Љупчо Ајдински

 

Ljupcho AJDINSKI

 

 

 

Д-Р ВЛАДИМИР ТРАЈКОВСКИ: АУТИЗАМ

 

DR. VLADIMIR TRAJKOVSKI:
“AUTISM”

 

 

 

Аутизмот како мошне сложен, семеен и општествен проблем, отсекогаш го поттикнува интересот кај голем број стручњаци и научници од целиот свет, а особено неговата комплексност императивно наметнува истражување на етиологијата, карактеристиките, можностите за едукација, подобрување во третманот и рехабилитацијата на овие лица. Затоа, проучувањето на аутизмот, како недоволно истражуван проблем на нашите простори, му дава пошироко општествено значење на овој труд.
Монографијата “АУТИЗАМ” несомнено е оригинално дело и прво од ваков вид во Република Македонија. Таа претставува самостоен труд на авторот и истовремено прв обид за покомплексно проучување на етиологијата и епидемиологијата на проблемот аутизам кај нас.*

 

The autism as very complex family and social problem urges the interest at a great number of experts and scientists throughout the world especially its complexity. It imposes imperatively a research of etiology, characteristics and education possibilities, improvement of treatment and rehabilitation of these persons. So, the study of autism as insufficiently researched problem in our region gives wider social meaning of this work.
The monograph “AUTISM” is an original work and the first of this kind in the Republic of Macedonia. It is author’s independent work and at the same time the first attempt for more complex study of etiology and epidemiology of the problem of autism.*

 

 

 

* Трудот претставува скратена и адаптирана
верзија од неговата докторска дисертација.

 

* This paper is a shortened and adepted version of his
doctoral thesis.

Со тоа несомнен е придонесот на овој труд во развојот на дефектолошката и медицинската научна мисла. Методологијата на истражувачката работа е соодветно применета. Авторот го објаснува предметот на истражувањето, целите и задачите на истражувањето, кои се јасни и концизни, а и примерокот е добро дефиниран. Местото и времето на истражувањето, методите, техниките и инструментите на истражувањето се прецизно прикажани, а статистичка обработка на податоците е мошне коректно изведена.
Паралелно со анализата на резултатите од долгогодишните истражувања, авторот ни презентира компаративна анализа со повеќе светски студии што го обработуваат синдромот на аутизмот, со сите релевантни резултати добиени врз основа на сите досега познати светски искуства во истражувачката дејност врзани за овој проблем.
Трудот е составен од четири глави. Во првата глава се прикажани теориските основи на аутизмот; во втората глава преку истражувачкиот дел ни е претставена имуногенетската и имунолошката студија на лицата со аутизам и нивните семејства, спроведена во Република Македонија; во третата глава се прикажани најновите светски сознанија за етиологијата, дијагностиката и третманот на аутизмот; во четвртата глава авторот дава препораки до родителите, терапевтите / едукатори и истражувачите. Понатаму, се дадени прилозите: протокол за лицата со аутизам, протокол за родителите, DSM-IV критериуми и CHAT-скалата.
За оваа ретка публикација  наведени се 305 референци што несомнено значат берификација на публикуваниот труд.

Литературните податоци соодветно се избрани, а поголемиот дел се од најнов датум, главно од англиското говорно подрачје. Тоа укажува на студиозноста на авторот во литературната сондажа за третираниот проблем. Индексот на зборови ги содржи сите поими кои на читателот ќе му бидат од полза. На крајот монографијата завршува со биографски податоци на авторот.
Во првата глава-теориските основи, јасно се дефинира и опишува класификацијата, етиологијата и патогенезата на аутизмот. Авторот го опишува аутизмот и како последица на развојно оштетување на ЦНС, прикажувајќи ја и поврзаноста на аутизмот со други болести и синдроми. Во понатамошниот дел мошне детално се опишани епидемиолошките и клиничките карактеристики на аутизмот, од каде што се гледа дека темелно е направен преглед на досегашните истражувачки сознанија презентирани во бројни публикации. Посочена е дијагностиката на аутистичниот синдром, претставена преку ICD-10 и DSM-IV дијагностичките критериуми, имунодијагностичките методи, дефектолошката дијагностика, како и дијагностички тестови со уште недокажана вредност. Во делот диференцијалната дијагноза се наведени разликите меѓу аутизмот и другите патолошки состојби што имаат абнормалности во говорот, играта и социјалниот развој. Д-р Трајковски опширно нé запознава со третманот на лицата со аутизам, а овој дел го завршува со текот и прогнозата на аутизмот.

Во втората глава насловена како Истражувачки дел", се опишани целите и задачите на истражувањето, кои се јасни и концизни. Во методологијата на работата се користени епидемиолошкиот, статистичкиот, имунолошкиот и имуногенетскиот метод на работа.
Анализата на резултатите од истражувањето е прикажана преку табели и слики, така што може да се добие многу јасна претстава за сите поединечни прашања што што се анализирани во прашалниците. Паралено со анализата на резултатите од истражувањето, тој ги експилицира резултатите, компарирајќи ги со слични студии направени во САД, Велика Британија, Франција и други земји. На крајот од овој дел се дава општ заклучок дека аутизмот и сега претставува етиопатогенетска и тераписка енигма и дека детектирањето на асоцијацијата со двете ХЛА алели кај нашите лица со аутизам отвора нови димензии за натамошни истражувања во семејствата.
Во третата глава, насловена како “Новини во дијагностиката и третманот на аутизмот" се разработени најновите сознанија во етиологијата, дијагностиката и третманот на аутизмот, презентирани на конгреси, семинари и публицирани во некои списанија, кои специјално го обработуваат аутизмот како проблем, а се објавени во последните 2-3 години на англиски јазик. Во овој дел се претставени биолошките основи на аутизмот, биомедицинските протоколи за дијагностика и третман на аутизмот кои се основна преокупација на група истражувачи и лекари од групата ДАН.

Во четвртата глава се дадени серија препораки насочени за родителите на децата со аутизам, терапевтите, истражувачите и креаторите на социјалната политика, а кои се однесуваат на развојот, имплементацијата и евалуацијата на интервентните програми.
Посебно е значајно да се нагласи дека авторот се служи со мошне  прецизна терминологија во изразувањето, а јазикот на пишувањето е јасен, коректен и лесно читлив. Проблемот со аутизмот првпат е изнесен во целост во Република Македонија. Направен е обид за сеопфатно прикажување на дадената материја.
На мислење сум дека трудот ќе предизвика голем интерес во македонската стручно-научна јавност. Книгата е објавена во тираж од 400 примероци и е наменета за дефектолози, доктори по медицина, психолози, социјални работници, психијатри, педијатри, епидемиолози, имунолози, а може да послужи и како учебно помагало за студентите на Институтот за дефектологија и Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, како и за студентите од Медицинскиот факултет во Скопје.
Книгата би требало да ја има во личната библиотека секој професионалец што работи со оваа проблематика. Затоа топло им ја препорачувам на читателите.

 

Thus, this work gives great contribution to the development of special education and rehabilitation and medical scientific thought. The methodology of the research work is appropriately applied. The author explains the subject of research, goals and tasks of the research that are clear and concise and the specimen is well defined. The place and time of the research, the methods, techniques and instruments of the research are precisely shown, and the statistic data processing is correctly performed.
Parallel to analyzes of the results of the long-year researches, the author presents a comparative analyzes with more world studies dealing with the syndrome of autism with all relevant results gained on the base of all previous world experiences in the research activities related to this problem.
The work is consisted of four chapters: the first chapter indicates the theoretical basis of autism, the second chapter through the research part shows the immune-genetic and immunologic study of people with autism and their families carried out in the Republic of Macedonia, the third chapter presents the latest world knowledge on etiology, diagnostics and treatment of autism, and in the fourth chapter the author gives recommendations to parents, therapists / educators and researchers. Further on, supplements are given: a protocol for persons with autism, protocol for parents, DSM-IV criteria and CHAT scale.
There are 305 quoted references for this rare publication which undoubtedly mean verification of the published work.

The literature data are appropriately chosen, most of them are of the latest date, mainly from English speaking world. That indicates a studious characteristic of the author in the literature probe of the treated issue. The word index consists of all facts useful to the readers. The monograph finishes with author’s biography data.
The classification, etiology and pathogenesis of autism are clearly defined and described in the theoretic bases. The author describes autism as a consequence of developmental damage of CNS, showing the connection of autism with other diseases and syndromes. Further on, the epidemiological and clinical characteristics of autism are described in details, based on fundamentally made survey of previous research knowledge presented in a great number of publications. The diagnostics of autistic syndrome is indicated, presented through ICD-10 and DSM-IV diagnostic criteria, immune-diagnostic methods, diagnostics of special education and rehabilitation, as well as diagnostic tests of unproved values. The part of differential diagnosis shows the differences between autism and other pathological conditions with abnormality in speech, play and social development. Dr. Trajkovski describes entirely the treatment of people with autism, and this part is finished with the course and prognosis of autism.

In the second chapter called a “Research part”, clear and concise aims and tasks of the research are described. The work uses the following methods: epidemiological, statistical and immune-logical and immunegenetic method.
The analyses of the research is shown through tables and figures which give clear image of all single issues analyzed in the questionnaires. Parallel to the analyses of the results of his research, he explicates the results comparing them with similar studies carried out in USA, Great Britain, France and other countries. At the end of this part, a conclusion is made that autism is still etiopathogenic and therapeutic enigma and the detection of association with two HLA alells with our patients with autism open new dimensions for further research in the families. In the third chapter called “Innovations in diagnostics and treatment of autism” the latest knowledge in the field of etiology, diagnostics and treatment of autism are worked out, presented on Congresses, seminars and published in English in some magazines dealing with autism as an issue for the last 2 or 3 years. This part discusses the biological bases of autism, bio-medical protocols for diagnostics and treatment of autism which are preoccupation of researchers and doctors of the group DAN.
In the last fourth chapter a series of recommendations
to parents of children with autism, therapists, researchers and creators of social politics are presented, referring to the development, implementation and evaluation of the intervening programs.
It is very important to point out that the author uses an extremely precise terminology in expression and the language is clear and easy to read. The issue of autism is exposed completely for the first time in the Republic of Macedonia. An attempt is made for comprehensive presentation of the presented material.
My opinion is that this work will initiate a great interest in Macedonian expert and scientific public. The book is published in a 400-copy printing and it is meant for special educators, doctors in medicine, psychologists,
social workers, psychiatrists, pediatricians, epidemiologists, immunologists and can be used as a reference book by students of the Institute for special education and rehabilitation and the Institute of Psychology at the Faculty of Philosophy as well as the students from the Faculty of Medicine in Skopje.
This book should be a part of a library of professionals dealing with this issue. That is why I openheartedly recommend it to the readers.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in