Михаил ПАНОВСКИ

 

ОДРЖАН ГОЛЕМ ВЕЛИГДЕНСКИ КРОС ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ ДЕЦА

 

Една дамнешна идеја оваа година стана стварност. На иницијатива на вработените од ЦРО “Св. Наум Охридски” во Скопје на 16.04.1998 година во градскиот парк во Скопје се одржа првиот Велигденски крос за хендикепирани деца. Посебна заслуга за оваа манифестација имаат несебичните и изворедно хуманите организатори на Скопскиот атлетски маратон-членовите на атлетскиот клуб Маратон кои технички го организираа кросот на највисоко можно ниво. Исто така за успешна организација на кросот се погрижија и вработените во Службата за итна медицинска помош, како и волонтерите од Македонскиот Црвен Крст.
За одбележување е тоа што на првиот Велигденски крос зедоа учество над 600 деца од сите основни училишта за хендикипирани деца од целата држава. Натпреварот беше организиран во 14 категории од кој 7 во машка и 7 во женска конкуренција.
Организаторите на Кросот имаа обезбедено вредни награди за првопласираните тројца во сите конкуренции: медали дипломи, тренерки, книги, а за сите учесници беа обезбедени сендвичи, јогурти и сокови.
Главна карактеристика на кросот беше масовното присуство како и големата желба кај сите натпреварувачи како и нивните наставници за што подобар пласман. Кросот покажа дека во сите училишта има доста голем број квалитетни поединци кој можат равноправно да се натпреваруваат дури и со најдобрите од истата возраст.
На крајот организаторот обезбеди богата културна-уметничка програма со учество на познати естрадни ѕвезди и културно-уметнички друштва од Македонија: Мариана Мишева, Дарко Мијалковски, Весна Петрушевска, Ранко Рангелов и други.
Учесниците на Велигденскиот крос се разделија со ветување од страна на организаторот дека истиот и догодина ќе биде вака добро организиран со заедничка желба да стане традиционален.
Велигденскиот крос за хендикепираните деца претставува изворедно значаен настан во кој императивно треба да се вклучат со соодветна стручна и материјална помош и социјално хуманитарните организации од Македонија.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in