JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6342
Александар ЌОРДИЌ
КОМУНИКАЦИЈАТА КАКО ПРОБЛЕМ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА
Вовед
Кога ќе се обидеме областа на хендикепот во разојот да ја сведеме на заеднички именител тогаш ќе кажеме дека на сите ним им е заедничко тоа што е загубена или не се ни развила целосна комуникација со другите. Личностите со хендикеп поради тоа им остануваат неразбирливи и недоволно познати на лицата на масовната популација а истовремено, и најчесто остануваат неразбирливи и меѓусебно.
Комуникацијата подразбира облик на телото, можност за изведување на движење што се следат едно со друго во низа и без постојана волна контрола подразбирајќи се на односната атмосфера во која се случува комуникацијата. Телото на телесно инвалидниот член на заедницата е незамисливо за лицето со неразвиен вид, необјасниво за лицето со примерна независност на слухот и секако и за лицето со психичка ретардација или со хендикеп на моралниот развој. Овие лица не се во состојба да ја развијат способноста на своите емпатиски можности што им пречи длабоко заемно да се сфатат и да се прифатат како личности. Проблемот на растројството на говорот и примарната немоќ на развојот на емоциите, како што се случува кај аутизмот, ја прават оваа појава на растројство и комуникацијата целовита и основно обележје на популацијата на која и го посветуваме својот работен век на дефектологијата.
Основна задача на дефектологијата
Меѓусебната комуникација, како основен поврзувачки систем што ја прави можна, делотворна и стабилна една општествена заедница е основниот проблем кон кој нашата стручна област се насочува во Практиката и кон која ги насочува своите научни истражувања. Поради тоа, првата и основна задача на дефектологијат е напуштањето на гледиштето на посматрање на лицето со хендикеп релуцирано како личност на своја глувост, ослепеност, ретардираност итн. и бара своите знаења за личноста да ги прошири за да можеме со дефектолошките искуства да кажеме нешто повеќе за човекот, за човековата општественост и за смислата на човековото постење.
Хендикепот и човеково заедништво
Покрај комуникацијата со говорот, со телото, со движењето, со изразот на лицето, со погледот, се јавува следниот слој на човечкото заедништво што го сочинуваат сознанието на функциите. Тие ги поврзуваат поединците како личности на светот по пат на набљудуван и сознаен од надворешниот свет и од она што го сознаваме за себе по пат на длабоко чувствување на тој свет. Во случаите на лицата со хендикеп на сетилата, моториката, интелигенцијата и на емоциите, оние процеси што се одговорни за длабокото чувствување на сопственото опкружување и доживување на сопствената егзистенција оневозможува овој процес да се изврши целосно и осмислено со заемно разбирање со другите. Така недоизградените сознавачки процеси придонесуваат личностите со хендикеп да се доживаат поинаку, а често дури и отфрлени од заедништвото на луѓето на неговата, односната, општествената средина.
Во текот на најраното детство, додека животот мине во рамките на дефинирањето на себеси со семејната група на припадност, детето по смеењето, погледот и по нивното манипулирање со рацете на мајката доживува колку е тоа нејзина радост, колку е нејзина тага, грижа, колку е “капката што ја надминала мерата” на нејзините животни тешкотии. Понекогаш ја открива и празнината што постои меѓу неговата субјективност и субјективноста на мајката.
Во подоцнежните години, особено по навршената четврта година, кога ќе се појави неговото интересирање за другите, кога ќе биде прифатено од другите, тоа ја открива својата необичност во однос на нив. Ова самосознавање на лицата со хендикеп настанува особено драматично помеѓу 7 и 15 година од животот, кога сите кулиси на лажниот хуманизам, неискреното родителство и прикривањето на грубостите на вистината паѓаат. Детето и пубесцентот, без оглед на видот на хендикепот, ја откриваат својата поинаквост и болка кон тоа открите им го нанесува ним. Кога знаеме дека чувствителноста на личноста ќе биде поттикнувана или фрустрирана од ова сознание, преку непосредни средби во акцијата и непосредниот стремеж за здружување со другите, тогаш ќе ни биде релативно лесно да го претпоставиме квалитетот на трпењето што е исто кај секое лице со хендикеп, а особено тогаш кога тоа лице е со средна интелигенција. Децата со висока интелигенција набрзо ги откриваат патиштата на наткомпензацијата па меѓу лицата со оштетен вид се јавуваат високо квалитетни поети и предавачи, меѓу глувите и наглувите сликари, инженери и способни занаетчии, додека пубесцентите со средна или со пониска интелигенција не се во состојба самите да си ги најдат своите патишта на компензација, па, без стручно водење им се заканува пад во субдепресивните облици на однесување, повлекување на своите чувствителности кон проблемите на телото и најблиските интими во средината во која живеат. Тоа овие личности ги доведува да се организираат и пониски нивоа на социјализација. Тие лица се искажуваат со атмосфера на мрзливост околу себе, со интерпретатативни ставови и со готовност за страв и за агресивно реагирање во однос на настанувањата во средината во која живеат.
Сознајните процеси и дефектолошкиот метод
Познавањето на структурата на процесите и нејзината базична улога во формирањето на личноста се од особено значење за поставувањето на дефектолошките програми во секојдневната практика и за насочувањето на дефектолошките истражувања. Сознајниот процес е база за комуникацијата меѓу луѓето воопшто. Него го поттикнува говорот, интелигенцијата што е основа за разбирање на појавите околу личноста и што е патоводител на длабоките чувства кон правец на длабоко чувствување на реалитетот и на интеграционата моќ на нервните и на психичките функции во целост.
Образованието, со кое често се замаглува овој базичен проблем, дури ја попречува личноста во развојот доколку не е сообразено со моќта на разбирањето, на интелигенцијата и со моќта на интегрирањето на тоа што се разбира со чувствувањето. Тоа го среќаваме секојдневно во форсирањето на учењето заради учење а не заради поттикнување на развојот на децата со средна или со послаба интегративна моќ на своите сознајни функции. Тоа се случаи на психотизацијата каква што добиваме кога децата со ментална ретардација ги вклучуваме во редовната настава или кога, кај уште младите деца со ментален хендикеп настојуваме со “папагалско учење” да ја фасцинираме околината со она со што сето тоа сме можеле да ги “научиме” овие деца.
Комуникацијата, чувствителноста на човекот и сознајните процеси кои истовремено и се мотивирани од таа чувствителлност се оние општи фактори што мораме да ги разбереме од гледиштето на личноста на лицето со хендикеп, а не од гледиштето на нивните специфични облици на чувствување. Ако не разбираме дека детето со неразвиен слух, или со немоќ на длабоко чувствување на светот, или сонемоќ за донесување на етички и социјално прифатливи одлуки трпи како личност зашто и што тоа се доживува како поинакво од другите, тогаш со извежбување на вистинскиот слух (со апарати и со стимулација на слухот), со учење на браевото писмо и со ориентација во просторот на оние со неразвиен вид, со примена на дисциплински и педагошки мерки на оние со неразвиена емоционалност или со етичка област на личноста, со учење на различни образовни содржини надвор од секој животен контекст и со моќта на разбирањето на тие деца, нема да успееме ни толку колку што се може за тоа одделно дете или пубесцент. Затоа современата дефектолошка мисла и учење на говорот и развојот на диференцијацијата на емоциите по пат на контакт и дружење и секое учење од учењето на координацијата на движењата до учењето на областа на образованието го користи првенствено како метод на поттикнување на структурите и функциите што се нивни носители. Дури потоа се дејствува од гледиштето на естетизацијата на говорот и на движењата, од гледиштето на професионалните вештини и на суштинското образование. Истовремено и првиот и вториот мотив на дефектолошката работа не може да биде ефикасен доколку не дејствува воспитно, значи во смисла на развојот на чувствата на хиерархијата на вредностите по пат на која личноста се мотивира за оние етички принципи на животот кои е во состојба да ги доживее и разбере. Современата дефектологија не се занимава со тренинг туку со овозможување што субјектите со кои се занимава го откриваат реалитетот на појавите и односот кој на тој начин им станува пристапен. Мотивот за активност мора да биде нивна потреба што ја антиципираат со своите способности и колку ја антиципираат. Таа во никој случај не смее да биде производ на страв и плашливост пред животот и за животот.
Ставот на белградската школа
Врз основа на изнесените ставови доаѓаме до заклучок дека современата дефектологија не може да постои како компетентна научна област и стручна дисциплина ако покрај своите специјализации кон хендикепот нема развиен и стручно методолошки разработен општ дел. Тој дел може да го наречеме општа дефектологија, што тој всушнот и е. Во нашето искуство и во нашата работа основните структури на општата дефектологија се дадени со нејзината развиена дејагностика-општата дефектолошка дијагностика, со нејзината специфична метода за поттикнување на развојот, на третманот и на рехабилитацијата-општиот реедуктативен метод на кои му се придружуваат и определени сегменти на современата невропсихолошка рехабилитација. Сите овие активности претставуваат збир на различни активности. Сите тие се сведуваат на теорија на развојната невропсихологија во која се интегрираат сите сегменти на општата дефектологија. Овој теориски пристап ги обединува искуствата на дефектологијата што се дадени со практиката на Переира (XVIII век), на Итара и на Сеген (XIX) век и на Марија Монтесори (XX век) овозможуваат нивните принципи да можат да се верификуваат и со наспоредни анализи на развојот и на интегративните функции на оние неуронски јазли што се битни за восприемање и за гностична интерпретација на набљудувањето во ЦНС-от: Тргнувајќи од општите принципи на развојот и состојбата на функциите на говорот, на чувствителноста на личноста и на нејзината сознајна моќ дадена во еднакви неуронски сплетови денес сме во можност да го разбереме она што е заедничко со личноста на лицето со кој и да било облик на хендикеп и да дејствуваме стимулативно на специјалните дефектолошки области што се насочуваат кон специфичноста на хендикепот. Како што за состојбата на соматското здравје и болести, општите физиолошки и патофизиолошки ставови го сочинуваат поаѓалиштето на интерната медицина, на хирургијата, на психијатријата итн. современите истражувања за хендикепот се засноваат врз анализата на ставовите дефинирани во општата дефектологија за развојот, за дисхармоничниот развој и за хендикепот како појава.
На овој начин дефектологијата се јавува како научна област практична дејност што е аналогна со медицината. Секој страв дека е можно да го изгуби својот идентитет е беспредметен. Медицината што се занимава со спасување на животот не е во можност во рамките на таа иста стручна методологија да се занимава и со квалитетот на преживувањето и со рехабилитацијата на девијантните правци на развојот што бара еден покомплексен сеопфатен пристап што има своја методологија, како и изградени научни принципи и сообразно со нив поставена организациона шема за работа. Додека медицината тргнува од она што недостасува настојувајќи да го разбере она што се случило на самиот почеток и како се развило тоа во текот на пропаѓањето на болеста, дотука дефектологијата тргнува од она што преостанало функционално и од она што било донесено на свест како здраво за да се гради од тие структури еден нов начин на односи кон реалитетот, што поблиски до она со лицата на масовната популација. Медицинскикот начин на мислење и постапка бара еден дефектолошки начин на мислење и постапка. Дефектолошката постапка тргнува од она кое со недостаток се дефинира како преостаната можност што се поттикнува и реорганизира, а медицината тргнува од нарушеното со кое се дефинира недостатокот барајќи го причинителот на недостатокот. Бидејќи се занимаваат со човекот во сосема различни егзистенцијални ситуации тие мораат да се повикуваат една со друга, да го поттикнуваат развојот една со друга, и со својата научноистражувачка работа постојано да ги дефинираат меѓите на своите идентитети. Затоа мора да постои аналогна шема за нивните универзитетски поставени едукативни центри за да можат да се здружуваат што покомплетни тимови за дијагностика и лечење со тимовите за дијагностика и рехабилитација. Оваа компетентност мора да се однесува на нивните општи медицински и општи дефектолошки знаења како и на оние специјалистички знаења во медицината и во дефектологијата кои заедно се кореспондентни.
Заклучок
Денес, по повеќе од 50 години нашата дефектологија заснована врз систематското образование на дефектолозите и по 24 година на развојот на Белградската дефектолошка школа на Универзитетот во Белград можеме со целосна комплентенција да кажеме дека веќе сегашноста на дефектологијата е определена со развојот на општата дефектологија како единствена стручна активност и единствена научна област. Тоа значи дека во натамошниот развој на нашето универзитетско до дипломско и постдипломско образование ќе го продолжиме овој развој како со сопствени истражувања, искуства во практиката и со следење на она што настанува во оваа област во другите земји во светот. Тоа ќе придонесе за конечното гасење на несогласувањата меѓу педагогијата и дефектологијата, психологијата и дефектологијата и медицината и дефектологијата. Секое раѓање на нова, автентична, научна област во една култура не одеше праволиниски, без несогласувања и без конфликти. Затоа да не ги преценуваме нашите несогласувања, непогодувања на целта во меѓусебната комуникација. Силата на животните потреби и на научната мисла што ги следи секогаш ги поведуваат на површина вистинските нешта што стануваат содржина на класичната мисла сочинувајќи ги секогаш оние најстабилни слоеви на културата која една средина ги гради.
Литература
- Бојанин С.: Неуропсихологија развојног доба и општи РЕЕДЕКАТИВНИ МЕТОД, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1982.
- Бојанин С.: Неуропсихолошка рехабилитација, СДДЈ, Београд, 1987.
- Ћордић А., Бојанин С.: Ивановић М.: Основни проблеми дефектологије данас, Europien Assotiation for Handikaped, Братислава, 1992.
- Ћордић А., Бојанин С.: Методолошки концепт рехабилитације у дефектологији као претпоставка организације савремених институција у рехабилитацији и здравству, Билтен бр. 2, стр. 45-52, Друштво дефектолога Југославије, 1997.
- Ћордић А., Бојанин С.: Општа дефектолошка дијагностика, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1997.
- Ћордић А., Бојанин С.: Општа дефектолошка дијагностика, II допуњено издање, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1997.
- Ћордић А., Бојанин С.: Организовање специјално-образовног рада у редовним основним школама, СДДЈ, "Дефектолошка теорија и пракса”, бр. 5-6, стр. 242-252, Београд, 1979.
- Ћордић А., Бојанин С.: Систем рехабилитациједеце, омладине и одраслих са сметњама у развоју, СДС, Јануарски дани дефектолога, Нови Сад, 1993.
- Совак М.: Специјална педагогика, Савез друштава дефектолога Србије и Црне Горе, Титоград-Београд, 1979.
- Виготски С. Л.: Основи дефектологије, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1987.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE