JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6650
Лидија ДУБРОВСКА-МИЛЕТИЌ, Марина ДАВЧЕВА-ЧАКАР
Хипертрофични аденоиди во релација
со секреторниот отитис медиа
Вовед
Секреторниот отитис медиа (SOM) најчесто се јавува во детството и тоа главно кај предучилишните и училишните деца. SOM претставува насобирање на течност во средното уво без знаци и симптоми за акутна имфламација. Се смета дека важен фактор во патогенезата на SOM претставува дисфункцијата на Евстахиевата туба аудитива.
Децата со SOM имаат елевиран и флуктуирачки праг на слухот од околу 20 до 25 ДБ, со чувство на полност или бучење на увото.
Попрецизна дијагноза на SOM се поставува со тимпанометриското испитување што овозвожува објективна проценка на притисокот во средното уво и подвижност на тимпаноосикуларната верига. Најчесто се добива крива тип Б, а многу поретко крива тип Ц (Berry и сор. 1975). Во литературата се спротивни мислењата за влијанието на аденоидите, нивната големина и аденоидектомија за текот на болеста.
Едни автори сметаат дека имаат влијание врз патогенезата на SOM, а други дека не постои сигнификантна разлика во настанувањето на SOM кај случаи со или без хипертрофични аденоиди (Conwenberge и сор.1995).
Цел
Целта на овој труд е да се одговори на прашањето дали хипертрофичните аденоиди влијаат врз фрекфенцијата, врз клиничкиот ток на болеста и врз резултатите од третманот на SOM.
Материјал и методи
Клиничкото испитување беше спроведено врз 20 деца, што беа поделени во две групи со дигитално туширање на епифаринксот. Првата група беше составена од 9 деца што немаа хипертрофини аденоиди, а втора група составена од 11 деца со хипертрофини аденоиди. Кај децата од првата група беа поставени вентилациони цевчиња, а кај децата од втората група покрај вентилациони цевчиња беше направена и аденоидектомија. Тонално аудиометриско тестирање и тимпанометрија беа направени пред и по операцијата со аудиолошка апаратура (аудиометар-Hortman CA 540) и со клинички тимпанометар (Hortman тип 87). Резултатите се изразени како просечна вредност на разликата меѓу коскената и воздушната водливост пред и по хирушкиот третман. Не се докажа сигнификантна разлика меѓу децата со SOM со или без хипертрофични аденоиди. Тимпанометриските тестови покажаа дека фрекфенцијата на афекција на едното или на двете ува е слична во двете групи. Евалуацијата на резултатите од спроведениот третман се базираше врз промените регистрирани на тимпанограмот.
Тие укажаа дека третманот е поефикасен и реставрацијата на слухот е побрза кај деца со SOM од втората група
Дискусија
Многу клиничари сметаат дека хипертрофичните аденоиди имаат влијание врз патогенезата на SOM, а други пак не се согласуваат со оваа теорија. Недостатокот на заедничка методологија, различните методи на селекција, може делумно да ги објаснат овие различни ставови. Резултатите укажуваат дека нема директна врска мегу големината на аденоидите и текот на SOM. Кај децата од втората група имаше побрзо подобрување на слухот по хирушкиот третман во однос на децата од првата група.
Аденоидецтомијата го забрзува санирањето на SOM, најверојатно поради отстранувањето на изворот на инфекцијата и реставрирањето на проодноста на назофарингсот и Еустахиевата туба аудитива.
ЛИТЕРАТУРА
- Bearry Q.C., Bluestrom C.D., Andrus W.S., Cantekin E.I.; Typmanometric pattern classification in relation to middle ear effussions,Aun.Otol.1975,84,56
- Cauwenberge P.B., Bellusi I., Naw A.R., Paradise I.L., Solow B.; The adenoid as kay factor in upper airway infection. Int. J. Pediatr. Otorginolaryngol. 1995,32 (suppl), 71
- Filellau-Nikolajsen M., Feldling J.V. Fisher H.M.: Adenoidectomy for eustachian tube dysfunction; Long term results a randomized controlled trial.In; Recent advenced otitis media with effusion eds: Lim D.J. Bluestone C.D., Klein J.V., Philadelphia B.C. Decker,1984, 302
- Pillsbury H.C., Kventon J.F., Sasaki C.T. Fraizer W.: Quantitive bacteriologu adenoid tissue. Otolaryngol. Head Neck Surg. 1981,89,355
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE