Чувствителниот дефектолог уште од самиот почеток ги толкува детските активности како тие да искажуваат волја, цел, чувства и желби и преку овие толкувачки реакции на дефектологот, детето се вовлекува во дијалог со него. На тој начин детето постепено навлегува во светот на заеднички човечки вредности, намери, желби и чувства.
Основната цел на магистерската теза, презентирана на 227 страници, е да се согледа потребата од примена на посензитивна комуникација и интеракција според принципите на ICDP програмата преку самопроцена на интеракцијата на дефектолозите со учениците во посебните училишта и установи,
|
|
In the earliest stages, sensitive special educators interpret a child’s activities as he or she expresses his or her will, purpose, emotions, and desires. The child is participating in a dialogue with the special educator, based on the educator’s interpretative reactions. In this way, the child gradually enters the world of common human values, intentions, wishes, and emotions.
The basic aim of the master thesis, presented in 227 pages, is to realize the necessity of implementing more sensitive communication techniques and interaction skills with pupils in special schools and institutions, according to the principles of ICDP program. This was
|
како и согледување на потребата за воспоставување сензитивна комуникација помеѓу дефектологот и детето, според учениците и нивните родители.
Трудот ги содржи следниве делови: вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражување, методологија на истражувањето, резултати од истражувањето, дискусија, заклучок, предлог-мерки, литература и прилози. Во воведниот дел се нагласува потребата од спроведување на истражување со кое ќе се овозможи проценка на потребата од сензитивна комуникација и интеракција при работата на дефектолозите со децата со интелектуална попреченост во посебните установи. Во теоретскиот дел е опишана интелектуалната попреченост, со дефинирање на поимот, етиологија на интелектуална попреченост, класификација, преваленција, како и карактеристиките на децата со лесна, умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост. Исто така, во теоретскиот дел направен е детален опис на ICDP програмата со објаснување на целите, задачите како и теоретските основи на програмата во кои се истакнува важноста на раната интеракција со сите фази. Во содржината на ICDP програмата е објаснет концептот кој што негувателот го има за детето, осумте показатели за добра интеракција и емпатична идентификација, седумте принципи на сензитивизација како и сите области и начини на имплементирање на оваа програма. Во овој дел се опишани и досегашните ICDP искуства во Република Македонија.
При поставувањето на методологијата дефинирани се предметот, целта и карактерот на истражувањето, задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките и инструментите, популацијата и примерокот, организацијата и текот на истражувањето како и статистичките техники потребни за обработка на податоците. Примерокот на истражување беше составен од 140 испитаници поделени во седум групи, во секоја по дваесет испитаници. Првите три групи беа составени од дефектолози кои работат со деца со лесна, умерена и тешка интелектуална попреченост, четвртата и петтата група се состоеше од две групи на ученици со лесна и умерена интелектуална попреченост, додека шестата и седмата група беше составена од нивните родители.
При анализата и интерпретацијата на резултатите најпрвин се анализирани одговорите на секоја група испитаници поодделно, а потоа е направена компарација во групите на дефектолози, родители и ученици со интелектуална попреченост. Обработката на податоците од истражувањето беше извршена со помош на статистичките етапи и техники: групирање и табелирање на податоците и R X C Егзактнаи табели на контингенција. При анализата на податоците не беше забележана статистички значајна разлика помеѓу групите поделени на овој начин. Во следниот дел направена е компарација на испитаниците поделени според категоријата на попреченост со која работат или на која и припаѓаат. Во овој дел имавме две групи, лесна и умерена интелектуална попреченост. Притоа, забележана е силна статистички значајна разлика помеѓу одговорите на испитаниците на секое прашање од анкетниот лист. Додека дефектолозите беа задоволни од својата работа и пристапот кон учениците со интелектуална попреченост, нивните родители покажуваа просечно задоволство, а самите ученици беа константно незадоволни од работата на нивните „наставници“. Заклучоците ја истакнуваат потребата од имплементирање на програма која би овозможила посензитивна комуникација и интеракција со учениците со интелектуална попреченост.
|
|
accomplished through self-evaluation questionnaires given to special educators, asking them to make an evaluation of their own communication skills with pupils in special schools and institutions. Consideration was also made toward the need for establishing sensitive communication skills between the special education teacher and the child, as collected from the responses given by pupils and their parents.
The thesis contains the following parts: introduction, theoretical approach to the research problem, research methodology, research results, discussion, conclusion, proposal recommendations, and bibliography, along with the data from questionnaires and surveys used for the research. The introduction highlights the need for research in assessing the importance of implementing sensitive communication techniques and interaction skills for special educators who work with children who have intellectual disabilities in special institutions.
The theoretical approach to the research problem describes the intellectual disability by defining the concept, etiology of intellectual disability, classification, prevalence and characteristics of children with mild, medium, severe and profound intellectual disabilities. Furthermore, this section makes a detailed description of the ICDP program’s aims, tasks, and theoretical grounding, emphasizing the importance of early interaction throughout all stages of early interaction. The contents of the ICDP program describes the concept that the caregiver has for the child, the eight principles for good interaction and empathetic identification, the seven principles of sensitivity, and all areas and ways of implementing this program. Finally, in this section the current ICDP experiences in the Republic of Macedonia are described.
The methodology section defines the subject, aim and character of the research, tasks, hypothesis, variables, methods, techniques and instruments, population sample, organization and development of research and statistical techniques required for data processing. The population sample was composed of 140 respondents divided into seven groups, each with twenty respondents. The first three groups were comprised of special education instructors and rehabilitation therapists who work with children with mild, medium and severe intellectual disability, fourth and fifth group consisted of two groups of children with mild and medium intellectual disability, while sixth and seventh group were comprised of their parents.
In the analysis and interpretation of results, the answers of each group of respondents are analyzed separately, then the groups of special education teachers and rehabilitation therapists, parent and pupils with intellectual disabilities are compared. Processing of data research was conducted using statistical techniques and stages: grouping and making tables from data and R X C Exact Contingency Table. No significant statistical difference between groups divided in this way was noted. In the next part a comparison of respondents divided by category of disability they work with, or to which they belong. In this part we had two groups: mild and medium intellectual disability. A statistically strong significance was found in the differences between the answers of respondents to each question from the questionnaire sheet. While the special education teachers and rehabilitation therapists were satisfied with their work and approach to pupils with intellectual disabilities, their parents showed an average satisfaction, while the pupils themselves were consistently dissatisfied with the work of their “teachers.” In conclusion, it is emphasized that the necessity of implementing a program that enables more sensitive communication and interaction with pupils with intellectual disabilities.
|