JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6194
Ивајло ПЕТРОВ
Р. Бугарија
Карактеристичен, структурно-определувачки дел од воспитанието во соматопедските установи е интелектуалното воспитание. Неговата специфика се детерминира од условите во целосниот психофизички развој на телесно оштетените, здравствено слабите деца, дејството на заболувањето или повредата директно или посредно врз нивниот умствен развој, состојбата на нервниот систем пред и по заболувањето, нивната способност за обучување, влијанието на средината што ги опкружува. Рамките на содржината на интелектуалното воспитание во соматопедијата се определуваат како од низа општовалидни задачи, така и од некои сосема специфични. Оттука произлегува и целата сложеност на интелектуалното воспитание на децата со нервно-соматски заболувања и предизвици, кои тоа ги упатува кај специјалистите и истражувачите во соодветната област.
Општопознато е дека секое заболување доведува до различни промени во психичкиот и соматски статус на човекот. Бидејќи целосниот развој на детето е резултат на заемното дејствување и квалитетните промени на системот “физички развој-психички развој”, тоа е нормално со болеста рамнотежата на тој систем да биде нарушена. Обично кај нарушувањата во соматската состојба се нарушува во различен степен целата психолошка карактеристика на личноста. Не случајно В. Манова-Томова (1966) истакнува дека определена психичка особеност, установена кај одделно заболување како типична, треба да се прими како релативно типична. Како резултат на заболувањето нервните клетки се исцрпуваат и се намалуваат функционалните возможности на централниот нервен систем. Таа состојба, заедно со ослабнувањето на основните нервни процеси, ја има во основата на психичките промени кај децата. При ограничените повреди на централниот нервен систем психичките промени се трајни и тешки, а кај неограничените промени (на пример кај инфективните заболувања) промените во психата и однесувањето не се трајни и се послаби. Сосема условно, нарушувањата во психата и однесувањето на телесно повредените и здравствено слабите деца можат да се поделат во две големи групи-општи и специфични.
Општите нарушувања се забележуваат кај сите заболувања, а специфичните кај одделна болесна состојба (Манова-Томова, 1966). На различен начин во зависност од видот, формата и тежината, заболувањето или повредата влијаат врз когнитивниот развој на засегнатите лица. За разлика од здравите деца, болните побавно ги освојуваат новите поими, ја чуваат информацијата пократкотрајно и произведуваат материјал со повеќе неточности. Рамништето на развојот на мисловните процеси се определуват од посиромашните визуелни и слушни претстави и ограничената креативност во играта. Продолженото време, што го поминува детето лежејќи, изолирано од вообичаените за неговите здрави врсници активности во средината што го опкружува, неминовно покажува негативно влијание врз мислењето како основен психички процес. Кај сите заболувања се забележува нестабилност на вниманието, импулсивност, намалување на работоспособноста и појава на брза замореност.
Интелектуалниот развој на мнозинството децата со нервносоматски заболувања се движи во границата на нормата. И сепак не се малку заболувањата, каде што примарното нарушување води до секундарни девијации, поврзани со снижување на интелектот. Најзасегнати во тој однос се децата со церебрална парализа, но и при детскиот дијабетес (шеќерна болест) во определени случаи може да дојде до таканаречената “постгликемична идиотија” (Петров, 1995; 1996). Во табела 1 се посочени резултатите од нашите проучувања на интелектуалниот развој на двете категории деца со нервносоматски заболувања.
Другата “видлива” страна на човечката психа, што има директна врска со интелектуалниот развој и воспитанието на децата од соматопедските институции е говорот. Како што посочуваат истражувањата на Л. Зборовски и В. Манова-Томова, децата со ревматизам и туберкулоза се помолчеливи, бројот на зборовите со кои се служат осетно се намалува и се сведува до употребата на имињата на лица и на предмети; изговорот на одделни звуци и зборови е нејасен; системноста и логичноста во писменото излагање се нарушени. Во речникот на возрасните ученици ретко се среќаваат или сосема исчезнуваат зборовите кој означуваат апстракции, а се претпочитаат зборовите, чија содржина се конкретни лица и претстави.
Тоа, пред сî, е поврзано со конкретно-сликовитиот начин на мислење на тие учиници. Друга карактеристичност во зборот на заболените деца е упростената до примитивност фраза и честата промена на вообичаената воздржаност од разговори со зголемена разговорливост, брбливост (Манова-Томова, 1966).
Суштествено важен дел од психолошко-педагошката карактеристика на децата, објект на соматопедијата се возможностите и за организирано обучување. Кај сите случаи тие се помали од оние на нивните здрави врсници. Така, на пример, временскиот капацитет на учениците со хронични заболувања за умствена работа опфаќа од 15 до 30 минути. Кај децата со нервни и ендокрини заболувања, дијабетесот и другите постојат можности за поголема умствена оптовареност уште во периодот на болничкото лекување (Мутафов, Петров, 1994).
Специфично место во интелектуално-воспитниот процес наоѓа заемното дејствување на институцијалното и семејното воспитание, нивното дополнување и заедничко збогатување. Кај голем број децата со нервносоматски заболувања тоа заемно дејствување е тешко остварливо, поради карактерот на заболувањето или повредата, субјективните фактори и др. Така на пример деца со напукнат ‘рбет, со тешки спастични парези, со состојби на парализи кај попречни прекинувања на ‘рбетниот мозок, со онкологични заболувања и со други не ја напуштаат болницата и така сосем природно се лишени од родителските грижи и од семејното воспитание. Кај другите заболувања како коснозглобната туберколоза, вродените или придобниените шумови на срцето, дијабетисот (шеќерната болест), ревматизмот, детската церебрална парализа, нервните болести и други учениците престојуваат три четвртини од годината во санаториум и училиштето кај него. Децата со прогресивна мускулна дистрофија, со мускулна мијатонија, спинална мускулна атрофија, спастични парези, детска церебрална парализа, постоперативни состојби на мененгомиецеле, постоперативни состојби на тумури кај големиот и ‘рбетниот мозок, вродени аномалии на целите крајници и многу други поминувајќи си го сето време затворени во семејниот дом се лишени наполно од институционалното дејствување. Одделно постојат многубројни форми на неправилно семејно воспитание (Петров, Трошева, 1993).
Така изброените побитни фактори, придружени од уште многу, не толку значајни, случајни или закономерни ги детерминираат тешкотиите и спецификата на интелектуалното воспитание во самотопедските институции. Неговата цел е телесно повредените, заболените и здраствено слабите деца да го овладеат системот на знаења, умеења, навики, научни претстави, познавачи на интересите и потребите и соодветна и специјализирана учебна содржина, што им се неопходни за вистинска социјална адаптација и работна реализација во општеството на здравите.
Општите задачи на интелектуалното воспитание во самотопедските установи наполно се совпаѓаат со задачите, насочени кон интелектуалниот развој на здравите деца. Формулирани од Л. Димитров (1995), тие изгледаат вака:
- Овладување на определен фонд на знаења за природата, општеството и човекот, што се неопходни услови и претпоставки за мисловната дејност.
- Изградување врз таа основа на целосен поглед на светот на системот од убедувања и погледи за светот како целост.
- Овладување на основните мисловни операции, низ кои се остварува спознајната човечка дејност.
- Формирање на општи и специјални интелектуални умеења и навики за умствена работа и култура на умствената работа.
- Развој на интелектуалните сили и возможности, поволни за самостојна творечка дејност.
Специфичните задачи на интелектуалното воспитание на телесно поврдените, заболените и здраствено слабите деца вклучуваат низа конкретни дејности, обусловени од карактеристичноста во развојот на воспитаниците. Е. Коралова (1984) на пример акцентира врз следните:
- Засилување на ослабнатата волја на учениците.
- Остварување на чуството за ниска вредност и формирање на самочувство.
- Намалување на психичката лабилност.
- Работа брз социјализацијата на личноста, изградување на сигурни социјални врски на одделната индивидуа со колективот во класот, училиштето, болницата, санаториумот и во општеството на здравите.
- Формирање на научен поглед на светот.
Се разбира, кон тие задачи можат да бидат дадени низа други, мошне битни. Пред сî, е неопходно кај децата од соматопедските институции да се формира интерес кон спознанието, кон учењето, изгубен или прекинат од хармоничното заболување или повредата. Воспитаниците треба да усвојат барем миниум од знаењата за своето заболување, за причините и последиците од него, за начините за лекување, за нивното место во процесот на лекување и закрепнување. Важно место во воспитниот систем завземаат знаењата и умеењата за до лекарската помош и профилактиката во соматопедијата. Друг акцент, специјално од животот на телесно повредените (инвалидизираните) се знаењата, умеењата и навиките за употребата и функционирањето на “Техничките” соматопедски средства-различните видови протези, ортопедски чевли, инвалидски колички, специјалните компјутери.
Обопштувајќи ги интелектуалните насоки на воспитанието во соматопедијата, М. Совак (1980) ја предлага следната шема:
Табела 2.
