Свеченоста и, пред сî, јубилејот се збогатува и со фактот што прославата се совпаѓа со одбележувањето на Европската година на инвалидите 2003. Со тоа оваа стручна Конференција нека биде наш прилог кон Годината на инвалидите.
Во решавањето на проблемите на лицата со инвалидност, императивно беше, е и ќе биде потребата од оспособување соодветни дефектолошки кадри. Самиот настан со поддршка на повеќе активности, напори и самопожртвувања од поединци, како и определени општествени и инвалидски организации да се отворат и да почнат со работа дефектолошките студии на Филозофскиот факултет во Скопје, по скоро пет децении од ослободувањето, претставува посебен историски настан за кој идните истражувачи ќе ги дадат вистинските верификации за нивното значење, потреби и ефекти.
Потребата од оспособување дефектолошки кадри во Република Македонија се наметна веднаш по Втората светска војна со отворање на првите специјални училишта и установи, како и со специјалните паралелки при редовните училишта за опфаќање деца со посебни образовни потреби.
Ослободувањето ја затекна Македонија со целосно отсуство како со мрежа на специјализирани установи така и со дефектолошки кадри. Овој проблем набргу почна да се решава од надлежните органи за социјална заштита и за образование, и тоа преку конкретни мерки и форми на организирана заштита на третман и оспособување.
Подготвувањето на дефектолошки кадри се одвиваше според ургентноста на потребите од кадри за работа со оваа популација на следниов начин:
-
Овозможување на вработени наставни кадри редовно да студираат дефектологија во другите републики на поранешната Југославија;
-
Организирање посебни курсеви за оспособување учители што работеа со лесно ментално-ретардирани ученици при редовните училишта;
-
Континуирано обезбедување стипендии за редовно студирање Дефектологија надвор од нашата земја;
-
Организирање центри за вонредно студирање во Македонија како истурени единици на Вишата дефектолошка школа и Дефектолошкиот факултет од Белград;
-
Последниот денешен облик, имено организирање дефектолошки студии, односно Институт за дефектологија, облик што денес го одбележуваме.
Подготовките за обезбедување високо-образовна институција за оспособување дефектолошки кадри започнаа при крајот на 1991 година од Сојузот на дефектолозите на Македонија и Заедницата на инвалидските организации. За таа цел беше формирана работна група, на чело со проф. д-р Љупчо Ајдински, за изготвување елаборат со предлогот за отворање дефектолошки студии на Скопскиот универзитет. Елаборатот беше набргу изготвен и доставен до Владата на Република Македонија и до Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј".
Во елаборатот беше предвидено на студиите да се подготвуваат два профила кадри: клинички дефектолози и дефектолози едукатори. Ректоратот, прифаќајќи го предлогот, покрена постапка до Медицинскиот факултет за оспособување на првиот профил и до Филозофскиот факултет за оспособување на вториот профил кадри.
Медицинскиот факултет од објективни причини, пред сî кадровски, не го реализира предлогот и го остави да мирува до создавање на потребните услови, додека Филозофскиот факултет го прифати предлогот и иницијативата на Ректоратот и ги почна подготовките за отворање дефектолошките студии на тој факултет.
По направените стручни разговори и дискусии, меѓу претставниците на Филозофскиот Факултет (Деканатот, на чело со деканот проф. д-р Трајан Гоцевски) и претставниците на Сојузот на дефектолозите на Македонија (работната група, на чело со проф. д-р Љупчо Ајдински), како и со големото разбирање на тогашниот ректор на Универзитетот проф. д-р Томислав Чокревски, се дојде до очекуваниот епилог. Имено, на 1 октомври 1993 година Советот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" донесе одлука за почнување дефектолошки студии на Филозофскиот факултет. Во почетокот студиите работеа како засебна насока на Институтот за Педагогија, а подоцна, во 1997 година, прераснаа во засебен Институт за дефектологија при Филозофскиот факултет.
Студиите, како четиригодишни, се реализираат според посебен наставен план и програми, а студентите што ги завршуваат студиите добиваат звање "дипломирани дефектолози". Овој стручен профил, како општ дипломиран дефектолог, се оспособува да изведува рехабилитација и воспитно-образовен процес со деца со оштетен вид, со оштетен слух, со ментална ретардација и со телесна инвалидност во рехабилитациски установи, како и во посебни училишта. Исто така, овој профил- "општ дефектолог", се вклучува и како член во стручните тимови на редовните детски градинки, основните и средните училишта, здравствените и социјално-заштитните установи.
За ваквиот концепт за оспособување на општ дефектолог, определбата ја детерминираше: малиот број население (околу 2 милиона), малиот број установи за одделни видови и степени на оштетеност, полесно вработување на завршените студенти и што тој профил повеќе одговара за вработување во редовните детски градинки и училишта, потоа во здравствените, во социјалните и во другите установи, особено сега во спроведувањето на интегративните процеси.
На студиите се слушат и се полагат 35 предмети (општи и стручни, медицински, психолошки, педагошко-дидактички) и над 50% стручно дефектолошки предмети за работа со различни инвалидизирани лица.
При реализацијата на наставата им се дава предност на вежбите и на практиката, итоа 40:60, односно 30:70 во корист на вежбите и практиката, кои исклучително се изведуваат претпладне во наставните бази. Покрај тоа студентите од трета и четврта година во летниот семестар имаат работна практика 30 дена во специјализирани институции.
Наставата од дефектолошките предмети денес се изведува со 8 редовно вработени лица на Институтот, а наставата од другите предмети се изведува од околу 30 лица од другите институти на Факултетот, како и од другите факултети на Скопскиот универзитет. Покрај овие наставници, во првите години од работата на Институтот, поради нерасполагање со доволно стручен дефектолошки наставнички кадар, секоја учебна година, по покана, настава за одделни дефектолошки предмети изведуваа и професори од Дефектолошкиот факултет од Белград и од Катедрата за специјална педагогија од Софија, за што во оваа пригода, од името на Институтот и Факултетот им изразувам голема благодарност.
Во изминатите 10 години се запишаа десет генерации со вкупно 397 студенти, од кои дипломираа вкупно 120 студенти. Од дипломираните студенти со просечен успех над 8 се 53, а со повисок просечен успех од 9 се 6 студенти. Повеќето од завршените студенти се вработени (90%).
Кон крајот на 1997 година, исто така, на Институтот почнаа со работа и постдипломски студии. Досега ги посетуваат три генерации со вкупно 61 студент.
Во рамките на Институтот за дефектологија, исто така, се организираат едногодишни дефектолошки студии за предметни наставници што имаат завршено соодветни наставнички факултети, а работат или сакаат да работат со ученици со посебни образовни потреби. До денес овие студии ги завршиле вкупно 39 наставници.
Од ангажираниот дефектолошки кадар на Институтот, на дефектолошките предмети во изминатите 10 години имаат докторирано 4 лица, магистрирано 6 лица, 2 лица имаат пријавено докторски тези, а едно лице има пријавено магистерска теза.
До денес на Институтот, покрај редовниот професор, што замина во пензија, 2 лица се стекнаа со звање "вонреден професор", 3 лица со звање "доцент" и 2 лица со звање "асистент" во настава со магистратура. Наскоро се очекува уште една колешка да се стекне со звањето "доцент".
Во изминатиот период Институтот се сретнуваше со голем број предизвикувачки проблеми што бараа успешно решавање. Може да речам дека со ангажирање на малиот, но секогаш со позитивна енергија, колектив успешно се разрешуваа проблемите.
Активностите беа насо£ени особено кон :
-
Изготвување и донесување наставни планови и програми;
-
Обезбедување наставен кадар за изведување на наставата;
-
Обезбедување наставни бази за изведување на вежбите и практиката
-
Организирање голем број стручни собири, кои секогаш беа со актуелна тематика, на кои настапуваа голем број стручњаци со стручно-научни трудови од земјата и странство;
-
Исто така, во изминатиот период постоеше голема активност од членовите на стручниот тим на Институтот, со нивно учество со трудови на стручни собири во земјата и странство и со објавување трудови во странски списанија;
-
Институтот беше иницијатор и за воспоставување и излегување стручно-научното списание "Дефектолошка теорија и практика", во кое членовите на стручниот тим на Институтот активно учествуваа со свои трудови;
-
Воспоставена е стручна соработка со дефектолошките факултети од Белград, Загреб, Љубљана, Софија, Тузла, Москва, Арнем и Кобленц, а се изведени и стручни екскурзии и посети со студенти и наставници на неколку универзитетски центри и специјални институции надвор од земјата;
-
Воспоставена е соработка со инвалидските организации, со специјализираните установи и училишта, потоа со детските градинки и основните училишта, како и со надлежните државни органи од областа на здравството, образованието и социјалната заштита, а имаше добра соработка и со медиумите и активно учество со настапи на телевизијата, радиото и печатот.
Последните неколку години Институтот покажува забележителни активности и со негово вклучување во попвеќе национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како што се:
Темпус-проектот-ВО ФОКУС, интеграцијата, инклузијата, деинституционализацијата, генетиката и др.
Во последната учебна година вработените целосно беа ангажирани и вклучени во изготвувањето на новата наставна програма која, всушност, е цел на спомнатиот Темпус-проект.
Исто така, интензивно се работеше и врз имплементирањето на кредитниот трансфер-систем.
ДАМИ И ГОСПОДА,
ПОЧИТУВАНИ ГОСТИ,
Дозволете ми, на крајот, да ја изразам нашата благодарност кон институциите и луѓето што помогнаа и се заслужни за основањето и развојот на дефектолошките студии, односно Институтот за дефектологија:
Пред сî, ја упатувам нашата благодарност кон Сојузот на дефектолозите на Македонија и Заедницата на инвалидските организации на Македонија, за согледувањето што го направија во врска со потребата од формирање високообразовна институција за подготвување дефектолошки кадри во државата и за изготвувањето на Елаборатот за основање на дефектолошките студии. Упатуваме благодарност кон Министерството за образование, Ректоратот на Скопскиот универзитет, Филозофскиот факултет и Институтот за педагогија за прифаќањето на овие документи и за донесувањето на соодветните одлуки за почнување на студиите;
-
Особено сакам да ја искажам нашата благодарност кон деканот проф. д-р Трајан Гоцевски за разбирањето, помошта и силната поддршка што ја даваше во почетокот на основањето, а потоа и во развојот на Институтот за дефектологија;
-
Искрено и со големо почитување им се заблагодарувам на членовите на работната група: д-р Љупчо Ајдински, д-р Славчо Керамитчиевски, Мира Величкова, Величко Андреевски и Љупчо Ефремов за вложениот труд и ангажирањето во изготвувањето на студијата, елаборатот и подготвителните документи, што овозможија Ректоратот и Факултетот да ги донесат потребните одлуки и решенија за отворање на студиите;
-
Особено сакам да ја изразам благодарноста од името на сите членови на Институтот кон професорот д-р Љупчо Ајдински, основоположникот на Институтот за дефектологија, за неговиот придонес околу конципирањето, организирањето, развојот и унапредувањето на Институтот, како и за неговото ангажирање во оспособувањето и подготвувањето на наставничкиот кадар за работа на Институтот;
За овој придонес деканот на нашиот факултет во 2000 година на Македонската телевизија, по повод одењето во пензија на професорот Љупчо Ајдински, меѓу другото, нагласи: (цитирам) "Беше среќна околност што го имавме проф. д-р Љупчо Ајдински на овие студии и што ни се стави на располагање на Факултетот.
Благодарение на неговото огромно искуство и на неговото меѓународно познавање за потребите од луѓе за работа со лицата со инвалидност, ние успеавме да ги организираме и да работат студиите според европските стандарди. Се работи за една исклучителна личност, која остави белег на Универзитетот во Скопје и на нашиот факултет. Филозофскиот факултет даде уште еден виден научен работник, со кој можеме да се гордееме ние, нашата држава и нашата нација".
Со чувство на одговорност и особено задоволство во овој миг имаме должност и обврска да ги кажеме и да ги верифицираме вистините за човечноста и трудољубивоста на заедницата во целина, што се сведоштво за еден општествен однос кон обезбедувањето на потребниот стручен дефектолошки кадар, како главен предуслов за успешно оспособување и за самостоен живот на лицата со инвалидност ; однос, насочен кон рамноправен третман за целосна афирмација на нивните способности, афирмација на човековата личност и афирмација во општествената средина.
На крајот, да ги спомнене и спонзорите кои несебично дадоа поддршка за одржување на оваа конференција: ГТЗ, Темпус и Филозофски факултет.
|
|
The celebration, above all, the jubilee is enriched with the fact that the celebration coincides with the celebration of the European Year of Disabled People 2003. Let this professional conference be our contribution to the Year of Disabled People.
In solving the problems of the people with disabilities, it was and it has been very essential the need of training appropriate special teachers staff. The idea, supported by a number of activities, attempts and self-sacrificing of some individuals and certain social and organizations of disabled people, to establish and to start work with the studies of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy in Skopje, five decades after the liberation war, is a special historical event and the future researchers will evaluate its meaning, needs and effects.
The need of training of special teachers staff in the Republic of Macedonia emerged right after the Second World War when the first special schools and institutions were opened, as well as the special classes at regular schools for including children with disabled.
Macedonia found itself after the liberation both with total lack of special institutions and special teachers staff. This issue immediately started to be solved by the official bodies for social protection and education through concrete measures and forms of organizational protection for treatment and training.
The training of special teachers staff was realized according to the urgency of the needs for such staff to work with this population in the following way:
-
Enabling employed teaching staff regularly to study Special Education and Rehabilitation in other republics of former Yugoslavia;
-
Organization of special courses for training of teachers who worked with easy mentally retarded pupils at regular schools;
-
Continuous provision of grants for regular studies of Special Education and Rehabilitation outside of our country;
-
Organization of centers for part-time studies in Macedonia as branch unites of the Higher defectological school and the Faculty of defectology in Belgrade;
-
The latest present institution, namely organization of Special Education and Rehabilitation studies, i.e., the Institute of Special Education and Rehabilitation, the one we are celebrating today.
The preparations for obtaining high educational institution for training special teachers staff were started at the end of 1991 by the Association of Special teachers of Macedonia and the Association of Organizations of Disabled People. For this aim, a working group was formed, led by Professor Ljupco Ajdinski in order to prepare the detailed proposal to open Special Education and Rehabilitation studies at the University in Skopje. The Detailed proposal was soon prepared and submitted to the government of the Republic of Macedonia and the Rector’s office at Sts Cyril and Methodius University.
The Detailed proposal foresaw preparation of two profiles of staff: clinical special teachers and special teachers. The rector’s office, accepting the proposal, started a procedure with the Faculty of Medicine for training the first profile and with the Faculty of Philosophy for training of the second profile.
The Faculty of Medicine, due to objective reasons, mainly personnel, did not realize the proposal and left it to rest until the creation of necessary conditions, while the Faculty of Philosophy accepted the proposal and initiative of the Rector’s office and started with preparations for establishment of Special Education and Rehabilitation studies at the faculty.
After discussing the issue, the representatives of the Faculty of Philosophy, (the Dean’s office led by the dean Prof. Dr. Trajan Gocevski) and representatives of the Association of special teachers of Macedonia (the working group led by Prof. Dr. Ljupco Ajdinski) as well as with full understanding of former rector of the University, Prof. Dr. Tomislav Cokrevski, the expected epilogue was reached. Namely, on the 1st of October, 1993, the Council of Sts Cyril and Methodius University brought a decision for establishing Special Education and Rehabilitation studies at the Faculty of Philosophy. At the beginning, the studies existed as special major of the Institute for Pedagogy, and later on, in 1997 it became a Institute for Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy.
The four-year studies are realized according to special curriculum and syllabus, and the students who finish the studies gain the title “graduated special teachers”. This professional profile, a general graduated special teacher, is trained to perform rehabilitation and education-upbringing process with children with damaged sight, with damaged hearing, with mental retardation and with physical disability in institutions for rehabilitation and at special schools. This profile, “general special teacher”, is also included as a member of professional teams in regular kindergartens, primary and secondary schools, health and institutions for social protection.
Such concept of training of general special teacher was determined by: a small number of population (about 2 million), a small number of institutions for different kinds and level of damage, easier employment of graduated students since this profile is more suitable for employment in regular kindergartens and schools, in health, social and other institutions, especially nowadays during the realization of the integrative processes.
The studies include 35 subjects that have to be attended and taken (general and special, medical, psychological, pedagogical and didactical) with over 50% professional Special Education and Rehabilitation subjects for work with different disabled people.
The teaching is realized with priority over exercises and practice, i.e., 40:60 or 30:70 in favor of exercises and practice which are performed only in the mornings at teaching facilities. Besides this, the students of the third and the fourth academic year, during summer semester have 30 day working practice at specialized institutions.
The studies of the Special Education and Rehabilitation subjects are performed by eight (8) full-time employed people at the Institute, and the other subjects are performed by about 30 people from other institutes at the Faculty and other faculties of Skopje University. Besides these teachers, during the first years of the work of the Institute, because of lack of enough special teaching staff, professors from the Faculty of defectology in Belgrade and Department for special pedagogy in Sofia were invited to teach. I take this opportunity, on behalf of the Institute to express my gratitude to them.
Ten generations with a total of 397 students enrolled the Faculty, out of which 120 students graduated in the last ten years. Fifty-three (53) graduated students finished the studies with an average grade 8, six (6) students with an average grade 9, and about 90% of them were employed.
At the end of 1997, post-graduated studies were included at the Institute and three generations with a total number of 61 students have attended them so far.
In the framework of the Institute of Special Education and Rehabilitation, one-year Special Education and Rehabilitation studies are organized for subject teachers graduated from appropriate faculties for teachers, who work or are willing to work with disabilities pupils. Thirty-nine (39) teachers finished such studies.
Out of the Institute staff, four (4) people received doctorate in Special Education and Rehabilitation subjects, six (6) people received the title M.A., two (2) people applied with doctoral dissertation and one (1) person with M.A. thesis.
So far, at the Institute, besides a full professor, who retired, two (2) persons acquired the title “associate professors”, three (3) people the title “docent” and two (2) people the title “assistant” in M.A. studies. We expect a colleague of ours to acquire the title “docent” very soon.
During the past period, the Institute met a great number of challenging issues and I may state that the engagement of this small, but with positive energy personnel has proved very successful in resolving the problems.
The activities were directed towards:
-
Preparation and adoption of curriculums and syllabuses;
-
Preparing teaching staff;
-
Preparing teaching facilities for performing exercises and practice;
-
Organizing of many professional meetings, always with topics of current interest, with participation of a great number of professionals from the country and abroad with their professional and scientific works;
-
There were many activities performed by the members of the professional team of the Institute with their participations with their own works at professional meetings in the country and abroad and with their works published in international magazines;
-
The Institute was the initiator for establishing and publishing of the professional scientific magazine “Theory and Practice of Special Education and Rehabilitation” with active participation of the members of the professional team of the Institute with their works;
-
Professional cooperation has been established with the faculties of study for Special Education and Rehabilitation in Belgrade, Zagreb, Ljubljana, Sofia, Tuzla, Moscow, Arnem and Koblentz. Several professional excursions were undertaken abroad and students and teachers visited a few university centers and special institutions.
-
Cooperation has been established with organizations of disabled people, specialized institutions and schools, kindergartens and primary schools, competent state organs in the field of health, education and social care, as well as a good cooperation with active participation in the media.
The Institute has shown remarkable activities with inclusion in a number of national and international scientific-research projects, such as:
Tempus project-IN THE FOCUS, integration, inclusion, deinstitutionalization, genetics and so on.
During the last academic year, the staff was engaged and included in preparation of the new curriculum which was actually the aim of Tempus project, as well as with its intensive work in the implementation of the credit transfer-system.
LADIES AND GENTLEMEN,
DISTINGUISHED GUESTS,
Allow me to express my gratitude to the institutions and people that helped and are worthy for establishment and development of the Special Education and Rehabilitation studies, i.e., the Institute of Special Education and Rehabilitation:
-
Above all, I express our gratitude to the Association of special teachers of Macedonia and the Association of the organizations of disabled people in Macedonia for their understanding of the need higher educational institution to be established for creating special teachers staff in the country and their help in preparation of the Detailed proposal for establishing Special Education and Rehabilitation studies. Our gratitude to the Ministry of Education, the Rector of Skopje University, Faculty of Philosophy and the Institute of Pedagogy for accepting these documents and adopting appropriate decisions for starting the studies;
-
My special gratitude to the dean Prof. Dr. Trajan Gocevski for understanding, assistance, strong support given from the very beginning and throughout the development of the Institute of Special Education and Rehabilitation;
-
My sincere and great respect to the members of the working group: Dr. Ljupco Ajdinski, Dr. Slavco Keramitcievski, Mira Velickova, Velicko Andreevski and Ljupco Efremov for their generous engagement in preparation of the study, the Detailed proposal and preparatory documents which enabled the rector’s office and the Faculty to bring decisions for establishing the studies;
-
On behalf of the members of the Institute, I would like to express my gratitude to Prof. Dr. Ljupco Ajdinski, the founder of the Institute of Special Education and Rehabilitation for his contribution in regard with outlining, organizing, developing and improving the Institute, as well as his engagement in creating and training of the teaching staff for work at the Institute.
For his contribution, I would like to quote the dean of our Faculty, on the occasion of the retirement of Prof. Dr. Ljupco Ajdinski, who stated at the Macedonian Television in 2000: “We were lucky to have Prof. Dr. Ljupco Ajdinski at the studies and being on our disposal at the Faculty.
Thank to his enormous experience, and his
international knowledge for the needs of people to work with disabled persons, we succeeded in organizing the studies according to the European standards. With his extraordinary work, this exceptional person marked the work of our Faculty and Skopje University. The Faculty of Philosophy created another famous professional worker who we, our state and our nation can be proud of”.
It is our duty and pleasure, at the same time, to state and verify the truth about the humanity and hard work of the community in trying to provide necessary professional special teachers staff as a main precondition for successful training for independent life of people with disabilities. This was meant to be equal treatment of these people, affirmation of their abilities, affirmation of their personalities and affirmation of the social environment itself.
At the end, let us mention the sponsors who generously supported this conference: GTZ, Tempus and The Faculty of Philosphy.
|