Марица ВЕЛЈАНОВСКА

 

Ран третман на децата со оштетен слух

                          
Раниот третман на децата со оштетен слух започнува уште од првите месеци на животот. Со рехабилитација треба да се започне што е можно порано. Говорната рехабилитација со слушно оштетените деца треба да ја изведуваат сурдопедагози или аудиопедагози.
Во најраниот период на детето во говорната рехабилитација треба да учествува и неговата фамилија. Најмногу да се обрне внимание на мајката од детето, која треба да научи како да се однесува со своето дете.
На овој начин спроведената рехабилитација на говорот овозможува кај глувото дете спонтано да се развива, гласовниот говор.
Да се научи глувото дете на гласовниот говор, да се воспостави добар социјален контакт со децата што слушаат е најтешка и најубава должност на секој сурдопедагог.
Социјалниот контакт во форма на слободен разговор е најважен за овие деца и треба да му се даде приоритетно место.
Дете што не научило во училиште за слушно оштетени деца, своите мисли и желби говорно да ги изразува, или писмено во најкратки реченици, тешко ќе се снајде во секојдневниот живот.
Со правилна работа, утврдување и постепено развивање на смислата за говор можеме кај детето да постигнеме задоволителен успех. Секое дете нешто ќе научи, зависно од неговите способности, од искуствата на сурдопедагогот и од самите наставни средства во училиштето.
За навремен и правилен развој на говорот на детето тоа треба нормално физички и умствено да се развива. Основните пречки за нормалниот развој на говорот при поглема загуба на слухот е околината бидејќи иако детето со слухот го доловува ритамот на овој или оној збор, не може правилно да го репродуцира збирот на звуците на определени зборови, затоа што јасно не ги разбрало определените гласови. При тоа детето лесно ги заменува по ритмот сродните зборови еден со друг, не може граматички правилно да ја среди реченицата.
Сето тоа го задржува и го нарушува правилниот развој на говорот.
Во тој случај треба да се развива слушното внимание и како понатамошно средство да се користи видот, односно читањето од уста.
Колку што е слушно оштетеното дете постаро, толку доаѓа до хармоничен развој на психичките елементи за нормален говор.
Детето што започнува со учење на говорот во шестата година тешко ги развива прафункциите на говорното изразување, одошто детето во втората година.
Ако слушно оштетеното дете нема навремена стручна помош кога ги развива прафункциите за изразување на своите мисли, желби и одушевувања со гласовиот говор, како што тоа го прават децата со остаток на слух, тие ќе бараат други изразни средства, најчесто во движењата.
Детето се потпира најмногу на движењето, затоа што тешкотијата за изразување му создава нагон и го стимулира за секаков вид изразни средства. Детето на тој начин ќе ги засака движењата, бидејќи се едноставни, лесни, брзи и практични, и затоа нема да ја сака да ја учи артикулацијата и учењето на реченици.
Да го посветиме вниманието и интересирањето кон говорните вежби и да овозможиме кај тоа дете потреба за говор. Непходно е да им се даде на тие вежби карактер на интересни игри. Корисно е да му се читаат на детето главно кратки приказни и песнички. Во почетокот текстот се чита гласно, потоа на детето му се кажува да гледа во лицето на тој што чита и да повторува кратки реченици. Најпрво треба да се освои детето и да се најде добар меѓусебен контакт. Насекаде да има играчки, слики и низ заедничко играње да се премине кон првите обиди на говорното комуницирање.
Низ играта и цртањето ги развиваме психичките сили и даваме понатамошен елан за спонтан говор. Да почнеме со детето да играме. Преку играта ние доаѓаме до првите изречени зборови (дај, на, носи, мама, бебе, бато). Психички нормално слушно оштетеното дете брзо ги памети некои зборови, име на играчки, лица што нему се мили, наскоро и само ги повторува тие имиња иако неправилно во границите на своите можности.
Во тој степен говорот не го исправаме, туку го поддржуваме во првите почетоци на гласовното изразување. Тие први изговорени зборови, за тоа дете значат прва реченица иако тие зборови се неартикулирани. Кога детето ќе го доживее моментот дека може нешто да каже, а ние тоа го разбираме тогаш слушно оштетеното дете ќе доживее победа.
Дотогаш тоа не доживеало ништо слично, лицето му сјае од среќа и задоволство, иако скромно сепак прозборува само и со сопствена желба. Колку тоа е поубаво сега отколку подоцна, кога говорните органи му се помалку еластични и кога слушно оштетеното дете за изразување користеше движења да учи говор.
Кога ќе почне да ги учи првите зборови почнуваме да ја шириме реченицата, со комбинирање на познати нови зборови и нови реченици. Се служиме со сликовници, играчки, а сето тоа го цртаме за детето подобро да разбере. Сите тие новини детето ги перципира и гласовно ги изразува повеќе пати.
Утврдувањето е најбитен елемент во изградба на говорот. Најпрво е важно детето да го сфати значењето “да” и “не”. Кога тоа го знае, со него  може да се води конверзација, да знае потврдно или негативно да го изрази своето мислење. Развојот на мислењето ќе биде побрзо и слушно оштетеното дете ќе може полесно да се изрази.
Потоа се формираат реченици и вежби за правилен говор. Со артикулација треба да се внимава и на природната модулација. Исто треба рано да се започне и со разни прашања и да се употребуваат глаголите. За утврдување на знаењето од нив бараме децата сами да составуваат реченици од познати зборови. Со измена на овие зборови можеме да комбинираме преку дваесет реченици што ќе ги насликаме за да детето добие јасна слика на содржината.
Многу се корисни и вежби на брзо паметење, кратки реченици. Речениците ги пишуваме, децата ги читаат повеќе пати. Потоа сето тоа го криеме и децата ги прашуваме што прочитаа. Децата треба да се навикнуваат на работа и интезивно учење, затоа што подоцна стануваат пасивни и тешко ќе се научат како треба да учат, да паметат и да се служат со знаењето. Градбата на говорот на почетниот степен не оди брзо-децата во првата година од животот само слушаат, а прозборуваат во втората година.
Слободен разговор мораме да вежбаме секој ден и во секоја можност врз основа на вистинити или импровизирани доживувања, филм или цртеж.
Едноставна слика што прикажува извесна ситуација, им остава поголем впечаток отколку ако тоа се соопшти со зборови. Сликата може во детската фантазија да го долови она што сакаме детето интелектуално да го сфати и говорно да го изрази. Детето може да го знае името за лицето или предметот, но не знае како да ја изрази акцијата што ја гледа на сликата на другите поединости во оваа ситуација.
Добар цртеж или слика може да даде големи можности за слободен разговор и тоа за секој степен на градба на говорот. Сé треба да се црта, да се регистрира во речникот и за сé треба многу да се разговара.
Малку зборови употребени на многу начини за разни ситуации можат да ги оспособат децата со оштетен слух сами да водат почетна скромна конверзација и да постигнат социјален контакт со помош на гласовниот говор меѓу себе и со другите.
Децата мораат да почнат со практичен, секојдневен слободен разговор во најскромна форма. Секое дете мора да има свој речник. Покрај сликата и реченицата детето мора да запише нов збор. Сликите детето треба да ги обои и да ја повторува реченицата толку пати, да ја знае штом ја види сликата. Од ова заклучуваме дека зборот добива своја семантичка и граматичка вредност кога ќе ја примиме во свеста.
Зборот како содржина на говорот има три битни елементи: форма, значење и функција. За нас не е важно ученикот да ја сфати смислата на зборот, нејзината поимовна вредност и за нејзиното значење треба определена форма.
Важно е за наставникот правилно да зборува, прецизно и јасно да се изразува.
Една иста мисла можеме да ја искажеме на различни начини, а на прво место ќе дојде зборот што сакаме да го истакнеме.
Основен услов за правилно говорно образование на слушно оштетените деца, односно ученици е постојано и систематски развивање на логичниот говор, разговор од кој се тргнува од конкретни ситуации, и упорно исправување на грешниот говор.
Од нашата работа во изградбата на говорот зависи животната среќа на нашите ученици. Овде ја цитираме Теновата мисла:
Зборот кој ни одѕвонува во ушите не е ни илјадити дел од она што го слушаме внатре во себе. Тие се како секавици што летаат на извесно растојание една од друга. Очите гледаат мали огнови, а само слухот го запазува широкиот пожар на она што значи и последици.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in