JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 8312
Зора ЈАЧОВА
ПЕДАГОШКИОТ ПРОЦЕС ВО ЧИТАЊЕТО НА ГОВОР
ОД УСТА И ОД ЛИЦЕ
Паралелно со демутизациониот период, пред с¢, јавува и неопходноста од создавање навики за читање на говор од уста и од лице, како едно од најзначајните средства за перцепцијата на говорот кај децата со оштетен слух во целокупниот едукативен период. Затоа, задачата на читањето на говор од уста и од лице треба да се сведува на воспитување на навики за брзо и течно видно перципирање, за репродукција на говорните движења и за развивање на способностите за заклучување засновано во кортексот. Постигањето на овие задачи зависи од успехот во работата на изговорот, од развојот на лексиката и на граматиката.
Тренингот за визуелната перцепција на говорот започнува уште од првите денови со доаѓањето на детето во училиште.
Во подготвителниот период децата се учат да ги читаат имињата на своите другари, името на наставникот, своето име, името на предметите во училницата-едноставни налози и задачи. Тоа е таканаречено глобално читање на говор од уста, односно читање на цели зборови и фрази, поврзано со поттикнување и перципирање на движења што одговараат на соговорникот, што се засновани врз кинестетичките претстави на гласовите во зборовите.
Децата во периодот за кој претходно станува збор, можат да го сфатат општиот облик на зборовите и фразите, но не го знаат нивниот изговор, туку сфаќаат само некои видливи артикулациони движења на соодветните зборови.
Подоцна се врши непрестајно проширување на говорниот материјал во читањето на говор од уста, и тоа постојано во глобална форма. Истовремено во читањето на говор од уста почнуваат постепено да се јавуваат елементи на анализа и на синтеза на она што се нарекува отчитување. Тоа е условено со паралелното учење на изговорот на одделни гласови и пишувањето според гласовно аналитичко-синтетичкиот метод. Вежбањето на анализата и синтезата на гласовите дава неопходна основа за усовршувањето на читањето на говор од уста и од лице.
Во подготвителниот период кај многу деца се забележува значителен успех во оваа техника, што се објаснува со редуцираниот речнички фонд, како и со малиот број формирани гласови, особено вокалите, што се посебно читливи. Но, доколку овој материјал се проширува, расте и бројот на научени гласови, а со самото тоа и бројот на новите поими. Во тој случај перцепцијата на говорот губи од својата доминација и се откриваат нејзините недостатоци. Затоа е неопходно уште во периодот на глобалното читање да се вклучуваат елементи на анализа и синтеза.
Основните навики на читањето на говор постигнати во првата година, во подготвителниот период, претставуваат основа за развојот на говорот кај глувите деца. Меѓутоа, развојот на основните навики на читањето на говорот стекнати во подготвителниот период се одвива на тој начин што не постои стремеж кон усовршување на видната перцепција, туку кон вежбање на “погодувањето” на основата на контекстот во зборот и реченицата, односно се увежбува синтетичкиот мисловен акт на логичкото заклучување врз база на фиксациските елементи во зборот и во речениците.
Поаѓајќи од тоа, читањето на говор од уста и од лице во пониските одделенија не треба да се ограничи само на наставата по мајчин јазик, туку треба да биде застапено на секој час по секој предмет, а особено на часовите по техника на говорот, каде што треба да се користи глобалното читање на говорот.
Подоцна, во погорните одделенија, треба да се дадат детални информации за суштината на читањето на говор од уста, односно за брзината на читањето на говорот од уста, за да се создаде поголем фонд на зборови, да се совлада брзиот и течен говор, да се совлада граматиката и др.
Значи, визуелната перцепција на говорот е бавен и мошне долг процес кај глувите ученици, тргнувајќи од демутизациониот период кога се започнува со формирањето на говорните навики. Затоа е неопходно да се планира неговата реализација, преку посебни програмски содржини.
Преглед на програми во наставата за читање на говор од уста и лице
Наставата за читање на говор од уста во училиштата за глуви деца има два основни дела:
- Првиот го опфаќа периодот од прво до четврто одделение,
- Вториот започнува од четврто до осмо одделение.
Но значајно е да се спомене дека и во едниот и во другиот период значаен предмет врз кој се темели наставата на читање на говор од уста и од лице е мајчиниот јазик.
Визуелната перцепција на говорот претставува посебна тешкотија за учениците и затоа е неопходно да се земе предвид распоредот на преоѓање на гласовите. Најпрвин се започнува со вокалите (а, о, е, и, у), а потоа се совладуваат консонантските групи (Савиќ Љ., 1988, 299):
- п, б, м, ф, в
- ш, ж,ч, џ, ѓ, ќ
- с, з, ц
- т, д, н, њ
- л, р, ј, љ
- к, г, х.
Редоследот на овие групи гласови е поставен според кинестетичката близина во групата и според кинестетичката оддалеченост меѓу групите, за да можат гласовите физиолошки подобро да се фиксираат. Но, оптичката слика, како и акустичката во овој редослед е многу тешка па затоа секогаш се започнува од оптички највидливите гласови и се преминува кон потешко видливите. Таквиот начин на преоѓање на гласови подразбира и создавање посебен тематски речник, како според видливоста на вокалите, така и според местото на вокалите и консонантите во рамките зборовите.
Оваа постапка има неколку етапи:
- Читање на зборови од секојдневниот живот,
- Анализа на читањето од уста на зборови и спојување нови зборови од прочитаните елементи,
- Читање од уста на новите, уште необработени зборови,
- Читање од уста на пократки приказни и текстови и
- Контролна работа.
При вежбањето на читањето на говор од уста треба да се започне со познати поими, на тој начин што секој поим треба да биде заситен со конкретна содржина, понатаму се преоѓа на нови и непознати поими, кои подоцна на часот за изградба на говорот треба детално да се обработат, додека на часовите по вежбање на говорот од уста се обработуваат со површно определување на значењето.
Сите форми на работа во читањето на говорот ги делиме на две основни групи (Савиќ Љ., 1988, 301):
-
Специјални вежбања
- на часовите,
- надвор од часовите.
-
Практична примена
- на часовите по сите предмети,
- надвор од училиштето.
Специјални вежбања
Специјалните вежбања се карактеризираат со тоа што читањето на говор се јавува како предмет на обучување, односно создавање навики, додека во практичната примена на вежбањето, читањето говор се јавува како средство во наставата, средство на комуникација.
Специјалните вежбања во читањето на говор од уста се изведуваат на часовите според соодветна наставна програма во содржините на предметот мајчин јазик, најчесто застапени со еден-два часа неделно.
Неопходно е да се спомене дека за вежбање на читањето на говор е потребно напрегање на видот и мисловна активност на ученикот, кои во почетокот доведуваат до брз замор. Затоа во пониските одделенија се избегнува изведување на воннаставни вежбања на читање на говор, додека во второ одделение оваа активност може да се практикува многу повеќе, соодветно на возраста на ученикот.
Вежбање на читањето на говор од уста на часовите
Во подготвителниот период и во прво одделение се предвидуваат неколку форми на работа:
- Лото-букви-Оваа игра има за задача воспитување на концентрацијата на оптичкото внимание на ученикот кон движењата на говорните органи и создавање сопствени рефлекторни поттикнувачки движења. Лотото се состои од карти на кои се нацртани животни или предмети и под нив се испишани двосложни зборови и ономатопејска ортографија што ја означува сликата.
- Лото-зборови и реченици-Постапката е иста со претходната игра, само што овде наместо букви стојат цели зборови.
- Читање од уста на зборови од секојдневниот живот-Оваа фаза е посложена бидејќи се изведува без слики и без графички претстави за буквите, во афирмативна или во прашална форма, преку зададена тема: училница, учење, семејство и др.
- Составување кратки реченици и кратки приказни од познати зборови. Наставникот ги изговара познатите зборови, а учениците ги составуваат картоните на маса, така што најпрвин се сложува реченицата до сликата, а потоа под неа се сложуваат картите со текстот.
- Вежбање на различни прашања.
- Вежбање на читање слогови и на крајот, изолирани гласови. Највисока фаза на читањето на говор од уста во овој период е читањето бесмислени слогови и изолирани гласови.
- Диктатоте завршна фаза од вежбањето на визуелната перцепција на говорот на крајот од прво одделение. Тој се состои од диктирање и од запишување на зборовите и на кратките реченици на обработените гласови.
Од второ до трето одделение се користат с¢ посложени форми на читање на говорот од уста, како:
- Налози и заповеди-претставува сложена форма на работа, затоа што на овој начин се покажува можноста за очитување на долги реченици, нивното запаметување, запишување или извршувањето на налозите.
- Дијалозите на определена темасе водат меѓу наставникот и ученикот, а тие зависат од говорниот развој на ученикот, односно од говорното ниво на одделението во целост.
- Играта “Погоди што е тоа”е посебно важна бидејќи има цел да го развие синтетичкото мислење кај учениците, така што наставникот го опишува замислениот предмет, а учениците имаат за задача да погодат што е тоа.
- Играта “Телефон#се користи за вежбање на читањетото на говорот од уста меѓу учениците, на тој начин што учениците стојат на растојание од еден метар, потоа наставникот изговара еден збор со прикриена уста, тој ученик има задача да го пренесе зборот на друг, а последниот треба да го изговори поимот пред цело одделение.
- Вежби за брзо отчитување од уста-вежби за глобално препознавање на зборови и за брзо повторување на изговорениот збор од страна на наставникот.
- Rabota na povrzan materijal: ~itawe prikazni od usta, ~itawe od usta na poznat, no parafraziran tekst, ~itawe od usta na nepoznati prikazni.
- Учењето таблици на гласовишто се мешаат или се заменуваат се јавува како неминовност, затоа што личното искуство на ученикот укажува на често заменување на хомооптичните или на хомофоните гласови, така што наставникот има задача да го објасни процесот на асимилација на гласовите.
- Тематското читање од устасе состои од тоа што наставникот им дава на учениците слики за разгледување, а потоа тој поставува прашања и бара соодветни одговори од учениците.
Вежби за читање на говор од уста во вончасовното работно време
Вончасовната работа има цел усовршување на способноста за читање на говор од уста и од лице кај глувите ученици, и на тој начин да се подготват за поуспешно следење на наставата во училиштето, како и за практичниот живот.
Постојат два вида вончасовна работа при читањето на говор од уста:
- секција,
- епизодни мерки во текот на воспитната работа.
Целта на секцијата е да се усоврши навиката за брзо и за осмислено читање на говорот од уста и од лице и вежбање на прочитаното. Значи овој вид во себе вклучува два момента: механички и психолошки. Материјалот за овој вид вежби треба да биде од секојдневниот животен говор со кој учениците владеат.
Втората цел на секцијата е осмислување на прочитаното или логичка компонента на читањето, односно интелектуалниот момент во читањето (обично трае 30-40 минути), што се изведува преку: работа на слики, опис на животни, луѓе, говорни игри, убаво изразување, преработка на содржината на познати филмови или приказни, дијалози и др.
Практична примена на читањето на говор
од уста и од лице по сите предмети
Практичната примена на читањето на говор од уста и од лице служи како средство во наставата и во комуникацијата на глувите ученици.
Во секојдневната комуникација се употребуваат помошни методи како: дактилологија и гест. На часовите по мајчин јазик е неопходно да се стави нагласка на диктатот, со кој се проверува навиката за правопис и за граматичките наставки. Меѓутоа, за непречено читање на говор од уста и од лице, глувиот ученик е неопходно да поседува богат лексички фонд и фразеолошки речник и усвоени граматички правила.
Практична примена на читањето на говор
од уста и од лице надвор од училиштето
Читањето на говор од уста претставува вештина на препознавање на невидливите и на помалку видливите движења на говорот и нивното синтетизирање со наполно видливите движења на гласовите и зборовите на соговорникот.
За брзо и правилно визуелно перципирање на говорот не е потребно препознавање на секој глас изолирано, туку вештината на сфаќање на основната содржина на говорот и вклучување во општата, глобална, говорна динамика.
Успешноста на читање на говор од уста и од лице не зависи само од читачот туку и од соговорникот. Тоа значи дека соговорниците на глувите лица треба да знаат како да се однесуваат во процесот на комуникација за да може глувиот човек да ја сфати содржината на прочитаното.
Методи на читање на говорот од уста и од лице
Низ историјата на сурдопедагогијата се искристализирале три основни методи на учење на говор од уста, и тоа:
- аналитички,
- синтетички и
- глобален.
Секој од овие наведени методи има свои специфичности. Некои од нив добиле и свои варијанти, како, на пример, синтетичкиот метод (Gallaudet Encyclopedia of deaf people and deafness, 1987, 236 според Савиќ, 1994, 154-155).
а) |
Аналитички метод |
Аналитичкиот метод во учењето на читање на говор од уста поаѓа од вежбањето на изолираните гласови и слогови, со цел децата да се насочат кон диференцирање на оптичката слика на визуелно сличните гласови.
Овој метод овозможува диференцирање на елементите на говорните движења, така што паралелно со глобалната перцепција се воочува специфичниот изглед на секој глас одделно укажувајќи на нивните карактеристични места на движењата.
Во почетната фаза на артикулација таа е мошне целисходна, иако во својата основа има елементи на синтеза, но е мошне сувопарна, заморна и бавна, и премногу го механизира процесот на читање на говор од уста, така што станува здодевна.
б) |
Синтетички метод |
Синтитечкиот метод настојува да ги отстрани сите претерувања на механизираниот артикулациски комлекс, па се обидува во актот на читањето говор од уста и лице да внесе интелектуална компонента.
Тргнувајќи од фактот дека секој глас во зборот не може да се прочита, затоа што две третини од гласовите се невидливи и се градат во втората половина на усната празнина, синтетичкиот метод настојува да овозможи читање на зборовите глобално, празнините на недоволно видливите гласови се пополнуваат со “интелектуалната претпоставка”. На тој начин синтетичкиот метод настојува да ги надмине недостатоците на претходниот.
Со оглед на фактот што интелектуалната компонента е можна само кај возрасните подоцна оглувени лица, а не и кај прелингвално глувите што немаат вербален депозит за значењето на зборовите, се јавила потребата од варијантите на синтетичкиот метод:
Статичката варијанта на синтетичкиот метод се состои во тоа што учениците ја учеле најпрвин положбата на артикулационите органи за изговор на секој глас изолирано, значи статички, па подоцна визуелната слика на гласовите ја поврзувале во целост-зборови.
Динамичката варијанта на синтетичкиот метод се состои во тоа што учениците се обучувани на брзо, динамичко менување на обликот на устата во говорот, па дури тогаш, врз основа на глобалната слика на движењата на устата, се донесувал “заклучок за смислата на реченото”.
Оваа варијанта овозможува сфаќање на основните видливи гласови и препознавање на зборот. Суштината на овој метод се состои во тоа што тежишна точка претставува оптичката слика на зборот, така што добро “видливите” гласови во зборот се нарекувале “гешталт трегери” (носачи на целоста), како база за препознавање на зборот.
Супституцискиот метод ги спојува позитивните страни на претходните варијанти на синтетичкиот метод, тврдејќи дека не постои фиксирана слика на устата за гласовите, туку тие се супституираат зависно од положбата на вокалите што се наоѓаат пред консонантите. Затоа овој метод ја наметнува потребата од изучување на 355 можни слики на устата за да може успешно да се читаат сите зборови, кои треба визуелно да се запамтат за да можат да се препознаат од устата на соговорникот.
в) |
Глобален метод |
Глобалниот метод тргнува од зборот како целост занемарувајќи ги невидливите гласови кои по смисла треба да се дополнат.
Сите дотогашни методи ја заборавале личноста на читачот со своите психофизички квалитети. Така, на тој начин, се појавиле две варијанти на глобалниот метод: метод на мисловен акт или комплексен метод.
Варијантата на мисловен акт (содржина на читање од уста и од лице) ги отфрла сите принципи на аналитичко-синтетичкиот метод на читање на говор од уста тргнувајќи од мисловниот комлекс на комбинирани можни значења на движењета на говорните органи-”Haltsmethode”. Затоа обуката на читање на говорот треба да почне со смисловен материјал, реченицата да ги обединува околу една општа тема или ситуација околу која се води разговор.
Оваа варијанта не дава никаква правила, не бара никакво знаење на бесмислени слогови, не бара никакво знаење, затоа што точноста на разбирање на оптичката слика на слоговите и нивното поврзување со кинестетичкото паметење не се постигнува со очитување буква по буква, туку со “мисловни комбинации” што се создаваат врз основа на определен контекст на содржината во целост, на оптичката поврзаност на логичките факти, а визуелната, оптичката поврзаност, доаѓа сама по себе како резултат на навиките на читање на говор.
Варијантата на комплексно читањеги гледа глувите и наглувите личности како целост-комлекс, во кој се доминантни:
! |
видната перцепција на говорните движења, |
! |
рефлекторното спонтано повторување на артикулациските движења на соговорникот што провоцираат кинестетички енграми во свеста (синкинезија), |
! |
невидливите говорни движења како база на логичкото заклучување што треба да се одгатнат. |
Овој метод е многу практичен во работата со подоцна оглувени лица, со образовани глуви лица, кај кои е изграден комлекс на енграми на говорните движења во кортексот и логичка мисла на заклучување, додека не може да се применува кај необразованите глуви лица.
Комлексниот метод ги ангажира сите анализатори во процесот на очитување и затоа треба да се користи во едукацијата на подоцна оглувените лица.
Американски методи на учење на читањето на говор од уста
Во Америка во почетокот на XX век, паралелно со развојот на методите за читање на говор од уста во Европа, се јавуваат првите обиди за систематизирање на теоријата за читање на говор од уста (Савиќ 1994, 156).
Методот на Едвард Ничи е формиран и дополнуван речиси педесет години, додека својата завршна форма не ја добива во книгата “Нови лекции за читањето од уста”, Филаделфија, 1950.
Ничи прво го застапувал аналитичкиот метод, па потоа синтетичкиот, и на крајот, ги конструирал принципите на својот метод:
- движењата на говорните органи мора да бидат природни,
- движењата на говорните органи мора да бидат целосни,
- вежбите мора да бидат интересни,
- да се користи секој момент за разговор,
- секој читач има свои специфичности на “устопис”.
За да може да ги реализира принципите на својот метод, Ничи изградил вежби за тренинг на окото и мислењето.
За тренингот на окото предлагал вежби пред огледало со цел да се утврди разликата во изговарањето на определени гласови, за да може потоа да се помине на тренинг на окото во една стандардна реченица во која се менува редоследот на зборови, а читачот треба да ја препознае и да ја сфати нејзината смисла.
За тренингот на мислењето Ничи барал синтеза на смислата на кажаното, а не “сфаќање на збор по збор со очите”. Затоа неговата максима гласела:“Поважно е да се сфати зборот од смислата отколку самиот збор. Поважно е да се развива интуитивната моќ на сфаќање на прочитаното, а не зборот”
Постапката на методот на Ничи се состоела во тоа што на ученикот му се раскажувала некоја позната приказна, првпат многу кратко, а потоа приказната се повторувала, додавајќи секогаш нови зборови што не биле кажани претходно. За брзината на читање Ничи предлагал брзи одговори, а за интелектуалното вежбање прво барал идентификација на зборовите, а потоа читање на целата реченица.
Методот на Марта Брунја добива својата дефинитивна форма во педесеттите години од овој век.
Таа го застапуваласлоговно-аналитичкиот метод, кој се состоел во ритмичко вежање на читањето на слоговите од кои подоцна се составувал зборот, а потоа и реченицата.
Брун ги застапувала следниве принципи:
- ученикот треба внимателно да ги следи говорните движења,
- да ги научи звучните вибрации на говорот,
- да биде брз и подвижен за да може да ги разбере говорните движења,
- читањето од уста е вежбање на окото и на умот.
Методот на Марта Брун се состоел од серија на слогови од кои се составуваат вежбите што се надоврзуваат една на друга ритмички за да се сфати зборот. Вежбите се повторуваат с¢ додека потсвесно не се препознае слогот, а крајна цел на методот е формирање визуелна и моторна меморија.
Планот на часот на Брунова се состои од четири дела, и тоа:
- дефинирање на движењата на новиот глас кој се учи и диференцијација од веќе научените гласови,
- пишување,
- краток разговор или приказна,
- групна вежба која се состои од меѓусебно поставување на прашања и од разговор.
Марта Брун ги делела читачите на две основни групи:
- визуелни типови на читачи што се стремат кон аналитичко усвојување на сликата на зборот и
- аудитивни типови што формираат чувство за изговор, што претставува дел на реалниот говор.
Таа ја сфаќала вредноста на целоста, но сепак се насочувала кон потребата од разбирање на деталите за да може со “извежбаниот материјал” да ги разликува видните карактеристики на движењата на секој глас.
Методот на сестрите Кинзи (Rose&Cora)претставува комбинација од претходните две. Тој е формиран во триесеттите години од овој век и е објавена во книгата “Читање од уста за возрасни оглувени лица” (Lepreading for Deafned Adult, 1931).
Овој метод содржи серија вежби распоредени според степени наменети за деца и возрасни, со природно структурирани реченици, со функционална употреба, односно извлечени од секојдневниот живот, со цел да изврши синтеза на мислата.
Освен овие методи, во САД постојат и други методи што немаат заеднички карактеристики, но сите го застапуваат:
- директното приоѓање во вежбањето на видот и на моторното паметење во актот на читање на говор од уста и од лице,
- ја нагласуваат целината, синтезата, и не се задржуваат премногу на елементите (зборовите, гласовите),
- го препорачуваат користењето на остатоците на слухот заради подобро перципирање на говорот,
- внимателно ги анализираат фонетските компоненти на зборовите,
- препорачуваат користење на нормален глас и др.
Согледувајќи ја специфичноста на секој од споменатите методи, можеме да заклучиме дека заедничката карактеристика што ја обединува нивната мисла е: читањето на говор од уста и од лице е фундаментален проблем во обучувањето на говорот на глувите и на подоцна оглувените деца и возрасни, и дека тоа е интегрална артикулациска компонента без која не може да се замисли процесот на комуникацијата.
Савиќ (1988, 309),тргнувајќи од размислувањето дека во актот на читањето на говор од уста и од лице има три битни компоненти:
- видна перцепција на гласот, односно на зборот,
- синкинетичките рефлекторни движења што провоцираат кинестетички енграми во свеста,
- мисловната активност што ги надополнува невидливите говорни движења, со кои се “покриваат” празнините-”прозорците” на прочитаниот збор.
предлага петнаесет универзални, сурдопедагошки правила кои ја детерминираат успешноста во читањето на говорот од уста независно од употребениот метод:
- Треба да се говори јасно, со слободна уста, со јасни движења на говорните органи, без претерано отворање на устата, иако за подобрите читачи се потребни малку пошироки движења на устата отколку при обичниот говор.
- Темпото на говорот треба да биде правилно, затоа што брзиот говор и малиот отвор на устата не овозможуваат добра читливост.
- Треба да се говори свртен кон оној кон кого што се обраќате и да не ја свртувате главата од неговите очи.
- Лицето на говорникот треба да биде максимално осветлено, а лицето на глувиот во сенка.
- Лицето што говори треба да употребува кратки и правилни реченици.
- Говорникот не смее да се свртува за време на разговорот, ниту пак да го менува растојанието и местото.
- Гласот на говорникот треба да биде нормален.
- Треба да се говори без афектирање.
- Устата на говорникот треба да биде на ниво на очите на глувото лице.
- Доколку глувото лице не може да го прочита вашиот збор ниту по третото повторување, употребете лесен збор-синоним на претходно кажаниот збор.
- На почетокот на реченицата не употребувајте имиња, странски зборови, зборови со преносно значење, иронични зборови, дофрлување и сл.
- Вашиот говор треба да биде проследен со гест, дактилологија, или со некој друг знак што му овозможува на глувото дете подобро да ве разбере.
- Не треба да инсистирате на читање на секој збор одделно, битно е да се сфати целоста.
- Во говорот со глувите треба да се биде стрплив, почесто да се разговара, за да може да се запознае со вашиот начин на говорење.
- Секогаш треба да водите сметка за визуелниот и за психичкиот замор на глувиот за да не претерувате во зборувањето.
ЛИТЕРАТУРА:
- Брадариќ-Јон,1997: Визуелна перцепција говора и глухоќа, Ревиењ оф рехабилитатион ресеарцх, 2, Загреб.
- Димиќ Н., 1996: Методика артикулације, Дефектолошки факултет, Београд.
- Димиќ Н., 1996: Значај читанја говора са лица и уста у образованју глувих и наглувих, Београдска дефектолошка школа, 1, 39-52.
- Савиќ Лј., 1969: Читанје говора са уста, Савез глухих Југославије, Београд.
- Савиќ Лј., & Ивановиќ, 1996: Сурдопедагогија, Дефектолошки факултет, Београд.
- Савиќ Лј., 1982: Методика рада са децом оштеченог слуха, Завод за уджбенике и наставна средства, Београд.
- Васиќ С., 1980: Вештина говоренја. Вјежбе и тестови за дјецу и одрасле. БИГЗ, Београд.
- Вујасиновиќ З., 1997: Специфичности предшколског третмана деце оштеченог слуха, (необјавена Докторска дисертација), Дефектолошки факултет, Београд.
- Вулетиќ Д., 1991: Истраживанје говора. Факултет за дефектологију, Загреб.
- Вулетиќ Д., 1990: Тест артикулације, Факултет за дефектологију, Свеучилиште у Загребу, Загреб.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE