­су­ва­ње­то (Табела 1).

 

3.2. Case description 2
A.C. was a 10 year old boy with very severe symptoms of autism and severe intellectual disability. He had a complete absence of viable speech- his verbal output was limited to random, meaningless or bizarre sounds. Verbal comprehension was very poor, he showed no sign of responding to his name, and did not turn towards the speaker. He did, however, reacted to instructions such as “let’s go” by getting up from the seat. The boy showed no interest in toys or in other children and their activities. He reacted severely to any suggested change or uncomfortable situation by screaming, distress, and temper tantrum.
In the first therapy session, when the boy was brought up to the horse, he showed no interest in the horse. He averted his gaze from the horse and did not want to groom the horse. Although he did not show an interest in the horse, the situation was not uncomfortable for him, because he had no negative reactions. Riding activities were much more fun to him. He laughed but could not perform any of the exercises on the horse by imitating the therapists. Activities on the ground could not be performed because the boy did not want to lead the horse even with the therapists’ assistance.  In the following session, the moment the boy saw the horse he wanted to mount the horse and was opposing everything else. Obviously, he remembered riding activity from the week earlier. By the time last session took place, the therapy protocol could not be fully followed. The boy wanted only to ride the horse, but did not oppose doing exercises on the horse such as lifting arms, imitating the bird etc. (with therapists leading the arms of the child).
According to the parents’ report, the boy made a slight progress in the domains of socialization and sensory/cognitive awareness, and a slight deterioration in behavior (Table 1).

 

 

 

3.3. Опис на случај 3
Е.И. беше 9 годишно девојче со аутизам и бла­га интелектуална попреченост. Од сите де­ца кои учествуваа во терапијата, таа има­ше најдобра говорна способност. Таа упо­тре­бу­ваше насмевка и фрази, можеше да ги из­не­се нејзините потреби, но сепак покажа не­кои слабости како што се ехолалија, жа­р­гон и измислени зборови. Вербалниот опсег бе­ше добро развиен, разбираше комплексни, ин­струкции со две или повеќе барања. Таа реа­ги­раше остро на промени во рутината и преч­ките кои не можеше да ги премине, пла­че­ше и имаше авто-агресивно однесување.
Од првата сесија, девојчето покажа интерес за коњот. Самата таа зеде четка и започна да го чешла коњот. Таа повторуваше сè што те­ра­певтот кажуваше за коњот, како на при­мер името на коњот, дека коњот сака да биде чист итн. Таа уживаше во јавањето на коњот и ги направи сите активности поврзани со ко­њот кои беа побарани од неа. Девојчето ја из­вр­ши задачата со водење на коњот со упо­т­ре­ба на зборовите „ајде да одиме“. Тоа бе­ше одличен пример за користење на со­од­вет­­на фраза за решавање на проблем. До вре­­ме­то кога последната сесија се одржа, де­­вој­чето беше целосно независно во сите ак­тив­ности на терапевтскиот протокол со ми­ни­­мална контрола на терапевтот.
Според извештајот од родителите, девојчето се подобри значително во сите оценувани до­­­­­­мени. Подобрувањата се движеа од 11% во доменот на Здравственото/однесување до 30% во доменот на социјализацијата (Табела 1).

 

3.3. Case description 3
E.I. was a 9 year old girl with autism and mild intellectual disability. Of all the children in the therapy, she had the best verbal expression. She used simple words and phrases, could make her needs known, but still showed some weakness such as echolalia, jargon and invented words. Verbal comprehension was well developed, she understood complex, two or more instruction demands. She reacted severely to the changes in routine and to the obstacles she could not come across by crying and auto-aggressive behavior.
From the first therapy session, the girl showed strong interest in the horse. She herself took a brush and started to groom the horse. She was repeating everything the therapists were saying about the horse, e.g. the name of the horse, how horses like to be clean etc. She enjoyed riding activity and did all the exercises she was asked to do on the horse. The girl performed ground task of leading the horse using the words such as “let’s go”. That was an excellent example of using an appropriate phrase for problem solving. By the time the last session took place, the girl was totally independent in all the activities according to the therapy protocol with minimum therapists’ supervision.
According to the parents’ report on ATEC, the girl improved significantly in all of the domains assessed. The improvement ranged from 11% in the domain of Health/Behavior to the 30% in the domain of socialization (Table 1).

 

 

 

3.4. Опис на случај 4
М.Д. беше 10 годишно момче со тешки симптоми на аутизам и тешка интелектуална по­­преченост. Кај него отсуствуваше одрж­лив говор. Тоа разбираше основни зборови ка­ко што се „дојди, дај, земи“. Момчето не­ма­ше интерес за играчки или за играње со дру­ги деца. Немаше значителен визуелен кон­такт. Момчето немаше видлива реакција кон други луѓе, очигледна несвесност за дру­ги деца и возрасни. Детето демонстрираше ек­стремно авто-агресивно однесување.
Од првата терапевтска сесија до последната, де­тето беше заинтересирано за те­ра­пев­т­ски­те активности. Детето беше агресивно кон ко­њот и терапијата мораше да биде пре­ки­на­та поради безбедносни причини после седум се­сии.

