JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 41563
РЕЛАЦИИ МЕЃУ УЧИЛИШНИОТ УСПЕХ И КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО КАЈ УЧЕНИЦИ СО ПОРЕМЕТУВАЊЕ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО
Ранко КОВАЧЕВИЌ
Универзитет во Тузла |
|
RELATION BETWEEN SCHOOL RESULTS AND FAMILY CHARACTERISTICS OF THE STUDENTS WITH BEHAVIOURAL DISORDERS IN PRIMARY SCHOOLS
Ranko KOVAČEVIKJ
University in Tuzla |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Доколку во центарот на истражувачкиот интерес е детето-ученикот и неговиот севкупен развој во правец на здрава, среќна и конструктивна личност, фактори кои не можат да се заобиколат во тој процес се семејството и училиштето како непосредни елементи на директно влијание на социјализацијата (Koller-Trbovich, 1991). Училиштето по семејството е најзначајна социјална група во која детето влегува. Главна цел на училиштето е да им овозможи на своите ученици усвојување на поголем квантум на знаења и навики, да им овозможи широк дијапазон можности, за да во младата личност се всадат и развијат моралните, етичките, културните, работните и други позитивни способности, без кои младите не би можеле целосно и успешно да се воведат во животот. Исто така, може да нагласиме дека со училиштето се проширува интелектуалниот хоризонт на детето, стекнува систематизирани знаења, нови искуства, го збогатува речникот. Истражувањата во подрачјето на учењето и оценувањето, значи докимолошките истражувања, како што наведува Uzelac (2003) ги покажале резултатите кои по многу елементи ја осветлуваат вистината за комплексното прашање за варијаблата, која најчесто се нарекува училишен успех, а се истражува со нумерички категории, најчесто на скала од 1 до 5. Растојанието на оценките од еден до пет, меѓу другото, ги дели учениците на две групи: неуспешни и успешни. Ова е потребно да се има предвид доколку со оценките за општото знаење при учењето во дадениот воспитно-образовен процес му се даде и пошироко значење. Многу ученици не се во состојба да го задоволат тоа барање на соодветен начин. Истражувањата покажале дека таквите ученици многу често изразуваат различни форми на неприфатливо однесување во и надвор од училиштето (Uzelac, Miksaj Todorovich, 1991). |
|
If in the center of the research is the child-student and its development and its healthy, happy and constructive characteristics of a personality, the most important factors in that process are the family and the school as elements of direct influence on the socialization (Koller-Trbović, 1991). Besides the family, the school is the most significant social institution in which the child enters. The main aim of the school is to enable students to gain knowledge and develop their habits, so that young individuals develop moral, ethic, cultural and work habit as well as other positive abilities, without which young individuals could not enter into the real life successfully. School also develops children's intellectual horizon, children gather systematic knowledge, new experiences and improve their vocabulary. The research in the area of learning, evaluation and grading, i.e. docimology research, as written in Uzelac (2003) has already examined results which explain complex questions of a variable which is called school success, and is shown with numeric categories mostly on the scale from 1 to 5. These marks from one to five scales divide students into two groups: successful and unsuccessful. This should be considered as a great significant in marking and evaluating in education process. One of the most important assignments of the students in school is learning and studying of the school curriculum. A lot of students cannot do that. The research shows that those students have different stages of unacceptable behaviour in and outside the school (Uzelac, Mikšaj Todorović, 1991). But, as the authors point out, these forms of behaviour can have different genesis which has influence on poor learning results. Besides bio-psycho-social genesis the disorders in behaviour are influenced by the family circumstances. The family relationships are the first social relationships which children experience. The family is positive or negative factor in child's development but very important (Milosavljević, 1982). To identify factors of family diversities with school children (at particular age) it is necessary to observe the child's life conditions in the family for some time (which is available to the teachers). Child-students is still connected to the members of the family /parents, their substitutes, brothers, sisters and other family members) so all these circumstances of life have direct influence on a child and his/her development. Very often, the influence can be inadequate in relation to children and youth who have behaviour disorders (Bašić, 1999). |
Но, како што истакнуваат овие автори, овие облици на однесување може да имаат различна генеза која истовремено влијае врз слабите резултати во учењето. Покрај био-психо-социјалната генеза повеќето нарушувања во однесувањето се под влијание на семејните случувања. Семејните односи се првите општествени односи за детето. Семејството се јавува како позитивен или негативен фактор на развој на детето, но во секој случај како неодминувачки фактор за неговиот развој (Milosavljevikj, 1982). За да може да ги идентификуваме факторите на различности на семејствата на училишните деца (на одредена возраст) потребно е некое време да се следат животните услови на семејството (што е најдостапно на наставниците). Детето-ученик с¢ уште е најмногу поврзан со членовите на семејството (родителите, нивните супститути, браќата, сестрите и другите членови), па сите околности од животот во семејството имаат директно влијание врз детето и неговиот развој. Тоа влијание, за жал често може да биде неадекватно во однос кон децата и младината со нарушувања во однесувањето. (Basic, 1991). |
|
|
|
|
|
Методи на работа |
|
Method of the work |
Испитувањето е извршено на примерок од 112 ученици, во 6 основни училишта. Училиштата се избрани по методот на случаен избор. |
|
The research has been done on a sample of 12 students in 6 primary schools. The schools have been chosen by chance. |
Во изборот се влезени сите ученици од прво до осмо одделение за кои наставниците процениле дека манифестираат нарушување во однесувањето. |
|
The research includes all students from the first to the eight grades which are considered by the teachers that have problems in behaviour. |
Резултати и дискусии |
|
The result and discusion |
|
|
|
Табела 1. Релација меѓу училишниот успех и одделението |
|
Table 1.Relations between school success and school grade |
Одделение -Релацијата училишен успех и одделението во кое детето ја следи наставата е прикажана во табела 1. Со анализа на резултатите видливо е дека не постојат статистички значајни разлики меѓу учениците од прво до четврто одделение и учениците од петто до осмо одделение во остварувањето на училишниот успех. Значи, би можеле да заклучиме дека учениците со нарушување во однесувањето и во пониските и во повисоките одделенија имаат приближен училишен успех. |
|
The school grade- Relations of the school grade and the students’ success are shown in Table 1. The analysis of the results has shown that there are no statistically significant differences between the students from 1 to 4 grade and the students from 5 to 8 grades in achieving the school success. Thus, we can conclude that students with behaviour disorders have very similar school success in all school grades. |
|
|
|
Табела 2. Релација меѓу училишниот успех и заедничкиот живот на родителите |
|
Table 2.Relations between school success and parents living together |
Дали родителите на ученикот живеат заедно? |
|
Do parents and students live together? |
Заедничкиот живот на родителите е претпоставка за успешно одгледување и образовно делување врз детето. Ова обележје на структурата добива полна смисла ако се набљудува во семејна атмосфера. Само по себе, ова може да укаже на евентуалните проблеми во семејството. |
|
Parents and children living together is the main assumption of a successful up-bringing and education. This mark of the family structure is fully understood if it is observed in family atmosphere. This can indicate the current problems in the family. |
Врз основа на вредноста на хи-квадрат тестот меѓу овие варијабли не постои статистичка поврзаност. Според тоа, може да се констатира дека заедничкиот живот на родителите не е примарен фактор кој влијае врз успехот на детето во училиштето. Хипотезата за овој дел не е потврдена. |
|
According to values of chi-square test there is no significant statistical connection between these variables. Thus we can conclude that parents living together with their children are not the prime factor which affects child's success in the school. This hypothesis has not been confirmed yet. |
|
|
|
Табела 3. Релации меѓу училишниот успех и условите за живот |
|
Table 3.Relations between school success and parents living together |
Услови за живот во кои живее детето |
|
Where do students live? |
Животните стандарди на семејството треба да се разгледуваат од аспект на функцијата на одгледување. Неповолните услови за живеење се појави кои ги следат нискиот социо-економски, образовен и општествен статус на семејството, со што се зголемуваат негативните аспекти за живот. Ниту во оваа, како и во претходната табела не се добиени статистички значајни разлики. Може да констатираме дека на училишниот успех на ученикот со пореметување во однесувањето условите за живот не се од примарно значење. |
|
The living standard of the family should be considered from the aspect of the upbringing function. Unfavourable living conditions of the family are occurrences which go with the low socio-economic, educational and social status of the family, which enhance the negative aspects of life. Neither in this table nor in the previous one there have been statistically significant differences. We can conclude that the living conditions of the students with the behavioural are not of prime importance for the students’ school success. |
|
|
|
Табела 4. Релации меѓу училишниот успех и број на членови од семејството |
|
Table 4.Relations between school success and number of the members in the family |
Со колку членови од семејството ученикот живее? |
|
How many members are in the family? |
Со анализа на резултатите прикажани со табелата 4. видливо е дека не се добиени статистички значајни разлики меѓу разгледаните варијабли. Резултатите од трудот говорат за фактот дека животот во семејство со поголем или помал број членови не е од примарно значење за училишниот успех. Ниту во оваа, како и во претходната табела хипотезата не е потврдена. |
|
From the results of the analysis shown in Table 4. it is obvious that there are no statistically significant differences between examined variables. The labour results show the fact that life in a family with a bigger or a small number of family members do not affect the school success. The hypothesis in neither this Table nor in the previous one has been confirmed. |
|
|
|
Табела 5. Релации меѓу училишниот успех и образовниот статус на мајката |
|
Table 5. Relations between school success and mother's educational status |
Образовниот статус на мајката |
|
Mother's educational status |
Увидувајќи ги резултатите прикажани во табела 5. видливо е дека постои статистички значајна разлика меѓу разгледуваните варијабли. Резултатите покажуваат дека мајките на учениците со недоволен и доволен успех се без некое занимање, додека учениците со подобар училишен успех имаат мајки со квалификации. Исто така, учениците чии мајки имаат виш образовен статус имаат речиси двапати подобар училишен успех. Од целиот примерок речиси е мал бројот на ученици чии мајки имаат висок образовен статус. |
|
Considering the results shown in Table 5, it is obvious that there are statistically significant differences in the variables. The results show that mothers of students with insufficient and sufficient success are mostly unqualified, while mothers of the students with better school success are with qualifications. It is also shown that students, whose mothers have higher educational status, have twice better school success. Within the whole sample there are only a few students whose mothers have a very high educational status. |
Табела 6. Релации меѓу училишниот успех и образовниот статус на таткото |
|
Table 6.Relations between school success and father's educational status |
Образовниот статус на таткото |
|
Father's educational status |
Како и во претходната табела видливо е постоењето на статистичка значајност. Татковците на учениците кои имаат помал успех се повеќето неквалификувани, додека учениците со подобар училишен успех имаат татковци кои имаат средна стручна подготовка. Повеќе од половина од учениците од целиот примерок имаат родители без квалификација. Но, споредувајќи ги овие резултати со претходните, видливо е дека од целиот примерок, татковците на учениците имаат повисок образовен статус отколку мајките. Може да констатираме дека хипотезата во делот кој се однесува на образовниот статус е потврдена. |
|
As in the previous table there are statistically significant differencies. Fathers of the students with low success are mostly unqualified, while fathers of better students have mostly highschool degrees. More than a half of the students within the whole sample have parents with no qualificiations. But, comparing these results with the previous ones, it can be seen that fathers are with better educational status than mothers. We can conclude that the hypotesis, as far as education is concerned, has been conffirmed. |
|
|
|
Табела 7. Релации меѓу училишниот успех и социо-економскиот статус на семејството |
|
Table 7.Relations between scholl success and socio-economic status of the family |
Социо-економски статус на семејството |
|
Socio-economic status of the family |
Податоците за социо-економскиот статус се добиваат од различни податоци. Меѓу најважните се висината на приходот на семејството, вработеноста на нејзините членови, видот на работата, стандардот во местото на живеење. |
|
The data about the socio-economic status are gained from different sources. The most important one is the family income, employment of the family members, the type of work, the level of education, the living standards etc. |
|
|
|
Табела 8. Релации меѓу училишниот успех и раселеност на семејството (бегалци) |
|
Table 8.Relations between school success and refugee family |
Дали родителите на малолетникот се бегалци? |
|
Are the student's parents, refugees? |
Секоја промена, така и промената на живеалиштето предизвикува дополнителни тешкотии во функционирањето на семејството. Освен тоа, многу често детето е присилено да го менува училиштето што може да доведе до потешкотии во адаптирањето, а сето тоа пак да влијае врз успехот на училиште. Од табелата видливо е дека не постои статистички значајна разлика. Може да се заклучи дека раселувањето не влијае на училишниот успех, земајќи го предвид тоа дека ученикот многу брзо може да се адаптира во новата училишна средина. Ниту овде не може да се потврди поставената хипотеза, бидејќи не е добиена статистички значајна поврзаност меѓу варијаблите.
|
|
Each change, like the change of the place of living, causes additional difficulties in the family functioning. Besides that, the child is forced to change schools which can lead to difficulties in adaptation and can affect school success. The table shows that there are no statistically significant differences. It can be concluded that the change of the place of living does not affect the school success and that student adapt very fast. |
Табела 9. Релации меѓу училишниот успех и кој с¢ го одгледува детето. |
|
Table 8.Relations between school success and refugee family |
Кој се грижи за одгледување на детето? |
|
Who takes care of the child’s upbringing? |
Статистичките показатели од табелата 9. говорат дека училишниот успех на ученикот не е статистички значајно поврзан со тоа кој се грижи за ученикот. Но сепак, воочливо е дека ученикот со подобар успех го одгледуваат два родитела, додека пак оние со недоволен успех главно ги одгледува еден родител. Како што и претходно наведовме, ваквиот резултат може да има повеќе значајност кога се разгледува во релација со некоја друга варијабла. Ниту во овој случај хипотезата не е потврдена. |
|
Statistical indicators of Table 9. show that children's school success is not statistically significantly connected with the fact who takes care of the child. But it is shown that students who have better success in school live with both parents, while those who are not that good live with just one parent. As we mentioned this conclusion is more significant when it is considered in relations with other variables. This hypothesis has not been confirmed either. |
Со тоа, социјално-педагошката работа дополнително би требало да је насочиме кон оние ученици со пореметување во однесувањето кај кои е видливо дека имаат послаб училишен успех, со обѕир дека немаат адекватна образовна потпора од самите родители. |
|
|
|
|
|
Citation:Kovačevikj R, Meschalikj S. Relation in Schol Results and Family Characteristics of the Students in the Primary School with Behaviour Disorders. J Spec Educ Rehab 2005; 6(3-4):77-87. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE