АРТИКУЛАТИВНИТЕ СПЕЦИФИЧНОСТИ КАЈ ДЕЦАТА СО РАЗВОЈНА ДИСФАЗИЈА ВО РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Ана ПОПОСКА

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух,
говор и глас - Скопје

 

ARTICULATION CHARACTERISTICS IN CHILDREN SUFFERING FROM SLI IN EARLY SCHOOL AGE

Ana POPOSKA

Institution for Rehabilitation of Hearing, Speech and Voice – Skopje

Ана Попоска го одбрани својот магистерски труд на 09. 05. 2009 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје пред комисијата во состав: доц. д-р Силвана Филипова, проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Ристо Петров.

 

Mrs. Ana Poposka defended her masters thesis at the Institute for Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius” – Skopje, on 9 May 2009. 
The graduating commission consisted of the following members: Prof. Silvana Filipova, PhD, Prof. Zora Jachova, PhD and Prof. Risto Petrov, PhD.

Примено: 13. 09. 2009
Прифатено: 06 10. 2009
UDK: 376.1-056.264-053.5

 

Received: 13. 09. 2009
Accepted: 06. 10. 2009
Abstract from master thesis

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Познавањето на артикулативниот сегмент на развојната дисфазија има важна улога во дијагностичкиот пристап кај децата во рана училишна возраст. Фонолошко-артикулативниот статус кај оваа детска популација има свои специфичности, чие познавање од своја страна, овозможува правилен рехабилитациски третман.
Теоретскиот дел нуди сеопфатна анализа на физиологијата на сите говорно-јазични рамништа во развојниот период, како и на патологијата на претходно споменатите аспекти. Посебен акцент е ставен на патологијата на артикулативниот аспект кај децата со развојна дисфазија.
Целта на овој магистерски труд е да се утврди директната зависност меѓу доцнењето во говорно-јазичниот развој и процесот нагласовно изградување во говорот кај децата со развојна дисфазија, споредено со нормалниот говорно-јазичен развој.
Во истражувањето се опфатени 35 деца кај кои е дијагностицирана развојна дисфазија, како и контролна група од 35 деца од нормалната популација.
Испитувањето на фонолошко-артикулативниот статус е извршено со четири релевантни тестови и тоа: глобален артикулативен тест, тест за испитување на артикулација, артикулативен тест за аналитичка процена на фонолошко-артикулативните отстапувања и тест за разбирливост на говорот.
За обработка на добиените податоци од емпириските фреквенции за конкретните категории кај двете испитувани групи е користен c2 тест. Во исто време за утврдување на степенот на поврзаност меѓу групите обележја кај испитаниците, е употребен коефициентот на контингенција. Заради неопходноста од утврдување на поврзаноста на резултатите од различните тестови употребени кај секоја од групите одделно, е искористен и Пирсоновиот коефициент на корелација.
Од добиените резултати се овозможува увид во некои важни особености на фонолошко-артикулативните отстапувања. Децата со развојна дисфазија имаат во просек 20 совладани гласа. Најголем проблем за нив е фрикативно-африкатната низа, најчеста гласовна местоположба е медијалната, додека најчест вид на гласовно отстапување е супституцијата. Деталната анализа укажа на доминантен проблем со местото на создавање на гласовите, освен во случаите на гласовно отстапување на вокалите и назалите.
Аналитичкиот пристап при оценување на гласовниот квалитет во зборовен и реченичен контекст докажа отстапување од физиологијата на изговорот за повеќе од еден степен, кој пак се јавува како последица на лоша аудитивна меморија, лоша аудитивна дискриминација, лоша фонолошка свест како и нееластичност на периферните говорни органи.
Взаемозависноста на артикулативниот статус и говорната разбирливост е директна последица на проблемот со гласовната сукцесивност во зборовите. Под влијание на оралната диспраксија се покажа практично невозможно еден точно изговорен глас да биде секогаш коректно употребен во зборовен контекст.
Како заклучок треба да се нагласи дека сиромашната фонемна структура, ограничениот фонемен капацитет, како и слабата говорна разбирливост на децата со развојна дисфазија покажуваат специфичност и променливост до степен на крајна недоследност, пројавена преку начин на изговор управуван од нестабилизирани и сè уште варијабилни механизми, кои не се покоруваат на хиерархиски шематизираната фонемна структура на стандардниот јазик.
Суштинска предлог мерка која се издвојува од сите наведени во трудот е: корекцијата на фонемите да почне откако ќе биде развиен рецептивниот говор на конкретно рамниште, додека на ниво на експресивен говор откако ќе се постигне степен на проста реченица.

 

Getting closer to the articulation segment of SLI is important for diagnosis of children in early school age. Phonologic and articulation status of this population is specific, and acknowledging it, will secure adequate rehabilitation.
The theory offers wide analysis of physiology of all speech-language aspects of the developmental period, as well as its pathology. The emphasis is put on the articulation segment in children with SLI.
The goal of this study was to establish direct relation between speech-language development delay and the process of sound  forming in children with SLI, and in the same time comparing it with the normal speech-language development.
In this study a group of 35 children with SLI, and a group of 35 children without this problem were included.
The examination was performed with four relevant tests: Global articulation test, Test for examining articulation, Articulation test for analytic estimation of phonologic and articulation disorders and Test for understanding speech.
For processing data from empiric frequencies for specific categories in both tested groups, c2 test was used. In the same time, establishing correlation level between groups of different characteristics in examinees, quotient of contingency was included. Since the necessary confirmation of results correlation among different test results scored in both groups, Pearson test of correlation was also used. 
The results showed some important characteristics of phonologic-articulation disorders. Children suffering from SLI have approximately 20 well pronounced sounds. The biggest problem is pronunciation of sounds from fricative and affricate group, medial position of sound in a word, and the most frequent sound disorder is substitution. Detailed analysis resulted with dominant problem with the place of sound production, except in cases of sound mispronunciation of vowels and nasals.
When estimating sound quality in word and sentence order, deviation of pronunciation for more than one degree occurred. This deviation happens as a result of bad hearing memory, bad hearing discrimination, bad phonology awareness and inelasticity of peripheral speaking organs.
Interaction between articulation status and speech understanding is a direct consequence of the problem of sound successiveness in words. By the influence of oral dyspraxia, it is impossible a word well pronounced in isolated situation, to be well pronounced in word complex.
As a conclusion, it should be stressed out that poor phoneme structure, phoneme capacity, as well as bad speech understanding  in children with SLI have specifies and instability up to the level of terminal inadequacy, shown by  pronunciation determined by instable and yet variable mechanisms, which do not obey to hierarchy built phoneme structure of a standard language.       
In fact, the guideline is to start phoneme correction, after achieving the stage of specific level in receptive speech, as well as expressive speech after achieving simple sentence construction.

 

 

 

Клучни зборови: Развојна дисфазија, фонолошко-артикулативни отстапувања, фонемна структура, фонемен капацитет, говорна разбирливост, орална диспраксија.

 

Key words: Speech language impairment, phonologic-articulation disorders, phoneme structure, phoneme capacity, speech understanding, oral dyspraxia.

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

АнаПОПОСКА

 

Ana POPOSKA

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух,
говор и глас - Скопје
Белградска бб, 1000 Скопје, Македонија
e - mail: ana.popovska@yahoo.com

 

Institution for Rehabilitation of Hearing,
Speech and Voice – Skopje
Belgradska bb, 1000 Skopje, Macedonia
e - mail: ana.popovska@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in