ВОСПИТНИ НАСОКИ |
КОМПОНЕНТИ НА ДЕЈНОСТИТЕ |
|||
I. Превентивни |
психолошки |
правни |
||
II. Актуелни |
здраствени |
воспитно-образовни |
општествени |
|
III. Дополнителни |
технички |
економски |
Интелектуалното воспитание во соматопедските установи наоѓа во директна врска и зависност од другите структурно-определувачки форми на воспитание: физичко, морално, естетско, работно и од некои други значајни правци на воспитанието-здраствено, екологичко, полово. Заемното дејствување на одделните форми на воспитание всушност не е еднакво значајно. На прво место доаѓа врската на интелектуалното воспитание-физичко воспитание, кога физичкото воспитание во соматопедијата ја има функцијата пред се на здраствено воспитание. Тесната врска меѓу двете форми лесно може да биде декодирана, кога се има предвид дека имобилноста е основната причина децата со нервносоматски заболувања да ја недобијат информацијата, што ја носи околната средина и се усвојува лесно од страната на нивните здрави врсници. Со подобрувањето на соматските карактеристики настапуваат позитивни промени во нервнопсихичкиот статус, а оттаму соодветно и во претпоставките за интелектуален развој (Лантмаер, 1984; Мутафов, Петров, 1994; Kabele, 1993; Kollarova, 1984; Sovak, 1980; Svancara, 1975).
Во соматопедските институции особено е карактеристична заеманта врска меѓу интелектуалното воспитание и лекувањето. Запирајќи се врз овој проблем уште во почетокот на векот, основачот на првото соматопедско училиште во Чешка, проф. Р. Једличка забележува “ако не е лекувањето поврзано со умственото воспитание, тогаш болниот инвалид ќе израсне социјално неадаптиран. Лекувањето треба да оди рака за рака со духовниот развој на детето” Kabele, 1993. Подоцна овој проблем опширно е истражуван од М. Совак, Фр. Кабеле, Ир. Крацик, Е. Коларов, И. Краус, О. Шандера, Зд. Матејчек и од други.
Кога го разгледува заемното дејствување меѓу емоцијата и развојот на спознајните способности, францускиот научник Д. Фавр им дава големо значење на усогласеноста меѓу процесите со спознаен карактер и емоционално-чувствените состојби (Димитров, 1995).
Обично емоционалните промени се први симптоми или навестување на појавата на болеста. Во овој случај емоцијата игра улога на своевиден биолошки сигнал на нарушувањата на организмот. Најчесто појавените емоционални состојби кај децата со нервносоматски заболувања се апатијата и депресијата. Бидејќи е позната регулативната функција на чуствата, кај болните ученици неповолните емоции ја исполнуваат повеќе функцијата на дезорганизатори на нивната психа и однесување, а тоа се одразува негативно при нивното учество во образовно-воспитниот процес. Од гледна точка на воспитанието особено се важни емоционалната лабилност, што се изразува во честата промена на расположението или на желбите, стравот и неспокојството. Долготрајната реакција на страв води кон нарушување на рамнотежата на основните нервни процеси, кон појавата на нервози и чести нарушувања на вниманието.
Фрустрацијата и депривацијата се други чести состојби кај телесно повредените, болните и здраствено слабите деца, што предизвикува долготрајни емоционални растројства, а оттаму соодветно и скршнување на спознајната активност.
Карактериситиките во когнитивните процеси на децата со нервносоматски заболувања, нарушувањата во емоционално-волевата сфера и говорниот развој, хипокинезијата, затворената соматопедска средина и социјалната изолација го обусловуваат заемното дејствување на основните социјално-педагошки методи-корекцијата, компензацијата, рехабилитацијата и (х)абилитацијата со интелектуалното воспитание. Неспорно, тука се наметнуваат и специфичните соматопедски принципи и методи (види Мутафов, Петров, 1994).
Во соматопедските институции интелектуалното воспитание се реализира обично според една општа шема. Факт е дека спознанието на децата, објектот на соматопедијата, во значителен степен е изградено врз основа на субјективни и често пати погрешни претстави за светот и за појавите во него. Ете зошто по постапувањето на телесно повредените, болните и здраствено слабите деца во соматопедската установа е неопходно низ системот на интелектуалното воспитание веднаш да се започне со работата на корегирање на субјективните претстави и погледи за стварноста што не опкружува. Следната фаза од воспитанието е формирањето на основните поими и идеи, барање на заемната врска и обусловеноста меѓу нештата и појавите, откривање на закономерноста, на движечките сили и друго. При највисоката фаза на интелектуалното воспитание се изградува системот на целосната ориентација и на професионалното самоопределување врз основа на објективна процена на сопствените можности.
За да биде ефективно, интелектуалното воспитание во соматопедските институции е неопходно да биде мотивирано на соодветен начин. Додека децата се наоѓаат уште во почетните одделенија треба да се искористи целосно ефектот на љубопитноста. Дури и најмалото успешно дејство во време на процесот на воспитанието треба да се стимулира со пофалби, признанија и друго. Потребно е целосната атмосфера во установата да биде ведра, спокојна, оптимистичка, наситена со позитивни емоции. При првите симптоми на замор интелектуалната дејност се прекинува, за да не дојде до влошување на здраствената состојба.
Интелектуалниот труд е строго индивидуализиран и е сообразен со психоматичниот статус на секое од децата со нервносоматски заболувања. Тој треба да е исполнет со активни одмори, со промена на умствениот и физичкиот труд. Особено се погодни прошетките на чист воздух, фискултурните минути, автогениот тренинг. Потребно е рационално хранење и сообразување со санитарно-хигенските барања во соматопедијата. Во просториите, каде што се изведуваат интелектуалните занимања, е неопходно да постои достатна вентилација, оптимална температура на воздухот околу 21±1°C, специфична влажност околу 40-60%, добро осветление, течна вода. Потребно е да се ограничат или да се изолираат сите шумови, климатски и визуелни вознемирувања што би го ослабиле вниманието. Интелектуалните задачи не треба да бидат ниту многу лесни, ниту премногу тешки, должност им е на педагозите да го најдат средниот, соодветен степен на тешкотија.
Особено важно за интелектуалното воспитание во соматопедските установи е тоа да се изведува во времето, во кое умствената работоспособност на децата со нервно-соматски заболувања е највисок. Нашето истражување во таа област докажа дека независно од тоа каков вид на дејност имале учениците со церебрална парализа (60 деца со санаториумско училиште во Момин проход) наутро пред 10 часот и попладне пред 16 часот -образовно-воспитна дејност, медицински, рехабилитациони, терапевтски процедури, самоподготовка, одмор, сон и друго., часовите помеѓу 10-11 часот и 16-17 часот се времето на највисока умствена работоспособност (Петров, 1995). Се разбира таа состојба може да биде објаснета и од позицијата на биоритмологијата, т.е. дека во тие часови оптималната функционална состојба на големиот мозок се определува и од биолошкиот ритам, поврзан со општиот ритам на организамот. Посуштествен во конкретниот случај е заклучокот дека времето, во кое кривата линија на умствената работоспособност кај учениците со ДЦП е највисока, треба да се искористи предимно за потребите на интелектуалното воспитание.
ЛИТЕРАТУРА
- Баранов С., Л. Болотина, В. Сластетинин, Педагогика, М., 1987.
- Беелих К., Х. Шведе, Техника на ученето и на умствениÔ труд, С., 1987.
- Димитров Л. и др., ТеориÔ на вÍзпитанието, С., 1995.
- ЛангмаŸер И., Зд. МатеŸчек, ПсихическаÔ деппривациÔ в детском возрасте, П., 1984.
- Манова-Томова В., ПсихологиÔ и вÍзпитание на болното дете, С., 1966.
- Мутафов Ст., Ив. Петров, СоматопедиÔ, С., 1994.
- Петров Ив., Ан. Трошева, Особености на семеŸното вÍзпитание на деца с нервносоматични заболÔваниÔ, Педагогика, 11/1993
- Петров Ив., КорелациÔ в психичното и соматичното развитие на ученици с ДЦП, Нервни и психични заболÔбаниÔ, 2/1995.
- Петров Ив., Профил на психичното развитие на ученици сÍс захарен диабет, Специјална педагогика, 2/1996.
- Пиаже Ж., ПсихологиÔ на интелекта, Педагогика, 8/1996.
- Психосоматичната зависимост, С., 1981.
- Раттер М., ПомочÍ труднìм детÔм , М., 1987.
- Ротенберг В., С. Бондарко, Мозг, обучение, здоровÍе, М., 1989.
- Kabele Fr. A kol, Somatopedie, Praha, 1993.
- Kollarova E., Somatopedia, Bratislava, 1984.
- Kracik J., Kapitoly ze somatopedie, Praha, 1983.
- Kraicik J., Patopsyhologie postizeneho ditete, Praha, 1970.
- Lambert J., Enseigement special et hendikap mental, Bruxells, 1981.
- Mussen P., J. Conger, J. Kagan, Child development and personality, NY, 1984.
- Sovak M., Narys specialni pedagogiky, Praha, 1980.
- Svancara J. a kol, Diagnostika psychikeho vyvoje, Praha, 1975.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE