JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2848
Тања МИШОВСКА, Ванеса АНДОВА
ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 3-ТИ ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ЛИЦА-ОРГАНИЗИРАНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ВО ЗАВОДОТ ДЕМИР КАПИЈА
“НИЕ СМЕ ЕДЕН СВЕТ”
По повод Трети декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби (лицата со пречки во развојот), беше оранизирана изложба на фотографии на лицата сместени во Специјалниот завод во Демир Капија.
Во изложбата беа презентирани и ликотворби изработени од лицата со посебни потреби, опфатени со третман од други институции, како ПОУ “Иднина#-Скопје, Дневен центар “Илинден" од Крива Паланка, “Алгоритам центар"-компјутерски едукативен центар од Скопје, Завод за заштита и рехабилитација-”Бања Банско" од Струмица.
Фотографиите од животот на лицата со посебни потреби од Специјалниот завод во Демир Капија беа изработени од професионалниот фотограф Влахо Бранѓолица, а со свои дела се претставија и Тома Димовски, Драгољуб Николовски, Катерина Николовска.
Изложбата беше поставена во Музеј на град Скопје од 3 до 17 декември 2000 година, а понатаму се предвидува поставката да продолжи и во шеснаесет други градови во Македонија .
Во текот на двонеделната поставеност на изложбата се реализираа организирани посети на ученици од основните и средни училишта од Скопје.
Нашата функција во текот на изложбата беше стручно презентирање-водење низ изложбата, придружено опратено со коментари, објаснувања, лични доживувања, прашања и одговори.
Се обидовме, а се надеваме дека успеавме да организираме и еден вид на работилница, на која во интерактивен пристап го добивавме потребното внимание на условно речено лицата без пречки во развојот или без посебни потреби.
Целта на стручното водење низ изложбата беше: јакнење на јавната свест за човековите права, т.е. за правата на лицата со посебни потреби во Македонија, со што се овозможи запознавање, информирање на посетителите со секојдневието на лицата со посебни потреби (нивниот живот, осаменост, напуштеност, изолираност).
Изложбата беше поделена на неколку прекрасно обмислени целини.
Првата Целина ја сочинуваа изработките на лицата со посебни потреби од Заводот за заштита и рехабилитација-”Бања Банско"-Струмица.
Лицата што ја посетуваа изложбата, преку изработките се запознаваа со еднаквите можности и еднаквите способности за изразување на лицата со телесна попреченост.
Воведот во изложбата на фотографиите од лицата сместени во заводот во Демир Капија се реализираше преку трите групи на прашања што им беа поставени на тие лица и нивните одговори, а се во врска со тоа што им се допаѓа-не допаѓа во заводот и кои се нивните желби.
Фотографиите го нудеа на “дофат" секојдневието на лицата кои едноставно затоа што некој друг сакал, се присилени да го минат својот живот во Специјалниот завод во Демир Капија.
Учениците-посетители што беа на различна возраст почнувајќи од 10 годишна возраст беа запознаени со:
- личност со играчка-среќно, насмеано, тажно, расплакано;
- личност со потреба од внимание, од љубов и разбирање;
- личност што живее лежејќи;
- личност што е ограничувана (спречена) во своите движења;
- личност врзана за дел од “системот за парно греење"-радијатор
- личности на годишен одмор во Претор што се смеат, се бањаат, сами одат, сами јадат, премногу се среќни, разбивајќи ја монотонијата на секојдневието во нивното преголемо семејство;
- личности што се тажни бидејќи ја претчувствуваат разделбата.
Сите лица со посебни потреби и не се оставени на туѓа грижа. Сепак, некои родители водени од искрата на надежта успеале нудејќи ја љубовта и сите други споредни нешта на светот, успеале да одгледаат личности кои успешно се вклопиле во заедницата наречена општество во кое сите сме родени можеби со различни можности, но со исти права-рамноправни.
Токму во последната целина на изложбата беа претставени рамноправните со сите други Томче, Идриз, Јасмина, Катерина, Роза.
Остварените контакти и разговори со посетителите кај нас оставија впечаток на една голема неинформираност, незапознаеност со оваа проблематика кај поголем дел од посетителите, а се однесува на лицата со посебни потреби, нивните можности и способности.
Едноставно имаше ученици кои на овој проблем (состојба) гледаа како кон болест и болничко сместување, а нивните очекувања беа излекување и враќање на лицата во нивните семејства.
Но, сепак низ стручното водење низ изложбата можеби не во целост, но сепак задоволително успеавме да ги запознаеме посетителите со другата страна или другиот крај на нашиот свет, т.е. лицата со посебни потреби.
Ги презентиравме нивните потреби кои кај нив можеби се малку поизразени отколку кај некои други, но сепак не заборавивме да го потенцираме фактот дека и тие лица ги заслужуваат и ги имаат истите потреби и нешта како и сите ние, едноставно ние сме еден свет.
Сите ние сме исти и сите ние сме различни.
Ние сме човечки суштества , а со самото тоа поседуваме заеднички карактеристики.
Да им помогнеме на лицата со посебни потреби, да ги интегрираме во нашата средина зависно од степенот на психолошката оштетеност и социјално-економските услови на нивните семејства и културно-образовниот статус на средините од каде што произлегуваат. Но претходно да не забораваме да ја информирме и да ја запознаеме јавноста со овие лица што се реалност, што се дел од нас зашто ние сме еден свет.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE