JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 41737
ВРСНИЧКИ ИНТЕРАКЦИИ ВО ПАРАЛЕЛКИ СО ПРИМЕНА НА КОНЦЕПТОТ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Виолета АРНАУДОВА1
Филозофски факултет Скопје, Македонија |
|
PEER INTERACTION IN CLASSES WHICH USE THE
Violeta ARNAUDOVA1
Faculty of Philosophy Skopje, Macedonia |
Вовед |
|
Introduction |
Трудот претставува обид емпириски да се проследи социо-емоционалната клима во паралелки во кои се применува инклузивна едукација.
Флексибилноста на системот се рефлектира врз методите и материјалите што се користат за да им се овозможи на децата со посебни образовни потреби најефикасен пристап до редовните наставни програми.
Ефективна наставна програма не само што ги дозволува разликите, туку го истакнува потенцијалот низ процесот на колаборативното учење. Добриот начин на пренесување на наставните содржини ќе зависи од наставниците кои ќе имаат разбирање не само за потребите на нивните ученици и соодветноста на наставните стратегии, туку ќе треба да располагаат со ефективни вештини за управување со училницата, соодветна распределба на изворите, со обврска за целосна партиципација на учениците и внимателна одделенска поддршка.
За организација и реализација на инклузивната настава важно е да се овозможи:
|
|
The paper presents an attempt empirically to analyze the socio-emotional atmosphere in the classes where inclusive education is applied.
The flexibility of the system is reflected of the methods and materials that are used in order to enable the children with special needs education the most efficient approach to regular curriculums.
The effective curriculum not only allows differences, but it points out the potential through the process of collaborative learning. The good way of conveying the teaching contents will depend on teachers who have understandings not only for the needs of their pupils and appropriate teaching strategies, but they should possess effective skills to manage their classroom, appropriate source distribution with obligation for complete pupils’ participation and careful class support.
For organization and realization of inclusive teaching, it is important to provide:
|
|
Метод |
|
Method |
Во македонскиот модел на инклузивно образование под "деца со посебни образовни потреби# подразбираме: деца со пречки во психичкиот развој, слепи и слабовиди; глуви и наглуви; деца со пречки во говорот; со телесна инвалидност; хронично болни деца; деца со пречки во поведението; со тешкотии во учењето; со емоционални проблеми; деца без родители; деца кои доаѓаат од семејства со нарушени семејни односи; деца кои доаѓаат од културно депримирани семејства; деца кои не го познаваат јазикот на кој се изведува наставата; деца на бегалци и раселени лица и надарени ученици. |
|
The Macedonian pattern of inclusive education, the term “children with special needs” means: children with psycho-developmental disabilities, blind and with poor vision; deaf and hard-of-hearing; children with speech difficulties; with physical disabilities; chronically ill children; children with behavioral difficulties; with learning difficulties; with emotional problems; parentless children; children who come from families with troubled relations; children from cultural-deprived families; children who don’t know the language in which the teaching is performed; children of refugees and displaced persons and gifted pupils. |
|
|
|
Примерокот во ова истражување е пригоден и вклучува 55 ученици од две паралелки на возраст од 9-10 (III одд.) и 13-14 години (VII одд.) од основното училиште "Димо Хаџи-Димов# од Скопје. Во паралелката од трето одделение 15 ученици се од женски пол а 17 од машки. Во паралелката од седмо одделение 18 ученици се од женски пол, а 15 се од машки пол. Во двете паралелки се вклучени деца со телесна инвалидност и анорексични проблеми. |
|
The sample of this research is convenient and includes 55 children from two classes at the age of 9-10 (third grade) and 13-14 (seventh grade) from regular elementary school “Dimo Hadzi-Dimov” in Skopje. In the third grade class, 15 pupils are females and 17 are males, and in the seventh grade class, 18 pupils are females and 15 are males. Children with physical disabilities and anorexic problems are included in both classes. |
По добивањето на одговорите, изработени се социометриски матрици за сите три критериуми, социограми на позитивни и негативни избори за сите три критериуми, утврдени се индивидуалните индекси на социјалниот статус и индексите на групна тензија и групна кохезија. |
|
After obtaining the responses, the following was prepared, socio-metric matrixes for the three criteria, socio-grams of positive and negative choices for the three criteria, the individual indexes of social status and the indexes of the group tension and cohesion were determined. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
Анализата на резултатите, пред сé, анализата на групните индекси, покажува дека во групите надвладува тензија наместо кохезија. |
|
The analysis of the results, that is the analyze of group indexes, indicate that the tension prevails instead of cohesion in the groups. |
Табела 1. Индекси на групна тензија (ИГТ) и индекси на групна кохезија (ИГК) за различни критериуми и различни возрасти |
|
Table 1. Indexes of group tension (IGT) and indexes of group cohesion (IGC) for different criteria and different age |
|
Како што се забележува од табелата, (Табела 1) индексите на групна тензија се движат од 4,97 (VII одделение) до 5,02 (III одделение). А индексите на групна кохезија се во дијапазонот од 0,31 (III одделение) до 0,32 (VII одделение). Ова е уште поочигледно во приказот на социограмите, избрани како најтипични за ученици со посебни образовни потреби, поточно, избрани се социограми во однос на критериумот Заедничко учење. Социограмите, пред сé, нñ овозможуваат споредбена анализа на врсничките интеракции на иста возраст. |
|
As it is noticed on the table (Table 1), the indexes of group tension range from 4.97 (seventh grade) to 5.02 (third grade), and the indexes of group cohesion range from 0.31 (third grade) to 0.32 (seventh grade). This is even more obvious in the socio-grams, chosen as the most characteristic for pupils with special needs education, more precisely, socio-grams were chosen in relation to the Cooperative learning criteria. Socio-grams, first of all enable comparative analyses of peer interaction at the same age. |
Табела 2. Просечни вредности на индексите на социјален статус (ИСС) за различни критериуми кај учениците од трето одделение |
|
Table 2. Average values of the Indexes of social status (ISS) for different criteria with third grade pupils |
Табела 3. Просечни вредности на индексите на социјален статус (ИСС) за различни критериуми кај учениците од седмо одделение |
|
Table 3. Average values of the Indexes of social status (ISS) for different criteria with seventh grade pupils |
Сепак, кај групата со пониска возраст се забележува дека социо-емоционалната адаптација е во извесен степен пониска и се движи во опсегот од -0,52 до 0,31 наспроти групата со повискока возраст (-0,48 до 0,40). Во овој контекст децата со посебни образовни потреби покажуваат лоша прифатеност во групата. Притоа екстремно високите и екстремно ниските индивидуални индекси на социјален статус не се директна последица од нивните посебни образовни потреби. Поточно, врсничките интеракции не зависат директно од специфичните пречки во развојот. Впрочем, како што се забележува од прикажаните резултати во табелите 2 и 3 индивидуалните индекси на социјален статус, изведени од трите социометриски критериуми на учениците со посебни образовни потреби (ученик бр. 8 и бр. 32 од трето одделение и ученикот бр. 3 од седмо одделение) се движат во рамките на просечно приспособени ученици. |
|
However, the lower age group shows that the socio-emotional adaptation is on a lower level and ranges from -0.52 to 0.31, opposite to the higher age group (-0.48 to 0.40). In this context, children with special needs education show low acceptance in the group, but extremely high and extremely low individual indexes of social status are not directly influenced by their special needs education. Precisely, the peer interactions do not directly depend on specific developmental difficulties. In fact, as it is noticed from the presented results in Tables 2 & 3, the individual indexes of social status derived from the three socio-metric criteria of pupils with special needs education (pupil No. 8 and No. 32 from the third grade and pupil No. 3 from the seventh grade) range in the framework of average adapted pupils. |
|
|
|
Дискусија |
|
Discussion |
Во Република Македонија како неминовност се јавува стремењето кон интеграција на нашиот воспитно-образовен систем кон современите европски стандарди и модели на инклузивна едукација, преку иницирање и имплементирање на иновации во образованието врз една веќе востановена дидактичка основа со традиција. А, воведувањето на инклузивно образование, подразбира и соочување со повеќе дилеми, за чие решавање е потребно да се имаат предвид резултатите од анализата на позитивните искуства од инклузивното образование на другите воспитно-
Земајќи го предвид фактот дека еден од значајните индикатори што го користиме при проценката на ефектите од реализираните активности е обезбедувањето на позитивната клима за врсничките интеракции во рамките на инклузивното образование и почитувањето на различноста, ги издвојуваме следните сознанија:
Значи, зошто е пожелно инклузивно образование?
Во таа смисла инклузивната практика поздразбира и неопходна поддршка од наставниците и родителите. Фактот дека нашите наставници чувствуваат потреба од втемелување на соодветна инклузивна методологија, технологија и стратегии во инклузивната практика, иницира активности за едукација на наставниците во редовните училишта за примена на инклузивната практика. За непречено реализирање на оваа цел релевантните институции иницираат и поддржуваат активности што значат поквалитетно и похумано образование, што подразбира обезбедување локална инфраструктура и координација на стручни лица за поддршка и обезбедување на редовните училишта во кои се вклучени деца со посебни образовни потреби со соодветни наставни средства и помагала. |
|
In the Republic of Macedonia, the aspiration towards integration of our upbringing and educational system with the contemporary European standards and patterns of inclusive education is unavoidable through initiation and implementation of innovations in the education on an already established didactic base with tradition. But, the implementation of inclusive education means coping with many dilemmas, which resolving requires the results of the analyzes of inclusive education positive experiences of other upbringing and educational systems in the world as well as critical review of previous theoretical knowledge and practical experiences in our country and worldwide in regard to this kind of education.
Taking into consideration the fact that one of the most important indicators, used in evaluation of realized activities effects, is providing of positive atmosphere for peer interactions in the framework of inclusive education and respect of the diversity, we point out the following knowledge:
Why is inclusive education desirable?
|
|
|
|
||
|
|
|
||
Citation:Arnaudova V, Takashmanova-Sokolovska T, Jachova Z. Peer Interaction in Classes Which Use the Concept of Inclusive Education. J Spec Educ Rehab 2004; 5(1-2):87-98. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Јачова З, Самарџиска-Панова Љ, Лешковски И, Ивановска М. Прирачник за проектот Инклузија на деца со посебни потреби во редовните училишта во Р. Македонија, Скопје: Биро за развој на образованието, 2002. |
|
3. Керамичиева Р. Психологија, Просветно дело, Скопје, 1996. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE