ДЕТЕ СО КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТАНТ ВО РАМКИТЕ НА ИНКЛУЗИВНАТА УЧИЛНИЦА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Александра КАРОВСКА
Филозофски факултет,
Институт за дефектологија - Скопје |
|
A CHILD WITH A COCHLEAR IMPLANT WITHIN THE INCLUSIVE CLASSROOM - CASE STUDY
Aleksandra KAROVSKA
Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation - Skopje |
Александра Каровска го одбрани својот магистерски труд на 31. 03. 2009 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Наташа Ангелоска-Галевска и проф. д-р Ристо Петров. |
|
Aleksandra Karovska defended her master thesis on 31st March 2009 at the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, University of “Ss. Cyril and Methodius” - Skopje in the presence of commission consisted of: Prof. Zora Jachova, PhD, Prof. Natasha Angeloska-Galevska, PhD and Prof. Risto Petrov, PhD. |
Магистерскиот труд е презентиран на 167 страници. Трудот ги содржи следниве делови: вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражување, методологија на истражување, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни сознанија со предлог-мерки, литература и прилози.
Во воведот се нагласува потребата од спроведување на една лонгитудинална студија со цел да се опише животот и настаните на дете со кохлеарен имплантант во инклузивната училница. Основната цел на магистерската теза е да се утврдат социјалните импликации на оштетеноста и да се утврдат индивидуалните разлики во пристапите на наставниците во поглед на процената на способностите на испитаникот. |
|
The master thesis is presented on 167 pages. The paper consists of the following parts: introduction, theoretical approach towards the research problem, research methodology, analyses and interpretation of the results, conclusions with recommendations, bibliography and supplements.
The introduction emphasizes the necessity of conducting a longitudinal study in order to describe the life and events of a child with a cochlear implant within the inclusive classroom. The main aim of the master thesis is to determine the social implications of impairment and the individual differences in the teachers’ approaches regarding the abilities of the examinee. |
Во теоретските основи се образложуваат социјалниот, политичкиот и едукативниот контекст во кој се изведува кохлеарната имплантација и се елаборира неонаталниот скрининг како предуслов за успешна кохлеарна имплантација и се даваат податоци за функционирањето на кохлеарниот имплантант.
Значаен сегмент од теоретските основи е дефинирањето на аспектите на инклузивното образование на децата со слушни оштетувања, како и моделите на поддршка за децата со оштетен слух во редовните училишта.
Во истражувачкиот дел се претставени предметот на истражување, целта и карактерот на истражувањето, истражувачките прашања, хипотезите на истражувањето, примерокот и временската рамка, методите, техниките и инструментите на истражувањето, степенот на партиципација во истражувањето и снимањето на појавите. Како примерок е избран ученик со кохлеарен имплантант во инклузивното училиште „Димо Хаџи Димов“ на возраст од 11 години во текот на првата година од лонгитудилната студија, односно на 12 годишна возраст во текот на втората година од студијата.
Во делот кој се однесува на анализа и интерпретација на резултатите прикажани се податоците добиени со примена на квантитативни и квалитативни процедури, односно податоците добиени со спроведување на полуструктурирани интервјуа со наставниците, чек-листата за опсервација на партиципацијата на слушно оштетениот ученик во инклузивната училница и видеоиндикаторите за интеракција. Со цел да се направи холистичка анализа на случајот употребен е паралелниот метод на поврзување на квалитативниот и квантитативниот пристап. Во однос на стандардите за квалитет и верификација е употребена постапката на триангулација со цел да се овозможи екстензивна верификација на истражувачките хипотези адекватно на истражувачките прашања. Протоколот на триангулација се состои од: извори на податоци, истражувач, теорија и методолошки прашања.
Појавата и испитаникот се следени континуирано во текот на двете училнишни години, а сумирањето на податоците е изведувано двапати годишно за секој од наставните предмети. По секое собирање на податоци и анализа на истите е изведувана инструктивна работа со наставниците од страна на специјализирани лица - дефектолози која се состоела во предлагање на стратегии за работа со дете со кохлеарен имплантант во инклузивни услови.
На крајот од магистерската теза се донесени следниве заклучоци: Наставниците употребуваат идентични методи при реализација на наставните содржини, а одредени наставници го употребуваат писмениот метод како средство за доближување на содржините кон испитаникот со кохлеарен имплантант.
Заклучено е дека постои позитивна интеракција меѓу испитаникот и неговите врсници како и испитаникот и неговите наставници. Исто така, наставниците имаат подеднаков третман кон ученикот со кохлеарен имплантант како и кон неговите врсници.
Во однос на тоа дали наставниците прават одредени адаптации согласно способностите на испитаникот, заклучено е дека адаптациите ги прават наставници чии предмети имаат специфична природа.
Последниот заклучок се однесува на потребата од стручна помош и поддршка од стручно лице - дефектолог. Размислувањата на наставниците укажуваат на ставот дека е неопходна континуирана поддршка од дефектолог во рамките на секојдневната работа.
Предлог мерки се:
- Подигнување на свеста и информираноста на широката јавност за кохлеарниот имплантант.
- Дополнителна едукација на наставниот кадар заради подобро запознавање и разбирање на оваа проблематика.
- Да се укаже на потребата од изготвување на ИОП.
- Да се укаже на важноста од редуцирањето на вревата во заднина која што го попречува нормалното функционирање на кохлеарниот имплантант.
- Давање на стратегии за работа со деца со кохлеарни имплантанти, што треба и што не треба да прават наставниците доколку во нивната училница учи дете со кохлеарен имплантант.
- Упатување на наставници како да менаџираат со училницата, т.е. поставеноста на детето со кохлеарен имплантант, поставеноста на различни ФМ-уреди (доколку истите се употребуваат), побавно зборување, употреба на белешки и слично.
|
|
The theoretical part elaborates the social, political and educational context in which the cochlear implantation is performed as well as the neonatal screening as a precondition for successful cochlear implantation. Moreover, information on the functioning of the cochlear implant is given.
An important segment of the theoretical basis is the definition of aspects of inclusive education of the children with hearing impairments as well as the models of support for the children with impaired hearing in regular schools.
In the research part the following items are being presented: the research problem, the goal and character of the research, research questions, research hypothesis, sample and time frame, degree of participation in the research and video recording of the phenomenon. As a sample in this research was chosen a pupil with a cochlear implant within the inclusive school “Dimo Hadzi Dimov” at the age of 11 during the first year of the longitudinal study, that is 12 years of age during the second year of the longitudinal study.
In the part that is related to the analyses and interpretation of the results, are shown the results acquired by application of qualitative and quantitative procedures. The data were received by conducting semi structured interviews with the teachers, a checklist for observation of the participation of the hearing impaired student within the inclusive classroom and video indicators for interaction. Aiming at making a holistic analysis of the case the parallel model for combining the qualitative and quantitative approach was used. Regarding the standards for quality and verification, the procedure of triangulation was used, in order to enable an extensive verification of the research hypothesis adequately to the research questions. The triangulation protocol is consisted of data sources, a researcher, theory and methodological questions.
The phenomenon and the pupil were continuously followed during the two school years and summary of the data was made twice a year for each of the teaching subjects. After every data collection and analyses, an instructive work with the teachers was conducted which consisted of suggesting strategies for working with a child with a cochlear implant in inclusive settings and performed by professional - special educators and rehabilitators.
At the end of the master thesis the following conclusions are presented:
Teachers use identical methods during the realization of the curricula and certain teachers use the written method as a means for familiarizing the contents towards the examinee with a cochlear implant.
The conclusion is that there is a positive correlation between the child and his peers, and also between the child and his teachers. Also the teachers have an equal treatment towards the pupil with a cochlear implant as towards his peers.
Regarding the fact whether the teachers make certain adaptations according to the abilities of the student it was concluded that the adaptations were made by teachers whose teaching subjects have a specific nature.
The last conclusion is related to the need for professional help and support by a specialized professional - special educator and rehabilitator. The opinions of the teachers point to the attitude that a continuous support by a special educator and rehabilitator in everyday work is of significant importance.
The proposed measures are the following:
- Raising awareness and knowledge of the public about the cochlear implant.
- Additional education of the teaching staff for better understanding of this field.
- Pointing out the importance of IEP making.
- Pointing out the importance of reducing the background noise that distorts the normal functioning of the cochlear implant.
- Preparing work strategies for children with cochlear implants, what the teachers should and shouldn’t do if there is a child with a cochlear implant in their classroom.
- Directing the teachers how to manage the classroom, i.e. the positioning of the child with a cochlear implant, the positioning of different FM systems (if such are used), talking slowly, using notes etc.
|