д-р Љ. Ајдински и В. Андреевски
уредници на списанието “Дефектолошка теорија и практика
"

 

КОН ЧЕТИРИГОДИШНОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО
ДЕФЕКТОЛОШКА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА” (1997-2000Г)

СТЕПЕНОТ НА РАЗВОЈОТ НА СТРУЧНО-НАУЧНАТА МИСЛА И ПРАКТИКАТА
ВО ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ ЛИЦА ВО Р. МАКЕДОНИЈА
-ОСНОВНА ДЕТЕРМИНАНТА НА ПОТРЕБИТЕ
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО

I.Вовед                      

Појавата на списанието “Дефектолошка теорија и практика” во 1997 година, претставува логичен епилог на развојниот контекст на стручно-научната мисла во повеќето сфери на науката (медицината, дефектологијата, педагогијата, психологијата, социјалната политика, правото и др.) кај нас и во светот од една страна и современиот тренд во развојот на практиката на заштитата и рехабилитацијата на хендикепираните лица во Р. Македонија од друга страна.
Тоа го потврдуваат повеќе сознанија што се однесуваат на:
Прво,значителен број објавени информации и стручни трудови во стручни и научни списанија и гласила кои излегуваа во Р. Македонија и во просторите на СРЈ, како што се: “Социјални грижи”, “Просветен Работник”, “Просветно Дело”, “Родители и Деца”, “Социјална Политика”, “Порака”, “Специјална школа”, “Преглед проблема недоволно развијених особа”, “Генетика”, “Македонски медицински преглед” и многу други.
Второ, појавата на повеќе објавени стручни публикации од македонски автори кои од повеќе аспекти ги третираа проблемите на заштитата и рехабилитацијата на хендикепираните лица во мошне нагласена стручна, социјална, медицинска и пошироко историска и опшествено-економска димензија. Поради значителниот број на публикациите ќе наведеме само некои од нив, и тоа:
Социјални аспекти рехабилитације дефектних лица” од Густав Влахов (издадено во 1956); Со волја и упорност го победуваме мракот” во издание на Сојузот на слепи на Македонија со поголем број застапени автори (издадено во 1959); 20 години заштита и рехабилитација на глувите и наглувите лица во Македонија” од д-р Славчо Керамитчиевски (издадено во 1970); Заштитата и рехабилитацијата на лицата со психофизички недостатоци во СР Македонија”; Интегрална рехабилитација на ментално ретардираните лица” од д-р Љупчо Ајдински (издадено во 1985) и Основи на дефектолошката теорија и практика” од проф. д-р Љ. Ајдински, доц. д-р Г. Ајдински и асс. Зоранчо Михаилов (издадено во 1999); Социјалната заштита на лицата со пречки во физичкиот и психичкиот развиток низ дејностите на центарот за социјална работа од В. Андреевски (издадено во 1994).
Трето, засилениот интерес на поголем број стручњаци од областа на медицинските науки, психологијата, социјалната политика и др. покрај дефектологијата, а кои практично или теоретски работеа на проблемите на лицата со пречки во развојот, објавуваа стручни трудови во бројни списанија кај нас и во светот;
Четврто, отварањето на дефектолошките студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје на кои се ангажирани повеќе помлади стручни кадри од поширокиот регистар научни подрачја што се на определен начин поврзани со проблематиката на дефектологијата како наука, а пред с¢, наставниот кадар и студентите на дефектолошките студии од кои се очекува изнаоѓање најсоодветни решенија за креирање и остварување на рехабилитацијата и социјалната интеграција на хендикепираните лица во општествените средини во кои треба да живеат.
Петто, потребите од следење, усовршување и унапредување на знаењата и искуствата на вработените стручни дефектолошки кадри, на студентите, на наставниот кадар на дефектолошките студии, на службите на Социјално-хуманитарните организации и нивното членство, на центрите за социјална работа, на определен воспитно-образовен кадар во предучилишните установи и основните училишта, развојните советувалишта, како и определен број здравствени установи и други установи и институции;
Шесто, барањата на современите научни достигања изразени преку техничко-технолошкиот развој, информациските системи итн., како и предизвиците на транзиционите опшествено-политички и економски трансформации во значителен дел од светот и други феномени што немилосрдно го опсесираат човештвото на воено-економски, социјален, културен и пред с¢, на хумано-цивилизациски план и др.

II.  Кон стручната концепција, физиономија и ликовното
обликување на списанието

                Решавањето на стручнато обликување на Списанието што интерактивно наметнуваше почитување на комплексноста и сложеноста на проблемот на целокупната опшествена грижа на хендикепираните лица во кои неизоставно се вклучени енигмите на науката и практиката транспарентно изразени во секојдневниот живот, особено во мултидидимензионалниот карактер на научните анализи поврзани со потребите од учество на стручни кадри и дејности како што е и претходно нагласено во областа на општествените дејности на државната хиерархија така и на стручните и научните институции, ја наметнаа потребата од сегашната концепција на списанието која неодминливо треба да се усвовршува во натамошниот период.
Појдувајќи од тоа решавањето на овој проблем се засноваше меѓу другото и од пообемната анализа на поголем број стручни и научни списанија што излегувале кај нас и во светот. Тоа доведе до сознанието дека треба да се бараат оргинални решенија при што треба да се користат сите позитивни решенија на дотогашното скромно, но и богато искуство за една држава како што е Р. Македонија, а да се користат трансформирано и искуствата од светот кои во дадениот временски период не беа многу далеку од нашите размислувања и нашите веќе практични достигања на ова подрачје. Имајќи го предвид ова, како неспорен факт, по исцрпни стручни условно земено конфронтирања, беше заземен став списанието Дефектолошка теорија и практика” за рубриките што требаа да бидат опфатени, имаше повеќе предлози и решенија што треба да бидат опфатени, а да се однесуваат на обемот и содржината на списанието од подрачјата на целокупната заштита, рехабилитација, воспитание и образование и целокупен третман врзан за превенцијата, дијагностичките процедури како и други суптилни проблеми врзани за генетските, социјалните и други многубројни фактори, што треба да бидат постојано застапени на страниците на истото.
Покрај тоа се бараше и најсоодветно ликовно решение почнувајќи од корицата до целокупната композиција на одделните рубрики во кои ќе се најде простор и за објавување на сите материјали што ќе се презентираат независно од разновидноста на сижето кое содржи “централен” или “маргинален” проблем што се однесува на хендикепираните лица во поширока смисла сфатено. Секако тоа беше една од основните цели на Редакцијата најлесно, најприфатливо и најрационално да се воочат најсуштинските пораки, премиси и интенции за да остават неодминливо сугестивен впечаток и апсорбација на есенцијалната стојност на прилозите, односно на содржините што ќе се објават во одделните рубрики со можната технологија на компјутерската и печатарската технологија во односните услови. Појдувајќи од ваквите размислувања по исцрпни стручни дилеми и размислувања беше заземен став списанието Дефектолошка теорија и практика” да ги содржи следните рубрики:

  • Дефектолошка стручно-научна проблематика
  • Медицински третман
  • Психо-педагошки преглед
  • Погледи-мислења-дилеми
  • социјално-андрагошки аспекти
  • Од практиката за практиката
  • Нормативно-правна Регулатива
  • Од историјата на третманот на хендикепираните лица
  • Прикази-полемики-рецензии
  • Вести-информации
  • Искуства и новини од светот
  • Библиографија

Иако свесни дека и покрај тоа што во овие “рубрики” може да се најде простор за објавување на стручни трудови од кое и да било подрачје на живеењето и проблематиката поврзана со хендикепираните лица, остануваме со убедување дека било што независнио од степенот на стручната и научната вредност за даденото време, не може да остане “петрифицирано” во науката која нема крај, а уште помалку кога е во прашање ова стручно-научно списание што е само во подемот на неизвесни перспективи и покрај експонираните оправдани стручно-научни амбиции да се придонесе во квантитетот и квалитетот на очекуваните списанија во определени научни области кои највероватно ќе се појават во нормализирањето на опшествено-економските прилики во Р. Македонија, како нужност на нејзината сегашност и иднина, условена и зависна од многубројни, пред с¢, политички и економски фактори што ќе го диктираат натамошниот севкупен просперитет.

III.  Број на застапени стручни трудови и други соодветни прилози
во списанието по пооделни
рубрики како и бројот на автори

                Во периодот од 1997 до 2000 година, списанието “Дефектолошка теорија и практика” беше објавено во вкупно 12 броја, од кои 6 како посебни и 6 како двоброја. На сите одделни “рубрики” во овие броеви се објавени вкупно 272 стручни и други прилози.
Бројот на објавените трудови и други прилози по одделни “рубрики” може да се види од следниот преглед:

  • Дефектолошка стручно-научна проблематика                                  38
  • Медицински третман                                                                                               44
  • Психо-педагошки преглед                                                                      42
  • Погледи-мислења-дилеми                                                                     21
  • социјално-андрагошки аспекти                                                                             20
  • Од практиката за практиката                                                                                24
  • Нормативно-правна Регулатива                                                           19
  • Од историјата на третманот на хендикепираните лица 2
  • Прикази-полемики-рецензии                                                                 16
  • вести-информации                                                                                    36
  • Искуства и новини од светот                                                                9
  • Библиографија (12 прегледи)                                                                                220

Според прикажаниот преглед објавени се вкупно 272 прилози.
Во четиригодишното излегување на списанието, објавиле свои трудови 268 автори од кои 105 самостојно и 51 со 112 коавтори. Од овој број околу 30% се од странство.
Наведените податоци недвосмислено говорат дека списанието за многу кратко време се стекна со голем број соработници од земјата и од  странство што може позитивно аналитички да се вреднува нивото на стручноста на списанието од повеќе аспекти. Тоа дотолку повеќе што во списанието се застапени видни стручњаци-универзитетски професори, доктори на науки и мошне познати практичари и теоретичари од земјата, Европа и од светот.
Гледано од историски аспект мислевме дека е нужно да дадеме Преглед на авторите и на нивните трудови по одделни броеви и тоа не само заради документација, туку и заради одржување и јакнење на критериумите за стручниот квалитет во иднина или поточно речено во новиот милениум, бидејќи четиригодишното излегување се поклопува со крајот на 2000 година.
Тоа е сериозна обврска не само за авторите што ќе соработуваат во списанието и за уредувачкиот одбор, туку и за оние кои го финансираат излегувањето на списанието, а пред с¢, за оние што треба да го консумираат како неодминлива потреба. Поточно кажано оние што се посредно или непосредно а постојано вклучени на работа, пред с¢, во практиката, односно во установите за заштита и рехабилитација, центрите за социјална работа, развојните советувалишта и другите здравствени институции, органите на државната управа, установите за предучилишно и основно образование, студентите на дефектолошките, социјалните, образовните, односно, наставните подрачја (психологија, педагогија и др.), како и поголем број кадри што се соодветно вработени во однос на оваа проблематика во здравствени установи, установите за вработување, социјално-хуманитарните организации, добротворните хуманитарни и невладини организации и на крај за сите оние што се среќаваат со оваа проблематика во поблиското окружување или во својата професија (родители, професори на универзитети и др.).

*   *
  *  

1.

Ајдински Љупчо

 

!

Основни претпоставки за организирање и воспоставување на кохерентен систем на раниот третман и предучилишното воспитание на децата со пречки во развојот во услови на транзиција (состојба, проблеми и потреби) (бр. 1/1997).

 

!

Некои аспекти на законската регулатива за специјалното и интегративното образование на децата со пречки во развојот во определени европски земји (бр. 2/1997).

 

!

Стручните компентенции на дефектологот во определените подрачја на интегралната рехабилитација на лицата со пречки во развојот (бр. 3/1997).

 

!

Концепцијата и организацијата за оспособување на дефектолошките кадри во Република Македонија (бр. 1/1998).

 

!

Децата со аутизам и потребата од организација на нивниот третман во Р. Македонија (бр. 3-4/1999).

 

!

50 години опшествена грижа за лицата со пречки во развојот
во Р. Македонија (1949-1999) (бр. 1-2/1999).

 

!

Кон развојот на институционалната заштита, рехабилитација и образование на хендикепираните лица во Македонија
(бр. 3-4/2000).

1/1.

Ајдински Љупчо, Христова Елена, Чакановска Анита и
Соња Фортоманова

 

!

Првичните резултати од реализацијата на проектот за рана интервенција кај децата со оштетен вид, на возраст од 0 до 7 години реализиран во времето од септември 1998 до октомври 2000 година во Република Македонија (бр. 3-4/2000).

 

Ајдински Љупчо, Киткањ Зоран, Ајдински Горан

 

!

Појдовни основи за изготвување на националната стратегија за спроведување на стандардите и правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица (бр. 3-4/1999).

 

Ајдински Љупчо, Андреевски Величко

 

!

Кон четиригодишното излегување на списанието “Дефектолошка теорија и практика” (1997-2000) (бр. 3-4/2000).

 

Ајдински Љупчо, Петров Ристо

 

!

Содржините на работата во дневните центри за работно производна активност за умерено и тешко ментално ретардирани лица во функција на рехабилитацијата (бр. 4/98).

2.

Ајдински Горан

 

!

Од нормативно-правната меѓународна регулатива за хендикепираните лица (бр. 1/1997).

 

!

Карактеристиките на лесно ментално ретардираните лица
(бр. 2-3/1998).

 

!

Од животот и работата на Установата за ментално ретардирани GRAENBURG-NOPDOOP-Холандија

 

!

Карактеристиките на лесно ментално ретардираните лица
(бр. 1/1997).

2/2.

Ајдински Горан, Бошљаковска С., Дуковска М.,
Угриновска Л., Чакар М., Богоевска Л.

 

!

Раната дијагностика како детерминирачки фактор за стручен, рационален и ефикасен третман на децата со пречки во развојот (бр. 2/1997).

 

Ајдински Горан и Ајдински Љупчо

 

!

Терминологија што се употребува за лицата со хендикеп
(бр. 3-4/2000).

3.

Андреевски Величко

 

!

Видувањата и пораката на Светската конференција за потребите на специјалното образование одржана во Саламанка-Значаен прилог кон совеста на човештвото (бр. 1/1997).

 

!

Придружување на слепите лица и на лицата со тешки оштетувања на видот-неодминлива потреба во нивната социјална комуникација, ориентација и движење (бр. 2/1997).

 

!

Некои аспекти на опшествената превентива во спречувањето на хендикепираноста во контекстот на планирање на семејството и биосоцијалната репродукција (бр. 3/1997).

 

!

Третманот на лицата со пречки во развојот во новиот закон за социјална заштита (бр. 4/1997).

 

!

Некои аспекти на професионалниот и опшествениот статус на дефектологот во сегашните транзициони опшествено-економски услови (бр. 1-2/1999).

 

!

Преглед на развојот на издавачката дејност во областа на заштитата, рехабилитацијата, воспитанието и образованието на лицата со пречки во развојот во Р. Македонија (1949-1999)
(бр. 3-4/1999).

4.

Андреевски Борче, Веле Благин

 

!

Некои аспекти на социјализацијата на ментално ретардираните лица (бр. 3-4/2000).

5.

Ангеловска-Галевска Наташа

 

!

Текот и етапите на квалитативното истражување (бр. 4/1998).

 

!

Примена на квалитативниот истражувачки пристап во специјалната едукација (бр. 1/1998).

6.

Андонакис Анета

 

!

Оправданоста за постоење на подготвителни групи при посебните училишта за деца со лесни пречки во развојот (бр. 1/1997).

7.

Андоновска Соња

 

!

Состојбата на артикулацијата кај децата со оштетен слух од предучилишна возраст од I-IV група според Костиќ опфатени со рехабилитациски третман (бр. 4/1998).

8

Андреевски Митко

 

!

Андреја Крајгер “Психијатрија за дефектолози” (бр. 2/1997).

9.

Апостолоски Б., М. Ќасева-Пејковска, А. Лаковски, С. Николова

 

!

Фамилијарна аутосомна транслокација (13/14) кај родителите со тризомично дете за 21 хромозом (бр. 2-3/1998).

10.

Апостоловски Б., М. Ќасева-Пејковска, С. Николова

 

!

Рана детекција на хендикепираноста кај лицата со тризомија на 21 хромозом во Цитогенетската лабараторија при Заводот за ментално здравје-Скопје (бр. 4/1997).

11.

Арнаудова Виолета

 

!

Карактеристики на личноста со пречки во психо-физичкиот развој (бр. 3-4/1999).

12.

Бараковска Анета

 

!

Педагошките димензии на слободното врема (бр. 2-3/1998).

13.

Бојанин Светомир

 

!

Невропсихолошка основа на раната дијагностика и третман во дефектологијата (бр. 1/1997).

14.

Богеска Е., М. Чакар

 

!

Определувањето на прагот на слухот кај децата до двегодишна возраст со методот ВАЕР според нашето искуство (бр. 3-4/1999).

15.

Богеска Е., М. Чакар, Е. Каја

 

!

Вовед во отоакустичните емисии и нивната апликативност
(бр. 4/1998).

16.

Бојаџиева Е., И. Двојаков, С. Николовска

 

!

Местото и улогата на психологот во тимската детекција на децата со пречки во развојот (бр. 1/1998).

17.

Благин Веле                   

 

!

Апсолвентска вечер на првата генерација студенти по дефектологија (1993/94-1996/97) (бр. 2/1997).

 

!

Студентски престој на студентите и наставниците од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет-Скопје во Холандија (бр. 1/1998).

18.

Бошковска М., Н. Трнковска, В. Георгиевска

 

!

Ментално хендикепираното дете од предучилишна возраст и семејството (бр. 2-3/1998).

19.

Бучковска-Николовска В., С. Бошњаковска, В. Јорданова-Димовска, Д. Ставриќ, Е. Ѓорѓиоска

 

!

Рана детекција, дијагностика и третман на високо хиперметропни амблиопии (бр. 3/1997).

20.

Блажевска-Бунеаровска К., Јосифова П.,
Голубовиќ М., В. Николовска

 

 

Конгенитален глоуком, негово рано откривање како превенција на слепило во детската возраст (бр. 2/1997).

21.

Хенк ван де Верфхорст

 

!

Образованието и социјалната рехабилитација на деца со оштетен вид во холандија (бр. 1/1997).

22.

Велјановска Луиза

 

!

Раното откривање на рефракционите аномалии и страбизмот, услов за добар вид (бр. 3/1997).

23.

Вардулаки Даниела, Петар С. Петров

 

!

Лев С. Виготски и современата специјална психологија
(бр. 2-3/1998).

24.

Велјановска Марица

 

!

Ран третман на децата со оштетен слух (бр. 2-3/1998).

25.

Велјановска Ана

 

!

Идентификување на аутизмот кај слепите и слабовидите деца
(бр. 1-2/2000).

26.

Марион вон Менс-Веис

 

!

Рана интервенција на деца со оштетен вид (бр. 2/1997).

27.

Георгиев Ѓорѓи, Омер Сулејман

 

!

Некои епидемиолошки аспекти кај менталната ретардација

28.

Георгиевски Петре

 

!

Методот на акционо истражување (бр. 1-2/1999).

29.

Голубовиќ-Арсовска, В. Николовска, Т. Јосифова,
К. Бунеоровска, Д. Ставриќ

 

!

Воспалителните заболувања на средната очна обвивка кај децата и нивните последици (бр. 4/1997).

30.

Голубовиќ С., Леда Филиповиќ

 

!

Ландау-Клефенер синдром-здобиена афазија со епилепсија
(бр. 4/1998).

31.

Голубовиќ Славица, Миливојка Марковиќ

 

!

Нивото на говорно јазичните и развојните способности на децата родени со ризик од помладата училишна возраст (бр. 1-2/1999).

 

Голубовиќ. С. Марковиќ.С.

 

!

Дефицитите на перцептивните способности
кај ризико-децата (бр. 3-4/2000).

32.

Гогушевска Борислав, Чакар Марина, Елена Богоеска,
Владимир Јекиќ, Александар Лазаровски

 

!

Медицински и социолошки аспекти на секреторниот опит во детската возраст (бр. 1-2/1999).

33.

Глиждинска Надежда, Е. Митова, Б. Петрова

 

!

Алтернативни форми за социјална интеграција на децата со специјални потреби и нивните семејства (бр. 1-2/1999).

34.

Глумбиќ Ненад, Коса Николиќ

 

!

Реедукативниот метод во процесот на минимизирањето на автоагресивните облици на однесување (бр. 1-2/1999).

35.

Грпчевска Тодорка

 

!

Алергии и хиперактивност кај предучилишните деца (бр. 2-3/1998).

36.

Георгиева Добринка, Петковска Анета, Зјутузјули Елени

 

!

Споредбени состојби и тенденции на специјалното образование во Бугарија, Македонија и во Грција (споредбено проучување)
(бр. 1-2/1999).

37.

Гоцевски Трајан

 

!

Потребата од менаџмент во образованието и рехабилитацијата
(бр. 3-4/1999).

38.

Дончева Цеца

 

!

Сугестивната функција на живата совесност и на терапевтските карактеристики (сугестија, хипноза) (бр. 1-2/1999).

39.

Двојаков Иван, Марика Сотировска-Сарвини, Горица Левенска

 

!

Раната Детекција на децата со пречки во развојот како основа за успешна рехабилитација (бр. 1/1997).

40.

Димовска Ј., Ѓоргоски И.

 

!

Некои причини за појавата на пречки во развојот на децата
(бр. 1/1997).

41.

Добрев Златко

 

!

Можности за рано дијагностицирање и корекција на недостатоците кај децата со ментална ретардација (бр. 1/1997).

42.

Дионисиева Катја

 

!

Ран третман на децата со оштетување на слухот во Р. Македонија (бр. 2/1997).

43.

Дамовска А. Лена

 

!

Статусот на децата со пречки во развојот во предучилишните установи (бр. 2/1997).

44.

Димитрова Даниела

 

!

III Интернационална конференција за неврологија и II регионален конгрес на Интернационалната организација за истражување на мозокот (бр. 1/1997).

 

!

По повод Меѓународниот ден на “Белиот стап” промовиран е првиот број на списанието “Наш збор” на Браево писмо (бр. 4/1997).

 

!

Одржан симпозиум: “Опшествената транзиција и образованието” (бр. 4/1997).

 

!

Прв слеп студент од Македонија во САД (бр. 4/1998).

 

!

Средба на Централно-европскиот регионален секретаријат при светската федерација на глувите во Охрид (бр. 4/1998).

 

!

Влијанието на ортоптичкиот третман во лекувањето на дивергентно-интермитентните страбизми (бр. 3-4/2000).

45.

Дикиќ Станика

 

!

Користење на сметачите во наставата (бр. 3/1997).

45/1

Дикиќ Станика, Максимовиќ Ј., Ешкировиќ Б., Вучиќ В.

 

!

Раната детекција, дијагностика, третман и предучилишно воспитание на децата со оштетен вид (бр. 4/1997).

45/2

Дикиќ Станика, Ешкировиќ Бранка, Вучиќ Весна

 

!

Училишниот успех на слабовидните деца (бр. 1/1998).

46.

Димитриоска Сунчица

 

!

Социјалната заштита на децата со пречки во развојот од аспект
на нормативно-правната регулатива (бр. 3/1997).

 

!

Социјалните аспекти на потребите за отварање на Центрите за дневно згрижување и работно производна активност за умерено и тешко ментално ретардирани лица (бр. 4/1998).

 

!

Одбележана Меѓународната година на старите лица-1999
(бр. 3-4/1999).

47.

Дарковски Стојан, Иванка Кржалова

 

!

Раното откривање на хендикепираноста и планирањето на семејството со посебен осврт на менталната ретардација и приказ на случај (бр. 4/1997).

48.

Динева Мирјана

 

!

Управување со установите за социјална заштита во Р. Македонија според новиот закон за социјална заштита (бр. 1/1998).

 

!

Некои аспекти на социјалното право

49.

Дубровска-Милетиќ Лидија, Давчева-Чакар Марина

 

!

Хипертрофични аденоиди во релација со секреторниот отитис медиа (бр. 3-4/1999).

50.

Дубровска-Милетиќ Л., Младеновска Г., Давчева-Чакар М.

 

!

Ехосиноскопијата како неинвазивна дијагностичка медија
(бр. 1-2/1999).

51.

Дерижан Ицка

 

!

Проблемите во прифаќањето на децата со специјални потреби од страна на нивните врсници (бр. 1-2/2000).

52.

Ѓошевски Мирко

 

!

Кон изданието на книгата: “Логика-општа теорија на рационалноста” од д-р Виолета Панзова (бр. 3-4/1999).

53.

Зисовска Елизабета

 

!

Перинатална асфикција како потенцијален извор на деца попречени во психомоторниот развој (бр. 3/1997).

54.

Ерцег-Џурашиќ Јелица

 

!

Рана дијагноза на первазивни развојни растројства (бр. 3/1997).

55.

Ивановска Јасмина

 

!

Нарушување на метаболизмот на аминокиселините како причина за ментална ретардација (Phenylketurija) (бр. 1-2/2000).

 

56.

Илиевска М., Сотировска-Сирвини М., Љ. Наумовска

 

!

Асфикции, интеркраниални крвавења и едем на мозокот кај деца со ризик во Советувалиштето во Битола за периодот од 1989 до 1994 (бр. 3/1997).

57.

Јовев Ј., Имирлиева В., Јовева С., Грков С.

 

!

Подготовка на родителите на ментално ретардираните деца за учество во нивниот третман (бр. 1/1997).

58.

Јордановски Јордан

 

!

Основа на превентивата кај говорот (бр. 2/1997).

59.

Јачова Зора

 

!

Надежда Д. Димиќ: “Методика на артикулацијата”-приказ
(бр. 2/1997).

 

!

Светлана А. Филиповиќ: “Компаративна анализа на наставните планови и програми во основните училишта за глуви деца со плановите и програмите на редовните основни училишта за деца што слушаат”-приказ (бр. 1/1998).

 

!

Ристо Петров: “Третман на тешко ментално ретардирани лица”
(бр. 1-2/2000).

 

!

Посета на установата за ученици со оштетен слух “EFFATHA” во Холандија (бр. 2-3/1998).

 

!

Педагошкиот процес во Читањето на говор од уста и од лице
(бр. 3-4/2000).

 

!

Историски преглед и перспективи на визуелната перцепција на говорот (бр. 3-4/2000).

59/1

Јачова Зора, Солтирова Елизабет, Икономова Славица,
Чичевска Наташа, Ѓеоргиева Наташа

 

!

Предучилишното воспитание на децата со пречки во развојот-предуслов за успешно интегративно образование (бр. 4/1997).

59/2

Јачова Зора, Костиќ Весна, Трајковска Венета,
Трајковска Викторија

 

!

Артикулациски статус кај децата со оштетен слух од училишна возраст опфатени со рехабилитациски третман (бр. 1-2/2000).

60.

Јеленц Дора, Новљан Егидија

 

!

Образование на лица со специјални потреби во Словенија
(бр. 1-2/2000).

61.

Јоксимовиќ Снежана

 

!

Природата, потеклото и развојот на алтруизмот (бр. 2-3/1998).

62.

Јаксимовска Даниела

 

!

Некои искуства од работата на Центарот за дневен престој на деца и младинци-Крива Паланка (бр. 2-3/1998).

63.

Јакулиќ Слободан

 

!

Интерперсонална комуникација во современите услови
(бр. 4/1998).

64.

Јакимовска Ф., Поповска М., Трајковска З.,
Копачева Г., Поповска Б.

 

!

Цефалометриска анализа на растот на носниот септум и неговото влијание врз фацијалниот скелет (бр. 1-2/1999).

65.

Јошинобу Шоу, Јајоу Комото, Хитоши Наката

 

!

Оспособување, уметност и терапија со помош на кукли
(бр. 3-4/1999).

66.

Јосифова Т., Ивановска М., Софраниева Г., Голубовиќ М.,
Блажевска К., Николовска В.

 

!

Хередодегенеративни заболувања на очното дно-една од најчестите причини за слепило во детската возраст (бр. 1/1997).

67.

Калаџиевска Јорданка

 

!

Некои дефектолошки аспекти на раната детекција на децата со пречки во развојот и нивното распоредување во поширокиот регион на Штип (бр. 1/1998).

68.

Катиќ Лилјана, Ѓорѓевиќ Јагода

 

!

Ран третман на еден експериментален случај на дете со оштетен слух (бр. 2/1997).

69.

Керамитчиева Ружица, Такашманова Соколовска Татјана

 

!

Ставови на родителите со здрави деца кон децата со пречки
во развојот на предучилишна возраст (бр. 1/1997).

70.

Кошир Стане

 

!

Артикулациски напредок кај децата со пречки во слухот
од предучилишна возраст (бр. 1/1997).

71.

Котевска Младица, Ваљдета Вукељ, Катица Кичикова

 

!

Социјализација на деца со пречки во психичкиот развој
во семејствата и локалната заедница (бр. 1/1997).

72.

Кочанковски Сашо

 

!

Распоредување на децата со пречки во психофизичкиот развојот во предучилишна возраст (бр. 2/1997).

73.

Кочанковска Јасминка

 

!

Проблемските развојни подрачја кај институционално
згрижените деца во најраната возраст (бр. 2/1997).

74.

Копачев Драгослав, Петар Настов, Љилјана Наумовска,
Виолета Мираковска, Омер Сулејман, Даниела Димитрова

 

!

Раниот третман како фундамент за успешна интеграција на децата со пречки во развојот во средини на своите врсници во предучилишната возраст (бр. 3/1997).

75.

Копачев Драгослав, Петар Настов

 

!

Тераписки постапки кај децата со забавен и дисхармоничен
развој од предучилишна возраст во услови на дневна болница
(бр. 4/1997).

76.

Караџова Катерина

 

!

Терапевтскиот ефект на организираните активности кај децата
со психички растријства во предучилишна возраст (бр. 4/1997).

77.

Колева Ирина, Дерижан Илка

 

!

Аспекти на социјализација на двојазични деца во нееднакви социјални услови (бр. 4/1997).

78.

Кочанковска Татјана, Вангел Тодоров

 

!

Рана детекција на деца со пречки во психомоторниот развој
(бр. 2-3/1998).

79.

Копачев Драгослав, Трајковски Владимир, Ајдински Горан

 

!

Развојна дисхармонија од психотичен тип согледана од невропсихолошки аспект (бр. 4/1998).

80.

Кили Стивен

 

!

Движењето на Европскиот сојуз за разработување
на политиката за рана интервенција (бр. 3-4/1999).

81.

Киткањ Зоран

 

!

Одржани првите “Студентски дефектолошки денови”
(бр. 3-4/1999).

82.

Костиќ Весна

 

!

Проблемите во речникот на лесно ментално ретардираните
деца од училишна возраст (бр. 1-2/2000).

83.

Киткањ Зоран, Ристо Петров

 

!

Одредби од Законот за вработување на инвалидни лица
(бр. 1-2/2000).

84.

Лазановски Димитар

 

!

Воспитно-образовниот процес и социјализацијата на ментално ретардираните деца како комуникација (бр. 4/1998).

 

!

Улогата на социјално-хуманитарните организации
во работата со родителите (бр. 1/1997).

85.

Лакоски Анастас

 

!

Генетски аспекти на аутизмот (бр. 2/1997).

 

!

Значењето на геномскиот запис (Genomic Imprinting)
во хуманата генетика и дефектологија (бр. 3-4/2000).

86.

Лукиќ Драган

 

!

Системот на заштитата на децата со аутизам (бр. 2-3/1998).

87.

Мираковска Виолета

 

!

Анализа на опфатеноста на слушно оштетените деца со рехабилитациски третман во предучилишниот период (бр. 1/1997).

 

!

Анализа на опфатеност на децата со пречки во говорниот развиток со логопедски третман во предучилишниот период
(бр. 4/1997).

88.

Матовска Снежана

 

!

Односот на воспитниот кадар кон децата со пречки во развојот-значаен фактор за нивниот успешен третман во предучилишните установи (бр. 1/1997).

89.

Мура В., Ж. Ангеловски

 

!

Медицински-едукативната програма во институција што згрижува тешко и најтешко хендикепирани лица (бр. 1/1997).

90.

Малинска-Петрушевска Виолета

 

!

Кон реализацијата на резолуцијата за третата евулуација за спроведување на стратегијата “Здравје за сите” во европскиот регион (1996-1997) (бр. 1/1997).

91.

Мицковиќ Натка

 

!

Специјалното образование на децата со пречки во развојот-во најновиот енциклопедиски речник во издание на “NATHAN”-Парис, 1995 (бр. 1/1997).

92.

Матанова Вања

 

!

Емоционалните промени кај децата со говорни недостатоци
(бр. 2/1997).

93.

Матовски Климентие

 

!

Систематско лонгитудионално следење на растот и развојот на децата од Струшка општина, од нивното раѓање до осумгодишна возраст (бр. 2/1997).

94.

Митревски Ѓорѓи

 

!

Некои сознанија од посетата на Центарот за слепи и слабовидни ученици “Бартимеус”-Холандија

95.

Мациќ Драгица, Недевиќ Г., Николиќ С., Стошлевиќ М.

 

!

Предучилишното воспитание и образование на телесно инвалидните лица и на хронично заболени лица

96.

Мациќ Драгица, Снежана Николиќ, Даниела Илиќ, Тамара Тошиќ

 

!

Ставовите на здравите адолесценти како показател на прифатеноста на инвалидните врсници (бр. 3-4/1999).

97.

Михов М., Јовкова А., Митова Н., Седелџакова Д.

 

!

Социјалната адаптација од домот “Мајка и дете” (бр. 4/1997).

98.

Манасиева Љубица

 

!

Некои проблеми на хендикепираните лица во услови на
сегашниот транзиционен период и нивното решавање

99.

Маринова Илијана, Соња Владимирова

 

!

Организацијата и структурата на активностите со деца умерено-ментално ретардирани од 3-6 години во Советувалиштето за рана дијагностика на хендикепирани деца во градинкате “Верба, надеж и љубов” во Пазарџик-Бугарија (бр. 4/1997).

100.

Милошевска Катица

 

!

Гранична интелектуална попреченост-псеудоолигофреанија
(бр. 4/1997).

101.

Митревска Роберта

 

!

Интегративно образование и воспитание (поим, дефиниција, терминологија и видови на интеграција) (бр. 1/1998).

 

!

Вклученоста на децата со пречки во развојот во редовните основни училишта од подрачјето на градот Скопје (бр. 2-3/1998).

102.

Михаилов Зоранче

 

!

Перманентно стручно усовршување на дефектолошките кадри-Законски обврски (бр. 2-3/1998).

103.

Момировска Ана

 

!

Фрагилниот Х-синдром и менталната ретардација (бр. 1-2/2000).

104.

Мирчевски Владимир, Мирчевски Мирко

 

!

Неврохирушката специјалност како една од основните детерминанти за превенцијата, лекувањето и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот (бр. 1-2/2000).

105.

Мишовска Тања

 

!

Влијанието на етиолошките фактори врз степените на слушните оштетувања (бр. 1-2/2000).

106.

Милачиќ Ивона

 

!

Интеграција на децата со аспергеровиот синдром и децата на масовната популација во програмата за учење на вештините
(бр. 1-2/2000).

107.

Крстева Олијана, Бојка Татарева

 

!

Системот за говорна визуелизација како основа за едукација и помошно средство во комуникацијата на глувите деца

108.

Новљан Егидија

 

!

Интердисциплинарен пристап и проблемите на родителите и децата со пречки во развојот од основни училишта во Словенија (бр. 3/1997).

 

!

Соработка меѓу учителот и родителите (бр.1 3/1998).

109.

Наумовска Лилјана, Сотировска Марика-Сирвини,
Тодоров Ванѓел, Николовска Олгица

 

!

Ран третман на децата со интеркранијално крвавење во советувалиштата за развој

110.

Николовска С., Двојаков И., Е. Бојаџиевска

 

!

Улогата на лекарот во детекцијата на деца со пречки
во развојот во предучилишните установи

111.

Николова Зорица

 

!

Правата на хендикепираните лица во рамките
на Законот за социјална заштита

112.

Наумовска Билјана

 

!

Успехот на дислексичните деца на тродимензионалниот
тест за читање (бр. 1-2/1999).

113.

Настов Петар, Копачев Драгослав

 

!

Медикаментозен третман на ментално ретардираните
деца со придружни манифестации (бр. 1/1997).

114.

Пашквалин Марија

 

!

Верботонален метод во рехабилитацијата на мозочните оштетување (рана рехабилитација-афазија) (бр. 1/1997).

115.

Пачемска Невена, Dowen Karen, Coninolly Jane, Андоновска Ана

 

!

Прифаќање на децата со пречки во психичкиот развој во предучилишното воспитание во Република Македонија
(бр. 1/1997).

116.

Полазаревска Мира

 

!

Програма “Big brothers/big sisters of America”, Програма “Големи и мали”-Македонија (бр. 4/1997).

117.

Петковиќ-Лукиќ Ксенија

 

!

Промените на евоцираните потенцијали со средни латенции (МЛП) кај децата со клиничко сомневање на развојната сензорна дисфазија (бр. 1/1998).

118.

Попова Тања

 

!

Некои согледувања за третманот на ментално ретардираните деца низ работата на Посебното основно училиште-Велес
(бр. 1/1998).

119.

Паризов Парис, Чинчева Стефка

 

!

Некои аспекти на социјалната рехабилитација
на возрасните инвалидни лица (бр. 1/1998).

120.

Петров Ристо

 

!

Влијанието на вежбите за реедукација на способностите за манипулативна вештина на рацете кај тешко ментално ретардираните лица (бр. 1/1998).

 

!

Студентите од Институтот за дефектологија вклучени
во работата на Клубот на родители и нивните ментално ретардирани деца (бр. 4/1998).

 

!

Одржан првиот научно-стручен конгрес на дефектолозите на СР Југославија со меѓународно учество (бр. 4/1998).

 

!

Бенефициран работен стаж за дефектолозите во установите за третман на длабоко ментално ретардирани лица (бр. 3-4/2000).

121.

Петров Ивајло

 

!

Интелектуално воспитание во соматопедските установи
(бр. 1/1998).

 

!

Психотерапевтски методи за работа со децата со церебрална парализа (бр. 1-2/2000).

122.

Пановски Михаил

 

!

Одржан голем велигденски крос за хендикепирани деца
(бр. 2-3/1998).

123.

Пеева Дарина

 

!

Од практиката по арттерапија во Дневниот центар за деца и младинци со пречки во психофизичкиот развиток-Благоевград
(бр. 3-4/1999).

124.

Петревски Златко

 

!

Организација на производна работа за ученици со лесни пречки
во психичкиот развој во ПОУ “Иднина”-Скопје (бр. 1-2/2000).

 

!

Професионалната ориентација во посебно основно училиште
(бр. 3-4/2000)

125.

Петрова Верица, Петров Ристо

 

!

Вклученост во предучилишните установи-предуслов за успешно образование и рехабилитација на лицата со пречки во развојот (бр.2/1997).

126.

Размовска Василка

 

!

Координацијата на работата на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола со установите и кадрите од областа на здравството, социјалната заштита и образиванието (бр. 2-3/1998).

126/1

Размовска Василка, Весна Степановска, Благој Неделковски

 

!

Раното откривање на сигматизмот како последица на лесната наглувост (бр. 2/1997).

126/2

Размовска Василка, Долевска Василка

 

!

Заостанување во развитокот на говорот, рано откривање и неговиот третман (бр. 2-3/1998).

127.

Ристески Тихомир

 

!

Некои аспекти на подготвителните активности за работата (професионална) ориентација кај децата со оштетен слух во предучилишниот период

128.

Радуловиќ Ковиљка

 

!

Рана детекција на децата со ментална ретардација (бр. 4/1997).

129.

Радојковиќ Ана, Голубовиќ Славица, Дејан Радојковиќ

 

!

Раниот развој на говорот и интеракцијата меѓу мајката и детето (бр. 2-3/1998).

130.

Радулов Владимир

 

!

Интегрирано образование во Франција за деца со специфични едукативни потреби (бр. 2-3/1998).

131.

Ристевска Анета

 

!

Раната детекција и распоредувањето на децата со пречки во развојот во општина Прилеп (бр. 1/1998).

132.

Стикова Е., Љ. Панева, Ф. Тозија

 

!

Обезбеденост на здравствената заштита на детската популација со посебен осврт врз индикаторите на здравствената состојба во перинаталниот период и раната детска возраст.

133.

Стаменкова-Трајкова Верица, Иван Трајков

 

!

Семејството и раниот третман на детето со пречки во интелектуалниот развој (бр. 2/1997).

134.

Скубер Петар

 

!

Смислата на раниот почеток (добрите резултати на раниот почеток) (бр. 2/1997).

135.

Солтирова Елизабет

 

!

Определени решенија во Законската регулатива за лицата со пречки во развојот во Република Македонија (бр. 2/1997).

 

!

Савиќ Љубомир, Цветковиќ Живоин, Павловиќ Соња:
“Животот и работата на Валентин Ај” (приказ) (бр. 2-3/1998).

135/1

Солтирова Е., Димитрова Д.

 

!

Stanika Diki}: “Тифлологија” (бр. 4/1997)

136.

Славенска Станка

 

!

Од кажувањата на промоцијата на првиот број на списанието “Дефектолошка теорија и практика” “Благороден ангажман со високо професионален однос” (бр. 2/1997).

137.

Стоилковиќ Слободанка

 

!

Рана дијагностика и третман на оштетувањето на слухот
(бр. 3/1997).

138.

Сотировска-Сирвини М., Наумовска Љ., Размовска В., Војновска В.

 

!

Опфат на деца попречени во развојот во установата за дневен престој на децата “Естреја Мара” во Битола (бр. 3/1997).

 

139.

Станчева-Попкостадинова Васка, Вања Георгиева

 

!

Групи за самопомош за родители на ментално ретардирани лица (бр. 3/1997).

140.

Саздова Гордана, Анастасова Драгица

 

!

Центарот за социјална работа како старателски орган за заштита на децата попречени во психофизичкиот развој, останати без родителска грижа (бр. 3/1997).

141.

Сотировска-Сирвини М., Л. Козар

 

!

Рана детекција на слабовидноста кај предшколските деца преку систематски прегледи на 3 и 5 години во Битола (бр. 4/1997).

142.

Софијанов Никола, Кутурец Марија, Дума Филип,
Саболиќ-Аврамовска Весна, Софијанова-Спасовска Аспазија

 

!

Нарушување на вниманието кај хиперактивното дете како најчеста причина за појавата на полесни форми на ментален дефицит кај децата (бр. 1/1998).

143.

Стошљевиќ Миодраг

 

!

За дефектологијата на мултициплираните оштетувања
(бр. 1/1998).

144.

Соколовски Живко, Каљача Светлана, Ѓуриќ Александар

 

!

Влијанието на социјалните фактори врз процесот на созананието на умерено ретардираните деца и младина (бр. 1/1999)

145.

Симиќ-Јовановиќ Надица:

 

!

Процена на комуникативното однесување како основа за дијагностиката и планирањето на третманот на нарушувањето
на комуникацијата кај децата со аутизам (бр. 3-4/2000).

146.

Тортевска Виолета

 

!

Улогата на логопедот во влијанието врз развојот на говорот и јазикот кај децата со централни оштетувања и инструктивно советодавна работа на родителите (бр. 2/1997).

147.

Трајковски Димитар

 

!

Некои аспекти на заштитата на неспособните за работа и на инвалидните лица (бр. 3/1997).

 

!

Некои аспекти на социјалната заштитата на децата (бр. 4/1998).

148.

Талевска Снежана

 

!

Бројната застапеност на децата со оштетен вид на територијата на град Скопје и организацијата на работата со оваа популација на предучилишна возраст (бр. 3/1997).

149.

Тимчев Л.

 

!

Играта и детето (бр. 3/1997).

 

150.

Татарева Бојка, Крстева Олијана

 

!

Местото на гестовниот јазик на системот за едукација на глувите деца во Данска, САД и во Шведска (бр. 1/1998).

151.

Темков Кирил

 

!

Д-р Трајан Гоцевски: “Образовен Менаџмент” (приказ)
(бр. 2-3/1998).

 

!

Етичките аспекти на социјалната заштита на децата (бр. 4/1998).

 

!

Дефектологијата како систем и реализација-кон изданието
на книгата “Основи на дефектолошката теорија и практика”
од д-р Љупчо Ајдински, д-р Горан Ајдински и Зоранчо Михаилов (бр. 1-2/1999).

152.

Трајковски Владимир

 

!

Значењето на митохондријалните заболувања во дефектологијата (бр. 3-4/1999).

 

!

Одржани првите дефектолошки “Студентски денови”
(бр. 1-2/1999) и (бр. 3-4/1999).

152/1

Трајковски В, Спировски М.

 

!

Имунодијагностиката и имунотерапијата на аутизмот
(бр. 1-2/2000).

 

!

Формирано македонско научно здружение за аутизам
(бр. 1-2/2000).

 

!

Потпишан договор за соработка во областа на дефектологијата меѓу Филозофскиот факултет-Скопје и Дефектолошкиот факултет-Белград (бр. 1/1998).

 

!

Медицинска генетика и етика (бр. 1-2/1999).

 

!

Одржани студентски дефектолошки семинар со меѓународно учество (бр. 1-2/2000).

153.

Д-р Анастас Лаковски

 

!

“Психогенетика” (приказ)

154.

Ќаева-Пејковска, Б. Апостоловски, Д. Ефински, С. Николова

 

!

Улогата на медико-генетското советувалиште со Цитогенетската лабараторија во раната детекција и превенција на лица со пречки во психофизичкиот развој (бр. 1/1997).

155.

Ќордиќ А., Ивановиќ П., Лукиќ Д., Бојанин С.

 

!

Влијанието на Виготски и Пијаже врз развојот на дефектологијата (бр. 1/1997).

155.

Ќордиќ Александар

 

!

Проблеми на раната клиничка дефектолошка дијагностика
(бр. 2/1997).

 

!

Комуникацијата како проблем на дефектологијата (бр. 3-4/1999).

157.

Филипова С., Јанкова Р., Икодиновиќ-Талевска Н.

 

!

Значењето на тимската работа при поставувањето на логопедската дијагноза

158.

Филипова С., Левенска Г., Икодиновиќ-Талевска Н.

 

!

Значењето на логопедската превентива како важен фактор за правилниот развој на говорот кај детето (бр. 3-4/1999).

 

!

Говорот кај деца со Dawnoy Syndrom (бр. 3-4/1999).

159.

Филипова Силвана, Ристо Петров

 

!

Доминантна латерализација на горните екстремитети кај децата со лесна и умерена ментална ретардација (бр. 1-2/2000).

160.

Фуна Билјана

 

!

Некои аспекти на подготвеноста на воспитувачите и учителите
за откривање на лесно ментално ретардираните деца и нивното интегративно образование (бр. 2-3/1998).

161.

Христова Светлана

 

!

Семејството и детето со интелектуална попреченост-нови функции во условите на транзиција (бр. 4/1997).

162.

Хаџиевски Јове

 

!

Некои аспекти од работата на психологот-гешталт-терапевт во развојното советувалиште во Битола (бр. 1/1998).

163.

Чинчева Стефка, Георгиева Вања, Валентина Шиша

 

!

Изготвување на правила на однесувањето на децата со психички растројства воспитувани во специјални градинки (бр. 1/1997).

164.

Чадиновски Тасе, Дарковски Стојан

 

!

Рано откривање, дијагноза и известување на родителите
за менталната ретардација кај детето (бр. 2/1997).

165.

Чадиев Славчо

 

!

Аудиометрија-прв чекор кон рана детекција (бр. 3/1997).

166.

Чичевска Наташа

 

!

Винка Мустаќ: “Работа со учениците со пречки во развојот во основното училиште” (приказ) (бр. 3/1997).

 

!

Учество на спортисти од Р. Македонија на XIII спортски игри на глувите, одржани во Копенхаген (бр. 3/1997).

 

!

Наскоро ќе биде издаден Речник на знаковен јазик (бр. 3/1997).

167.

Чичевска-Јованова Наташа

 

!

Рехабилитација на лицата со церебрална парализа (бр. 1-2/2000).

 

!

Влијанието на соматопедскиот третман врз виталниот
капацитет (вк) кај лесно ментално недоволно развиените
ученици (бр. 3-4/2000).

168.

Чонева Љубица

 

!

Некои поважни карактеристики за задоволување на потребите
на инвалидните лица во Р. Македонија (бр. 4/1998).

169.

Чакарова П., Комисијска Д., Костов К., Сиврев Д., Јовчева В., Чакарова Р., Саид М., Маринов Р., Алексиева М., Милчева Хр., Шишков Ат.

 

!

Скрининг на психичките нарушувања во однесувањата
кај децата од 3-6 годишна возраст (бр. 1-2/1999).

170.

Шикиќ Нада, Ивачевиќ-Десница Јелена

 

!

Афазија-Епилепсија синдром Landau-Kleffner (бр. 2/1997).

171.

Цветкова Мира

 

!

Ставот на родителите во однос на раната интервенција
кај децата со оштетен вид (бр. 2/1999).

172.

Ц. М. ван Ријсвик

 

!

Специјалното образование во Холандија (бр. 4/1997).

173.

Џонсон Тајр

 

!

Инклузивно образование (бр. 4/1998).

IV.  Поддршка на списанието во изминативе четири години
За жал, треба да се нагласи дека Списанието се појави и излегуваше во мошне тежок период на Македонија, во период на транзиција каде што хаосот во трансформацијата на економската и социјалната сфера како и на целокупното живеење, не можеше да не се одрази неповолно и врз издавањето на ова Списание. Но и покрај сите тешкотии од економска природа благодарение на разбирањата на министерствата за наука, за образование, за труд и социјална политика и Филозофскиот факултет беа обезбедувани минимални финансиски средства потребни речиси само за печатење на Списанието.
Не треба да се занемари фактот дека досегашното излегување на Списанието имаше морална и финансиска поддршка, пред с¢, од Филозофскиот факултет-Институтот за дефектологија-Скопје како и од определен број социјално хуманитарни организации и донатори.
Поддршка на Списанието му дадоа и поголемиот број домашни и странски автори што објавуваа свои научни и стручни трудови без да бараат авторски надомест. Тоа претставуваше мошне силна охрабрувачка енергија за луѓето кои непосредно го организираа подготвувањето на списанието, пред с¢, волонтерски и со своевидна магичност врзани за дефектолошката професија и богатото искуство во издавачката дејност. Имајќи го тоа предвид Редакцијата им изразува голема благодарност на сите што дадоа своевиден прилог за досегашното успешно излегување на Списанието.

v.  Проблеми, пораки и перспективи во натамошното
издавање на списанието

                Поаѓајќи од бројот на соработниците, односно авторите кои претежно се научници и стручни работници (теоретичари и практичари) како од нашата земја и поголем број земји од Балканот и Европа, можеме да заклучиме дека Списанието ја оправда и ја потврди својата физиономија (со 12 разновидни) “рубрики” во кои може да се најде простор да бидат презентирани најголемиот број од инзвонредно широкиот регистар на проблеми на хендикепираните лица што го окупираат семејството и  општеството, како и науката и практиката со целокупниот кадровски потенцијал.
Според ваквите согледувања и искажувањата на поголемиот број корисници (консументи) на Списанието (покрај стручњаците од разни професии) родителите, претставници на установи, социјално-хуманитарни и други организации, Редакцијата оценува дека е постигнато завидно ниво на списанието гледано како од стручен така и од ликовно-графички аспект. Но исто така го дели мислењето дека во малку подобри материјални, пред с¢ финансиски услови, квалитетот на Списанието за брзо време може да биде не само подобрен туку да има и стандардно светско ниво.
Во смисла на тоа што е речено, ако најобјективно се оценат постојните можности на државата, ова Списание што покрива проблеми од областа на дефектологијата, медицината, педагогијата, психологијата, социјалната политика, правото и др. може соодветно да биде материјално-финансиски обезбедено од многу државни органи и донатори, дотолку повеќе што досегашните трошоци се повеќе од минимални и во најголема мера се однесуваат на подготовката и печатарските трошоци што изнесуваат од 3 до 5 илјади ДЕМ за еден број. Но и покрај многуте фондации, социјално-хуманитарни и други добротворни и невладини организации и институции кои ако го помогнат Списанието и со сосем за нив безначајни финансиски средства тоа може не само редовно да излегува туку и битно да го зајакне квалитетот како и сегашниот скромен тираж од 500 примероци.
Сегашната тешка финансиска положба на Списанието што ќе услови прекид на натамошно излегување не е од објективна природа. Кога соодветните структури на државата и на другите невладини организации би покажале само мало разбирање, проблемите ќе бидат брзо надминати.
Се надеваме и очекуваме дека местото и улогата на Списанието во македонската културна историја ќе бидат соодветно вреднувани и ќе бидат изнајдени решенија да не се прекине континуитетот во издавањето на Списанието.

 

New layer...
New layer...
New layer...
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in