НАЦИОНАЛНИ И ЛОКАЛНИ СЕРВИСНИ СЛУЖБИ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1

 

Љупчо АЈДИНСКИ


Почесен претседател на Македонското
научно здружение за аутизам

 

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

NATIONAL AND LOCAL SERVICE PROVIDES FOR PEOPLE WITH DISABILITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA 2

 

Ljupcho AJDINSKI


Honorary president of Macedonian
Scientific society for Autism

 

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

 

 

Во Република Македонија постојат:

  • владини национални и локални сервисни служби за лицата со инвалидност;
  • невладини национални и локални сервисни служби за лицата со инвалидност.

 

In the Republic of Macedonia exist:

  • Governmental national and local service providers for people with disabilities;
  • Non-governmental national and local service providers for people with disabilities.

 

 

 

Владините национални сервисни служби организирани се за :

  • превенција, детекција, дијагностика и рана интервенција;
  • специјално предучилишно воспитание и образование;
  • специјално основно образование;
  • специјално средно образование и работно оспособување;
  • редовно средно и високо образование.

 

Governmental national and local service providers are organized for:

  • Prevention, detection, diagnosis and early intervention;
  • Special preschool upbringing and education;
  • Special primary school education;
  • Special secondary school education and work qualifying;
  • Regular secondary and higher education.
     

Владините локални сервисни служби организирани се за:

  • редовно предучилишно воспитание и образование;
  • редовно основно образование;
  • редовно средно образование и оспособување;
  • дневен престој;
  • оспособување и вработување;
  • обезбедување социјални услуги.

 

Non-Governmental national and local service providers are organized for:

  • Regular preschool upbringing and education;
  • Regular primary school education;
  • Regular secondary school education and work qualifying;
  • Daily stay;
  • Training and employment;
  • Providing social services.

 

 

 

Невладините национални сервисни служби ги опфаќаат:

  • Сојуз на слепите на Република Македонија;
  • Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија;
  • Сојуз на инвалидизирани лица на Македонија;
  • Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост
  • Сојуз на инвалидите од војната на Македонија;
  • Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија;
  • Сојуз на инвалидите на трудот на Македонија.

 

Non-Governmental national service providers include:

  • Association of Blind in the Republic of Macedonia;
  • Association of Deaf and Hard-of-hearing in the Republic of Macedonia;
  • Association of Invalid People in the Republic of Macedonia;
  • Republic Center for Support of People with Intellectual Disability;
  • Association of War Invalids in the Republic of Macedonia;
  • Federation for Sport and Recreation of Invalids;
  • Association of Labour Invalids in the Republic of Macedonia.

 

 

 

Невладините локални сервисни служби опфаќаат:

  • 18 здруженија на слепи лица со 2.000 членови;
  • 17 меѓуопштински здруженија на глуви и наглуви лица со 6.000 членови;
  • 17 здруженија на телесно инвалидизирани лица со 4.161 член;
  • Раширена мрежа за поддршка на лицата со интелектуална попреченост-Порака;
  • 14 организации за инвалиди од војната со 683 члена;
  • 17 организации за спорт и рекреација на инвалидите со 3.000 члена;
  • 120 месни организации во 30 општински здруженија на инвалидите на трудот со околу 30.000 члена.
  • 25 помали организации на/за лица со инвалидност.

 

Non-Governmental local service providers include:

  • 18 associations of blind with 2.000 members;
  • 17 inter-municipal associations of deaf and hard-of-hearing with 6.000 members;
  • 17 Associations of phisically invalid people with 4.161 members;
  • Wide net for support of people with intellectual disability-Poraka (Message);
  • 14 Organizations of war invalids with 683 members;
  • 17 Organizations for sport and recreation of invalids with 3.000 members;
  • 120 Local organizations in 30 municipal associations of labour invalids with about 30.000 members.
  • 25 smaller organizations for people with disabilities.

СЕРВИСНА УСЛУГА

 

SERVICE PROVIDERS

Невладините национални и локални сервисни служби главно ги даваат следните услуги:

  • Учествуваат во откривањето на инвалидни лица и нивно упатување на дијагностицирање, воспитание, образование, оспособување, вработување и создавање евиденција за членството.
  • Организираат описменување на браево писмо и оспособување на знаковен јазик.
  • Обезбедуваат аудио-визуелни, ортоптички-плеоптички, технички помагала, набавка на лекови и друго.
  • Ја унапредуваат здравствената и социјалната заштита, културно-просветните активности и забавниот живот.
  • Ги надминуваат комуникациските бариери.
  • Покренуваат иницијативи за подобрување на законската регулатива со обезбедување на подобри права во сите нужни области.
  • Организираат навремени информации, издавање на бројни списанија и подигнување на јавната свест.
  • Организираат клупска активност, спортски и музички натпревари.
  • Упатуваат и опфаќаат во алтернатвни сервисни служби.
  • Обезбедуваат оспособување и вработување на лица со инвалидност.

 

Non-Governmental national and local service providers mainly provide the following services:

  • Participate in detecting disabled people and directing then to diagnosing, upbringing, education, training, employment and evidence of membership.
  • Organize making literate of Brail alphabet and Sign Language.
  • Provide audio-visual, orthoptical, pleoptical, technical aids, supply of medicine etc.
  • Improve health and social care, cultural-educational activities and entertaining life.
  • Overcome communicative barriers.
  • Take the initiative for enhancing legal regulations by providing better rights in every necessary field.
  • Organize prompt information, publish numerous magazines and increase public awareness.
  • Organize club activities, sport and musical competitions.
  • Direct to and include in alternative service providers.
  • Provide training and employment of people with disabilities.

 

 

 

Владините национални и локални сервисни служби главно ги даваат следните услуги:

  • Вршат откривање, дијагностицирање и рана интервенција.
  • Изведуваат предучилишно, основно, средно и високо воспитание и образование.
  • Изведуваат рехабилитационо-корекциона работа.
  • Обезбедуваат вработување на лица со инвалидност.
  • Обезбедуваат здравствена и социјална заштита.
  • Обезбедуваат културно-забавна и спортска активност.
  • Соработуваат со семејствата и им даваат потребна помош.
  • Вршат ресурсна служба во редовните предучилишни, основни и средни училишни установи во кои има вклучено деца со посебни образовни потреби.

 

Governmental national and local service providers mainly provide the following services:

  • Carry out detecting, diagnosing and early intervention.
  • Carry out preschool, primary school, secondary school and higher upbringing and education.
  • Carry out work for rehabilitation-correction.
  • Provide employment for people with disabilities.
  • Provide health and social care.
  • Provide cultural-entertaining and sport activities.
  • Cooperate with families and give them necessary assistance.
  • Carry out resource assistance in regular preschool, primary and secondary school institutions in which children with special need education are included.

ВМРЕЖУВАЊЕ

 

NETWORK

Постојат владини сервисни служби на национално ниво и тоа:

  • Заедницата на специјалните установи за основно и средно образование и
  • Заедницата на заштитните организации за оспособување и вработување.

 

There are governmental service providers at national level such as:

  • Comunity of special institutions for primary and secondary education and
  • Comunity of protective organizations for training and employment

 

 

 

Постои потреба од вмрежување на владини сервисни служби на локално ниво и тоа:

  • Развојните центри;
  • Рехабилитационите установи;
  • Центрите за дневен престој;
  • Центрите за социјална работа.
  • Национално координативно тело за обезбедување еднакви права за лицата со инвалидност формирано од владата на РМ од претставници на инвалидски организации и министерства кои се поврзани со проблематиката на лицата со инвалидност. Ова тело е формирано од владата веднаш по усвојувањето на Стандардните правила за еднакви права на лицата со инвалидност од страна на ООН.

 

There is a need of networking of governmental service providers at national level such as:

  • Developmental centers;
  • Rehabilitation centers;
  • Daily centers;
  • Centers for social work;
  • National Coordinative Body for providing equal rights of people with disabilities, founded by the Government of RM with representatives from Associations of people with disabilities and relevant Ministries in relation to issues of people with disabilities
  • This Body was established by the Government right after Standard Rules for Equal Rights of People with Disabilities had been adopted by UN.

Национален совет на доброволно здружени 7 поголеми инвалидски организации на Македонија во кои членуваат околу 70.000 членови.

 

National Council of 7 associated organizations of people with disabilities in Macedonia, with about 70.000 members.

 

 

 

Целите и задачите на овој Национален совет се :

  • унапредување и изедначување на основните човекови права на лицата со инвалидност со правата на другите граѓани;
  • подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидност;
  • иницирање, организирање и помош во оспособувањето и вработувањето;
  • помош на лицата со инвалидност во обезбедување на правата од здравствената и социјалната заштита, образованието и здравственото осигурување;
  • помагање во материјално обезбедување и набавка на помагала и достапност;
  • организирање на спортски и рекреативни активности;
  • јакнење на улогата на инвалидските организации и нивното организирање.

 

Aims and Tasks of this National Council are:

  • To improve and equalize basic human rights of people with disabilities with the rights of other citizens;
  • To enhance life quality of people with disabilities;
  • To initiate, organize and help them with training and employment;
  • To help them to provide rights of health and social care, education and health insurence;
  • To provide them financing and purchasing aids and availability;
  • To organize sport and recreation activities;
  • To strengthen the role of organizations of people with disabilities and their organizing.

 

НОВА ИНИЦИЈАТИВА

 

 

NEW INITIATIVE

По иницијатива на Европскиот форум за инвалиди (ЕДФ) на 22.11.2006 се организира јавен собир од страна на Националниот совет на кој учествуваа 7-те инвалидски организации и претставници на околу 30 здруженија на граѓани, кои според своите програмски активности ги третираат прашањата врзани со лицата со инвалидност.
На собирот се постигна согласност во рамките на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија да се формира тело во кое ќе партиципираат сите организации на или за лицата со инвалидност, во кое заеднички ќе ја креираат политиката на инвалидското движење и делуваат на нејзина реализација.
Такви тела се формирани во соседните земји и веќе имаа регионални средби во Атина, Белград и Тирана. На предлог на ЕДФ Националното тело на Македонија определи свој претставник да изготвува извештај за состојбата на лицата со инвалидност во Македонија и да го доставува до ЕДФ во Брисел.

 

On European Forum of Disabled people (EDF) initiative, the National Council organized a public meeting on 22 November 2006, with participation of 7 organizations of disabled people and representatives of about 30 civic organizations, which according to their program activities treat the issues related to people with disabilities.
They came to an agreement to establish a body within the National Council of organizations of people with disabilities in Macedonia, in which all organizations of people with disabilities will participate, and they will create the policy of disabled people movement and its realization.
Such bodies have been established in the neighboring countries and they have already had regional meetings in Athens, Belgrade and Tirana. On EDF proposal, the National Body of Macedonia has appointed its representative to prepare a report on the disabled people’s conditions in Macedonia and to submit it to EDF in Brussels.

 

 

 

ЗАКЛУЧОК

 

CONCLUSION

Се очекува да се изгради став за формирање заедничко национално тело во кое ќе бидат вклучени сите владини и невладини сервисни служби. Во втората фаза може да се очекува формирање на такви тела и на локално ниво.
Исто така се очекува вмрежување на ова заедничко национално тело, доколку се формира, со националните тела од соседните земји и да се формира регионално тело на сервисните служби.

 

Common National Body is expected to be established including all governmental and non-governmental service providers. The second phase is to establish such bodies at local level.
It is also anticipated to network the national body (when established) with national bodies in the neighboring countries and to establish a regional body of service providers.

 

 

 

 

 

 

Citation:Ajdinski Lj. National and Local Service Provides for People with Disabilities in the Republic of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2006; 7(3-4):69-73.

   

 

   

Литература / References

 

 

  1. Закон за детска заштита, Закон за основно образование и Закон за средно образование.
  2. Закон за социјална заштита.
  3. Извор на податоци: Национален совет на инвалидски организации.
  4. Извор на податоци:  Статути на инвалидските организации.
  5. Спогодба за здружување во Заедница на специјалните учуилишта донесена во 2004 година.
  6. Спогодба за здружување во Заедница на заштитните работилници донесена на 23.06.1972 година.

 

  1. Одлука за формирање на Национално координативно тело за следење на реализацијата на Стандардните правила за изедначување на можностите на инвалидните лица и човековите права донесена на 37-та седница од страна на Владата на Република Македонија, согласно Резолуцијата 48/49 на Обединетите нации.
  2. Статутарна одлука на за промена на името на Заедницата на инвалидските организации  во Национален совет на инвалидските организации, донесена во 2006 година. 

1Реферат поднесен на советувањето НВО платформа за сервисни служби во Македонија, одржано во организација  на МНЗА и ЕАСПД на 16.03.2007 година на Филозофскиот факултет во Скопје

2Paper for the Conference on NGO Platform for Service Providers in the Republic of , organized by MSSA and EASPD, held on 16 March 2007 at the Faculty of Philosophy in Skopje


Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Љупчо АЈДИНСКИ

 

Ljupcho AJDINSKI

Универзитет "Св. Кирил и Методиј#
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
Бул. Крсте Мисирков бб
1000 Скопје, Република Македонија
ajdinski@freemail.com.mk

 

“Ss Cyril and Methodius”
University Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
Bull. “Krste Misirkov” bb
1000 Skopje, Republic of Macedonia
аjdinski@freemail.com.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in