 

3.4. Case description 4
M.D. was a 10 year old boy with severe symptoms of autism and severe intellectual disability. He had a complete absence of viable speech. He understood basic words such us “come, give, take”. The boy had no interest in toys or to play with other children. No meaningful eye contact. The boy had no observable response to other people, an apparent unawareness of other children and adults. The child demonstrated extreme auto-aggressive behavior.
From the first therapeutic session to the last, the child was uninterested in the therapeutic activities. What is more, the child was aggressive towards the horse and the therapy had to be discontinued for safety reasons after seven sessions.

 

 

 

4. Дискусија

 

4. Discussion

 

 

 

Постојат многу придобивки од терапијата со по­мош на коњи. Ова истражување имаше за цел да определи дали постојат некакви при­до­бивки од терапијата со помош на коњи, сп­ро­ведена врз четири деца со аутизам мерен според листата за мерење на трет­ма­нот на аутизам. Спроведеното истражување от­кри мешовити резултати. Кај двете деца, А.С. и Е.И., имаше очигледно и големо по­до­брување во три од четирите области оце­не­ти според извештајот на нивните родители. Н­е­маше никакви или само минимални про­ме­ни во Здрав­стве­но/физичко/однесување. Ве­ројатната при­чи­на за ова е дека овие две де­ца имаат веќе до­бар почетен резултат на листата за проверка, кој остави простор за мало по­до­брување. Дру­гите две деца, А.Ц. и М.Д. по­ка­жаа ми­ни­мално или никакво по­до­бру­ва­њa, едно од нив и нарушување на од­несувањето. Поради тоа што промените беа минимални (во само еден домен), тие мо­же­би придонесоа за греш­ка при мерењето по­меѓу почетната и крај­ната проценка. Треба да биде посветено вни­­ма­ние во ин­тер­пре­та­ција на овие ре­зул­та­ти поради тоа што де­ца­та кај кои се за­бе­ле­жа подобрување, имаа по­добар основен ре­зул­тат на листата на проверка, от­кол­ку децата кои не се подобрија. Ос­нов­ни­те резултати очи­глед­но играа значајна улога ка­ко прет­ска­жу­ва­чи на успехот од оваа те­ра­пи­ја.
Сите деца кои беа вклучени во терапијата, ос­­вен аутизам, имаа и интелектуална по­пре­че­но­ст. Општопознато е дека инте­ле­к­туал­на­та попреченост ги прави прогнозите за ау­ти­змот сиромашни (11). Двете деца кои не по­ка­­жаа подобрување веднаш по терапијата имаа тешки симптоми на интелектуална по­пре­­че­ност и многу тешки  симптоми на ау­ти­зам. Веројатно е дека сериозноста на ау­тис­­ти­чните симптоми и параметри на детето мо­же да послужи како добар претскажувач на успехот на терапијата со помош на коњи.
Опи­­шувањето на случаите не дозволи да би­дат спроведени никакви статистички тес­то­ви. Останатите ограничувања на ис­тра­жу­ва­ње­то бе­ше малиот број на вклучени при­ме­ро­ци, што зна­чи дека резултатите не можат да се ге­не­ра­ли­зираат за сите деца со ау­ти­зам. За крај, из­вештаите на родителите се суб­јективни по при­ро­да, затоа тешко е да се ре­че дали из­веш­та­ите се оригинални. Од дру­га страна пак, една чиста предност на ис­тра­жувања со еден случај е дека учесниците на истите мо­жат да служат како са­мо­кон­тро­ла, а во груп­ни случаи честопати постојат раз­личности по­ме­ѓу учесниците (12). Во ова ис­тражување ние користевме опис на случај со оценување на родители во два момента: пред почетокот на третманот и по за­вр­шу­ва­њето. За по­на­та­мош­на потврда на ре­зул­та­ти­те, потребно е студија на следење за да се ви­ди дали ре­зул­та­ти­те од терапијата се дол­го­трајни.

 

There are many benefits of the equine assisted therapy. This study aimed to determine if there were any benefits of the equine assisted therapy  based on the functioning of four children with autism as measured by the Autism Treatment Evaluation Checklist. The current study revealed mixed results. In two children, A.S. and E.I., there was an obvious and large improvement in three of the four areas assessed according to the parents’ reports. No changes or minimal changes were reported for the Health/Physical/Behavior Domain. The probable reason for this is that these two children already had a very favorable initial score on ATEC which in turn left little space for an improvement. The other two children, A.C. and M.D. showed minimal or no improvement with one child deteriorating in the area of behavior. Because the changes were minimal (on 1 item) they could be attributed to the measurement error between the initial and final evaluation. A caution should be made in interpreting these results as the  children who did improve significantly had a much better baseline scores on ATEC than did the children who did not improve. Baseline scores obviously played an important role as predictors of the successfulness of the therapy.
All the children included in the therapy besides having autism had an intellectual disability as well. It is widely recognized that intellectual disability makes the prognosis of autism poor (11). Two children who did not improve substantially after the therapy were in the range of severe intellectual disability and had very severe symptoms of autism. It is likely that the severity of autistic symptoms and child’s preferences might serve as a good predictor of the successfulness of equine assisted therapy.
Case description design did not allow any statistical tests to be performed. Other limitations of the study include small number of cases so the results can not be generalized to all children with autism. Lastly, reports made by parents are subjective in nature, so it is hard to tell if the effects reported are genuine. On the other hand, one clear advantage of single-case research studies is that the participants serve as their own control, whereas in group design there is often greater variability between the participants (12). In this study we used a case description with parent ratings at two points in time, namely at the beginning of treatment and at the end of treatment.   To further validate these results it is necessary to do a follow-up study to see whether the benefits of EAT are long-lasting.

 

 

 

5. Заклучок

 

5. Conclusion

 

 

 

Сигурно е дека терапијата со помош на ко­њи има иднина во лекувањето на деца со ау­тис­ти­чен спектар и треба да биде упо­тре­бу­в­ана како дополнителна терапија заедно со други еду­ка­тивни и биолошки терапии, како и со те­­ра­пии за однесување. Не сите деца со ау­тис­­ти­чен спектар ќе имаат придобивка од те­ра­­пи­јата со помош на коњи. Пред имп­ле­мен­та­­цијата на оваа терапија, како и при секоја дру­­га терапија, важно е да се оценат децата и да се забележи што тие сакаат, а што не са­ка­ат. Врз основа на нивните интереси да се на­прави ин­дивидуална програма за терапија. Те­ра­пев­ти­те треба да ја индивидуализираат те­ра­пијата со помош на коњи и да му по­мог­нат на секое де­те да расте со поддршка на коњ.

 

It is certain that equine-assisted therapy holds future in treating the children with ASD and should be used as a complementary therapy to other educational, behavioral and biological therapies. Not all children with ASD will benefit from EAT. Prior to the implementation of EAT, as in any other therapy, it is important to assess the children and note their likes and dislikes, and according to their preferences to make individual program of therapy. Therapists need to individualize EAT and help each child grow with the assistance of the horses.

 

 

 

Citation:Memisevic H, Hodzic S. The Effects of Equine-Assisted Therapy in Improving the Psycho-Social Functioning of Children with Autism. J Spec Educ Rehab 2010; 11(3-4):57-67.

   

 

   

6. Литература/References

 

 

 

 

 

  1. Nicholas JS, Charles JM, Carpenter LA, King LB, Jenner W, Spratt EG. Prevalence and characteristics of children with autism-spectrum disorders. Annals of Epidemiology, 2008, 18: 130–136.
  2. Kaplan H, Saddock B. Synopsis of Psychiatry. New York: Lippincott Williams & Wilkins; 1998.
  3. Levy SE, Hyman SL. (2005). Novel treatments for autistic spectrum disorders. Mental Retardation and Developmental Disabilities Research Reviews; 2005, 11: 131–142.
  4. Matson JL, Smith KRM. Current status of intensive behavioural interventions for young children with autism and PDD-NOS. Research in Autism Spectrum Disorder; 2008, 2: 60–74.
  5. Francis K. Autism interventions: a critical update. Developmental Medicine & Child Neurology; 2005, 47: 493–499.
  6. Hakanson M, Moller M, Lindstrom I, Mattsson B. The horse as the healer- a study of riding in patients with back pain. Journal of Bodywork and Movement Therapies; 2007, 13: 43–52.
  7. Karol J. Applying a Traditional Individual Psychotherapy Model to Equine-facilitated Psychotherapy (EFP): Theory and Method. Clinical Child Psychology and Psychiatry; 2007, 12: 77–90.

 

 

  1. Pauw J. Therapeutic Horseback Riding Studies: Problems Experienced by Researchers. Physiotherapy; 2000, 86: 523 – 527.
  2. Bass MM, Duchowny CA, Llabre MM. The effect of therapeutic horseback riding on social functioning in children with autism. Journal of Autism and Developmental Disorders; 2009, 39: 1261–1267.
  3. Rimland B, Edelson SM. Autism Research Institute, Autism Treatment Evaluation Checklist (ATEC) [Online].  1999 [Cited 2009 June 6]; Available at: URL:http://www.autism.com/ari/atec/atec-online.htm
  4. Matson JL, Shoemaker M. Intellectual disability and its relationship to autism spectrum disorders. Research in Developmental Disabilities; 2009, 30: 1107 – 1114.
  5. Applegate SL, Rice MS, Stein F, Maitra KK. Knowledge of results and learning to tell the time in an adult male with an intellectual disability: a single-subject research design. Occupational Therapy International; 2008, 15: 32 – 44.

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in