ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА КАКО ЕЛЕМЕНТАРНА БИОЕТИКА

 

Кирил ТЕМКОВ

Филозофски факултет
Институт за филозофија

Скопје, Македонија

 

SPECIAL EDUCATION AND REHABILITATION AS AN ELEMENTAR BIOETHICS

 

Kiril TEMKOV

Faculty of Philosophy
Institute of Philosophy

Skopje, Macedonia

     

Многу нови појави ја определуваат суштината на современиот свет. Меѓу нив најбележити се развивањето на етичката свест за правењето добро за луѓето и внимавањето на сите аспекти на животот во светот. Се разви социјален сензибилитет за младите и за слабите. Се појави филантропскиот дух за нужно добротворство меѓу луѓето. Особено значајни појави од овој вид се развивањето на дефектологијата како особена наука и практика за помош на личностите со пречки во развојот и појавата на екологијата како специфична свест за заштита на природните услови на животот.

 

Many new phenomena determine the essence of the contemporary world. The most significant among them are the development of ethical awareness about doing people good and paying attention to all aspects of life in the world. The social sensitivity for young and weak people has developed. The philanthropic spirit for necessary charity among people has appeared. Especially significant appearances of this kind are the development of special education and rehabilitation as a special science and practice to help people with developmental disabilities and the occurrence of ecology as a specific awareness about protection of life natural conditions.

 

 

 

Биоетиката како нова етика

 

Bioethics as a new ethics

Биоетиката е една од најзначајните активности на современото човештво и една од најважните науки на денешнината и на утрешнината. Таа претставува симбиоза од биолошки и етички погледи.  Со неа се исполнуваат новите општочовечки потреби за појасна свест за проблемите во сферата на виталноста и за одговорноста на луѓето за зачувување и за унапредување на животот.
Биоетиката е нов вид важна практична етика на човештвото. Практичната етика се однесува на она што се смета дека е нужно и најдобро да се прави. Станува збор најнапред за размислувањето за состојбите и за проблемите, за вредностите и идеалите, за владеењето на човекот, за вистинското дејствување според принципите на Доброто и Злото. Потоа, општите етички сознанија се сведуваат на конкретно дејствување, избраните вредности се претвораат во норми, а етичката позиција станува секојдневно општо соодветно морално постапување.
Практичната етика се нарекува и "применета етика#, "нормативна етика#, "животна етика#, "граѓанска етика#, "етика на секојдневието#. Во неа се расправа за конкретни проблеми. Таа претставува морал на конкретни луѓе. Низ практичната етика се потврдува големата улога на личноста во етичката визија, вреднување и дејствување. Личноста е етички фактор и сила, која на елементите на опстојот им дава човечка и етичка димензија. Од личноста зависи дали човековиот однос, од несвесност и автоматизам, ќе се пресврти во сериозност и одговорност, а обичното живеење-кое при сегашниот голем развиток и моќ што ја имаат луѓето-лесно може да се изрази како негрижа и уништување, ќе израсне во љубов за животот и за човекот и во ефикасно дејствување за нивна полза.
Низ   практичната  етика  се   ослободуваат

 

Bioethicsis one of the most important activities of the contemporary humanity and one of the most significant sciences of the present and the future. It is a symbiosis of biological and ethical views, it helps to realize the new common human needs for clearer consciousness of the problems in the sphere of vitality and human responsibility to protect and improve life.
Bioethics is a new kind of important practical ethics of humanity. Practical ethics refers to what is considered necessary and best done. Firstly, it is thinking about conditions and problems, values and ideals, human behavior, real activity according to the principles of Good and Evil. Furthermore, the common ethical awareness leads to concrete activities, chosen values change to norms, and the ethical position becomes everyday common appropriate moral behavior.
Practical ethics is called “applied ethics”, “normative ethics”, “life ethics”, “civil ethics”, and “everyday life ethics”. It discusses concrete issues; it represents the moral of particular people. The great personality’s role in the ethical vision, valuation and activity is acknowledged through practical ethics. This is ethical factor and power, which gives human and ethical dimension to the elements of survival. It is up to the personality whether the human relationship, from unconsciousness and automatism, will change to seriousness and responsibility, and the ordinary living – due to the present great development and power of people - can easily be expressed as careless and destructive, will grow up with love for life and humans and in effective activity for their benefits. Through practical ethics,  the human  capacity  for real ethical work for one’s and other people welfare, is released. The most significant areas of the contemporary practical ethics refer to social moral, family, economic and political ethics; the first place belongs to the bioethics, which is a whole of important forms of health ethics, with special place for the ecological and special education and rehabilitation ethics.
Bioethics is a new ethical concept, created by the American scientist of Dutch origin, Van Renselar Poter, in 1971. He used it for the first time in his book Bioethics-a bridge for tomorrow. It has become one of the best-known and most significant scientific and ethical concepts for the last three decades. The new ethical discipline – bioethics-originates from the word bios, which means life - a science for human responsibility for understanding and protection of life and its forms. Bioethics requires people to be serious for the great issues of natural basics, directs them towards creating and leading pure and good life, stimulates them to engage themselves in improving the vital basics of human existence.
Although bioethics often develops and it is even identified with medical ethics, its concept is much broader. Bioethics has become the most significant ethical discipline of present time, and it is maybe the most essential science of humanity. At the same time, bioethics is basics for contemporary ethics universality. It builds itself as a unique valuable system with the same moral norms for people worldwide. Bioethics is an international discipline and practice - it connects people in the same moral community, showing them the first basics of their existence and requiring from them a joint action for life protection and improvement.
The topics and areas of the bioethics indicate that its issues and research are primarily concentrate on the relationship of the three large life categories: Life, Nature and Personality. As organic essences, now they become an ethical theme, joint together in a necessary ethical relation. Bioethics makes a spiritual totality of Life, Nature and Personality, creating their unbreakable unity and ethical dimension of people’s engagement for them in order to protect and improve them.
The basic bioethical norm says – “Take care of life”! The principle of virtuous, right human behavior and life protection with its forms and quantity expresses best the broad bioethical norm:
“Do not harm any living being. Do not do anything that may cause sufferings and death to living beings. Build up the idea of nature protection in your activity. Develop all nature elements. Take care of nature and do not waste it unreasonably. Take care of people and other living beings. Take care of your and other people’s health. Help everybody. Be aware that good life and its survival on this planet depend on the human power and right activities.”

капацитетите на човекот за реално етичко творештво за свое добро и за доброто на другите луѓе, за блиските и за ближните, за оние околу него и за сето човештво. Најзначајните области на современата практична етика се однесуваат на социјалниот морал, на семејната, економската и на политичката етика; а на прво место е биоетиката, која претставува целина со важните форми на етиката на здравјето, а меѓу нив посебно место заземаат еколошката етика и дефектологијата.
Биоетиката е нов етички поим. Го создал американскиот научник со холандско потекло Ван Ренселар Потер во 1971 година.
Тој првпат го употребил во книгата "Биое тиката-мост кон утрешнината#. За три децении тој стана еден од најпознатите и најважни научни и етички поими. Новата етичка дисциплина биоетика-доаѓа од зборот биос, што значи живот-а таа е наука за одговорноста на човекот за разбирањето и за заштитата на животот и на животните форми. Биоетиката побара луѓето да бидат сериозни пред големите прашања на нашите природни основи, насочувајќи ги кон создавање и водење чист и добар живот. Таа ги поттикнува на ангажман во унапредување на виталната основа на човечкото опстојување.
Иако биоетиката често се развива како медицинска етика, дури некои ја идентификуваат со неа, нејзината смисла е многу поширока. Биоетиката стана најзначајна етичка дисциплина на денешнината, а можеби и најважна наука за човештвото денес. Биоетиката истовремено е основа за универзализација на современата етика. Таа се гради како единствен вредносен систем, со исти морални норми за сите луѓе на светот. Биоетиката е интернационална дисциплина и практика-ги поврзува луѓето во иста морална заедница, укажувајќи им на првата основа на нивната егзистенција и барајќи од нив заедничка акција за зачувување и унапредување на животот.
Темите и областите на биоетиката покажуваат дека нејзините проблеми и истражувања  претежно  се  сконцентрирани  врз

 

односот меѓу три големи животни категории: Живот, Природа и Личност. Како органски суштини, тие сега стануваат и етичка тема, меѓусебно се поврзуваат во нужна етичка релација. Биоетиката од Животот, Природата и Личноста прави една духовна целост, создавајќи нивно нераскинливо единство и креирајќи етичка димензија на ангажман на луѓето за нив, да ги заштитуваат и унапредуваат.
Основната биоетичка норма гласи: "Чувај го живото!# Принципот на доблесно, правилно човеково владеење и на заштита на  животот  во   сите   негови   форми   и   обем најдобро го изразува широката биоетичка норма:
"Не повредувај ниедно живо суштество. Не прави ништо што може да им предизвика страдање и смрт на живите суштества. Во дејноста вгради идеја и цел за заштита на природата. Унапредувај ги сите елементи на природата. Чувај ја и не троши ја безразумно. Внимавај на луѓето и на другите живи суштества и чувај ги. Чувај си го здравјето и здравјето на сите луѓе. Помагај им на сите. Знај дека од моќта на човекот и од неговите правилни дејства зависат добриот живот и опстанокот на животот на планетава!"

 

 

 

 

Што е дефектологијата?

 

What is Special Education
and Rehabilitation

Суштински карактеристики на биоетиката се љубовта кон животот и помошта да опстанат и да се развиваат сите животни форми. Тоа е видливо во желбата за прифаќање на лицата со пречки во развојот и во вложувањето усилби да им се овозможи на страдалниците да живеат исто како и оние кои немаат вакви физички, сетилни и душевни патила. Во човештвото има многу насилство, експлоатација, непријателства и војни. Од тој аспект, тоа не изгледа многу добро. Најниските страсти го поставуваат човекот наспроти луѓето и наспроти другите природни суштества. Но човештвото има и подобар изглед. Тоа знае да го контролира лошото поведение и сака да манифестира добра волја кон сите животни појави.

 

The essential characteristics of bioethics are love for life and assistance for survival and development of all life forms. It is obvious in the will for acceptance of people with developmental disabilities and the attempts to enable these sufferers to live their lives in the same way as people without physical, sensual and spiritual sufferings.
Humanity experiences violence, exploitation, hostility and wars. It does not sound good from this aspect. The lowest passions put man opposite people and other natural beings. Humanity has also better look. It controls bad behavior and wants to manifest good will towards all life appearances.

People soften their positions towards other people and life forms on the Earth; are aware of the meaning of world life unity and give support to weak; sympathize with those who have vital disabilities and help those who have different kinds of life sufferings.
The need for right moral principles has appeared in humanity. The consciousness of high moral practice has awakened and will stimulate people to respect Good and ethical creation towards life improvement. The ethics tries to bear sense of responsibility and constant morality in contemporary people’s souls. Thus, activities in which basics lies the ethical idea have developed. Such is the Special Education and Rehabilitation. As Pedagogy and Medicine, which derivate Special Education and Rehabilitation is, and even when the moral skepticism suggests the unimportance of the moral value as the basics of human relationships, Special Education and Rehabilitation does not leave the ethical stimulus, where from it gains energy and visions. The Special Education and Rehabilitation is authentic bioethics as moral care and comprehensive defense of life.
The Special Education and Rehabilitation is exceptionally necessary science and activity. Out of all people, 10 to 15% have developmental disabilities in physical constitution, motion, sense activities, communication, psychic power of understanding and activity. Disabled people are human beings as others. Today it is not possible to behave as those from Sparta who mercilessly threw their weak babies in the gorge. Or to support the negative eugenics, which tends to destroy all who do not look like anticipated ideal; or to think the same as those who have hidden their disabled brothers and sisters living with them as small animals, finished off and sad, without mercy for their sufferings and weakness. The Special Education and Rehabilitation, which started developing 200 years ago, has become one of the most important bioethical functions of humanity.
Special Education and Rehabilitation examines the misfortunes of people with developmental disabilities and helps them to develop life functions and human needs, fulfilled with difficulties by them. Thus, it is primarily ethical, bioethical discipline.
The Special Education and Rehabilitation appeared as the result of the need for helping the sufferers. It is authentic moral intention, part of the most significant ethical complex, which includes great sources of morality of people – friendly relationship towards others, understanding, openness of moral senses, sympathy, compassion, pure consciousness for responsibility and duty, doing good and continuous well activity, insisting that good is the meaning of life. The Special Education and Rehabilitation is a kind of condenser of ethical energy, activating the human moral powers, affirming the universality of the ethics in human life, it presents the basics in creation of small, ethical community that functions with respect and follow ups of moral emotions and requests. 
The Special Education and Rehabilitation is the example of condense ethical ambient. The ethical passion of special educators to give necessary and often hard assistance responds to the life needs of disabled people to get help, especially from those who help them best. The Special Education and Rehabilitation activity is one of the patterns both as first class ethical human activity and activity, according to its essence, is bioethical structure. The ethical concentration in it repeats the basic moral inspirations frequently and builds the ethical dimension of the activity as sand tower where every grain has the same meaning and sense – every act of Special Education and Rehabilitation has the same moral dimension as the bioethical activity itself.

Луѓето ги омекнуваат своите позиции кон другите луѓе и животни форми на Земјата; го осознаваат значењето на животното единство на целиот свет и им даваат поддршка на послабите; сочувствуваат со оние што имаат витални маки и им помагаат на оние кои се засегнати од разните видови животни патила.
Денес во човештвото возникна потребата од справедливи морални принципи. Се разбуди свеста за неопходноста од висока морална практика, која луѓето ќе ги поттикнува   на   почитување   на    Доброто   и   на етичка креација кон унапредување на сиот живот.  Етиката  се обидува да роди чувство на одговорност и на постојана моралност во душите на современите луѓе. Во таа смисла се развија дејности, во чии основи лежи етичката идеја. Таква е дефектологијата. Како и секоја педагогија и медицина, чиј е нивен дериват, и тогаш кога моралниот скептицизам ја сугерира небитноста на моралната доблест како основа за односите меѓу луѓето, дефектологијата не си ги напушта етичките поттици, од кои ги црпи енергијата и визиите. Дефектологијата е изворна биоетика како морална грижа и сесрдна одбрана на животот.
Дефектологијата е исклучително потребна наука и дејност. Од сите луѓе 10 до 15 отсто имаат пречки во развојот, во физичката конституција, во движењето, во дејноста на сетилата, во комуникацијата, во психичката сила за разбирањето и за дејствувањето. Повредените се, исто така, луѓе како и сите други. Денес не е можно да се владееме како старите Спартанци, кои безмилосно си ги фрлале слабите бебиња во планинскиот дол. Или да се застапуваме за негативна евгенетика, која сака да ги истреби сите што не изгледаат според некој замислен идеал. Или да мислиме исто како оние кои досега ги криеја инвалидизираните браќа и сестри-да живеат покрај нив како животинчиња, дотепани и тажни, без сомилост за нивните страдања и немоќ. Дефектологијата, која почна да се развива пред 200 години, денес стана една од најзначајните биоетички функции на човештвото.

 

Дефектологијата ги испитува несреќите на личностите со пречки во развојот и им помага да ги развијат функциите со кои се манифестираат животните сили и потреби на човекот, а кои тие тешко ги извршуваат. Затоа таа е првенствено етичка, биоетичка дициплина.
Дефектологијата произлезе од потребата да му се помогне некому што страда. Тоа е изворна морална интенција, дел од најзначајниот етички комплекс, што ги вклучува големите извори на моралноста во личноста -свртеност кон другиот, разбирање, незатворање на моралното сетило, сочувство, сомилост, јасна свест за одговорноста и небегање  од неа, правење добро и продолжително
добро дејствување, инсистирање дека доброто е смисла на живеењето. Дефектологијата е своевиден кондензатор на етичката енергија, активирајќи ги човековите морални сили, афирмирајќи ја универзалноста на етиката во човековиот живот. Таа претставува основа за создавање една, барем малечка, етичка заедница, која функционира врз почитувањето и следењето на моралните емоции и барања.
Дефектологијата е пример за згуснат етички амбиент. На животната потреба на унесреќените да добиваат помош, особено од оние што може најдобро да им помогнат-одговара етичката страст на дефектолозите да ја даваат неопходната и често тешка помош, и тоа на најдобар можен начин. Дефектолошката активност е еден од обрасците како за провокласна етичка дејност во човештвото, така и за дејност која, според суштината е биоетички структурирана. Етичката концентрација во неа секој миг ги репетира основните морални инспирации и ја гради етичката димензија на дејноста како куп од песок во кој секое зрнце го има истото значење и истата смисла-секој дефектолошки акт има иста морална димензија како и сета таа биоетичка дејност воопшто.

 

 

 

 

Врвно етичко значење на дефектологијата

 

Main Ethical Meaning of Special Education and Rehabilitation

Дефектолошката  дејност  и  наука,  како и

 

The Special Education and Rehabilitation activity

човековите активности и научни дисциплини со слична насоченост и етичка заснованост (медицина, ветерина, педагогија и др.), спаѓаат во највисокото рамниште на социјалната етичка мрежа. Тие го заземаат врвот на колективното етичко творештво на човештвото не само според резултатите што му се потребни на човештвото, туку и според моралната интенција на дејствениците.
Етиката е вградена во темелите на дефектологијата. Оваа хумана должност има значајни, долготрајни и тешки задачи. Знаењата и задачите на дефектологијата претставуваат сконцентриран   изблик   на етичност
етичноста на човештвото, своевидно насобирање на најдоброто што го дава и може да го даде човекот во секојдневните дејства. Етичката величина на оваа професија се олицетворува со благородноста на дефектолошката грижа и задачи, со кои на неспособниот, немоќниот, бессилниот му се помага да го живее животот или, уште повеќе, да се оспособи за активност што ќе му ги овозможи и приближи димензиите на човечката "нормалност#.
Задачата на дефектологијата е заштитна и подготвувачка. Таа треба да обезбеди подобро да живеат и да прават нешто важно оние човечки суштества кои имаат проблеми со спроведувањето на животните функции и со достигањето на стандардното цивилизациско ниво во остварување на потребите и во пројавување на своите сили. Етичката димензија на дефектологијата е уште поголема кога не се задоволува со заштитна грижа за човечките суштества со пречки во развојот и во функциите, туку настојува нив да ги подготви и самите нешто да сторат за сопственото живеење и дејствување. Тоа значи дека тука се негуваат оптимизам, надеж, верба во човечките сили, се поттикнуваат скриени енергии и потенцијали за тие да се манифестираат, се култивираат човечките никулци, колку и да се малечки, за да про’ртат. Овдека шансите најпрвин се дефинираат и се конституираат како шанси (за слепите да читат, глувите да комуницираат, повредените да бидат активни,  разболените  да  "не  се  предаваат"),  за

 

and science, as well as human activities and scientific disciplines with similar direction and ethical basics (medicine, veterinary medicine, pedagogy and others) belong to the highest level of social and ethical network. They are at the top of the collective and ethical human creativity because of the results and creators’ of moral intention.
Special Education and Rehabilitation implements the ethics within its activities. This human responsibility has important, long-lasting and difficult tasks. The knowledge and task of Special education and Rehabilitation are concentrated burst of human ethics and the best collection of everything human can give in their everyday activities. The ethical value of this profession is personalized through gratitude of Special Education and Rehabilitation care and tasks, helping the disabled, helpless, weak people to live their lives and enabling them for activities, which will bring closer the dimensions of human “normality”.
The Special Education and Rehabilitation has protective and preparatory tasks. It has to provide disabled people with better lives and to enable them to do important things; people who have problems with implementation of life functions and accomplishments of standard civilization level in realization of their needs and expressing their powers. The ethical dimension of Special Education and Rehabilitation is not satisfied only with its protective care for human beings with developmental and functional disabilities but it tries to prepare them to do something for their own lives and activities. It means that it cherishes optimism, hope, belief in human powers and stimulates hidden energies and potentials in order human sprouts, no matter how small they are, to be manifested and cultivated. Herewith, we firstly define the chances and constitute them as chances (blind people to be able to red, deaf people to be able to communicate, injured people to be active, ill people “not to give up”) and then much has to be done the chances to become reality. The Special Education and Rehabilitation is a balance of life processes between potentials and implementation (the best-known contemporary physicist Stephen Hawking is an absolute disabled person with all his senses, movement and communication – but the contemporary science helps him to create and teach). The Special Education and Rehabilitation is a creativity in its base, it is not creativity for determined aims but it is a creativity which aims to wake up what is hidden in order to enable people to create, to use Human spirituality, sensibility, vitality and knowledge to serve moral which object is the lost human being.
Bioethical role of Special Education and Rehabilitation in shaping life is equal to the Devine creativity, considered as revival of the existing, but it is not yet a kind of being of free expression. Let us recall how ugly locked human potentials are and how bad the captivity of human wishes and powers is! The human beings Special Education and Rehabilitation cares for are in such permanent or long-time situation. Being locked and hopeless means their permanent existing, not temporarily, their essence, not temporary form.
The Special Education and Rehabilitation strives to save and saves such beings; it shows the world that the freedom in power manifestation is a base for humanity. Therefore, the Special Education and Rehabilitation is first-class general pedagogy and personal medicine. It is an unavoidable demonstration of worry and responsibility for living. It has universal ethical meaning. Unfortunately, even when the organized system and potentials of Special Education and Rehabilitation are not absolutely large it is an ethical factor of first degree – the Special Education and Rehabilitation activity means implementation of good, affirmation of good thought and friendliness. It is an expression of attempts foe implementation of noble life tasks.
The Special Education and Rehabilitation is essential bioethics.

потоа да се стори многу шансите да станат реалност. Дефектологијата претставува соодветно балансирање на животните процеси меѓу потенцијалите и реализацијата (најпознатиот современ физичар Стивен Хокинг е апсолутен инвалид во сите видови сетила, движење и комуникација-но со помош на современата наука нему му е овозможено и натаму да твори и да предава). Дефектологијата е креативност во основата, но не и творештво на определени цели, туку е творештво, чија цел е да се разбуди запретаното за да може личноста да креира, за да се искористи сета човечка душевност, духовност, виталност и знаење во служба на моралот чиј објект е загубеното човечко суштество.
Биоетичката улога на дефектологијата во обликувањето на животот е рамна на божествената креативност, сфатена како оживување на постојното, но кое уште не постои во вид на суштество на слободен израз. Нека биде посочено само едно потсетување-колку е грозно кога на човекот му се затворени потенцијалите; или; колку е лоша заробеноста на желбите и силите кај човекот?! Суштествата за кои се грижи дефектологијата се во таква постојана или долговремена ситуација. Нивната заклученост и безизлезност се онтички, не темпорални, тие се нивна сушност, не привремена форма.
Дефектологијата не само што се труди да ги спаси и да ги спасува ваквите суштества; таа на светот му покажува дека слободата во манифестирање на силите е основа на човекувањето. Затоа дефектологијата е првокласна општа педагогија и лична медицина. Таа е незаобиколна демонстрација на загриженоста и на одговорноста за живеењето. Таа има универзално етичко значење. Дури и кога (со жалење може да се констатира дека) организираниот систем и потенцијалите на дефектологијата не се апсолутно големи, таа е етички факт од прв ред-дефектолошката дејност значи реализација на доброто, афирмација на добромислата и на благонаклоноста. Таа е израз на трудењето за реализација на благородните животни задачи.

 

Дефектологијата е суштинска биоетика.

 

 

 

 

Личната етика на дефектологот

 

Special Teacher’s Personal Ethics

Вакво нагласено етичко значење го има и професионалниот морал на дефектолозите. Дефектологијата е пример за особена етика на професијата. Како значајна биоетичка функција, за дефектолозите е многу значајна токму личната морална димензија, етичноста на нивната личност. Кај мнозинството човечки активности е важно само доброто извршување на дејноста. Во дефектологијата етичкото е вклучено во природата на активноста-нема добра дефектолошка акција без висока морална цел и дејство, бидејќи прагматичната страна на дејноста не е можно да се реализира без моралните цели, без строгата етичка инспирација на дејственикот и без високите биоетички амбиции на целата професија. Моралот не е само форма на личноста што се определила за дефектолошка активност, туку тој е  супстанцијален извор на нејзината одлука за оваа активност, уште повеќе ако се избира за целосна животна задача, која ќе го исполни сиот нејзин животен век. Затоа дефектологијата не е само професија (во смисла дека со извршувањето на задачите се завршуваат човечките димензии на работата), туку таа е особен повик. Станува збор за една крајна инспирација во животот на личноста, која својот живот го дефинира како лична грижа и борба за помош на настраданиот, односно и како севкупна грижа за подобро човечко живеење воопшто.
Секој што го гради дефектолошкиот систем е високо вреднуван и се почитува неговата одговорна задача. Таа личност остварува цели што не се непосредно нејзини лични (задачата е биоетичка и општочовечка, корисна, пред сé, за унесреќените и за целината на светот). Тоа е видливо при секој дефектолошки акт. Задачите и обврските во дефектологијата се мошне големи. А од етичка гледна точка дефектолозите не дејствуваат како заинтересирани единки, туку

 

The professional moral of special teachers has also emphasized ethical meaning. The Special Education and Rehabilitation is an example for professional ethics. The personal moral dimension of special teachers is their very important bioethical function. Most human activities only require well performance. In Special Education and Rehabilitation, the ethics is included in the nature of the activities – there is no well-done Special Education and Rehabilitation activity without high moral aim, because the pragmatic side of the activity requires implementation of moral aims, strict ethical inspiration of the doer and high bioethical ambitions of the profession itself. The moral of people who devote themselves to Special Education and Rehabilitation activities is a substantial source of their decision for such activity, even more when this activity is chosen to be their life career. Therefore, the Special Education and Rehabilitation is not only a profession (fulfillment of task is not the end of human work) it is an appeal. It is an inspiration in people’s lives, when their lives are defined as personal care and struggle to help disabled people, i.e. a complete care for better living.
People, who build the system of Special Education and Rehabilitation, because of their responsible task, are highly evaluated and respected. These people realize goals that are not their personal ones (the task is bioethical and human, useful for disabled people and humanity in general). It is obvious in any activity of Special Education and Rehabilitation. The tasks and obligations in Special Education and Rehabilitation are enormous. From ethical point of view, the special teachers do not act as interested individuals but as representatives of high moral human activity. The meaning of this important public function is even greater in contemporary civilized relationships; the results and virtue are gained through great troubles and sufferings - because they are long lasting – it is not important what activity and personality, involved in the process of rehabilitation, give the real contribution.
The ethics is essential for Special Education and Rehabilitation. Moral casuistique is clear – the first aim is to do the disabled good; but these good deeds are done without direct relationship with clear results. The Special Education and Rehabilitation has the destiny of morality (and of human culture, too) – something is done because something has to be done, and not because a reward is expected. Even the expected result has not to be connected with the doer, because the joy of the good deed is one’s personal satisfaction, and the success of the result is a benefit for the one who expects it and gets the assistance. The Special Education and Rehabilitation is one of the rare human activities where the activity is accomplished because of the good in itself, someone’s good, charity in general.
The Special Education and Rehabilitation service is hard and very responsible, so the basic bioethical social aspects are enlarged. It is not always necessary for the individual or people in general. Most people do not have direct personal needs for it. It is main ethical development of contemporary humanity, which encourages such activity to help disabled people in order to make them equal with others in potentials and enjoyment of the beauties of life. The Special Education and Rehabilitation neither requires from the doer natural ethical stimulus to act for self-promotion nor enlarged ethical incentives that are characteristic for the most difficult jobs with people and require enormous persistence and endurance.
The special teachers and their profession are required absolute ethics, in order to endure the repeated activities, often without visible results, especially for broader social community. Thus, Special Education and Rehabilitation is an essential bioethics – life defense and persistent representation of its right in order life to be preserved and improved.

како застапници на една високоморална општочовечка дејност. Значењето на оваа важна јавна функција е уште поголемо во современите цивилизирани односи; притоа, резултатите и доблеста се постигнуваат само низ големи маки, дејствени и сочувствени страдања, некогаш-бидејќи секој  ваков  акт  е  долготраен - и  без реално забележување која постапка или која личност, инволвирана во процесот на рехабилитација,  вистински  го   дале  саканиот придонес.
За дефектологијата, значи, етичноста е суштинска. Моралната казуистика е јасна-првата цел е да му се направи добро на несреќниот; но овие крајно добри дела се прават без директна врска со јасно видливиот резултат. Дефектологијата ја има судбината на моралноста (и на човечката култура) во целост-нешто се прави затоа што тоа треба да се прави, а не затоа што се очекува награда. Дури, небаре очекуваниот резултат не треба да се поврзува со дејственикот, бидејќи радоста на доброто дело останува негова лична сатисфакција, а успешноста на резултатот е придобивка за оној што ја очекува и ја добива помошта. Затоа може да се каже дека дефектологијата е една од оние ретки човечки дејности каде што активноста се извршува заради доброто по себе, заради доброто на другиот, заради добротворноста воопшто.
Кај дефектолошката служба, која е тешка и мошне одговорна, се зголемуваат и базичните биоетички социјални аспекти. Таа не им е секогаш потребна на секој човек и на сите луѓе. Мнозинството немаат директна лична потреба од неа. Меѓутоа, таа е врвна етичка надоградба на современото човештво, кое ја охрабрува ваквата дејност за да им се помогне на унесреќените, за да бидат и тие израмнети со другите луѓе во потенцијалите и во уживањето на убавините на животот. Поради тоа, дефектологијата не побарува од дејственикот само природни етички поттици за дејствувањето и за својата самопромоција, ни само зголемени етички побуди својствени за најтешките занаети што се одвиваат во допир со луѓето и бараат огромна настојчивост и издржливост.

 

Од дефектологот се бара апсолутизација на етичноста, и на својата и на професијата, за да може да се издржи во неа и да се повторуваат дејствата кои, често, немаат видливи резултати,   особено   за   пошироката   социјалназаедница. Така, дефектологијата е суштинска биоетика-одбрана на животот по секоја цена и доследно застапување на неговото право да биде чуван и да напредува.

 

 

Citation:Temkov K. Special Education and Rehabilitation as an Elementar Bioethics. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):7-17.

   

 

   

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in