ПРВ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО СУРДОЛОГИЈА -
ДА ЈА ПОБЕДИМЕ ТИШИНАТА ЗАЕДНО

 

FIRST CONGRESS WITH AN INTERNATIONAL PARTICIPATION FOR THE SURDOLOGY STUDENTS “LET US OVERCOME THE QUIETNESS TOGETHER”

 

 

 

Александра КАРОВСКА

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

Aleksandra KAROVSKA

Faculty of Philosophy
Institute for Special Education and Rehabilitation

 

 

UDK: 376.353-057.875(063

Во периодот од 22-24 март 2008 година во Белград, Република Србија беше одржан првиот Конгрес со меѓународно учество за студентите по сурдологија. Овој Конгрес беше организиран од страна на студентите на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација на Универзитетот во Белград. На Конгресот имаше учесници од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. Целта на Конгресот беше да се разменат искуствата во областа на образованието и рехабилитацијата на лицата со оштетен слух.
Студентите имаа можност да ги презентираат своите трудови во некоја од следниве области:

  • превенција на оштетување на слухот;
  • детекција на оштетување на слухот;
  • дијагностика на оштетување на слухот;
  • аудиопротетика;
  • рехабилитација на лицата со оштетен слух;
  • дете со оштетен слух во настава;
  • култура на глувите;
  • развој на јазичниот израз кај децата со оштетен слух;
  • знаковен јазик;
  • психологија на глувите лица;
  • професионалното оспособување на лицата со оштетен слух.

 

The First Congress with an international participation of the surdology students was held in Belgrade, the Republic of Serbia, in the period between 22-24-th of March. This Congress was organized by the students of the Faculty for Special Education and Rehabilitation at the University in Belgrade. At the Congress there were participants from Macedonia, Croatia, Bosnia and Herzegovina, Slovenia and Serbia. The goal of the Congress was to exchange experiences in the area of education and rehabilitation of the persons with hearing impairments.
The students had the opportunity to presents their papers in some of the following areas:

  • Prevention of the hearing impairments,
  • Detection of the hearing impairments,
  • Diagnosis of the hearing impairments,
  • Audio prosthetics,
  • Rehabilitation of the persons with hearing impairments,
  • A child with a hearing impairment in education;
  • Deaf culture,
  • Development of the language expression in children with a hearing impairment,
  • Sign language,
  • Psychology of deaf persons,
  • Professional qualification of persons with impaired hearing.

Нашата земја ја претставуваа осум студенти на додипломски студии (трета и четврта година на студии) и еден постдипломец. Презентациите на студентите беа менторирани од страна на проф. д-р Зора Јачова. Моника Ефремова и Бисера Младеновска ги презентираа добиените резултати од истражувањето Вработување на лицата со оштетен слух.
Студентите од трета година на додипломски студии Ристовска Анита и Василевска Ивана ја презентираа темата Ставовите на наставниците на дете со кохлеарен имплантант во инклузивната училница.
Благица Станоевска и Александра Симоновска ги презентираа резултатите од квалитативното истражување во областа на Културата на лицата со оштетен слух во Република Македонија. Студентите од трета година Митрева Христина и Петровска Ивана спроведоа истражување на тема Специфичности на речникот кај  учениците со слушни оштетувања.
Александра Каровска, како студент на последипломски студии, го презентираше својот труд Компаративна анализа на британскиот и американскиот знаковен јазик.
Студентите од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје партиципираа во повеќе сесии и демонстрираа високо ниво на професионалност и компетентност.
Нашата препорака за студентите е тие да учествуваат помасовно на студентските конгреси кои ќе се одржуваат во различни земји во светот, со цел размена на драгоцени искуства и имплементација на позитивните искуства на македонско тло.    

 

Our country was represented by eight under-graduate students (third and fourth year of studies) and one postgraduate student. The presentations of the students were mentored by Professor Zora Jachova. Monika Efremova and Bisera Mladenovska presented the results from the research Employment of the persons with impaired hearing.
The under-graduate students from third year of studies – Anita Ristovska and Ivana Vasilevska presented the theme Attitudes of the teachers of a child with a cochlear implant within the inclusive classroom.
Blagica Stanoevska and Aleksandra Simonovska presented the results of the qualitative research in the area The culture of persons with impaired hearing in the Republic of Macedonia.
The third year students Hristina Mitreva and Ivana Petrovska conducted a research on the topic Specifics in the vocabulary of the hearing impaired pupils.
Aleksandra Karovska as a postgraduate student presented her paper on Comparative analysis of the British and American Sign Language.
The students at the Institute for Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy in Skopje participated in a large number of sessions and demonstrated a high level of professionalism and competence.
Our recommendation for the students is to enforce their participation at student congresses that will take place in different countries in the world, with the purpose to exchange valuable experiences and to implement the positive experiences of Macedonian grounds.  

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Александра КАРОВСКА

 

Aleksandra KAROVSKA

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје
Република Македонија
karo2604@yahoo.com

 

“Ss Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation
Krste Misirkov bb, 1000 Skopje
Republic of Macedonia
karo2604@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in