JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5570
Парис ПАРИЗОВ, Стефка ЧИНЧЕВА
ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ-ЕЛЕМЕНТ ОД СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА
НА ДЕЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Процесот на приопштувањето на индивидуата кон општеството и неговите норми се означува како социјализација на личноста (1). Социјализацијата означува уште социјална активност. Благопријатното влијание на средината врз социјализацијата всушност може да се оствари само со присутност на неопходните биолошки претпоставки од страна на индивидуата. Кај многу состојби социјализацијата не е возможна или е тешко остварлива. Таа е отежната повеќе или помалку кај сите страдања и девијации во развојот на детето и особено кај оние што се придружени со раѓањето или се придобиени во раната возраст. Познато е дека социјалниот живот на оформената личност може да биде растроен при настапувањето на инвалидноста, социјалната дезинтеграција, десоцијализацијата, и дека во тие случаи основната цел на рехабилитацијата е ресоцијализација и оптимално вградување на инвалидот одново во општеството.
Физичкото воспитание има значителни предимства пред другите средства и методи за социјализација главно со тоа што укажува како на биолошкото и психичкото влијание, така и на социјалното. Спортот е уникално средство за социјализација на индивидуата со директно и специјализирано дејствување на трите нивоа (1). Во практиката според нашето мислење социјалниот аспект во определен степен се потценува и физичкото воспитание не се искористува најрационално во таа насока. Причината треба да се бара во недостатната научно-практична разработка на тие проблеми. Немањето на методски материјали и укажување од страна на соодветните институции-Министерството за образование, наука и технологија, Министерството за здравствена заштита и др., како и недостатната подготовка на кадрите во таа област.
Кај постојните раководства кај нас по рехабилитација и социјална медицина (2, 3, 4), прашањата за социјална рехабилитација не се разгледани целосно, како во повеќето случаи таа се сведува до социјална помош и окупација и тоа што се однесуваат првенствено кон возрасните.
Целта на истражувањето е да се побара зависност меѓу физичкото воспитание и социјализацијата на децата со инвалидност.
Задачите, што си ги поставивме за реализирањето на таа цел беа:
- Да се проследи физичката неспособност на истражуваните деца во почетокот и крајот на учебната година;
- Да се установат лидерите во детскиот колектив;
- Да се проучи ефектот од прилагањето на физичките вежби врз социјализацијата на децата.
Материјал и методи
Објект на истражување беа 49 деца на возраст од 8 до 14 години, што го посетуваа помошното училиште. Сите се со дијагностициран лесен степен на психички недостаток и постоење на некаков физички недостаток.
Во почетокот на учебната година беа формирани две групи: основна, што се состои од 26 лица, кај кои се вклучи програма за вонкласна работа до физичко воспитание со засилен физички режим и контролна група, од 23 деца, обучувани по стандардната програма на министерството за образование.
Беа искористени следните методи:
- Истражувањето на физичката неспособност според стандардната методологија-динамометрија, трчање на 60 м., скок од место, фрлање на мала топка. Се земаат предвид само резултатите на оние показатели, кои реално можеа да бидат исполнувани и измерени, сообразени со физичкиот недостаток на детето.
- Програмата за вонодделенска работа по физичко воспитание. Спортскиот комплекс вклучува општообразовни и специјализирани физички вежби и елементи, спортски игри и други, потребни 5 часа седмично како вонодделенска дејност.
- Социометријата.
- Алтернативните и корелациони статистички анализи.
Резултати и согледувања
Податоците за физичката неспособност во почетокот на учебната година не се разликуваат битно во двете истражувани групи. Анализата на резултатите на крајот на годината покажува значителни разлики во постигањата на двете групи, во корист на основната група (Р<0.001).
Анкетното проучување кај учениците покажа дека од децата што учествувале во спортскиот комплекс се пожелни партнери за игра, 6 од нив (23%) се оспособуваат како лидери.
Според податоците на учителите поголем дел од децата од основната група покажуваат подобри резултати во училиштето.
Добиените подобри резултати на крајот на учебната година при основната група се основа за следните изводи:
- развојот на моторните и психички способности на детето со средствата на физичкото воспитание имаат решавачки дел и за социјализацијата; тие се основа за нејзиното оптимално достигање;
- комуникацијата за време на организираните групни активности, води до задоволување на потребите од социјалните контакти, односно создавањето на пријателства и социјална поддршка. Меѓусебната соработка претпоставува можност за практикување на социјалните умеења и за развојот на социјалната компетентност;
- спортската дејност може да создаде многу добри услови за вежбање во определена социјална намена. Таа во голем степен содејствува и создава услови за развој на квалитетите на личноста и на индивидуалноста кај секоја индивидуа. Преку физичкото воспитание може да се разбудува и да се зголемува интересот на децата кон спортот и со тоа да се приближува кон општеството;
Всушност, за да може физичкото воспитание да си ги исполнува своите социјални задачи е важно да се разработи неопходна методика, да се зголеми квалификацијата на вработените во таа област, да се преземат и неопходните организациони мерки, кои што му се најпотребни на децата од најраната возраст.
ЛИТЕРАТУРА
- Попов. Н. Психологија, Социјална психологија, НСА, 1992.
- Цончева В., Деветаков Б. Медицинска рехабилитација. Под ред., Медицина и физикултура, Софија, 1992.
- Костадинов Д. Бусеров С. Основи на медико-социјалната рехабилитација. Под ред. Мед. физ., Софија, 1992.
- Балабанов П., Запрајанов Н. Социјална медицина, Мед. физ., Софија, 1992.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE