Повеќето проекти што се реализираат, а се насочени заради разрешување на проблемите на хендикепираните лица, се водени од нестручни лица или од лица без долгогодишно искуство и не се базираат врз знаењата од дефектологијата, медицината, психологијата, педагогијата и социјалната работа. Повеќето проекти се спроведуваат само заради финансиската поддршка. Така, очигледен станува „добронамерниот” алтруизам. Вистинскиот и етички алтруизам и професионализам треба да биде воден од желбата за задоволување на вистинските потреби на хедикепираните лица, нивната благосостојба и среќа.
Професионалците кои се во постојанен контакт со хендикепираните лица и нивните семејства (дефектолози, лекари, психолози, социјални работници и други) треба да ги препознаат ваквите активности кои може значајно негативно да се реперкуираат врз животите на хендикепираните. Исто така постои и негативниот економски аспект (ваквите проекти може непотребно да ја оптоварат и онака сиромашната материјална основа на државата).
Од друга страна пак, сите лица инволвирани во реализацијата на проектите би требало да го преиспитаат сопствениот алтруизам и професионализам.
Ова излагање ги елаборира проблемите на вистинскиот алтруизам и професионализам; длабоките емоционални страдања на хендикепираните лица и нивните семејства, нивните земни аспекти и релации; можностите за целосно остварување на нивните психички и физички потенцијали; вистинската социјализација, наспроти форсираната интеграција и deinstitucionalizacija, која (по правило) може да продуцира негативни ефекти.
Не случајно кон лицата со хендикеп е воспоставуван и граден посебен однос во целиот период на човековото постоење. Тоа е логично кога се има предвид сложеноста на комплексот од развојните антропобиолошки, историски, општествено-економски, социјални, културни и други услови, што го чинат енигматскиот мозаик на живеењето, опстојувањето и прогресот на човештвото во разните епохи на цивилизацијата. Уште повеќе што човекот, како биогенетско суштество, по правило, не се раѓа ни по своја желба, ни по посакуваниот профил и модел на оние што го продуцираат во својата идеална замисла. За жал, тој се раѓа со огромна бовча на неизвесности, феномени и предизвици, бескрајно различни по суштина, со кои непредвидливо ќе патува во лавиринтот на животот, носејќи го бремето на желбите, амбициите, радостите, страдањата, среќата и несреќата (дури не само свои, туку и туѓи, пред сé, роднински, соседски, како и општествени).
Најмалата извесност во ваквиот контекст на живеењето им припаѓа на хендикепираните лица, за кои излезот им го покажуваат: блиски и далечни, добри и наивни, стручни и недоволно искусни, искрени и амбициозни, доброволно или официјално. При тоа, се разбира, и покрај сите непредвидливости и грешки, несвесно правени, во основа останува добрата намера да се зголеми нивната среќа, условно кажано.
Сето тоа се прави не само заради можностите на хендикепираните лица што се повеќе или помалку лимитирани физички или психички, туку и заради условите во кои енигмите и непознаниците се неизбежен нивни придружник што животот ги наметнува, независно од степенот на општествениот развој и цивилизациските придобивки. Тоа особено го експонираат сложените превирања во сегашните услови на земјите во транзиција, при што проблемите на хендикепираните лица се маргинализираат, минимизираат или привидно се нагласуваат со својата сложеност и потребите за нивно решавање, пред сé, од државните институции, како и од повеќе доброволни невладини организации.
Но и покрај тоа, останува фактот дека алтруизмот, хуманоста, професионализмот, светските случувања и државната политика во оваа област, заедно со научните истражувања, биле и ќе останат движечка снага во барањето и изнаоѓањето можни, секогаш поусовршени решенија на системот за заштита и рехабилитација на хендикепираните лица со единствена цел; повисок степен на хуманизација на условите за оспособување, социјализација и интеграција на овие лица во целиот период на нивното живеење (детството, младоста и поодминатата возраст).
За жал, во дадениот момент проблемите поврзани со сложениот процес на третманот и оспособувањето на лицата со хендикеп, особено во нашава земја, се третираат во мошне изразени невоедначени критериуми, неединствени и недоволно јасно изградени стручни ставови и приоди, како и отсуство на соодветна доктрина.
Тоа особено се однесува на превентивата, дијагностичката процедура, рехабилитациониот третман, инклузијата и деинституционализацијата, поврзани со едукативниот третман, интеграцијата и социјализацијата, вработувањето и многу друго. Сето тоа може да има долгорочни последици врз руинирање на постојниот систем во третманот на лицата со хендикеп во нашата земја, независно од тоа што има потреба од определени корекции и негово усовршување, напоредно со развојниот континуитет на стручно-научната мисла. Тоа се поткрепува со фактот што за „решавањето” на многубројните проблеми од третманот и животот на лицата со хендикеп се јавува поплава од разно-разни проекти за нивното добро, најчесто водени како од материјални побуди, и од однапред утврдени шаблони и петрифицирани ставови, без да се има искуство од непосредна практична работа со хендикепирани лица, како и во отсуство на потребниот квантум на знаења не само од областа на дефектологијата, туку и од повеќе гранки на медицината, психологијата, педагогијата, етиката и социјалната работа. Притоа не се имаат предвид позитивните и негативните искуства од светот, што максимално го отежнува нивното практично реализирање. Во таквиот контекст отсуствува етичката димензија на професионализмот и алтруизмот, сведен на крајно симплифициран стручен пристап, без да биде детерминиран од желбата и убедувањето за задоволување на вистинските потреби и можности на хедикепираните лица.
Со оглед на тоа што не се правени посебни стручни и научни истражувања за резултатите на досегашниот систем
на заштита и рехабилитација во Р. Македонија, кој овозможуваше инклузија, интеграција и елиминирање на неповолностите на институционалниот третман преку поширок регистар на рехабилитациони и едукативни форми за дадени возрасти на хендикепираните лица (слепи, глуви, телесно инвалидни, лесно ментално ретардирани), ќе бидеме слободни да свртиме внимание само на некои прашања со намера да дадеме определени сугестии.
Имено, во таа смисла треба да се има во предвид следново:
-
Да се проучат досегашните искуства и резултати во поглед на инклузијата и деинституционализацијата која, априори, е условена од институционалниот систем и претходниот ран третман за хендикепираните лица, кој мошне успешно ги совладуваше отпорите уште во шеесетите години на минатиот век, кога се појави терминот и движењето „нормализација” наместо „инклузија”.
-
Кога станува збор за инклузија и деинституционализација треба да се има елементарни познавања и за географските посебности со демографската слика на движења на населението, поврзани со миграции и емиграции на населението во Р. Македонија како неизбежна и важна детерминанта .
-
Глорифицирањето на семејството во процесите на деинституционализацијата и инклузијата кога Р. Македонија е во земјите со највисока стапка на невработеност во светот при што елементарните егзистентни потреби и на децата и на семејствата не може да бидат соодветно решени, претставува најочигледен апсурд. Тоа не само заради поради сиромаштијата и бедата што ги ограничува можностите на семејството да ги извршува своите функции, туку и поради трките и презафатеноста со бизнисот во процесите на конкуренцијата и стратификацијата на општеството во процесите што ги наметнува транзицијата за диференцирање на класните, односно на општествените слоеви, при што за хендикепираните деца речиси и да нема време.
-
Економскиот аспект на инклузијата и деинституционализацијата во сегашниве состојби во Р. Македонија во никој случај не може да биде занемарен. Притоа нема да погрешиме ако кажеме дека деинституционализацијата само на една установа каква што е, на пример, Специјалниот завод Демир Капија, би го нарушила обемот на буџетските средства за социјална заштита до мера да не можат да се остварат основните права на граѓаните во оваа дејност, особено кога би се зеле предвид и минималните или просечните, а не повисоките, стандарди за сместување, нега, исхрана, третман и поголем регистар и други потреби.
-
Техничко-технолошкиот развој и развојот на информациските системи, компјутеризацијата на училиштата и во тој контекст, инклузијата и деинституционализацијата на хендикепираните со сите потребни неизбежни објективни материјални и нематеријални предпоставки.
-
Претпоставките и гревовите што може да се направат, гледани од етички и психосоцијален аспект (траумите и тортурите на семејствата и децата со хендикеп).
-
Потребата од враќање и трансформирање на широкиот регистар вредности, изразени во воннаставните и вонинституционалните активности (спортско-рекреативни, технички, културно-уметнички, еколошки итн.).
-
Обновувањето, иновирањето и креирањето нови форми и содржини на интеграцијата и социјализацијата на хендикепираните лица во новонастанатите услови во земјата.
-
Потребата од нови програми за третман и работа со хендикепираните лица, како една од најсуштинските проблеми во дадениот момент и условите во кои живееме.
-
Треба да се имаат предвид искуствата на богатите и напредните земји во светот и нашите скромни искуства со најосновните показатели за успехот или неуспехот од досегашните зафати за инклузијата и деинституционализацијата на лицата со хендикеп.
-
Потребата од увид и јавност на повеќето проекти за хендикепираните лица што ги прават разни невладини организации. Каде тие завршуваат? Кому му служат? Зошто се наменуваат, односно користат? Кој ги рецензира и реализира? Итн.
|
|
A lot of projects for solving problems of disabled persons are realized, but many of them are not conducted by professionals with long experience and are not based on the knowledge from the fields of special education and rehabilitation, medicine, psychology, pedagogy and social work. Many of the projects are conducted only for the financial support and their "well-meant" altruism is obvious. The truthful and ethical altruism and professionalism should be directed for the welfare and benefit of the disabled persons.
The professionals that are in constant contact with the disables persons and their families (special teachers, doctors, psychologists, social workers and others) should notice this kind of activities that will produce many negative consequences in the lives of the disabled persons and also in financial aspect; such projects can unnecessary burden the poor material base of the country.
On the other hand, all persons that are involved in the realization of the projects should check the real altruism and professionalism.
This presentation elaborates the problems of real altruism and professionalism; deep emotional sufferings of the disabled persons and their families, their mutual aspects and relations; the possibilities for complete realization of their psychic and physical potentials; true socialization against the forced integration and deinstitutionalization which might produce some negative effects.
Undoubtedly, towards disabled persons special attitudes were established through the whole period of existing of humans. That is logical if we consider the complexity of the developmental anthropo-biological, historical, economical, social, cultural and other conditions which create the enigmatic mosaic of living, existing and progress of the society in different civilization eras. People, as biogenetic beings, were not born on their own will or by desired profile and model of those whose product they are. Unfortunately they were born with the burden of uncertain situations, phenomena and different challenges, endlessly different in their essence, which will accompany them through the labyrinth of life, carrying the burden of their desires, ambitions, joys, sufferings, happiness and misfortune (of their own and of others, mostly of relatives, neighbours as well as of the society).
Disabled persons have the most uncertain and unpredictable life path, but they are always guided by relatives and friends, good and naive people, professionals and not very experienced, good-hearted, ambitious and sincere people, volunteers or officials. No matter the mistakes that are made unconsciously, at the bottom line is the good intention and wish for their better and happier life.
This is done not only because of their limited psychical or physical abilities, but also because of the conditions where enigmas and unknown things are an inevitable company in their lives, no matter the level of social development and civilization benefits. Especially in the period of chaotic social conditions in societies in transition, the problems of disabled persons are the most marginalized, minimized or illusory emphasized with their complexity and needs for their solving, mostly by the governmental institutions, as well as nongovernmental organizations.
The fact is that altruism, the human approach, professionalism, the current world happenings and the state policy in this field, together with the scientific researches, were and will be the driving force for searching and finding possible and more improved ways in the system of rehabilitation and care of disabled persons, only with the goal - higher level of humanization of the conditions for training, socialization and integration of these persons through their lives (childhood, youth and adult period).
Unfortunately in the current moment in our country, the problems of the treatment and rehabilitation for disabled persons are treated by very unequal criteria, without uniformity and insufficiently clear scientifically based attitudes and approaches, as well as the absence of appropriate doctrine.
That is obvious in the prevention, diagnostics, rehabilitation, inclusion and deinstitutionalization connected with the education, integration, socialization and employment of these persons. All this may impose long-term consequences that may ruin the current system of rehabilitation and treatment in our country, although there is a need for improving the same system parallel to the development of the science in this field. In the previous period many different projects for “solving” the problems of the disabled persons were done, but most of these projects were conducted because of the financial impulse, without having the practical experience of working with disabled persons, and also without the basic knowledge of special education or other close scientific fields, like medicine, psychology, pedagogy, ethics and social work.
At the same time positive and negative experiences from the projects all over the world are not considered, and that makes their practical realization even more difficult. In that context there is a lack of ethical dimension of the professionalism and altruism, limited on highly simplified expert approach, without fully satisfying the needs and possibilities of disabled persons.
Having in mind that many professional and scientific evaluations of the results of the existing system for care and rehabilitation have not been made so far in the Republic of Macedonia, which enabled the inclusion, integration and different ways of overcoming the unpleasantness of institutional treatment through many different rehabilitation and educational forms for all categories of disabled persons at different ages (blind, deaf, physically impaired, easy mentally retarded), we can freely call the attention to some issues in order to give certain suggestions.
We think that the following points should be considered:
-
Current experiences and results about the inclusion and deinstitutionalization should be considered. These two processes are determined by the institutional system and previous early treatment for the disabled persons, which successfully overcame the resistance from the sixties from the last century when the term and movement “normalization” accrued, instead of the term “inclusion”.
-
When we are talking about the inclusion and deinstitutionalization, we should know the geographical spesifics with demographical picture of the population movements in regard to the migrations and emigrationes in the Republic of Macedonia as unavoidable and important factor.
-
The glorification of the family in the process of inclusion and deinstitutionalization at the time when the Republic of Macedonia is with the highest rate of unemployment in the world, when the basic existential need of the children in the families can not be satisfied is an obvious absurd. That is not because of the povertywhich restricts the possibilities of the families to carry out their functions, but the parents are very engaged with their businesses in the competitive processes and the stratification of the society as the result of the process of transition for class differentiation, without paying attention to their disabled children.
-
Nowadays, when we are talking about inclusion and process of deinstitutionalization in the Republic of Macedonia, the economic aspect cannot be neglected. We can say that the process of deinstitutionalization of only one institution, such as Special Institution-Demir Kapija, will change and distract the size of budget resources for social care. In the addition, the main citizen rights could not be carried out, especially if we consider the minimum or average standards, not higher ones for accommodation, care, nutrition, treatment and other needs.
-
The development of technical and technology systems and the development of information technology in schools and the inclusion and deinstitutionalization for disabled with all necessary and objective materials and non material support are needed.
-
Suppositions and sins that can be made, seen from ethnical, psychological and social aspects (trauma and tortures of family and disabled children).
-
The need of having feed back from non-educational and non-institutional activities and transforming the extend register of values at these activities (sport and recreative, technical, cultural, ecological etc.).
-
To renovate, innovate and create new forms and contents of integration and socialization of disabled persons, in newly created conditions in the country.
-
We need to make a new Working programs and Programs for implementation of treatment with disabled persons, as essential current problems.
-
We must take into consideration the whole experience of progressive countries, and our modest experiences with the most essential marks of success or failure in the previous activities for inclusion and deinstitutionalization of the disabled persons.
-
We need transparency of all non-governmental projects for disabled persons. Where do the projects end? Who do they serve to? What is their purpose, why are they used? Who realizes them? etc.
|