JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 18794
ЗАЧЕСТЕНОСТ ВО УПОТРЕБАТА НА ЕКСПОНЕНТСКИТЕ АТРИБУТИ ВО ЈАЗИКОТ НА ГЛУВИТЕ И НАГЛУВИТЕ ДЕЦА
Светлана МИЛОШЕВИЌ Србија
|
|
THE FREQUENCY OF USE OF ATTRIBUTIVE EXPONENTS IN THE LANGUAGE OF COMPLETELY AND PARTIALLY DEAF CHILDREN
Svetlana MILOSHEVIKJ Serbia
|
Вовед |
|
Introduction |
Проблем на истражувањето |
|
The Subject of the Study |
Проблемот на нашето истражување, кој се изнесува на ова место, е дел од поширокото истражување на синтаксичкиот развој на глувите и наглувите деца со посебно внимание насочено кон способноста за изразување на секундарните реченички конституенти.
Во функција на атрибут може да се јави секој збор (именка, заменка, придавка, број), но најчесто таа функција ја вршат придавките, придавските синтагми, придавските заменки и редните броеви. |
|
The subject of the research work presented here is a part of a larger research project dealing with the syntactic development of completely and partially deaf children, with special attention paid to the study of their ability to express secondary syntactic constituents.
Any nominal can have attributive function (a noun, a pronoun, an adjective, a numeral), but the words and phrases which have that function most frequently are adjectives, adjectival phrases, adjectival pronouns and ordinal numbers. |
Цел на истражувањето |
|
The goal of the study |
Општата цел на нашето истражување беше да ја утврдиме дистрибуцијата на експонентските атрибути во јазичниот израз на глувите и наглувите деца. Поставени се и посебни цели:
|
|
The general goal of our research was to determine the distribution of attributive exponents in the linguistic expression of completely and partially deaf children. However, some specific goals were set as well:
|
Материјали и методи |
|
Materials and methods |
Истражувањето е извршено во писмен јазичен израз и тоа во наративен стил. Примерокот беше составен од ученици со оштетен слух од специјалните училишта во Србија, на училишна возраст од V до VIII одделение. Вкупниот број на ученици со оштетен слух е 190 (108 глуви и 82 наглуви ученици). Контролната група ја сочинуваа ученици од редовното основно училиште „17 Октомври“ од Јагодина. Вкупниот број ученици во контролната група беше 114 (училишна возраст од V до VIII одделение). |
|
The research was done on the written linguistic expression, a narration. The sample consisted of the children with impaired hearing from special schools in Serbia, ranging from the 5th to the 8th year. The total number of the children with impaired hearing was 190 (108 completely deaf and 82 partially deaf students). The control group consisted of the children from a mainstream primary school, ˝17. oktobar˝ Primary School in Jagodina. The total number of children in the control group was 114 (ranging from the 5th to the 8th year). |
|
|
|
Резултати од истражувањето и дискусија |
|
The results of the research and discussion |
Во анализата на податоците се уптребени следниве статистички мерки и постапки:
|
|
Analyzing the data we used the following statistical analysis tools and procedures:
|
Резултатите се изложени табеларно за две подгрупи внатре во експерименталната група и една контролна група. |
|
The results have been presented in tables for the two subgroups within the experimental group and for one control group. |
|
|
|
Табела 1. Резултати од дистрибуцијата на експонентските атрибути кај глувите деца |
|
Table 1. The results of the attributive exponents’ distribution in completely deaf children |
Во табелата 1 се изложени резултатите од зачестеноста на употребата на експонентските атрибути во писмениот израз кај глувите деца на возраст од 11 до 15 години, кои јасно ни ја покажуваат најголемата зачестеност на зборовите како елементарен експонентски атибут. Вкупно 88 испитаници го користеле овој експонент во опсег од 1 до 28 употребени зборови. Нешто помал број на глуви испитаници (49) како експонентски атрибут го употребиле неконгруентниот збор или предлошко-падежната конструкција во опсег од 1 до 12. На ниво на конгруентни и неконгруентни зборови , глувите го следат текот на употребата на атрибутот кај децата со типичен јазичен развој, но на значајно помлада возраст.
Кога е во прашање употребата на синтагмата, од резултатите гледаме процентуално значајно помала зачестеност на овој експонентски атрибут, значи вкупно 9.3% (10 испитаници) од глувите деца ја употребиле конгруентната синтагма во опсег од 1 до 6 синтагми, додека неконгруентната синтагма ја употребиле вкупно 5.6% (6 испитаници). Сепак, глувите деца ја употребиле синтагмата што значи дека кај мал број глуви испитаници синтагмата е во употреба, но малиот број на употребени синтагми укажува на значајно пониско ниво на синтаксичко функционирање кај глувите деца. Зависната клауза како експонентски атрибут била употребена само кај еден од вкупно 108 глуви испитаници, што укажува на изразито забавен синтаксички развој. |
|
Table 1 shows the results of the frequency of attributive exponents’ use in the written expression of completely deaf children with the age range from 11 to 15. These results clearly show that a word, as a basic attributive exponent, is most frequently used. A total of 88 examinees used this exponent, ranging from 1 to 28 used words. A slightly fewer deaf examinees (49) used a non-congruent word or a prepositional-case construction as an attributive exponent, ranging from 1 to 12. As far as congruent and non-congruent words are concerned, the deaf follow the same line of the use of attributive as much younger children with typical language development.
When it comes to phrases, we can observe that this attributive exponent is used much less frequently. Only 9.3% of the deaf children (10 examinees) used a congruent phrase ranging from 1 to 6 phrases, while a non-congruent phrase was used by only 5.6% (6 examinees). However, the deaf children used phrases, which means that a few deaf examinees use them, but few used phrases imply a considerably lower level of syntactic functioning of deaf children. A subordinate clause as an attributive exponent was used by only one out of 108 deaf examinees, which implies extremely slow syntactic development. |
|
||
|
|
|
Табела 2.Резултати од дистрибуцијата на експонентските атрибути кај наглувите деца |
|
Table 2. The results of attributive exponents’ distribution in partially deaf children |
Во табелата 2 се изложени резултатите од употребата на експонентските атрибути кај наглувите деца. Наглувите испитаници во нешто поголем процент го употребувале елементарниот експонент зборот (89%) во опсег на зачестеност од 1 до 24 употребени зборови. Со споредување на зачестеноста при употребата на неконгруентните зборови (падежни конструкции) воочено е дека наглувите ученици ја употребиле оваа конструкција во 34,1% од случаите во опсег од 1 до 9, а глувите ученици во 45,4% од случаите во опсег од 1 до 12 употребени неконгруентни зборови. |
|
Table 2 shows the results of the attributive exponents’ use in partially deaf children. The percentage of these examinees who used a word as a basic exponent is slightly greater (89%), with the frequency range from 1 to 24 used words. Comparing the frequency of use of non-congruent words (case constructions) we observed that the partially deaf used it in 34.1% of cases ranging from 1 to 9 used words, while the deaf ones used it in 45.4% of cases ranging from 1 to 12 non-congruent words used. |
|
|
|
Табела 3. Споредување на зачестеноста во употребата на експонентските атрибути кај децата со оштетен слух и кај децата со типичен јазички развој |
|
Table 3. Comparison of the frequency of attributive exponents’ use between the children with impaired hearing and the children with typical language development |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE