УЛОГАТА НА ДЕФЕКТОЛОГОТ ВО ДЕФЕКТОЛОШКАТА ДИЈАГНОСТИКА

 
Лидија БАЈЛОЗОВА


Сојуз на дефектолози на
Рапублика Македонија

 

THE ROLE OF SPECIAL TEACHER IN SPECIAL
EDUCATION AND REHABILITATION DIAGNOSIS

 

Lidija BAJLOZOVA


Association of Special Educators and
Rehabilitates in Republic of Macedonia

 

 

 

Вовед

 

Introduction

Човекот како биопсихосоцијална целина на соматски, ментални и општествени компоненти, кои се меѓусебно зависни и обусловени од раѓањето и низ целиот живот е изложен на разни влијанија. Сето тоа се одразува најразлично врз неговата целокупна личност. Нарушувањето на интегритетот на личноста доведува до нарушување на биопсихосоцијалниот ентитет, кое бара тимска работа од стручњаци од разни профили: лекари, психолози, дефектолози, социјални работници, работни инструктори.Рехабилитацијата како предмет на дефектологијата има карактер на интегрален пристап. Интегралната рехабилитација ја сочинуваат клиничкиот, едукативниот и социјално-економскиот дел.
Клиничкиот дел на рехабилитацијата видно заостанува во споредба со едукативниот дел. Недостигот на организирана и со закон санкционирана целосна практика-која во себе би содржела превентива, детекција, дијагностика и третман-го оневозможуваат развитокот и изградбата на научно заснованиот и општествено оправданиот систем за рехабилитација на хендикепираните.
Дефектолошката работа во однос на медицинската, како специфичност, во себе содржи и превентивна активност. Според тоа, клиничкиот дел содржи: превентива, детекција, пријавување и евиденција, дијагностика, прогноза и третман. Дефектологот, како член на еден поливалентен тим, со дијагностички постапки и стручна оспособеност во едукативниот и рехабилитациониот процес, дава огромен придонес во откривање голем број хередитарни (наследни), конгенитални (вродени) или рано стекнати причини како и во спречување на оставањето последици врз развојот на личноста. Во ова мое излагање сакам да го потенцирам значењето и улогата на дефектологот во процесот на дефектолошката дијагностика како компонента на клиничката дефектологија, која има непроценливо значење за успехот на целокупната рехабилитација. Навремената детекција и правилната дијагностика овозможуваат да се отстранат или да се ублажат и да се доведат во толерантно ниво сите пречки во развитокот, за да може да се постигне максималното можно ниво на развој на способностите кај личноста. Оттука би произлегло дека клиничкиот дел на рехабилитацијата видно заостанува во споредба со едукативниот дел. Недостигот од организирана и со закон санкционирана целосна практика-која во себе би содржела превентива, детекција, дијагностика и третман - го оневозможуваат развитокот и изградбата на научно заснованиот и општествено оправданиот систем за рехабилитација на хендикепираните. (2, 3)

  Human beings, as a bio-psycho-social unity of somatic, mental and social components, mutually dependant and conditioned, since birth and throughout the entire life have been under different kinds of influences which are reflected on their personalities. The impaired integrity of the personality brings impairments to bio-psycho-social entity that requires team and professional work of different profiles: doctors, psychologists, special teachers, social workers and instructors.Rehabilitation as a subject of Special Education has a character of integral approach. ntegral rehabilitation is consisted of clinical educational and socio-economic part. The clinical part of rehabilitation remarkably lags behind the educational part. The lack of organized, as well as sanctioned by law practice – which would implement prevention, detection, diagnosis and treatment – disables the development of scientifically based and socially justified system of rehabilitation of people with disabilities.
Special Education and Rehabilitation work compared with medical one as a specific, consists in itself preventive activities. According to that, the clinical part consists of prevention, detection, report and evidence, diagnosis, prognosis and treatment. The special teacher, as a member of one polyvalent team, with diagnostic procedures and professional training in the education and rehabilitation process, gives enormous contribution to discovering a great number of hereditary, congenital or early gained reasons, as well as prevention of consequences on the personality’s development. I would like to emphasize the role of the special teacher in the process of Special Education and Rehabilitation diagnosis as a component of clinical Special Education and Rehabilitation that has priceless importance for the whole rehabilitation success. The prompt detection and right diagnosis enable to remove and moderate or to bring to level of tolerance all developmental disabilities in order to achieve maximum developmental level of the personality’s abilities. This shows that the clinical part of rehabilitation lags behind the educational part. The lack of organized, as well as sanctioned by law practice – which would implement prevention, detection, diagnosis and treatment – disables the development of scientifically based and socially justified system of rehabilitation of people with disabilities. (2, 3)  

 

 
 
 
 


Методологија за работа

 


Methodology of work

 

 

 

ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

 

RESEARCH OBJECTIVE

Улогата на дефектологот во дефектолошката дијагностика.

 

The role of the special teacher in Special Education and Rehabilitation diagnosis

 

 

 

ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

 

RESEARCH GOALS

Да се види улогата на дефектологот во примената на општата дефектолошка дијагностика кај децата со пречки во развојот.
Да се види успешноста на навремената и правилна дефектолошка дијагноза.

 

The research goals are to investigate the role of the special teacher in implementation of general Special Education and Rehabilitation diagnosis of children with developmental disabilities.
Furthermore, its goal is to investigate the prompt and right Special Education and Rehabilitation diagnosis.

 

 

 

ХИПОТЕЗИ

 

HYPOTHESES

Хипотеза 1-Се претпоставува дека општата дефектолошка дијагностика треба да биде инструмент за работа на дефектологот во процесот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот.
Хипотеза 2-Се претпоставува дека со примената на дијагностичките тестови дефектологот треба да ја проценува: доминантната латерализираност, организираноста на психомоториката, праксичката, гностичката и практогностичката организираност, говорот и комуникацијата, сознајните функции и поведението на детето во однос на календарската и менталната возраст, со цел преземање реедукација на психомоториката, за успешна социјализација и интеграција во средината.
Хипотеза 3-Се претпоставува дека дефектологот е важен член во мултидисциплинарните тимови, во здравствените служби и во масовните воспитно-образовни установи.

 

Hypothesis 1 – It is assumed that general Special Education and Rehabilitation diagnosis has to be a working tool for the special teacher in the process of education and rehabilitation of people with developmental disabilities.
Hypothesis 2 – It is assumed that with implementation of diagnostic tests, the special teacher has to estimate: dominant lateralization, organization of psycho-motor, practical, Gnostic and practical-Gnostic organization, speech and communication, knowledge functions and children behavior according to calendar and mental age, with aim to take the reeducation of psycho-motor for successful environmental socialization and integration.
Hypothesis 3 – It is assumed that the special teacher is an important member of multi disciplinary team in health services and mass institutions for education.

 

 

 

Улогата на дефектологот во
дијагностичката постапка

 

The role of special teacher
in diagnostic procedure

Дефектологот со примена на општата дефектолошка дијагностика е во можност да изврши дополнување на описот на личноста на детето од аспект од кој не се во можност тоа да го сторат ни медицинската ни психолошката дијагностика.

Дефектологот, кој се занимава со дефектолошка дијагностика, стои пред едно големо подрачје на активности. Како дијагностичка метода користи анамнеза, опсервација и процена.
Наодите на дефектологот се споредуваат со наодите на лекарот и психологот. И така, преку еден мултидисциплинарен пристап, овие наоди добиваат полна вредност. Дефектологот во дијагностиката се занимава со функциите на личноста во однос на постоењето на личноста во социјалното поле во просторот и времето.
Дијагностичкиот пристап во дефектологијата воопшто може да го поделиме на општ-што го применува секој дефектолог, без разлика на потесното стручно насочување-и специфичен-што се употребува специфично во однос на природата на хендикепот, со кој се занимава дефектолог-специјалист.
Од личноста на испитувачот-дефектологот, и од неговата организираност во работата зависи како ќе се изведе целата дијагностичка постапка.
Дијагностичката постапка, всушност почнува со земање анамнестички податоци. При земањето анамнестички податоци се тргнува од претпоставки кои субјектот ги објаснува на начин на кој тој знае, а не од теориски претпоставки. Анамнестичките податоци се забележуваат на начин што е автентичен на начинот на нивното опишување од соговорникот. Доколку тој е преопширен, дефектологот може да го резимира неговото излагање, но притоа добро е секогаш да се наведе понекоја реченица што го карактеризира начинот на излагање или која пластично го прикажува опишувањето на појавата од соговорникот.
Целиот текст на анамнезата мора да биде напишан така да му овозможи на секој следен испитувач самиот да си донесе заклучок врз основа на суровиот материјал, изнесен во анамнезата. Сето тоа треба да се опише онака како што го опишува испитаникот. Дури на крај дефектологот дава свој суд, т.е. дефектолошки заклучок. Анамнестичката постапка претпоставува земање податоци за проблемите кои детето, или возрасната личност, ги манифестира и поради што доаѓа да бара помош од дефктологот. Податоците може да се земаат од субјектот поединечно-од неговите родители или од членовите на потесното семејство, како и од други личности што се во контакт со испитаникот. Анамнестичките податоци може да се надополнат со социјална анкета, која се прави во семејството, училиштето, работното место или во друга средина во која престојува испитаникот. Анамнестичките податоци што ги дава самиот испитаник се нарекуваат автоанамнеза, додека податоците што ги даваат неговите родители или некој друг се нарекуваат хетероанамнеза. Анамнезата се зема со воспоставување непосреден физички контакт меѓу испитувачот и испитаникот.
Опсервациите се од извонредно значење за дефектологот. Тие имаат големо значење во дефектолошката дијагностика. Опсервацијата некогаш почнува уште во воведниод дел на дијагностичката постапка, уште во ходникот при чекањето, при влегувањето в канцеларија. Притоа се забележува неговото однесување кон родителите и обратно, односот на родителите кон детето, како и односот на детето кон дефектологот како испитувач. При набљудувањето дефектологот го задржува вниманието врз мимичната мускулатура, насмевката, држењето на телото, одот и гестикулацијата. Детето во контакт со дефектологот може да манифестира три вида поведение:

  • преголем страв, притиснатост до родителите, одбива разговор со дефектологот;
  • детето влегува во собата со преголема љубопитност и раздвиженост со што ја отежнува работата на дефектологот;
  • детето стапува во разговор со дефектологот со лесна напнатост, која постепено попушта.

Опсервацијата, како стручно изведена дијагностичка постапка, го дава преминот од субјективното доживување на детето од дефектологот кон објективизирање на неговите квалитети и неговите проблеми.

Опсервациите може да бидат систематски и несистематски. Кај несистематските опсервации информациите имаат предност во тоа што се добиваат во природна средина, овозможуваат набљудување и природно држење во различни средини и во дадени услови, т.е. во услови на интеракција на случајот во средината. Во таквите случаи дијагностичарот го дијагностицира држењето, карактеристиките и личната интеракција за кои смета дека се од значење. Главниот недостаток на несистематските информации е нивната преголема субјективна обоеност.
Кај систематските опсервации дијагностичарот може да набљудува едно или повеќе држења. Тој го специфицира или го дефинира држењето, а потоа ја мери фрекфренцијата на траењето, големината на латенцијата и важноста на држењето. Основниот недостаток на овој тип опсервирање се состои во тоа што е насочено кон определена точка, при што другите важни елементи за утврдување дијагноза може да бидат занемарени.
Голем број истражувања ја покажуваат потребата од пронаоѓање современи модели за дефектолошка дијагностика што ќе ги опфатат сите делови на личноста-биолошкиот, психолошкиот и социјалниот дел.
И кај децата на помала возраст, како и кај адолесцентите, важно е дефектологот да забележува на кој начин овие деца одат, влегувајќи во просториите каде што се врши активноста; каков им е изразот на лицето при тоа и какво им е држењето на телото во целина. Дефектологот го бележи и односот кон задачите што ги добива; односот кон другарите со кои соработува во решавањето на задачите; го набљудува неговото  држење   на   часовите  и  одморите,
неговите чувства или психомоторното владеење во моментите кога родителите го доведуваат или го одведуваат, и тоа низ подолг период. Дефектологот е кадарен да го забележи менувањето на овие владеења со текот на времето, осиромашувањето или збогатувањето на начинот на поведение, динамиката на усвојување на новите информации и знаења,  па  така,  на  состанокот на

стручниот тим е во можност да изнесе еден побогат наод за детето во кој се опишуваат неговите потенцијали и можноста за користење на тие потенцијали во социјалното поле. Значи, дефектологот ја набљудува телесноста во акција-движење. Тој анализира дали опишаниот квалитет на движење му овозможува детето да организира активности во просторот на манипулативното поле, правилно да го држи пенкалото, телото, главата, да го врши чинот на пишување, или дали детето може да стои и да трча во група. Ниеден дефектолог не може комплетно да í пристапи на својата работа додека не се информира за тоа каква е организацијата на движењата и телесноста на детето во контекст на телото, како фактор на психичкиот развој и социјализацијата. Дефектологот го интересира дали детето, со кое работи, има изедначеност на сите квалитети на психомоторната организираност и дали тоа, на соодветен начин, одговара на барањата што се јавуваат во полето на реалноста.
Описот на личноста што ја нуди дефектолошката дијагностика овозможува личноста, со каков било облик на хендикеп, да се согледа во основните обележја на егзистенцијалното поле што го гради и во кое живее. Веќе првата средба во дијагностичката постапка го открива впечатокот што личноста со хендикеп го остава на други.
Дијагностичката постапка во современата дефектологија ги користи сите пристапи што се дадени за преку нив да се доживеат и да се дефинираат што поголем број компоненти, кои ги покажуваат поединечните квалитети на личноста, секогаш во даден момент на нејзиното постоење.
Секоја проба што ќе ја изврши детето е само еден детал, кој зборува за начинот на постоење на личноста детето во одреден реалитет што го опкружува. Дефектологот, вршејќи си ја својата активност, постои низ начинот на таа активност што ја организира. Исто така, тој постои низ својата манипулативна активност - како што детето, со кое работи, постои низ начин на организирање на своите активности.

 

The special teacher, with the change of general Special Education and Rehabilitation diagnosis, is able to supplement the description of child’s personality from the aspect that is not possible to be described by medical and psychological diagnosis.The special teacher, who is not involved in Special Education and Rehabilitation diagnosis, is faced with a huge area of activities. The special teacher uses anamnesis, observation and estimation as a diagnostic method.
The special teacher’s findings are compared with those of doctors and psychologists. Thus, through a multi disciplinary approach these findings gain their value. The special teacher in the diagnosis deals with the functions of personality in relation to the personality’s existence in the social field in space and time.
The diagnostic approach in Special Education and Rehabilitation is usually divided in general – applied by each special teacher regardless their professional specialization – and specific – used specifically in relation to the nature of disabilities, matter of work of specialists.
The entire diagnostic procedure depends on the examiners – the special teachers and their work organization.
The diagnostic procedure starts with anamnesis data. While taking the anamnesis data, the special teachers start from assumptions explained by subjects in the way they know and not from theoretical assumptions. The anamnesis data are noted in authentic way they are received by the one who gives them. If the diagnostic data are too extensive, the special teacher can summarize it, quoting from time to time sentences that can characterize the way of expressing and truly presenting the appearance by the one who gives them.
The entire text of the anamnesis has to be written in the way which will enable every other examiner to bring own conclusion from the raw material, presented in the anamnesis. The whole anamnesis has to be presented truly. At the very end, the special teacher gives the Special Education and Rehabilitation conclusion. The anamnesis procedure is recording the problems the child or the adult manifest and ask help from the special teacher. The data can be taken from the subject individually – from parents or next of kin, as well as other people close to the examined person. The anamnesis data can be supplemented with social questionnaire conducted in the family, school, working post or any other environment the examined person stay. The anamnesis data given by the examined person are called auto-anamnesis, while data given by the parents or other people are called hetero-anamnesis. The anamnesis is taken with making direct physical contact between the examiner and the examined.
The observations are of extraordinary importance for the special teacher, as well as for the Special Education and Rehabilitation diagnosis. Sometimes the observation starts even in the introductory part of the diagnostic procedure, in the waiting room or while entering the office. That records the subject’s behavior towards the parents and vice versa, the parents’ relations towards the child as well as the child’s relation towards the special teacher as an examiner. During the observation, the special teacher pays attention on mimicry muscles, smile, body posture, walk and gesticulations. The child, in contact with the special teacher, can manifest three kinds of behavior:

  • a great fear, standing close to the parents, refuses to talk to the special teacher;
  • the child enters the room with great curiosity and movements which make the work of special teacher difficult;
  • the child starts talking to the special teacher with easy tension that gradually declines.

The observation as professionally performed diagnostic procedure gives the pass from special teacher’s subjective experience of the child to objective attitudes of qualities and problems.

The observations can be systematic and non-systematic. The advantage of non-systematic observations is that the information is acquired in natural environment, enables observation and natural behavior in different environments and in given conditions, i.e. in cases of interaction in the environment. In such cases, the diagnostician diagnoses the behavior, characteristics and personal interaction that are considered to be important. The main disadvantage of non-systematic information is its enormous subjectivity.
With systematic observations, the diagnostician can observe one or more behaviors. The diagnostician specifies or defines the behavior and measures the frequency of duration, the size of latency and the importance of behavior. The main disadvantage of this type of observation is the fact that it is directed towards certain point while other important elements for diagnosis are neglected.
A large body of research shows the need for finding contemporary models of special education and rehabilitation diagnosis that will include all parts of the personality – biological, psychological and social part.
It is very important, for both children at early age and adolescents, the special teacher to note the way of their movements while entering the premises for the activities, the expression of their faces and body posture in general. The special teachers note the assignments the child gets, the relationships with other children the child cooperates with in solving the assignments,
the feelings or psycho-motor behavior during the whole period from the moment the parents bring or take the child from the premises. The special teacher is able to note the change of behavior, its weakening or improving, dynamics of gaining new information and knowledge and at  the  meeting  of

professional team, the special teacher presents with many details the findings of child’s potentials and abilities used in the social field. The special teacher observes the body movements in action. He analyzes whether the described quality of movements enables the child to organize activities in the space of the manipulative field, right use of pen, body and head, to write or whether the child can stand or run in the group. The special teacher cannot work without complete information about the movement organization and the child’s physical abilities in the context of the body as a factor of psychic development and socialization. The special teacher is interested in whether the child has equal qualities of psycho-motor organization and whether the child responds in appropriate way to the requirements of the reality.
The description of the personality offered by the Special Education and Rehabilitation diagnosis enables the disabled people to be considered with all basic characteristics in the existential field that they build and they live in. The first meeting during the diagnostic procedure reveals the impression disabled people leave to the others.
The diagnostic procedure in the contemporary Special Education and Rehabilitation uses all available approaches in order to experience and define a larger number of components that show individual qualities of people, always at a certain moment of their existence.
Each rehearsal done by the child is only one detail that expresses the way of child’s existence in real surrounding. The special teachers are included in the activity that they organize. They exist in their manipulative activities – as children special teachers work with exist in the way of organizing their activities.

Special teachers must not bring down the Special Education and Rehabilitation diagnosis to performing ritual movements they acquired somewhere and are considered to be professional.
The main aim of Special Education and Rehabilitation diagnosis – setting up the possibilities for biological, psychological and social development is very difficult to achieve having in mind the predominance of certain scientific disciplines, non-existing or small number of specific Special Education and Rehabilitation institutions.
When applying Special Education and Rehabilitation tests for diagnosis, special teachers estimate the following:

  • The dominant lateralization and psycho-motor organization,
  • Practical organization,
  • Gnostic organization,
  • Practical-Gnostic organization,
  • Speech and communication
  • Knowledge functions,
  • Behavior.

Special Education and Rehabilitation is an interdisciplinary science. It has to initiate organization of multi disciplinary teams. The special teacher will present general Special Education and Rehabilitation status and the status for specific disabilities since each diagnostic procedure should be done within the multi disciplinary team. The general Special Education and Rehabilitation finding will enable insight other people’s characteristics and supplements the description of clinical manifestations of the examined people noticed by other members of the team – psychologist, neuro-psychiatrist, pediatrician, social worker and others.
The description that the professional team receives from the special teacher reveals the possibilities of the examined people for their needs in the social field. While the health workers perceive the disadvantages in structure and function, the psychologists speak about the quality of failure related to structures and functions, the special teachers talk about the functions not in relation to structures, but in relation to the possibilities in social field.

The diagnostic findings of the health worker and the psychologist in relation to the structures and functions and the diagnostic of special teacher in relation to the willing activity directed to others supplement each other in the complete description of the personality. (1, 4)

 

 

 

 

Дефектологот не смее дефектолошката дијагностика да ја сведе на изведување ритуални движења, кои некаде ги научил, а кои се сметаат за стручни.
Навистина е тешко тоа да се постигне, со оглед на предоминантноста на одредени научни дисциплини и непостоењето или малиот број специјализирани дефектолошки установи, основната цел на дефектолошката дијагностика - утврдување на можностите за унапредување на биолошкиот, психолошкиот и социјалниот развој.
Со примена на дефектолошките тестови дефектологот при дијагностицирањето врши процена на:

  • Доминантната латерализираност и организираност на психомоториката, 
  • Праксичката организираност, 
  • Гностичката организираност,
  • Практогностичка организираност, 
  • Говор и комуникација, 
  • Спознајни функции, 
  • Држење.

Дефектологијата е интердисциплинарна. Таа мора да биде иницијатор за организирање на мултидисциплинарните тимови. Со оглед на тоа дека секоја дијагностичка постапка треба да се изврши мултидисциплинарно во рамките на тимот, дефектологот ќе го изнесе општиот дефектолошки статус и статусот за специфичноста на дефективитетот. Општиот дефектолошки наод ќе овозможи увиди во другите својства на личноста и служи за дополнување описот на клиничките манифестации на испитаникот, што ги забележале и другите членови на тимот - психолог, невропсихијатар, педијатар, социјален работник и др.
Описот, што стручниот тим го добива од дефектологот, ја открива можноста на испитаникот во однос на неговите потреби во социјалното поле. Додека здравствените работници ги согледуваат недостатоците по структура и функција, а психолозите зборуваат за квалитет на неуспешност во однос на структурите и функциите, дефектолозите зборуваат за функциите, не во однос на структурите, туку во однос на можностите на социјалното поле.

 

Дијагностичките наоди на здравствениот работник и психологот, во врска со структурите и функциите, и дијагностиката на дефектологот, во врска со волевата активност насочена кон другите, се надополнуваат во целосен опис на личноста. (1, 4)

 

 

 

 

Заклучок

 

Conclusion

Кај нас дефектолошката дијагностика уште не е институционализирана, не е нормативно определена, поставена и професионално определена. Уште ја имаме практиката на класификација, и тоа врз основа на податоците од тестирање на интелигенцијата, што се изведува во медицинските и психолошки установи, која ја спроведуваат главно, лекари, и психолози. Уште се практикува категоризација, односно распоредување од стручни комисии врз основа на Правилникот за распоредување, кои во последно време работат сé повеќе во стручни установи.       
Најголем напредок во дијагностиката, и тоа во раната дијагностика, е постигнат со отворање на развојните советувалишта. Тие овозможуваат преку евидентирање, опсервација и следење на ризичните деца да дадат рана и посигурна дијагностика.
Сеген пред многу години укажал дека без добра дијагноза нема ни добра рехабилитација.
Врз основа на поставените хипотези, може да ги донесеме овие заклучоци:

  • Со дефектолошката дијагностика, односно со навременото дијагностицирање, детето ќе може навремено да се подложи или да се испрати на рехабилитационен третман и ќе се потврди точно неговата попреченост, со што дефектолошката дијагностика е инструмент за работа на дефектологот, како потврда за првата хипотеза. Секој дефектолог треба да го обработи својот испитаник со општата дефектолошка дијагностика.
  • Дефектологот ќе изврши дефектолошка дијагностика, т.е. процена на психомоториката со примена на дефектолошки тестови,која не може да ја изврши ни лекарот ниту психологот, како потврда за втората хипотеза.

Низ претходното излагање заклучивме дека личноста-како збир на физички, психички и социјални способности-трпи последици во сите сфери и ќе биде успешно третирана само со пристап на повеќе стручњаци, при што дефектологот треба да се вклучи како член на стручниот тим. Дефектологот треба да работи на полето на дефектолошката дијагностика како член на стручниот тим, што е потврда за третата хипотеза.

 

In the Republic of Macedonia, the Special Education and Rehabilitation diagnosis is not yet institutionalized, normatively determined, set up and professionally determined. We still practice of classification on basis of data achieved from tests for intelligence, implemented by doctors and psychologists in medical and psychological institutions. We still practice categorization, i.e. assigning professional commissions according to the Rule Book for assignments, which work in professional institutions.
The greatest progress in diagnosis, especially in early diagnosis, is achieved with opening developmental counseling offices. They enable through evidence, observation and follow up of risky children to give early and true diagnosis.
Many years ago, Seguin pointed out that without good diagnosis there was no good rehabilitation.
On the base of stated hypotheses, the following can be concluded:

  • With Special Education and Rehabilitation diagnosis, i.e. prompt diagnosis, the child can be treated or sent for rehabilitation treatment with prompt confirmation of disability and special teacher is given an instrument for work as a proof of the first hypothesis. Each special teacher should apply general Special Education and Rehabilitation diagnosis for the patient.
  • The special teacher will make Special Education and Rehabilitation diagnosis, i.e. estimation of the psycho-motor by applying Special Education and Rehabilitation tests which neither can be doneby doctors nor psychologists, as a proof of the second hypothesis.

So far, we have concluded that the personality – as a unity of physical, psychic and social abilities – faces consequences in all spheres and will be successfully treated only with an approach by more professionals and the special teacher should be included as a member of a professional team. The special teacher should work in the field of Special Education and Rehabilitation diagnosis as a member of a professional team, as a proof of the third hypothesis.

 

 

 

 

Предлози

 

Proposals

Низ дипломската работа се обидовме да ја претставиме потребата и важноста на работата на дефектологот на полето на дефектолошката дијагностика.
За успешно вклучување и реализирање на неговата работа потребно е остварување на неколку предлог-мерки:

  • Општата дефектолошка дијагностика треба да биде застапена во комисиите за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во развојот, како и во мултидисциплинарните тимови на здраствените служби во масовните воспитно-образовни установи.
  • Во комисиите за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во развојот дефектологот, покрај специфичните наоди во контекст со дефективитетот што доминира ќе  укаже  и  на  општиот рехабилитационен потенцијал на детето. Опишувајќи го во целина и по функции, како што е тоа предвидено во дефектолошката дијагностика, дефектологот има можност на другите членови на тимот да им ги опише основните правци во кои личноста остварува најуспешни контакти со околината.
    • Во воспитно-образовните институции-во кои денес се очекува на стручните соработници, педагог и психолог, да им се придружи и дефектолог-општата дефектолошка дијагностика има своевидна улога.

Преку неа дефектологот ќе го опише владеењето на овие деца, онака како што тој го гледа. Тој ги опишува квалитетите на детето од онаа страна на забележување која претходно ја извршил педагогот. Детското отсуство на внимание или облиците на држења што не се вклопуваат во барањата на педагошката работа, дефектологот ќе ги разложи на елементарни видови на изразување на психомоторната активност, со што ќе го објасни и за себе и за другите оној друг дел на владеењето на детето што педагогот го забележува само како глобален чин. Тимот, што го сочинуваат педагог, психолог и дефектолог во училиштата, може да ги дефинира сите облици на полесна недограденост на функциите битни за психосоцијалниот развој и да ги решава на самото место.

  • Дефектологот во посебните училишта, како и во другите рехабилитациони установи, треба и непосредно да се запознае со личноста на детето со кое работи, применувајќи ги методите што ги нуди дефектолошката дијагностика. На тој начин се осигурува програмата за рехабилитација, што се базира врз тоа да биде соодветна, и според тоа и нејзините ефекти целосни.
  • Во постојните планови и програми што се применуваат во училиштата не се води сметка за индивидуалните разлики меѓу децата. Затоа при изработка на наставните планови и програми, одговорните стручни служби на надлежниот орган на власта треба да поведат сметка оваа работа да им ја доверат на дефектолозите.
  • Освен во конципирањето на наставните планови и програми, дефектологот мора да води сметка и за методиката на работа со оваа популација. Имајќи го предвид тоа дека се конкретни мислители во процесот на образованието, излагањето на дефектологот секогаш мора да го следи и соодветна конкретизација. Процесот на наставата никогаш не смее да се сведе на чист вербализам, туку зборот на дефектологот мора секогаш да биде придружен со соодветно очигледно наставно средство.
  • Имајќи предвид дека образованието на децата со пречки во развојот е специфично-затоа што го бара истовремено и едукативниот и клинички пристап во работата-потребно е во самиот процес на наставата, како принцип на работа, да се обезбеди примена на методата за реедукација на психомоториката. Реедукацијата на психомоториката, што го стимулира и развојот, дефектологот треба да ја применува индивидуално и надвор од наставните активности.

 

We have tried to present the need and the importance of the special teachers’ work in the field of Special Education and Rehabilitation diagnosis.
Several proposals-measures have to be realized for successful implementation of the work of special teachers:

  • General Special Education and Rehabilitation diagnosis should be implemented at the commissions for assignments of the specific needs of people with developmental disabilities, as well as in multi disciplinary teams of health services, in mass education institutions.
  • At the commissions for assignments of the specific needs of people with developmental disabilities, the special teacher, besides specific findings in relation with the dominant disability, will point out the child’s general rehabilitation potential. Describing the child in whole and in functions, according to the Special Education and Rehabilitation diagnosis, the special teacher presents to the other members of the team child’s basic ways of making the most successful contacts with the environment.
    • In educational institutions – in which the special teacher is expected to join other professional associates: pedagogue and psychologist – the general Special Education and Rehabilitation diagnosis has its important role.

The special teachers through it describe the behavior of these children as they experience them. They describe the child’s qualities from the pedagogue’s point of view. The child’s absence of attention or behavioral forms that do not fit into requirements of the pedagogical work, the special teachers will divide into elements of psycho-motor activity expression, explaining for themselves and for the others the other part of child’s behavior that the pedagogue has noticed as a global act. The school team consisted of a pedagogue, psychologist and special teacher can define all forms of easy undeveloped functions that are essential for psycho-social development and solve them at the very spot.

  • The special teachers in specific schools, as well in other rehabilitation institutions, have to acquaint directly the child’s personality they work with, applying the methods of Special Education and Rehabilitation diagnosis. So, the program for rehabilitation is provided and is based on appropriate tendencies and their complete effects. 
  • The existing plans and programs that are applied in schools do not pay attention for individual differences among children. Therefore, when preparing curricula and programs, the authorized professional offices of the relevant governmental organ have to take into consideration this task to be assigned to special teachers.
  • Besides outlining the curricula and programs, the special teachers have to take into consideration the methodology of work with disabled people. Having in mind that they are real thinkers in the educational process, their work requires concretization. The educational process is never considered as a pure verbalism and the special teacher’s words must be accompanied by appropriate teaching aids.
  • Considering the education of children with developmental disabilities as specific – which requires the educational and clinical approach of work at the same time – it is necessary to provide, in the educational process as a working principle, the implementation of methodology for reeducation of psycho-motor. The special teachers have to implement the psycho-motor reeducation which stimulates the development individually and out of teaching activities.

 

 

 

 

 

 

 

Citation:Bajlozova L. The Role of Special Teacher in Special Education and Rehabilitation Diagnosis. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):31-42.

   

 

   

Литература / References  

 

 

1.  Ајдински Г. Карактеристики во развојот кај лесно ментално ретардирани ученици, Македонска ризница, Куманово, 2000.
2.  Ајдински Љ. Општа дефектологија, Скопје, 1997.

 

3.  Ајдински Љ, Ајдински Г, Михаилов З. Основи на дефектолошката теорија и практика, Сојуз на дефектолозите на Македонија, печатница и книговезница-Зоки, Скопје, 1999.
4.  Бојанин С, Ќордиќ  А. Општа дефектолошка дијагностика, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1991.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in