ПРОЦЕНКА НА НИВОТО НА РАЗВИЕНОСТ НА ПРОСТОРНАТА ОРИЕНТАЦИЈА КАЈ СЛЕПИТЕ ДЕЦА

 

 

Бранка ЈАБЛАН,Весна ЖИГИЌ,
Драгана СТАНИМИРОВИЌ

 

Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија

 

THE ASSESSMENT OF THE LEVEL OF DEVELOPMENT OF SPATIAL ORIENTATION IN CHILDREN WITH VISUAL IMPAIRMENT

 

Branka JABLAN, Vesna ZHIGIKJ,
Dragana STANIMIROVIKJ

 

Faculty of Special Education and Rehabilitation, Belgrade, Serbia

 

 

UDK: 376-352-053.5

 

Вовед

 

 

Introduction

Просторот е ордината која заедно со сознанието за телото и времето го одредува егзистен­ци­јал­но­то поле и психичкиот развој. Слоевите во прос­­­­торот се субјективен простор, додека об­јек­тивен простор е движењето на екстреми­тетите во просторот. Објективниот простор е прос­торот од другата страна на телото, одда­-лечениот простор или расположливиот прос­тор. Текот на децентрација на мислењето со мож­ност за перспектива, според Бојанин (1), „односот спрема просторот надвор од телото почнува да игра реална улога при вршењето на спонтаните активности и изведувањето на орга­ни­зираните движења“.
Ориентацијата е процес на користење на се­ти­ла­та со цел да се утврди позицијата на поедине­цот и односот кон предметите од околината, до­де­ка во далечина ја вклучува и способноста за задржување на основната насока на движење за да може лицето да го помине патот од точ­ка­та А до точката Б (2). Ориентацијата и мобил­нос­та се взаемно условени: со ориентацијата се врши запознавање и оценување, а со мобили­те­тот сов­ла­дување на просторот. Lowenfeld спо­ред Зи­гиќ (3) смета дека мобилитетот содржи две компоненти и тоа ментална организација и телесна локомоција. Менталната организација е способност на човекот да ја препознае својата средина, нејзината временска и просторна ре­ла­ција, а локомоцијата е способност за движење од едно до друго место. Значи менталната орга­ни­зација и движењето како темелни поими на мобилитетот се меѓусебно условени. Ако сле­по­то лице е подвижно, а не знае да се ориен­ти­ра, тоа не ќе може успешно да се движи во просторот и од друга страна, ако слепото лице добро се ориентира, но не е мобилно, тоа исто така нема успешно да се движи. Станимировиќ (4) вели дека лицето мора да биде целно ориен­тирано пред да ја постигне целната мобилност, а мобилноста ги вклучува сите движења и мо­торни вештини како што се падот на ногата, поставувањето на нозете на подлогата во смис­ла на линеарно движење, поставувањето на пе­ти­цата на соодветно место, поставувањето на прстите од ногата како што треба, движењето нанапред и контрола на телото со цел да се одр­жи рамнотежата и центарот на гравитацијата, предвидувањето на нерамнините на тлото итн. За ориентација во просторот кај лицата со ви­сок степен на оштетување на видот од посебно значење е аудитивната перцепција, бидејќи со нејзина помош овие лица ги локализираат зву­ци­те и промените во надворешната средина. Ис­тражувањата во широк простор покажаа дека сигурната информација испратена од други из­во­ри, на пр: аудитивен, може да ја подобри про­цен­ката при локализирање на насоката. Morron­gie­llo at all. (5) откриле дека звучните сигнали можат да го олеснат решавањето на простор­ни­те задачи и кај слепите деца и кај децата од кон­тролната група на кои при испитувањето имале превези преку очите, но олеснувањето било многу позначајно кај слепите деца.
Децата со оштетен вид на една година старост имаат матурациона подготвеност за одење. Ме­ѓу­тоа до „проодување“ најчесто не доаѓа во овој период. Fraiberg (6) смета дека проблемот кај ова дете е во тоа што нема што да го при­вле­че да се придвижи нанапред бидејќи за него надворешниот свет сè уште не постои. Некои автори ова доцнење го објаснуваат со недос­та­ток на ментална мапа во локомоцијата, недо­вол­но развиена моторика, несигурност и пре­заш­титничките ставови на родителите (7). Како фактор за доцнењето на мобилитетот се наведу­ва и недоволно развиената слика на сопствено­то тело и непознавањето на положбата на те­лото во просторот. Познавањето на деловите од телото и воопшто доживувањето на сликата на телото се важни за ориентацијата во просторот, бидејќи сопственото тело честопати е един­стве­ната сигурна референтна точка. Велиме дека нешто се наоѓа напред, назад, од левата или дес­ната страна, горе или долу во однос на нашето тело.
Worchel (8) потврдил дека слепите деца во од­нос на децата кои гледаат биле по­мал­ку успеш­ни при задачи за ориентација во просторот во кои се барало да се помине пат кој ја претста­вува хипотенузата на триаголникот, а пред тоа децата биле водени по краците на триаголникот и обратно. Авторот заклучува де­ка должината на поминатиот пат и едните и другите ја проценувале врз основа на времето на одење. Со проценка на развојот на ориента­ци­јата во прос­торот кај деца со оштетен вид се занимавал Кручинин (9) во московското, ленин­град­ското и свердловското училиште за слепи деца. Децата се поделени според возраста во седум групи: 7-8, 9-10, 11-12, 13-14, 15-16, 17-18 и 19-20 години. За проучување на ориентацијата во просторот при одење кај децата со висок степен на оштетување на видот го користел методот кој се состои од просторно-ориентациони тес­то­ви и задачи: одење по праволиниска маршу­та, одење по маршута со вртење и одење по затворена маршута. Заклучил дека просторната ориентација при одење кај слепите деца се подобрува со возраста. Максималните показа­те­ли на нивото на развој на просторната ориен­та­ција при одење на маршути со различна сло­же­ност се гледа кај осумнаесетгодишните испи­та­ници. Поголемиот број на испитаници при одење по права линија скршнувале вдесно. При проучување на одењето по затворена маршута кај ниеден испитаник не било забележано скрш­­нување само влево или само вдесно – пос­то­јана асиметрија. Во поголем број испитани­ци­те не успевале да дојдат до точката на вр­тење. Семенов (10) смета дека изведувањето на експерименти во затворени маршути во облик на триаголник, квадрат или круг претставува значителна тешкотија за помалите слепи деца на училишна возраст и дека задачите треба да се приближат до обичното движење на улица. П­о­ра­ди тоа тој се определува за праволиниска маршута со свртување под агол од 90 степени. За секоја задача е разработена скала за процен­ка која се состои од четири степени, кои ука­жу­ваат на степенот на просторна ориентација кај слепото дете (низок, понизок од средниот, сре­ден и висок). Добиените резултати овозможиле обука земајќи го предвид индивидуалниот при­од кон учениците.

 

Space is the ordinate we use, along with notions of time and entity, to define the existential field and mental development. Layers of space consist of subjective space, area of body motions and objec­tive space. Objective space is the space outside an entity, the distant or available space. It is only with the decentralization of thought, along with the possi­bility of perspective that, according to Bojanin (1), “the relation to the outer space starts to play a real role in spontaneous activities and organized mo­tions”.
The process of orientation engages senses to de­termine one’s position in relation to surrounding objects, while orientation at a distance represents the ability to keep basic direction in order to travel from point A to point B (2). Orientation and mo­bility are inter-dependable: orientation is used for introduction and estimation while mobility is used for managing space. Lowenfeld according to Zigic, (3) argues that mobility consists of two compo­nents – mental organization and body locomotion. Mental organization is the ability to recognize sur­roundings, temporal and spatial relation, while lo­comotion represents the ability to move from one place to another. This implies that mental organi­zation and motion make for the inter-dependability of the main notions of mobility. If a blind person is able to move, but unable to orientate, he/she will not be able to move within an area. At the same time, if this person is able to orientate, but is not mobile, he/she will also not be able to move effi­ciently. Suterko according to Stanimirovic, (4) claims that a person has to be oriented toward a goal before there is mobility toward that goal, while mobility includes movements and motoric skills, such as lowering the leg, placing the leg on the floor-as part of linear movement, proper heel and toe placement, movements forward and body control (balance control and control over the centre of gravitation), ability to predict a possible descent or elevation of the floor level, etc. Auditory perception is essential in the spatial ori­entation of people with a high degree of visual im­pairments, because it is used to localize sounds and changes in the environment. Research in wide spaces has shown that reliable information from another source, for example an auditory one, can improve one’s estimation of location and direction. Morrongiello at all. (5) claimed that sound signals can help with solving spatial problems, both for blind children and the control group of children who had their eyes covered, but the impact was much more noticeable with blind children.
Visually impaired one year olds are mature enough to walk. Still, “walking” usually does not happen at that age. Fraiberg (6) thinks that the child has nothing to be driven to, because it does not yet ac­knowledge the existence of the outer world. Some authors explain this delay with the absence of a mental map in locomotion, by underdeveloped motorics, child’s insecurity and parental over-pro­tective attitude toward the child (7). As possible retardation factors in achieving mobility they also mention underdeveloped general understanding of one’s body and insufficient knowledge of how the body operates in spatial terms. Acknowledgement of body parts and a general notion of the body are very important for spatial orientation, since one’s body is often the only safe point of reference. We say that something is in front, behind, on the left or right, below or above, constantly referring to our own body.
Worchel (8) steted that blind children had less suc­cess on spatial orientation tests than children with regular sight, when tests required of them to move along a line representing the hypotenuse of a trian­gle, although they had previously moved along the lines representing the other two edges of the same triangle, and vice versa. The author con­cluded that children determined the length of the travelled route based on the time they spent walk­ing. Kru­čanin (9) studied the assessment of the develop­ment of spatial orientation in children with high level of visual impairments, in schools for the blind in Moscow, Leningrad and Sverdlov. Children were divided in seven groups, aged 7-8, 9-10, 11-12, 13-14, 15-16, 17-18 and 19-20. The study of the level of development of walking spa­tial orientation, in children with high level of vis­ual impairment involved a set of space-orientation tests and tasks: walking along a straight-line route, straight-line walking with a turn and walking along a closed line route. It can be concluded that the spatial orientation while walk­ing in blind children improves with age. Optimal results in the level of develop­ment of the spatial orientation while walking, using various difficulty routes can be seen in 18-year-olds. Most subjects show a digres­sion from the straight line to the right. While studying the movement along a closed line route, there were no subjects with a left-only of right-only digression – there was constant asymmetry. In most cases, subjects could not reach the turning point. Semenov (10) argues that tests using closed lines shaped like triangles, squares and circles are very difficult for blind children of lower grade lev­els and that the tasks should be more illustrative of regular ways of walking. This is the reason why he chose a straight-line route with a 90-degree turn. There is an assessment scale for each of the tasks, where the scale shows levels of spatial orientation in blind children (low, lower intermediate, inter­mediate, high). These results facilitate trainings, where each child is approached on an individual basis.

 

 

 

 
 
 
 
 
 

 

Цел на истражувањето

 

 

Purpose of study

Истражувањето е спроведено со цел да се утвр­ди нивото на ориентација во просторот кај сле­пи­те и практично слепите деца.

 

The study was conducted with the purpose of es­tablishing the level of spatial orientation in blind and practically blind children.

     

Методологија на истражувањето

 

Methodology of the study

Примерокот се состои од 67 ученици со оште­тен вид. Според степенот на оштетување на видот, учениците се поделени во две групи: це­лосно слепи (42) и практично слепи (25). Сите испитаници се на училишна возраст и учат во Учи­лиштето за деца со оштетен вид „Вељ­ко Радмановиќ“ во Земун.

 

The sample consists of 67 pupils with visual im­pairment. The pupils are divided into two groups, in accordance with the level of visual impairment, as follows: totally blind (42) and practically blind (25). All of the pupils are of elementary school age and are enrolled at the School for Children with Visual Impairment “Veljko Ramadanovikj” in Zemun.

     

Метод на работа

 

Work method

Со примена на тестот Семенов Л. А. го утвр­див­ме нивото на развиеност на просторната ориен­­тација кај децата со оштетен вид. Зада­чи­те предвидени со овој тест се наменети за деца со основноучилишна возраст, нивото на развој се означува со броен износ и се едноставни за из­ве­дување, одговараат на секојдневното движе­ње на улица на човекот и покажуваат различни нивоа на ориентација во просторот кај слепите деца: I= ниско, II = пониско од средното, III = средно, IV = високо.
Пред извршувањето на задачата децата ги за­поз­навме со маршутата на движење со помош на релјефен цртеж. Потоа ги водевме по права линија од 10 метри до точката А, после што сле­дуваше свртување под агол од 90 степени и продолжување на одењето до точката Б во должина од 5 метри. Ситуациите преку кои ја про­ценивме просторната ориентација на сле­пи­те ученици со основношколска возраст во зат­во­рен познат простор се следни:

  1. Директно доаѓање со одење – испи­та­ни­кот се поставува во почетна положба, при што стапалата, главата и трупот строго се насо­че­ни кон целта. Слепото дете, тргнува на зна­кот од испитувачот, брзината на движе­ње е произ­вол­на, но толкава каква што од­го­вара на секој­днев­ното одење на испи­т­а­ни­кот.
  2. Директно доаѓање со трчање – како и во прет­ходниот пример, но брзината треба да од­го­вара на „лесно трчање“.
  3. Директно доаѓање со одење, со статичен зву­чен ориентир кај точката А – звучниот сиг­нализатор е на ниво на лицето на ис­пи­та­ни­кот и сигналот се дава цело време на по­ми­нување на маршутата.
  4. Директно доаѓање со одење и звучен ориен­тир кој се преместува – звучниот сигнал се да­ва од 10 метри со траење од 5 секунди. Пос­­ле 5 се­кунди пауза испитаникот ја извр­шу­ва зада­ча­та.

Секоја задача слепиот ученик претходно ја из­вр­шу­ва со помош на испитувачот. Точката на не­говото самостојно „пристигнување“ во некоја од зоните беше индикатор за развој на простор­на­та ориентација. Способноста за просторна ориен­тација проценета е на скала од 0 до 4 пое­ни на секоја задача, така што скалата во целост има опсег од 0 до 16 поени.

 

In applying the Semenov L. A. test we established the level of development of spatial orientation in children with visual impairment. The tasks fore­seen by this Test are intended for primary school aged children; with numeric expression they maintain the level of development of spatial ori­entation, they are simple to execute, are appropri­ate for the every day life style of a person on the street and show different levels of space orienta­tion of blind children: I – low, II – lower than moderate, III – moderate, IV – high.
Prior to executing the task the children were ac­quainted with the pathway to be taken with the aid of a relieve picture. They were then led in a straight line to a distance of 10 meters to point A, following which there was a turn point at an angle of 90 degrees and the movement was continued to point B at a distance of 5 meters. The situations by way of which we evaluated the spatial orientation of blind pupils at primary school age in a closed familiar setting are as follows:

  1. Walking directly forward – the pupil is placed in the starting position, where the feet, head and torso are facing directly toward the goal. The blind child starts at the signal of the examiner; the speed of movement arbitrary, but in such a way that it is congruent to the pupils every day walking speed.
  2. Running directly forward – as in the previ­ous description, but the speed must be adjusted to a “slow running step”.
  3. Walking directly forward with a static sound orienteer paced at point A – the sound signal is placed at the level of the pupils face. The sig­nal is given the entire time the pupil is walking the given pathway.
  4. Walking directly forward with a sound orien­teer whose location is moved around – the sound signal is given from a mark of 10m with a length of 5 seconds. Following a 5 second pause the pupil executes the given task.

Each of the tasks was previously completed by the blind pupil with the examiner. The point of the pupils’ independent “arrival” in one of the zones was an indicator of the development of spatial ori­entation. The ability of spatial orientation is ap­praised on a scale from 0 to 4 points for each task, so that the scale in its entirety ranges from 0 to 16 points.

Во табелата 1 прикажани се просечните достиг­ну­вања на слепите деца од нашиот примерок.

 

In table 1, the average results achieved by the blind pupils from our sample are shown:

 

 

 

Табела 1. Просторна ориентација кај слепите деца

 

Table 1.Space orientation of blind children

Резултатите од истражувањето прикажани во та­­белата 1 покажуваат дека слепите ученици се најуспешни кога доаѓаат одејќи кон статичен звучен ориентир, потоа при директно доаѓање со одење и звучен ориентир кој се преместува, потоа кога доаѓаат директно одејќи, додека нај­мал­ку се успешни кога доаѓаат трчајќи.
Резултатите за развиеноста на ориентацијата на слепите лица со различна возраст во објек­тив­ни­от простор прикажани се во табелата 2.

 

The results of the study given in table one show that blind pupils are the most successful in walking directly forward with a static sound orienteer, then in walking directly forward with a sound orienteer which location is moved around, and in a situation when they are walking directly forward, while they are the least successful in running directly forward toward the target.
The results showing the level of development of orientation in an objective space in blind pupils of different age groups are shown in table 2.

 

 

 

Табела 2. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на возраста

 

Table 2.Spatial orientation of blind pupils in relation to age

Добиените резултати покажуваат дека со годи­ни­те на старост се зголемува и ориентацијата во објективниот простор во целост (t=2,59 p=0,01). Просечните достигнувања кај пом­ла­дите (7 до 11 години) и постарите (12 до 15 години) испитаници во третата ситуација се ед­нак­ви (разликата помеѓу аритметичките среди­ни не е значајна).
Резултатите од истражувањето кои се одне­су­ваат на проценката на развиеноста на прос­тор­на­та ориентација во објективниот простор кај слепите испитаници во однос на полот прика­жани се во табелата 3.

 

The obtained results show that as age increases so does the orientation in objective space on the whole (t=2.59, p=0.01). The average results ob­tained by the younger group (7 to 11 years) and the older (12 to 15 years) of pupils in the third situa­tion are equal (the difference between the arithme­tic means is not significant).
The results of the study which pertain to the evaluation of the level of development of orienta­tion in objective space of the blind pupils of differ­ent sexes are shown in table 3.

Табела 3. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на полот

 

Table 3.Spatial orientation of blind children in relation to sex

Незначителните разлики помеѓу поединечните дос­тигнувања покажуваат дека ориентацијата во објективниот простор подеднакво е развиена (способноста во целост како и во поединечните ситуации) кај слепите момчиња и девојчиња при основноучилишната возраст.
Резултатите на развиеноста на просторната ори­ен­тација кај слепите испитаници со раз­лич­на категорија на слепило прикажани се во табе­ла­та 4.

 

The significance of the differences of the average results show that orientation in objective space is equally developed (ability in general as well as in particular situations) in blind boys and girls who are at primary school age.
The results of the development of spatial orient­tation in blind pupils of various categories of blindness are shown in table 4.

 

 

 

Табела 4. Просторна оријентација на слепите деца во однос на категоријата на слепило

 

Table 4.Spatial orientation of blind children in relation to the category of blindness

Сите добиени разлики во достигнувањата на прак­тично и целосно слепите испитаници се мали и статистички незначителни. Може да за­клу­чиме дека просторната ориентација во че­ти­ри различни ситуации во целост, е по­дед­нак­во развиена кај целосно и практично слепите уче­ни­ци.

 

All of the obtained differences in the results of the practically and totally blind pupils are small and are not statistically significant. It can be concluded that spatial orientation in the four different situa­tions and as a whole, are equally developed in both the totally and practically blind pupils.

Резултатите за развиеноста на просторната ори­ен­тација кај слепите испитаници со различни ин­­телектуални способности прикажани се во табелата 5.

 

The results of the development of spatial orienta­tion of blind pupils with different intellectual abi­li­ties are shown in table 5.

 

 

 

Табела 5. Просторна ориентација кај слепите деца во однос на степенот на развиената интелигенција

 

Table 5.Spatial orientation of blind children in relation to the level of intellectual development

Добените резултати и значителната разлика по­ме­ѓу просечните достигнувања, покажуваат де­ка ориентацијата во просторот е значително по­ве­ќе развиена кај слепите испитаници со пови­соки интелектуални способности. Резултатите за развиеноста на просторната ориентација кај слепите испитаници во однос на успехот во учи­лиштето прикажани се во табелата 6.

 

The obtained results of the significance of differ­ences between the average results obtained show that spatial orientation is significantly more devel­oped in blind pupils with higher intellectual abili­ties.
The results of development of spatial orientation of blind pupils of varying levels of success at school are shown in table 6.

 

 

 

Табела 6. Просторна ориентација кај слепите де­ца во однос на успехот на училиште

 

Table 6: Spatial orientation of blind children in relation to success at school

Анализата на резултатите покажува дека ориен­тацијата во просторот во целост и во различни ситуации е подеднакво развиена кај слепите ис­пи­таници со различен успех во учењето (нема значителни разлики во просечните достигну­ва­ња).
На сликата 1 прикажан е односот помеѓу прос­­торната ориентација и возраста, полот, ка­те­горијата на слепилото, интелегенцијата и ус­пе­хот во учењето кај слепите деца.

 

The results of our analysis show that the orienta­tion in space as whole and in the four different situations is equally developed in blind pupils with varying levels of achievement at school (there are no significant differences in the average results).
Figure 1 shows the relationship between spatial orientation and age level, sex, category of blind­ness, intelligence and achievements (success level) at school of blind children.

img1

Слика 1. Просторна ориентација кај слепите де­ца во однос на возраста, полот, категоријата на сле­пило, интелегенцијата и успехот во учењето

 

Figure 1. Spatial orientation of blind children in rela­tion to age level, sex, category of blindness, intelligence and success at school

Дискусија

 

Discussion

Совладувањето на објективниот простор се вр­ши со мобилитет, а неговите компоненти се мен­­тална организација и телесна локомоција. Менталната организација е способност на суб­јек­тот да ја препознае својата средина, неј­зи­на­та просторна и временска релација. Ориен­та­ци­ја­та во објективниот простор се утврдува со по­зи­цијата на поединецот и неговиот однос спре­ма предметите во просторот (11).
Резултатите на нашето истражување се добиени со примена на тестот за проценка на ориен­та­­­ци­јата во познат затворен простор.

 

Mastering of objective space is done by way of mobility, and its components are mental organiza­tion and body locomotion. Mental organization is the ability of the subject to recognize its sur­roundings, its relation with space and time. With the orientation in objective space the position of the individual is established in addition to the rela­tion toward the objects in that space (11).
The results of our study were obtained by applying the Test for the Assessment of the Level of Devel­opment of Spatial Orientation within a Familiar, Enclosed Space.

Резултатите од истражувањето покажаа дека за­да­чите со статичен звучен ориентир слепите ли­ца ги совладуваат со најдобар успех. 46,3% од ис­питаниците успешно ја утврдуваат својата позиција и однос кон предметите во објек­тив­ниот простор. Тешкотии се присутни кај 53,7% од испитаните деца. Слепите испитаници се помалку успешни при директно поминување на бараната патека со звучен ориентир кога тој е поставен подалеку од местото за вртење (3 мет­ри). Процентот на успешни деца на овој дел од тестот изнесува 36,3%, а тешкотии при изве­ду­вањето на оваа задача евидентирано е дека имаат 63,7% од слепите испитаници. Задачата за директно доаѓање со одење без звучен ориен­тир успешно ја изведуваат 35,8%, а пречки се присутни кај 64,2% од испитаните слепи деца. Позицијата на слепите деца и нивниот однос спрема предметите во објективниот простор се најзагрозени тогаш кога во задачата ќе се вове­де трчање. Дури 70,1% од испитаниците имаа тешкотии при изведувањето на овие задачи.
Проблеми се евидентирани при изборот на пра­ве­цот, задржување на правецот и наоѓање на целта. При одење по подолга патека воочено е от­стапување главно вдесно. Слепите деца ја манифестираа тенденцијата порано да заврту­ваат. Сметаме дека при движење по маршути во кои има вртење, отстапувањата во одреден сте­пен зависат од тоа на која страна треба да се изврши вртењето.
Кога е во прашање држењето на телото, забе­ле­жа­ни се деформитети на ’рбетниот столб, спуш­­тена глава, одење на широка основа, спу­ш­­тени рамена. Помеѓу ориентацијата во прос­то­рот и возраста постојат значајни разлики и со годините на старост се зголемува и ориен­та­ци­ја­та во просторот. Постарите испитаници пока­жу­ваат поголемо интересирање за ориента­ци­јата на мапа, иако меѓусебно се разликуваат по способноста да се ориентираат на неа. Не е утврдена статистички значајна разлика помеѓу ориентацијата во просторот со статичен звучен ориентир и возраста на испитаните деца. Ре­зул­татите кои се однесуваат на значајноста на раз­ли­ката помеѓу просечните постигнувања пока­жу­ваат дека ориентацијата во објективниот прос­­­­тор подеднакво е развиена кај целосно сле­пи­те и практично слепите и кај испита­ни­те деца од двата пола. Сите добиени разлики за дос­тиг­нувањата кај практично и целосно слепите ис­питаници се мали и статистички не се зна­чајни.
Во поглед на успехот во задачите за просторна ориентација како значаен фактор се покажа нивото на интелектуалните способности кај испитаниците. Слепите деца со повисоко ниво на интелектуалните способности постигнуваат подобар успех при изведувањето на задачите за просторна ориентација во целост. Во изведу­ва­ње­то на задачата со вртење и звучен ориентир не е утврдена статистички значајна разлика. Ис­пи­таниците со повисоки и пониски интелек­ту­ал­ни способности подеднакво се успешни кога во задачите ќе се внесе звучен ориентир. Резул­та­тите од истражувањето покажуваат дека нема ста­тис­тички значајни разлики помеѓу постиг­ну­ва­њата во просторната ориентација и успехот во учењето на слепите деца. Одличните и многу добрите ученици не се во состојба да ја одредат својата положба во просторот доволно ефикас­но за да имаме статистички значајни разлики.

 

The results showed that in the tasks with a static sound orienteer the blind obtain the best results. Of the pupils that were evaluated, 46.3% of them successfully established their position and relation toward the objects in the objective space. Difficul­ties were present in 53.7% of the evaluated pupils. The blind pupils are less successful in the direct passing of the required pathway with a sound ori­enteer which is placed somewhat further from the turn (3m). The percentage of pupils tested which were successful in this part of the test totals 36.3%, whilst difficulties in this task were noted in 63.7% of the blind pupils. In the task where the pupils were to walk directly forward without a sound ori­enteer, the rate of success was 35.8%, while there were difficulties experienced by 64.2% of the evaluated blind children. The position of the blind children and their relation toward the objects in the objective space are most imperilled when running toward the target is introduced to the task. As much as 70.1% of the evaluated children had diffi­culties in completing this task.
Other observed difficulties include the problem of selecting direction, maintaining direction and finding the target. In covering the longer path it was observed that the pupils mostly deviated to the right. The blind children showed a tendency of turning too early. When covering a shorter distance they deviated both left and right, while a signifi­cant number of pupils passed the point that was the target. We believe that whilst moving down the required path with the turn, deviations to a certain extent depend on which side the turn needs to be taken.
In reference to the position of the body, it was ob­served that there are deformities of the spinal col­umn, lowered heads, walking on a wide basis, slumped shoulders. Between the orientation in ob­jective space and age level there are significant statistic differences, whereas spatial orientation increases with age. Older pupils show more inter­est for orientation on the map although their ability to orient themselves using it varies greatly with each child. No statistical significance was ob­served between the orientation in space with a static sound orienteer and the age of the pupils being evaluated. The results which relate to the significance of the differences between the average results show that the orientation in the objective space is equally developed in blind children and practically blind children, as well as in the evaluated children in both sexes. All of the obtained differ­ences in the results of the practically and totally blind pupils are small and statistically insignifi­cant.
With respect to the rate of success on the tasks of spatial orientation, the level of intellectual ability showed to be a significant factor. Blind children with a higher level of intellectual ability achieve better results on the spatial orientation tasks over­all. Within the scope of the task moving with a static sound orienteer no statistical significance was established. Pupils with higher and lower in­tellectual abilities were equally successful when a sound orienteer is introduced to the task. The re­sults of the study show that there are no statistical significances between the results in spatial orien­tation and the achievement of blind children at school. Excellent and very good students are not able to establish their position in space efficiently enough for the differences to be statistically sig­nificant.

 

 

 

 

Заклучок

 

Conclusion

Истражувањето покажа дека има висок процент на деца со оштетен вид кои имаат изразени теш­котии при себелокализирањето во одредена точка во познат простор и локализирањето на предметите во истиот простор. Осмислениот раз­вој на просторната ориентација се појавува како важна алка во системот на корективно-вос­питната работа во установите во кои се шко­луваат децата со оштетен вид.

 

The study showed that there is a high percentage of children with visual impairments who have dis­tinct difficulties in localizing themselves at a cer­tain point of a familiar space and locating objects in the same space. Thought out development of spatial orientation appears as a significant link in the system of corrective-training and work at in­stitutions in which visually impaired children are educated.

 

 

 

Citation:Jablan B, Zhigikj V, Stanimirovikj D. The Assessment of the Level of Development of Spatial Orientation in Children with Visual Impairments. J Spec Educ Rehab 2008; 9(1-2):7-17.

   

 

   

Литература / References

 

 

  1. Бојанин С. Неуропсихологија развојног доба и оп­шти реедукативни метод. Прив­ред­на штам­па и Центар за рехабилитацију глувих и наглу­вих, Београд, 1979:52
  2. Зовко Г. Перипатологија 1. Школске новине, Загреб, 1994:31.
  3. Жигић В, Марина Радић-Шестић. Рачунарска технологија за особе оштећеног вида и ош­те­ће­ног слуха. Факултет за специјалну едукацију и рехабилитацију, Београд, 2006: 35
  4. Станимировић Д. Просторна оријентација сле­пих. Магистарски рад. Филозофски факултет. Београд.
  5. Morrongiello AB. at all. Spatial Knowledge in Blind and Sighted Children. Experimental Child Psychology. 1995; 59: 211-233.

 

  1. Millar S. Self-referent and movement cues in co­ding spatial location by blind and sighted children. Perception, 1981; 10: 255-264.
  2. Worchel PH. Space, perception and orientation in the blind. Psychological, 1951: 332.
  3. Кручанин ВА. Динамика возрастних изменении в пространственнои ориентировке у детеи с глубоким нарушением зрениа. Дефектологиа. Москва, 1988; 3: 31-36.
  4. Семенов ЛА. Оценка развитиа навиков ориен­ти­ровки в пространстве у слепих детеи.Де­фек­­тологиа. Москва. 1885; 1: 56-61.
  5. Јаблан Б. Моторне и тактилне функције код слепе деце. Факултет за специјалну еду­ка­цију и рехабилитацију, Београд, 2007:132.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in