Развојните јазички нарушувања се оние што настанале пред почетокот на јазичкиот развој (од раѓањето до првата година), иако симптомите се јавуваат многу подоцна. Стекнатите јазички нарушувања кај децата се појавуваат по појавата на јазикот од 3-12 години; додека јазичките нарушувања кај децата меѓу првата и третата година, имаат карактеристика како развојни и како стекнати. (1)
Во стекнатите јазички нарушувања се вбројува секундарната стекната афазија или дисфазија, која се јавува по лезија на мозокот и тоа по третата година од животот, кога базата на говорот е готова, кога детето веќе почнало да се изразува со реченици и кога почнува да ги употребува сите видови зборови. Кај стекнатата афазија или дисфазија точно се знае кога дошло до оштетување и зошто. (2)
Овој вид нарушувавање се појавува од третата до десеттата година од животот, во времето кога детето интензивно го учи говорот и кога говорот почнува да се автоматизира. Автоматизацијата на говорот настанува кога во мозокот се формираат зони за разбирање и за продукција на говорот. Во нив се складираат сите податоци за гласот, граматиката, реченицата, изговорот и сите движења на говорната мускулатура преку кои јазичното знаење се претворува во говор. Кај децата кај кои секундарната стекната афазија или дисфазија настапила подоцна, разбирањето може да биде пооштетено отколку говорот (сензорна), така што говорот може да биде течен со добра мелодија и ритам и со правилна граматика, а разбирањето да биде намалено. Доколку оштетувањето настанало порано, може да биде повеќе изразена моторната компонента и разбирањето не е или е мошне малку оштетено. Тогаш во говорот е оштетена реченицата, која се сведува на именка, глагол и показна заменка. Артикулацијата е тешка невешта, се скратуваат зборовите и доаѓа до замена на гласовите. Овие две релативно чисти форми се многу ретки. Најчесто имаме мешани сензомоторни видови, каде што е оштетено и разбирањето и говорот во помал или поголем степен. Забележани се и амнестички видови што се манифестираат како заборавање на зборовите, и тоа главно на именките, додека разбирањето и сите други модалитети на говорот се во ред. Детето ќе ја опишува функцијата на предметот-зошто служи, а додека за името не може да се сети. Освен разбирањето и говорот, овие деца имаат тешкотии со читањето, пишувањето и сметањето. (3)
|
|
The developmental speech disabilities are those that happened before the beginning of speech development (from birth to the first year of age) although the symptoms occur much later. The acquired speech disabilities with children occur after the appearance of speech at the age of 3 to 12 years; while speech disabilities with children from the age of one to three years are characterized as developmental and acquired ones. (1)
The acquired speech disabilities include secondary acquired aphasia or disphasia that occurs after brain lesia after the third year of age when the speech basis is complete, when the children start expressing themselves with clauses and when they start using all kind of words. It is well-known when and why the disabilities occurred at acquired aphasia or disphasia. (2)
This kind of disabilities happens from the age of 3 to 10 years, the time when children intensively learn the language and when the language becomes automatic. The automatic language appears when zones for understanding and speech production are formed in the brain. They store all data for voice, grammar, clauses, pronunciation and all movements of speech muscles that enable the speech knowledge to transfer into speech. Children with later secondary acquired aphasia or dysphasia occurred later, understanding can be more general than speech (sensory) and speech can be fluent with good melody and rhythm, correct grammar and with normal understanding. If the impairment occurred earlier, the motor component can be more explicit, while understanding is not or slightly impaired. In that case, the clause is damaged and it is reduced to noun, verb and demonstrative pronoun. The articulation is heavy, unskilled, the words are shortened and replacement of voices occurs. These two relatively clear forms are very rare. In most cases, we have a mixture of senso-motor types where the damage occurs in understanding and language at less or larger level. The amnesic types are indicated, manifested with forgetting words, mainly nouns, while understanding and all other speech modalities are correct. Children will describe the function of the object – its purpose, but cannot remember the name. Besides understanding and speech, these children have difficulties with reading, writing and calculating. (3)
|
|
|
|
|
Приказ на случајот
|
|
Review of the case
|
Машко дете Б. Т. родено во 1990 година, упатено е на лекување на Клиника за Неврологија.
|
|
Boy B.T. born in 1990, sent for treatment at Neurology Clinic.
|
|
|
|
Фамилијарна анамнеза
|
|
Family anamnesis
|
Б.Т. е второ дете од втора уредна и редовно контролирана бременост. Пери и поснатален период уреден. Досега детето психомоторно добро се развивало, не боледувало од некои посериозни болести, освен од респираторни инфекции кои биле амбулантски третирани.
Статус: Детето е сомнолентно, афебрилно, еукогдично, еуфорично. ОМГ и ПМТ средно изразени, кожата бледа со зачуван тургор и еластицитет. Глава со нормална конфигурација. Pulmo et cor со уреден наод. Екстремитети правилни, со деснострана хемипареза. Бабински обострано позитивен, тетивните рефлекси се зајакнати. Абдоминални рефлекси атенуирани и видлив десностран фацијалис.
Сегашната болест почнала два дена пред прием кога детето почнало да се жали на главоболки од левата страна, за следниот ден да ја изгуби свеста, со појава на фиксиран укочен поглед и укочени екстремитети со нивно тресење.
ЕЕГ: 1: левостран шилец бран фокус.
2: основна активност нестабилна со и изолиран делта фокус левострано.
КТМ: нехомогена експанзивна творба во левата церебрална хемисфера. МР-ангиографија на каротидите и на мозокот.
|
|
B.T. is the second child of the second, regular and controlled pregnancy. Perinatal and postnatal periods are regular. The child has good psycho-motor development, he was not ill of any serious diseases except some respiratory infections, treated at First Aid Station.
Status: The child is somnolent, afebrile, eucogdic, euphoric. OMG and PMT are mean expressed, pale skin with preserved turgor and elasticity. The head is with normal configuration. Pulmo et cor with regular finding. Correct extremities, with chemi-paresis on the right side. Babinski positive on both sides, tendon reflexes strengthened. The abdominal reflexes attenuated and noticed facialis on the right side.
The present illness started two days before the admission when the child started to complain of headaches in the left side. The next day he lost his conscious, with fixed and stiff vision, stiff and shaking extremities.
EEG: 1: Left sided pick wave focus.
2: Basic activity unstable with isolated left sided delta focus.
KTM: non-homogeneous and expansive appearance in left cerebral hemisphere. MR-anti-graphia of carotides and brain.
|
МР-наодот зборува за тромботични маси во левата артерија, церебри антериор и медија.
Најверојатно се работи за целосна оклузија на споменатиот сегмент, која сега постепено се реконализира.
По приемот детето е поставено на антиедематозна терапија. Состојбата на детето постепено се подобрува, мускуларната сила се зајакнува. Парезата на фацијалис постепено се повлекува, а уште има афазија (губење на говорот) и деснострана хемипареза.
По третманот кога состојбата се подобрува, детето е упатено на физикална терапија и логопедски третман.
|
|
MR-finding states trombone masses in the left artery, cerebral anterior and media.
The most probably, this is the case of complete occlusion of the mentioned segment, which now gradually reconalizes.
After the admission, the child was under anti-edematosis therapy. The child’s condition gradually improves and the muscle structure strengthens. The paresis facialis gradually retreats with still present aphasia (lost of speech) and right-sided chemi-paresis.
After the treatment, when the condition improves, the child is sent to physical therapy and speech therapeutics.
|
|
|
|
Логопедски третман-статус
|
|
Speech Therapeutics – Status
|
На логопедскиот третман детето доаѓа по еден месец од појава на првите симптоми.
Оралната праксија поради делумната видливост на парезата на n. facialis е слаба.
Артикулација: Поеднинечно гласовите ги изговара со често заменување на гласовите што се слични по звучност или по место на формирање. Артикулацијата е тешка и невешта.
Повторување: Повторува поединечни слогови; не е во состојба да повтори ни двосложен збор. При повторување на зборовите доаѓа до испревртување на слоговите во зборот или на заменување и недискриминирање на гласовите слични по звучност.
Читање: Буквите ги препознава, не е во состојба да ги поврзе во збор. Првиот слог во зборот го чита правилно, а веќе вториот го заменува со слог сличен по изговор со првиот.
Пишување: Поединечни слогови е во состојба да ги напише, додека низа од слогови не може да ги напише. Пример: На барање да напише "Наташа# пишува "Натата#.
Набројување: Во состојба е да изброи до десет, а деновите во неделата не може да ги наброи.
Разбирање: Ги разбира поставените пра-
|
|
The child comes for speech therapeutics after one month since the first symptoms occurred.
Oral practice, due to partial presence of paresis on n. facialis, is weak.
Articulation: He pronounces separate voices with often replacement of voices similar in sound or place of their shaping. The articulation is heavy and clumsy.
Repetition: He repeats single syllables; he is not able to repeat two-syllable words. While repetition of words, the syllables in the word become mixed or replaced and non-discriminated of voices with similar sounds.
Reading: He recognizes the letters but is unable to compose the word. He correctly reads the first syllable in the word and replaces the second syllable with a syllable similar to the first one.
Writing: He is able to write down separate syllables and is unable to write down line of syllables.
Example: Asked to write down “Natasha”, he writes “Natata”.
Listing: He is able to count to ten, but unable to count the days of the week.
Understanding: He understands the questions. The receptive component of the speech is not damaged.
He regularly comes for treatment. We start the speech therapeutics with exercises for motor improvement of speech organs in front of the mirror. Later, we broadened the exercises with separate voices in syllables consisted of vowels in various positions (initial, medial, final ones), as well as exercises for voice discrimination. We immediately start with repeated exercise of hand in order to achieve intro-hemisphere and inter-hemisphere reorganization of speech functions. The patient’s condition improves day by day. The oral practice, as a result of improved motor of speech organ becomes better. The articulation is better and easier.
After 2-month treatment, the patient is able to repeat words with more syllables. The articulation is better and surer. The graph-motor is more stable. He is able to rewrite longer text. He is unable to write a dictation. He uses right hand more than left for writing.
Reading: He is able to read shorter words and reads longer words letter by letter.
Spontaneous speech: His speech is not spontaneous. He is quiet at exercises and does not put questions. He communicates with parents at home, but his sentence is incomplete and grammatically incorrect.
Dialogue: He briefly replies all questions with short sentences, but grammatically incorrect. His speech is bradilalic with slow tempo and melancholic.
He comes for treatment three times a week. The exercises are focused on sentence completion.
After a 4-month treatment, his speech is obviously improved.
The repetition of syllables and words is better and without mistakes in the articulation. He is able to repeat a simple sentence.
Dialogue: He gives correct answers, but the sentence is short and composed of noun, verb and some preposition.
Spontaneous speech: He still has difficulties in spontaneous speech. The bradilalia is not so noticeable.
Description of pictures: While describing pictures, he counts the objects he sees. He gives complete answer when being asked in order to help him.
|
шања. Рецептивната компонента на говорот не е оштетена.
На третман доаѓа секојдневно. Логопедскиот третман го почнуваме со вежби за подобрување на моториката на говорните органи што ги изведуваме пред огледало. Потоа вежбите ги прошируваме со вежбање на поединечните гласови во слогови со самогласки во разни позиции (иницијална, медијална, финална) вклучуваме и вежби за дискриминација на гласовите. Веднаш почнуваме со превежбување на раката, со цел да постигнеме интрохемисферна и интрехемисферна реорганизација на јазичките функции. Состојбата на пациентот одден-наден се подобрува. Оралната праксија, како резултат на подобрената моторика на говорните органи, станува сé подобра. Артикулацијата станува сé подобра и полесна.
По третманот од околу два месеца пациентот е во состојба да повтори и повеќе-сложни зборови. Артикулацијата е сé подобра и посигурна. Графомоториката е постабилна. Во состојба е да препише и подолг текст. Диктат уште не е во состојба да пишува. Пишувањето со десната рака му е полесна отколку со левата.
Читање: Во состојба е да прочита покуси зборови, а подолгите може да ги прочита буква по буква.
Спонтан говор: Во говорот спонтано не се вклучува. На вежбите е мирен и не поставува прашања. Со родителите во домашна средина комуницира, но реченицата му е некомплетна и граматички неправилна.
Дијалог: Одговара на поставените прашања кусо, со куси реченици, граматички неправилни. Говорот е брадилаличен со бавно темпо и мелахоличен.
По третманот почнува да доаѓа трипати неделно. Вежбите се свртени кон комплетирање на реченицата. По третманот од 4 месеци, говорот сé повеќе се подобрува.
Повторувањето на слогови и зборови е добро и без артикулаторни грешки. Во состојба е да повтори и проста реченица.
|
|
Дијалог: На прашањата дава точни одговори, но реченицата е куса составена од именка, глагол и понекој предлог.
Спонтан говор: Уште има тешкотии во спонтаниот говор. Брадилалијата не е толку упадлива.
Опис на слика: При опис на слика ги набројува предметите што ги гледа. На потпрашања, со цел да му се помогне, дава поцелосен одговор.
|
|
|
|
|
Логопедски третман
|
|
Speech therapeutics
|
Логопедскиот третман го изведуваме со помош на вежби за:
-
орална праксија,
-
подобрување на артикулацијата,
-
за дискриминација на гласовите,
-
зборови со повторување на дадена слика,
-
именување на сликички,
-
бои, препишување кус текст (дома), лева рака,
-
формирање куса реченица,
-
дијалог,
-
опис на слика.
|
|
We carry out speech therapeutics with exercises for:
-
oral practice,
-
articulation improvement,
-
voice discrimination,
-
words with repetitions on given picture,
-
naming flash cards,
-
colors, rewriting of short text (at home), left hand,
-
forming short sentence,
-
dialogue,
-
description of a picture.
|
|
|
|
Заклучок
|
|
Conclusion
|
Од дадениот приказ на дете со стекната афазија или дисфазија што го следи раното оштетување на мозокот, со помош на правилно лекување и навремен рехабилитациски третман, има релативно подобрување, кое е поочигледно отколку кај возрасните.
Ова побрзо комплетно опоравување се должи на пластичноста на детскиот мозок и на можноста на интрахемисверната и интерхемисверната реорганизација на јазичките функции во детството.
Детето продолжува во прво одделение и не повторува: со помош на учителката го надоместува изгубениот наставен материјал.
|
|
The given review of a child with acquired aphasia or disphasia, which resulted in brain damage in early childhood, assisted by correct treatment and prompt rehabilitation treatment, shows relative improvement that is more obvious than with adults.
This fast and complete rehabilitation occurs due to the plastic character of child’s brain and the possibilities for intro-hemisphere and inter-hemisphere reorganization of speech functions in childhood.
The child keeps on attending the first grade of elementary school and does not repeat it: he compensates the lost teaching material assisted by his teacher.
|
|
|
|
Citation:Stojmenovska M, Filipova S. Review of a Case of Child with Acquired Aphasia. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):97-102.
|
|
|
|
|
|
Литература / References
|
|
|
1. Голубовиќ С. Афазиологија, Дефектолошки факултет Универзитета у Београду, Београд, 1996.
2. Mary Coates Longerich, Jean Bordeaux, Aphasia Therapeutics, the Macmillian Company-New York, 1954.
|
|
3. Hortense Barry MA. The young aphasic child evaluation and training, by Alexander groham Bell, Association for the deaf, inc Washington. 1961.
|