JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 10819
Дора ЈЕЛЕНЦ, Егидија НОВЉАН
ОБРАЗОВАНИЕ НА ЛИЦА СО СПЕЦИЈАЛНИ ОБРАЗОВНИ
ПОТРЕБИ ВО СЛОВЕНИЈА
1. Нашата земја
Република Словенија е сместена меѓу Алпите, Панонската низина и Медитеранскиот регион. Таа зафаќа површина од 20,256 километри квадратни. Со два милиона житела, таа припаѓа на помалите Европски земји и е признаена како независна држава од скоро, односно во 1900 година. Официјален јазик е словенскиот. Наше основно богатство се шумите, кои зафаќаат третина од вкупната територија. Главен град на Словенија е Љубљана, чии корени треба да се бараат назад во Римското време, кога таа била нарекувана Емона.
2. Историски преглед на образовниот систем
Почетоците на организирано вклучување на лицата со специјални потреби се во 19 век, односно 1840 година кога се започнало со основање на институции за деца визуелни и слушни недостатоци. Во 1909 година двајца Словенски учители биле испратени во Виена за да се обучат за работа со ментално ретардирани деца, а веќе две години подоцна во 1911 беше основано првото училиште за ментално ретардирани ученици во Љубљана. Наскоро, уште едно вакво училиште било отворено во Марибор, а во 1919 започнало со работа уште едно училиште за деца со визуелни недостатоци коешто и денес постои. Покрај овие училишта следеше отварање на други вакви и слични училишта и институции.
Гледано од прегледот на развојот на образованието на лицата со специјални потреби, истиот може да се подели во четири фази:
- Период како на екстензивен така и на интензивен развој, 1946-1977, кој беше карактеризиран со формирање на различни институции за лица со специјални потреби;
- Период на стабилизирање и истражување за следниот чекор, 1977-1987;
- Периодот на интензивно промовирање започна во 1987 со универзитетски студии за учители кои ќе работат со лица кои имаат специјални потреби како и со подготовка на нов Закон кој ќе го опфаќа образованито на овие лица;
- Период кој следеше по 1996, кога новиот закон за образование беше усвоен. Исто така, беа промовирани многу значајни новости од областа на образованито на лицата со специјални потреби. Законот поставува барање овие лица да бидат одгледувани и образувани во институции кои се мошне блиску до нивните домови и каде ќе имаат можност за оптимален развој.
За време на последните педесет години голем број на средби, консултации и конференции се одржаа во Словенија каде многу странски експерти кои работат со деца кои имаат специјални потреби, земаа учество на овие средби. Тоа особено е работата на учителите, психолозите и други експерти кои работат со лица со специјални потреби, кои имале учество за прогресот на оваа проблематика. Ако се земат во предвид сите напори на бројни институции да се справат со раниот третман, ние с¢ уште не сме успеале да ги вклучиме сите предшучилишни деца со специјални потреби.
Образованието на овие лица започнува со раната детекција и продолжува низ превентивна и дијагностичка работа, за да продолжи низ најсоодветниот образовен систем, со конечна цел за интеграција, вклучувајќи ја исто така евалуацијата на социјалната интеграција. Процесот вклучува различна стручна работа, и само вака можат да се подобрат резултатите во процесот на социјалната интеграција со околината.
3. Образование на лица со специјални потреби
Во законската регулатива како лица со специјални потреби се сметаат лицата кои имаат ментални недостатоци, слепите и слабовидите, глувите и наглувите, лицата кои имаат говорни и јазични недостатоци, телесните инвалиди, како и лица кои имаат хронични болести, лица со проблеми во однесувањето, лица со тешкотии во учењето, но и екстремно надарените лица.
За време на предучилишниот период, децата со лесни недостатоци ги посетуваат редовните предучилишни установи, додека оние со потешки недостатоци се сместуваат во развојни одделенија, кои се дел од редовните институции или на другите специјални институции. Ова се случаи кои неможат да живеат дома од различни причини (премногу одалечени од соодветната институција, комплетно зависни од помошта на другите) или пак им е потребна мошне интензивна помош како на пример: хидротерапија, психотерапија, говорна терапија, работна терапија и сл.
На седум годишна возраст децата со специјални потреби се сместуваат во редовните училишта или соодветни специјални училишта, или во институции каде работи тим на експерти. Стручни лица се: психолог, специјален учител за соодветнот профил, социјален работник, лекар (педијатар, психијатар, или со друга соодветна специјализација). Местото каде ќе биде сместено детето зависи од: дијагнозата, дата-тестовите, долготрајноста на обсервацијата и третманот, водството, разговорите со родителите и извештаите на едукаторите и учителите. Децата со специјални потреби кои ги посетуваат редовните основни училишта се нормално интелигентни со специфични или не-специфични проблеми во учењето, деца со сензорни пореметувања, деца со пореметувања во психичкиот развој, деца со проблеми во однесувањето и деца со лесна ментална ретардација.
Одлуката дали детето ќе посетува регуларно или специјално училиште зависи од:
- субјективните карактеристики на детето (ниво на хендикепот, лични карактеристики на детето...);
- поддршката понудена од семејството (помош при учењето, носење детето на училиште и сл.);
- можноста на учителите да ги задоволат специфичните детски потреби;
- карактеристиките на пошироката околина во која се учи.
Во редовните градинки и основни училишта, децата со специјални потреби се подучувани од:
- мобилни специјални учители за деца со специјални потреби (кои ги советуваат учителите, ги подучуваат на детските специјални потреби, на пример Браево писмо за слепите, читање од усните за глувите и сл.);
- едукаторот или учителот еден до два часа неделно за секој клас (повторување на објаснувањата, преглед на она што е најважно за предметот);
- консултативни услуги во редовните градинки и основни училишта (психолози, учители, специјални учители, социјални работници, логопеди);
- тим на експерти во центрите за надгледување;
- волонтери (студенти, средноучилишни ученици);
- ментори.
3.1. Рана детекција, дијагностика и прогностика
Денес посебно внимание се посветува на раната детекција и дијагностика на децата со специјални потреби. Детекцијата и дијагностиката не смеат да бидат раздвоени (сепарирани). Двете се база во резултатите на научните истражувања. Додека детекцијата вклучува само неколку варијабли, дијагностиката се обидува да вкучи што поголем број на варијабли, од биолошката, социјалната и психичката област, сето тоа со предлог за дизајнирање на соодветни програми за специјално образование.
Дијагностиката на децата со специјални потреби е организирана на следните начини:
- Детекција на ризично родените деца низ централниот регистар во земјата. Од државниот регистар на првичните ризични податоци се праќаат до матичниот лекар на детето во диспанзерот за деца со специјални потреби.
- Со консултативните служби за деца, каде се вклучени претежно педијатри како и неуролошки и психолошки испитувања кои се потребни, а се побаруваат минимум активности од страна на детето.
- Подоцната детекција е организирана низ систематски проверки на тригодишна детска возраст. Овие проверки можат да ги откријат оние деца кои поминале низ првата проверка неоткриени. Ова се обично случаи со мошне мали пореметувања кои поминале незабележано предходно.
- Пасивно-куративен начин на детекција кога хендикепираното дете се открива од страна на други експерти: лекари, учители или самите родители.
Блиску поврзана со детекцијата е дијагностиката на даден хендикеп. Оваа процедура се одвива во специјални институции (детски клиники, развојни советувалишта или во диспанзери за деца со специјални потреби) од страна на тим од различни експерти, добро-обучени и со искуство во оваа бранша. Овде финалната дијагностика се дава од страна на:
- тим од медицински дијагностичари-етиолози;
- клинички дијагностичари-различни дијагностичари;
- психолошки дијагностичари;
- специјално-образовни дијагностичари;
- социјални работници.
Во смисла да се превентираат можностите на контрадикторните информации и да бидат пренесени до родителите од страна на различни експерти, за ова е потребно да се следи униформна доктрина. Како и да е, детето е третирано од тим на експерти, и родителите добиваат информација само од експерт во зависност од случајот. Друга потешкотија може да се појави кога неколку експерти работат со детето за време кога тоа е под некоја интензивна терапија. Ова исто така може да биде случај со родители кои се нестрпливи да ја видат детската состојба потврдена на набрз можен начин.
Земајќи ги во предвид прогнозите за секое дете, ние веруваме дека треба да бидеме реални со родителите, но секако дека не треба да ги оставиме да живеат без надеж за било какво подобрување, да им се каже вистината за нивните деца, што автоматски значи болка и несреќа, но, од друга страна пак, терајќи ги да ја прифатат вистината за своето дете и детето какво што е во емоционална и рационална смисла, и адаптирајќи појдовни точки кои ќе им помогнат за да создадат едни позитивни и конструктивни односи низ кооперација односно взаемна соработка.
Паралелно со раната детекција и дијагностика специјално внимание се обрнува на родителите и раниот третман на децата. Специјализираните организации за асистенција на луѓето со специјални потреби играат мошне важна улога во организирањето и финансирање на почетни и понапредни семинари за фамилии, каде експерти како на пример педијатри, детски психијатри, психотерапети, логопеди, специјални учители и други се обидуваат на родителите да им ја објаснат природата на детскиот хендикеп, различни начини на третман во фамилиите и можности за нивното понатамошно образование. Ние сметаме дека раниот третман значи основен напор за нив, бидејќи во многу случаи двајцата родители мораат да работат и да заработат. За децата со специјални потреби ние се обидуваме да организираме мобилни советувалишта, кои во сегашносте не се многу добро организирани, па затоа многу родители мораат да ги праќаат своите деца во специјализирани установи, каде тие можат да ги видат своите деца во секое врем, но тука не е можно да се носат децата дома за време на викенди, празници и годишни одмори.
4. ОБРАЗОВАНИЕ НА ЛИЦА СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ
ВО ПРЕСРЕТ НА НИВНИОТ ХЕНДИКЕП
Словенија има државен образовен систем, со исклучок на Валдорф училиштето, Католичкото училиште и некои приватни училишта.
4.1. Ментално ретардирани лица
4.1.1. Лица со лесна ментална ретардација
Децата кои имаат лесна ментална ретардација можат да учествуваат во следните модели на образование:
- На предучилишна возраст овие деца можат да останат дома или да одат во редовните градинки. За време на овој период секој обид се состои во обезбедување на директна или индиректна медицинска, психолошка, специјално-педагошка и социјална помош за детето, предшколските учители и родителите;
- За време на училишната период, голем дел од овие деца одат во специјални училишта во период од осум години. Само мал дел од овие деца се интегрираат во редовните училишта и добиваат повремена или постојана асистенција и водство од специјалните учители. Денес во Словенија постојат 57 специјални оновни училишта, кои ги посетуваат 1,8% од сите деца во основното образование.
Благодарение на алтернативните начини на образование бројот на децата кои ги посетуваат специјалните училишта во последно време се намалува. Неколку основни училишта сега вработуваат специјални учители кои се обучени да помогнат и да ги советуваат хендикепраните деца, а исто така ги советуваат нивните учители и родители во смисла-работејќи со децата за време и вон наставните активности. Исто така постојат и некои случи на интеграција каде хендикепираните деца не добиваат никаква дополнителна помош.
Откако лицата со лесен ментален хендикеп почнаа да добиваат полна социјална помош, тие се во можност да живеат понезависно во социјалното опкружување, можат да формираат семејства, бидејќи се обучени да работат полесни професии и можат да добијат редовна работа, посебно внимание се посветува на професионалната ориентација и советување уште за време на нивното школување. Работата со децата и нивните родители трае подолг временски период. За ваквите случаи организираме информативни средби во врска со нивните можности за понатамошно образование како и посети на различни компании, каде децата и нивните родители имаат можност да научат за технолошките процеси на работа. Професионалната обука во Словенија е организирана на различни начини, која може да се види од приказот што следува:
Специјални училишта
2-годишен програм |
|
2-годишен адаптиран програм |
|
вечерни часови |
|
тренинг часови |
|
|
3-годишни програми |
|
поучувачки курсеви |
|
практична работа |
По завршувањето на професионалната обука се обидуваат да најдат за себе соодветна работа преку Бирото за вработување, што всушност претставува огромна тешкотија бидејќи невработеноста е на незавидно ниво, врз што исто така влијае променетата економска ситуација.
4.1.2. Лица со умерена и тешка ментална ретардација
Децата кои имаат умерена или тешка ментална ретардација можат да учествуваат во следните модели на образование:
- Специјален третман под водство на специјализирани тимови од експерти, почнувајќи од многу рана возраст и продолжувајќи до седум годишна возраст. На родителите им се даваат совети како да се снаоѓаат со своите деца дома;
- Сместувањето е во таканаречени специјални градинки каде групи од 4 до 8 деца работат со специјални учители. Овие институции добиваат екстра помош во зависност од децата. Постојат околу 30 одделенија во рамките на редовните градинки и 33 одделенија во рамките на редовни основни училишта. Околу 25% од сите умерено и тешко ментално ретардирани се вклучени во оваа шема. Сите образовни програми се организираат преку специјални наставни програми, со помош на средства со кои ние се обидуваме да ги поттикнеме децата за да развијат позитивен личен-концепт преку интеракција со други лица, предмети и феномени.
Некои деца се интегрирани во групи од нормални деца. Ваквите групи се организираат спонтано и овде нема професионална помош и водство, но сега ваквите групи добиваат професионална помош од секаков вид, односно ваква помош им се укажува на децата, родителите и учителите.
Групите секоја недела ги посетуваат: психотерапевт, кинезитерапевт и логопед. Овие професионалци работат индивидуално со децата и ги советуваат специјалните учители, што секако треба да биде вклучено во дневниот или неделниот програм за секое дете посебно.
Во смисла на предучилишниот третман, на седумгодишна возраст (според новиот закон шестгодишна возраст), ментално ретардираните деца можат да бидат вклучени во едно од 100-те образовни оделенија за вакви деца. Овде тие ги развиваат комуникациските вештини, учат да живеат независно, учат за својата животна околина, учествуваат на часови каде се вежбаат практичните вештини и сл. Некои програми нудат минимум училишно образование како што на пример читање, пишување и аритметика, кои се мошне значајни достигнувања во очите на родителите. Други пак програми се изведуваат во различни училишта од внатрешен или од надворешен вид.
На возраст од 18 до 20 години сите ментално ретардирани младинци влегуваат во еден од 30-те работни центри, кои се организирани врз Словенското искуство, но и од странско искуство како што е следното:
- Во пресрет на начинот секоја институција оперира како:
- независна социјална институција, или
- одделение внатре во друга институција.
- Во пресрет на содржината и работниот процес како:
- работен центар, или
- работен центар со специјални сместувачки капацитети.
Земајќи ги во предвид потребите на околината и специфичните потреби на индивидуите со ментални недостатоци, работните центри организираат различни видови на работа, како што се: мобилно вработување кое предвидува домашна грижа, вработување, грижа со работно ангажирање, грижа за сместување, сместување во фамилија, групи како семејни единици.
На возрасните им се нуди да живеат што е можно независно, па од овие причини с¢ повеќе и повеќе групи како семејни единици се организираат за нив.
4.1.3. Лица со најтешка ментална ретардација
Лицата со најтешка ментална ретардација по правило се едуцираат во специјални институции каде добро структурираната околина, постојаната професионална грижа на специјаните учители, асистенцијата им овозможува да развијат некои елементи на моторните функции, а некои од нив дури и говорни елементи. Ова значи дека во позрелата возраст тие можат да дојдат на некое ниво на независност во извршувањето на елементи од наједноставните вештини и навики.
4.2. Лица со сензорни недостатоци
Образованието на лицата со оштетувања на видот и слухот има подолга традиција во нашата земја. Со текот на времето беа развивани следните образовни модели:
- образование на деца и младинци од предучилишна возраст, па с¢ до професионално насочување во специјални центри за лица со оштетувања на видот и слухот;
- во специјални центри каде има и сместување;
- парцијална интеграција на предучилишно ниво каде децата само повремено се сместуваат во групи со нормални деца во градинките;
- повремена интеграција со деца во основните училишта и средни училишта, со студенти на ниво на рекреативни активности како што се балет, драмски активности како и спортски активности плус регуларни посети на библиотеки;
- интегративно образование низ регуларни начини (програми) на предучилишно ниво и во основните и средни училишта. Овде постојат два начина на третман:
- регуларен третман барем еднаш неделно од страна на тим со советници,
- регуларен третман; организиран најмалку еднаш неделно од страна на мобилни служби кои работат надвор од големите сместувачки центри во градинките, во основните училишта, во средните училишта каде специјалните учители даваат совети и помош на децата, едукаторите и родителите за тоа како да се снајдат со хендикепираното дете.
Предноста на овие служби е тоа што веднаш се соочуваат со тековниот проблем, што е од огромно значење за децата и сите страни кои се на било кој начин вклучени со проблемот на децата со оштетувања на видот и слухот.
Кој од претходно спомнатите начини ќе се примени во случајот на одредено дете или младинец е работа на одлука на самиот оперативен тим, каде што следните критериуми секако треба да бидат земени в предвид:
- карактеристиките на секое дете;
- карактеристиките на секое семејство;
- карактеристиките на секоја образовна институција каде што детето ќе биде третирано;
- карактеристиките на поширокото социјално опкружување вклучувајќи ја и институцијата каде што детето ќе биде третирано.
За да сите интегративни начини на образовна работа се направат да бидат добри, треба да бидат развиени следните специјализирани методи:
- мобилен третман за интегрираното дете или младинец,
- специјален третман на интегрираното дете или младинец од страна на медицински кадар,
- образование на родителите како на пример како да се снаоѓаат со своето дете,
- образование на учители, педагози и советодавна работа за регуларните образовни институции.
Обработката на резултатите во интегративните оддели е ексклузивно во доменот на секое училиште.
Ние сметаме дека овие резултати можат да се споредат само со оние што се нивни парови во редовните училишта, а не со резултатите на другите ученици кои се обучувани во сегрегираните оддели, што е основен предмет.
Овие деца и младинци кои се успешно интегрирани со оние од редовните основни и средни училишта, можат да бидат судени само врз основа како тие се чуствуваат во интегрираниот свет на нормални млади луѓе во целосна смисла и врз основа на нивото на восприемање на делот од нивниот нормален пар и нивните учители, земајќи ги во предвид нивните резултати собрани за време на целиот процес на образование, кој што може да биде спореден само на индивидуално ниво на само-прогрес.
Во Словенија ние имаме само две институции за слепи и слабовиди деца и три институции за глуви и наглуви деца. Во специјалните институции, каде се следат регуларните наставни програми со адаптирани методи и материјали, овде се 54% деца на предучилишна возраст, 58% на основно-школско ниво и 80% во средните училишта. Само неколку од нив одат на универзитетите.
4.3. Физички хендикепираните лица и лица со долготрајна болест
Процесот на едукација на овие деца, младинци и возрасни со нормален интелектуален капацитет е мошне сличен со оној кој се организира за лицата со визуелени или слушни недостатоци. Интегративниот или сегрегативниот дел на процесот зависи на прво место од степенот на мобилноста, здравствената состојба и секако од семејната состојба.
Децата со најтежок хендикеп во нивниот психички развој се едуцират во две специјални институции. Во една од нив тие ги следат редовните наставни програми со адаптација кон околината (помагала за пишување, компјутери, инструменти за геометрија и сл.), а во другиот вид има деца со комбиниран хендикеп кои исто така работат по адаптирана наставна програма. Овие две институции организираат различни видови на потребни активности како што се: психотерапија, хипотерапија, говорна терапија, работна терапија и сл. Во склопот на ортопедските болници исто така имаме два предучилишни оддела за деца кои мора да престојуваат во болница подолг период. За време од периодот на хоспитализација хрнонично болните деца и младинци се вклучуваат во едукативниот процес во болничкото училиште, каде ги следат редовните или адаптираните програми според спецификата на нивната болест. Откако ќе го завршат оновното образование овие деца продолжуваат со своето образование во специјални или редовни средни училишта. Голем дел од овие лица со здравствени проблеми и некои со физички хендикеп продолжуваат да студираат и на универзитетите.
Во последно време состојбата во специјалните установи е променета. Бројот на децата во нив особено е намален; единствено лицата со тежок и најтежок хендикеп с¢ уште се вклучени, остатокот од нив се интегрирани во редовните институции.
4.4. Лица со проблеми во однесувањето
Во последните неколку години е зголемен бројот на децата со проблеми во однесувањето (достигнувајќи околу 40.000) 98% однив доаѓаат од семејства со лоши услови за одгледување на децата. Најчеста причина за индивидуалните проблеми, неврозите и личните падови обично се долготрајните процеси на развод од страна на родителите, несложувањето меѓу родителите како и начинот на воспитувањето, а често и мошне нискиот животен стандард кој произлегува од високиот степен на невработеност.
Кај нас постојат четири институции за вакви деца кои посетуваат основни училишта кои имаат и сместувачки капацитети и четири институции за средношколски деца со пет сместувачки квартери (интернати) за деца и младинци. Околу 11% од децата се сместени во ваквите капацитети. Остатокот од нив се интегрирани и живеат во своите домови. Околу 10% од децата се под третман на специјални советници, околу 20% се под водство на професионалци во центрите за социјални грижи или центрите за советување. За време на последните години нивниот број рапидно се зголемува па затоа ние се обидуваме да вклучиме што е можно поголем број на стручњаци за советување во училиштата и за работа во релевантни социјални области, каде помошта и советувањето се нудат на децата исто како и на нивните родители.
4.5. Лица со јазични говорни проблеми
Децата и младинците со лесни и умерени јазични и говорни проблеми се вклучени во редовните форми на предучилишно и основно образование. Заради постигнување на еднакви образовни стандарди им се нуди парцијална адаптација во сферата на наставните методи, материјали и помошни средства, во сферата на понатамошниот дополнителен третман. Децата и младинците со тешки и најтешки говорни проблеми и оние каде говорните проблеми се пропратени со дополнителни недостатоци се вклучени во специјални програми адаптирани на доминантниот недостаток и присуство на проблеми во учењето.
5. Образование на учителите
Одделот за специјално образование беше формиран во 1947 како дел од Академијата за образование (Педагошка академија). Студентите посетуваа 4 семестри. Запишувањето беше можно за кандидатите кои завршиле едно од нашите средни училишта (по 18 годишна возраст). По 1987, кога Академијата стана дел од Универзитетот, студиите за Специјално Образование се организираа на две нивоа: додипломски и постдипломски студии.
5.1. Додипломски студии
Постојната мрежа на додипломски студии, кои траат 8 семестри, студентите можат да одберат пет програми. Во зависност од изборот на програмот тие се обучуваат и вежбаат да работат со: лица со ментални пореметувања, моторни недостатоци, со глуви и наглуви ученици, слепи и слабовиди деца или лица кои имаат говорни или јазични пореметувања. Програмата е организирана за редовни и вонредни студенти.
Ваквите професионалци кои се вклучени во образованието на лицата со специјални образовни потреби и кои немаат соодветни педагошки квалификации, можат да се запишат на програма која ќе ги надогради нивните студии со соодветни додипломски курсеви кои се нудат од страна на нашиот закон.
5.2. Постдипломски студии
Бидејќи додипломските студии по природа се фундаментални и општи, дипломираните од специјалното образование и други општествени студии ги имаат следните можности за постдипломски студии:
Продолжително образование
Оваа форма на образование се организира годишно за специјалните учители како и за редовните учители во основното образование. Ова е добра структура на солидно изградено базично образование, кое ги содржи најновите достигнувања од теоријата и практиката.
Специјалистички програми
Дипломираните имаат можност да одберат:
- Учител координатор, кој работи со деца со специјални образовни потреби во редовните основни училишта. Програмот е наменет за дипломираните кои имаат минимум тригодишно практично искуство;
- Супервизија-наменета за професионалци од различни профили, кои работат во близок контакт со лицата, а исто така се вработени во области каде воспитувањето и образованието игра основна улога;
- Помош низ уметност-терапија со помош на уметност со следните ориентации: глума, движење-танц, музика, визуелни уметности. Програмата се разви од практични причини и потреби, во сите области на специјалното образование, грижата за младината, предучилишна и терапевтска работа во градинките, училиштата, болници и други институции каде уметноста, како елемент на модерен пристап, игра мошне важна улога.
Магистерски студии
Магистерските студии нудат можности за специфични истражувања и секако стекнување на магистерска титула од областа на специјалното образование.
Докторски студии
Докторските студии претставуваат континуитет на магистерските студии и им овозможуваат на кандидатите добивање на докторска титула.
6. Идни трендови
Новата образовна регулатива, донесена 1996, го форсира образованието на лицата со специјални образовни потреби во споредба со нивните врсници како и нивното вклучување во редовните форми на образование. Во оваа област ние имаме долгогодишно искуство, откако голем број на деца, особено оние со сензорни недостатоци беа вклучени во редовните училишта иако законската регулатива тоа не го предвидуваше. Во оваа практика ние бевме сведоци на појавување на бројни проблеми поврзани со интеграцијата на децата со специјални потреби во редовното образование:
- Нашите основни училишта се успешни, делотворно ориентирани и имаат доверба повеќе во знаењето отколку во холистичниот детски развој;
- Учителите доволно не ги индивидуализираат и диференцираат нивните барања во зависност од детските потреби;
- Овде не постојат доволен број на материјали како што се на пример книги за курсеви кои ќе овозможат успешно учење на различни нивоа кои се бараат, ниту пак постојат доволно компјутерски програми;
- На крајот на основното училиште постои униформна проценка на бараното знаење за сите ученици.
Новата законска регулатива која с¢ уште не проработела во целосна смисла, за образование на лицата со специјални потреби с¢ уште е во недостаток, дефинирајќи ги само основните системски рамки и засновајќи само една глобална политика за децата и младинците со специјални образовни потреби кои имаат право на индивидуализирани образовни програми. Предучилишните институции и основните училишта кои имаат вакви деца се обврзани да им обезбедат професионалци кои ќе подготвуваат, изведуваат и евалуираат индивидуализирани програми и ќе обезбедат потребни услови во зависност од специфичните потреби на секое дете посебно. Ако овие услови не можат да бидат обезбедени од страната на институцијата што поблиску до домот на детето (што се бара од страна на новиот закон), родителите можат да го префрлат во друго училиште.
Што уште новата законска регулатива предвидува за индивидуалното образовно ниво? Во областа на преструктуирањето на предучилишното образование може да се види огромна плурализација на образованието на програмско ниво, исто како и на ниво на организациските форми, конкретни наставни содржини. Вклучувањето на децата со специјални потреби во Словенските градинки имаат кратка, но позитивна традиција. Развојот на оваа активност може да се обсервира во неколку градинки кои даваат успех, па така квалитетот на воспитанието и образованието во овој многу важен период за детскиот развој е надминат од страна на рамките на поранешната законска регулатива. Обновувањето на образовните содржини за предучилишните деца со специјални потреби ќе има големо значење.
Во областа на основното образование Законот предвидува развојна и процесно ориентирана инклузија за овие деца и младинци со специјални потреби, кои можат да се здобијат со минимум стандардизирани знаења и можат успешно да го продолжат своето школување во редовното образование со дополнителна професионална помош и во адаптирани услови. Така новиот закон ги предвидува следните програми:
- Образовниот програм со адаптации е наменет за оние деца и младинци со специјални потреби кои ќе бидат вклучени во основното образование, но со адаптирана организација и времен распоред на часови, ќе имаат можност за напредок и ќе добиваат дополнителна професионална помош;
- Адаптираните образовни програми им даваат на учениците еднакви образовни стандарди кои се нудат на слепите и слабовидите, глувите и наглувите и физички хендикепираните лица;
- Адаптираните образовни програми кои не им обезбедуваат на учениците еднакви образовни стандарди, се наменети за ученици со умерени недостатоци во менталниот развој;
- Специјални образовни програми за ученици со тешки и најтешки недостатоци во менталниот развој;
- Специјални образовни програми за деца и младинци со пореметувања во однесувањето.
За децата со специјални потреби законот предвидува можност за образование во средните училишта како и во училиштата за занимања и техничките училишта. Тие нудат адаптација на програмите кои се наменети за овие деца, дополнителна помош, организација на класови со помал број на ученици, адаптација на програмите и нивното времетраење, употреба на секаков вид дополнителна опреме и наставни материјали. Сето ова значи дека по завршувањето на основното училиште, сите ученици, вклучувајќи ги и учениците со специјални потреби, можат да се запишат во средните училишта.
Новата законска регулатива исто така има влијание и на Универзитетот. Новиот закон за Универзитетите е донесен 1995 година, но за жал не предвидува ништо за студентите со специјални потреби. Овој закон смета дека прашањата во врска со запишувањето на студентите, нивниот статус, регулативата за испитите и други слични нешта се определени со законските акти за средните училишта или со Статустот на Универзитетот. Универзитетскиот статус од 1995 година ги спомнува “хендикепираните лица” само во обезбедувањето, што се однесува на можноста за продолжување на студентскиот статус. С¢ е до денес процесот за сменување на овој акт не е извршен. Прва работа која треба да се направи е да се прифатат мерките кои ќе им овозможат на студентите со специјални потреби адаптирани начини и форми на испитите, или да им биде дозволено да ги полагаат испитите на делови. Нив исто така треба да им биде дозволено да поминат од година во година кога сите работи што се бараат од нив не се извршени, што треба да е можно за студенти атлетичари или оние кои активно се вклучени во културните активости. И уште една сугестија е да постојат можности за привикнување на слушање при посетата на часовите, како и адаптирање на барањата што ги поставуваат студиите.
Во врска со ова горе наведеното може да биде корисно ако се следат примерите од некои други земји, ние би ги разгледале можностите за организирање на специјален консултативен сервис или центар кој би можел да им помогне на сите студенти, вклучувајќи ги и студентите со специјални потреби.
Клучни зборови: Лица со специјални потреби, специјално образование, редовно училиште, специјална институција, образование на учители, продолжително образование
ЛИТЕРАТУРА:
- White Paper on Education in Slovenia. Ministry of Education and Sport of the Republic of Slovenia, Ljubljana, 1995.
- Biondic, I.: Specijalni odgoj na preokretnici. Filozofski fakultet Sveucilista u Zagrebu, Zagreb, 1996.
- Helios II European Guide of Good Practice towards Equal Opportunities for Disabled People. European Commission, 1996.
- Ocena razvitosti varstva invalidov v Sloveniji v letu 1995 s predlogi po podrocjih za nadaljnji razvoj. Government of Slovenia, Office for Handicapped Persons, Ljubljana, 1996.
- Standardised Rules for Equal Opportunities of Handicapped Persons – United Nations. Government Office of Slovenia, Ljubljana, 1995.
- University Statute, Ljubljana, 1995.
- School Legislation. Ministry of Education and Sport of the Republic of Slovenia, Ljubljana, 1996.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE