JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 36130
САМОЕВАЛУАЦИЈА НА КОМПЕНТЕНЦИИТЕ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ ОД ПОСЕБНИТЕ УСТАНОВИ
Наташа М. ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА
Филозофски факултет |
|
SELFEVALUATION OF COMPETENCES OF THE SPECIAL EDUCATORS AND REHABILITATORS IN THE SPECIAL INSTITUTION
Natasha M. CHICHEVSKA-JOVANOVA
Faculty of Philosophy - Institute for Special Education and Rehabilitation |
Примено: 15. 05. 2009 |
|
Received: 15. 05. 2009 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Образованието во Р. Македонија повеќе од една деценија подлежи на големи промени. Тие прво започнаа во редовното предучилишно и основно образование, а потоа и во посебното. Истовремено со овие промени се случуваа и неформални промени во образованието на наставниот кадар. Болоњската декларација претставува само една логична последица на формализирањето на овие промени. При формирањето на модерни универзитетски студиски програми потребно е |
|
More than one decade, the education in the Republic of Macedonia is going under big changes. At first they started in the regular pre-elementary and elementary education, and then in the special education. At the same time, together with these changes there have been informal changes in the education of the teaching staff. The Declaration of Bologna presents just one logical consequence of the formalization of these changes. Upon designing the modern university study programs, it is ne- |
за секое поединечно подрачје да се дефинираат специфичните компентенции што студентите треба да ги стекнат во текот на студиите.
|
|
cessary to definite specific competences, which students should acquire during their studies. In the literature, there are a number of definitions for the term competence. According to Perrenoud (1999) competence is “ability for effective functioning in numerous situations, which is based on acquired knowledge, yet not limited to that knowledge only.” (1)
|
|
|
|
Материјали и методи |
|
Materials and methods |
|
|
|
Со цел да утврдиме како дефектолозите (практичари) ги оценуваат сопствените стручни способности, спроведовме анкета. Анкетниот лист се состоеше од вкупно 14 прашања за постигнатите и посакуваните компентенции кои се важни за еден дефектолог. Во истражувањето беа анкетирани вкупно 42 дефектолози, и тоа:
Добиените одговори од анкетниот лист ги поделивме во 2 групи: едната за она што научиле во текот на студирањето (научив), а другата за она што им е потребно (потребно е). Бидејќи прашањата беа од отворен тип, во табелите ги прикажавме најфрекфентните одговори. На дел од прашањата, дефектолозите не дале свое мислење. Во продолжение ќе ги презентираме и анализираме резултатите само на 7 прашања од оригиналниот анкетен лист. Имено, сметаме дека токму овие прашања директно влијаат на професионалните компентенции кои примарно се стекнуваат за време на студирањето. |
|
In order to determine how the special educators and rehabilitators (practical people) assess their self-professional capabilities, we have conducted a survey. The questionnaire consisted of 14 questions, for the acquired and desired competences, which are essential for a special educator and rehabilitator. The survey covered 42 special educators and rehabilitators, namely:
The answers we have received were divided in 2 groups, i.e. one group of what had been learned during the studying (I have learned), and the other of what was needed (it is necessary). Since the questions were of the open type, in the tables we have shown the most frequent answers. To part of the questions, the special educators and rehabilitators did not give their opinion. Further on, we have presented and analyzed the results for only 7 questions from the original paper. We think that these questions have directly influenced the professional competency, which are primarily acquired during education. |
|
|
|
Резултати со дискусија |
|
Results with discussion |
|
|
|
Табела 1. Дидактички карактеристики |
|
Table 1. Didactic Characteristics |
На првото прашање кое се однесуваше на познавањето и разбирањето на дидактичките карактеристики на воспитно-образовната програма, 23 (54,8%) дефектолози сметаат дека доволно научиле за оваа тема за време на студирањето, 3 (7,1%) сметаат дека се стекнале со делумни знаења кои подоцна ги продлабочиле во пракса. Во однос на содржините кои треба да бидат вклучени во иницијалната подготовка на дефектолозите, 6 (14,3%) сметаат дека се потребни повеќе практични вежби за изготвување на годишните и тематските планирања. Голем број на дефектолози ја истакнуваат потребата од организирање на семинари и работилници за одредени теми со цел следење на сите промени и новини кои се случуваат во посебното образование. |
|
To the first question referring to knowledge and understanding of the didactic characteristics of the education programs, 23 (54,8%) special educators and rehabilitators think that they have learned enough during the studies, 3 (7,1%) believe that they have acquired partial knowledge, which have later been expanded in practice. Regarding the contents that should be included in the initial preparation of the special educators and rehabilitators, 6 (14,3%) believe |
|
|
|
Табела 2. Воспитно-образовни цели |
|
Table 2. Educational Goals |
На второто прашање кое се однесуваше на правилната формулација и утврдувањето на воспитно-образовните цели, 27 (64,3%) се изјасниле дека добиле доволни знаења за време на студирањето, а 9 (21,4%) сметаат дека за време на студирањето треба да се посвети повеќе внимание на јасната динстинкција на истите. |
|
To the second question referring to correct formulation and establishment of the educational goals, 27 (64,3%) think that they have acquired enough knowledge during their studies, and 9 (21,4%) consider that during the studies more attention should be paid to clear distinction of the same ones. |
|
|
|
Табела 3. Прилагодување на наставната содржина |
|
Table 3. Adjustment of |
Научив/ I learnt: |
Потребно е/ It is necessary: |
- Доволно/ 16 (38,1%) |
- Практичната настава/ 9 (21,4%) |
На прашањето дали за време на студирањето се оспособени за прилагодување на наставната содржина според индивидуалните потреби на учениците, 16 (38,1%) од дефектолозите одговориле дека добиле доволни информации, 6 (14,3%) сметаат дека добиле делумни информации, 2 (4,8%) се изјасниле дека добиле повеќе теоретски знаења. Аналогно на овие констатации, сугестиите се во насока да се обрне поголемо внимание на практичната настава (табела 3). |
|
To the question whether during the studying they are enabled for adjustment of the curriculum according to individual needs of the pupils, 16 (38,1%) of the special educators and rehabilitators believe that they have acquired enough information, 6 (14,3%) consider that they have acquired partial information, 2 (4,8%) explain that they have acquired more theoretical knowledge. In analogy to these conclusions, suggestions have been made in direction for greater attention to be paid to the practical instruction (table 3). |
Табела 4. Изготвување на ИОП (Индивидуален образовен план) |
|
Table 4. Preparation of Individual Educational Plan (IEP) |
Како што еден дефектолог истакна: „ИОП не беше актуелна тема кога јас студирав“, дека имаат доволно познавање на оваа тема се изјасниле помал број од анкетираните. Скоро сите ја посочуваат важноста од неговото изготвување за постигнување на подобри резултати при работата. Во однос на она што е потребно да се вклучи во иницијалната подготовка на дефектолозите 12 (28,6%) сметаат дека изготвувањето на ИОП треба да биде предвиден во практичната настава. |
|
As one special educator and rehabilitator pointed out: “IEP was not an actual topic, when I was studying”, smaller number of the respondents has stated that they have enough knowledge on this topic. Almost everyone points out the importance of its preparation for achieving better results during work. Considering what is important to be included in the initial preparation of the special educators and rehabilitations, 12 (28,6%) believe that preparation of the IEP should be scheduled in the practical instruction. |
|
|
|
Табела 5. Тестови за проценка |
|
Table 5. Assessment Tests |
Во табелата 5 се презентирани добиените одговори на прашањето кое се однесуваше на правилниот избор на тестови за проценка на потребите на ученикот во наставата. Дефектолози ја истакнаа потребата од употреба, односно изработка на стандардизирани и индивидуални тестови за проценка кои ќе бидат објетктивни и јасни. |
|
The answers on the question referring to the correct choice of assessment tests for the pupil’s needs in the schooling are presented in table 5. Special educators and rehabilitators stress the need for usage that is preparation of standardized and individual assessment tests, which would be objective and clear. |
|
|
|
Табела 6. Информатичка технологија |
|
Table 6. Information Technology |
Иако знаевме дека во однос на оваа тема нема да добиеме позитивни резултати (во последните неколку години во наставната програма е ставен акцент на оваа тема) сепак сметавме дека во компетенциите на идните дефектолози потребно е да биде опфатена и оваа содржина. Резултатите покажаа (54,8% од анкетираните) дека е потребно обука и едукација, а двајца сугерираат да има посебен предмет во рамките на наставниот план на Институтот за дефектологија. |
|
Although we knew that regarding this topic we would not get positive results (in the last few |
|
|
|
Табела 7. Соработка со родителите |
|
Table 7. Cooperation with Parents |
Седмото прашање од анкетниот прашалник се однесуваше на соработката со родителите. Оваа тема дефектолозите ја посочуваат како една од поважните (родителите се една од главните алки во воспитно-образовната работа). Тие сметаат дека за време на студирањето по однос на оваа тема се добиваат повеќе теоретски знаења. Во однос на едукацијата на идните дефектолози, анкетираните сметаат дека е потребно да се организираат директни контакти со родителите и задолжителна волонтерска работа на студентите во невладини организации на родителите. |
|
The seventh question of the questionnaire referred to the cooperation with parents. This topic was stressed as one of the most important ones by the special educators and rehabilitators (the parents are one of the main rings in the educational work). They consider that during the studies more theoretical knowledge is acquired on this topic. Regarding education of the future special educators and rehabilitators, the respondents believe that it is necessary to be organized direct contacts with the parents and obligatory voluntary work of the students in the non-governmental organizations of the parents. |
Слика бр. 1. Институции |
|
Figure 1:Institution |
||
|
|
|
||
На прашањето: Каде најдобро можете да ги реализираате Вашите професионални коментенции?, им беа понудени 4 установи: посебни основни училишта (ПОУ), рехабилитациони установи, предучилишни установи и редовни основни училишта (РОУ). Со користење на броевите од 1 до 4 (1 - мн. добро; 2 - добро; 3 - доволно; 4 - недоволно), тие требаше да направат градација меѓу овие 4 установи. Од сликата 1 може да се забележи дека анкетираните дефектолози се чувствуваат најкомпетентни за работа во ПОУ (СВ 1,12), потоа во рехабилитационите установи (СВ = 2,64), а најмалку компетентни за работа во РОУ (СВ = 3,25). |
|
To the question: Where could you best realize your professional competences?, the respondents were offered 4 institutions: special primary schools, rehabilitation institutions, pre-school institutions and regular primary schools. By using the numbers 1 to 4 (1- very good; 2-good; 3-sufficient; 4-unsufficient) they were supposed to make gradation among these 4 institutions. From the picture 1 it can be seen that the respondents feel most competent to work in the special primary schools, rather than in the rehabilitation institutions, and they are the least competent for work in the regular primary schools. |
||
|
|
|
||
Заклучоци |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Резултатите покажаа дека еден вид компентенции во досегашната програма не биле земени предвид. Најголеми недостатоци на кои секако ќе треба да посветиме поголемо внимание се оние компентенции кои се однесуваат на новитетите во образованието, како што е инклузијата на учениците со посебни образовни потреби, интердисциплинарноста, што пак значи соработка (тимска работа) како и сите видови на комуницирање (соработка со родителите и пристап кон информатичката технологија). Учењето и стекнувањето на овие компентенции секако подразбира и промена во методите на поучување на студентите (од “subject-centered” и “teacher-centered” кон “student-centered”) што пак претставува и една од целите на Болоњскиот процес. Тоа значи повеќе активна настава на студентите, поттикнување на критичкото мислење, решавање на проблеми, поголемо насочување на студентите кон употреба на знаењата во нови ситуации и помало класично подучување. Добиените податоци претставуваат драгоцена основа за изготвување на новите студиски програми на Институтот за дефектологија. |
|
The results have shown that one type of competences in the past program had been ignored. The major shortfalls to which we should pay more attention are those competences which refer to the novelties in education, such as inclusion of the pupils with special education needs, interdisciplinary, which means cooperation (teamwork) as well as all types of communication (cooperation with parents and access to information technology). Learning and acquiring these competences of course involves changes in the methods of teaching the students (from „subject-centered” and „teacher-centered“ towards „student-centered“) which presents one of the goals of the Bologna process. That means more active schooling of the students, instigation of the critical thinking skills, problem solving, better direction of the students to use their knowledge in new situations and lesser classical schooling. The obtained results present a valuable basis for preparing the new study programs at the Institute for Special Education and Rehabilitation. |
||
|
|
|
||
Citation:Chichevska-Jovanova N, Dimitrova-Radojichikj D. Self Evaluation of Competences of the Special Educators and Rehabilitators in the Special Institution. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):25-32.. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE